Џејк Пол, јутјуберот кој неодамна го победи Мајк Тајсон, ги демантираше гласините дека неговата борба, која се одржа на стадионот „ATендT“ во Тексас пред околу 80.000 луѓе, била наместена. Многу помладиот боксер, кој оваа благородна вештина почна да ја практикува дури пред неколку години, и исклучиво на вакви егзибиции, славеше по осум рунди со едногласна одлука на судиите, а откако во јавноста се појави видео каде може да се види дека ...

На денешниот протест пред бараките на Град Скопје, голем број граѓани се собраа за да изразат незадоволство од колапсот на јавниот превоз, предизвикан од недостигот на гориво и лошо управување со ова јавно претпријатие. Младите, студентите, работници и родители од Шуто Оризари се обединија во гласни повици, барајќи итно решение за проблемите кои ги оневозможуваат да стигнат до училиште, факултет, работа или здравствени прегледи.„Не можеме да ...

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ се подготвува за ново издание, кое ветува да донесе моќно визуелно решение и силна тема која ќе инспирира и обедини љубителите на театарот. Оваа година, фестивалот ќе ја истакне важноста на српот и перото како симболи на борба, обнова, креативност и слобода – концепти кои го опишуваат театарот каков што треба да биде. Српот, традиционално поврзан со трудот и ритуалот на жетвата, нè потсетува дека театарот е глас ...

Во рамки на Конференцијата „Здравствени политики за сите“, учествуваа пратеници од Комисијата за здравство од Собранието на Република Северна Македонија, вклучувајќи ја претседателката на Комисијата, Рашела Мизрахи и пратениците Венко Филипче и Илир Хасани. На панелот беше истакната важноста од континуирано зголемување на буџетот за превентивните програми, како и препознавање на граѓанските организации како значајни партнери во обезбедување на ...

Појадокот е оброк кој многу лекари, диететичари и нутриционисти препорачуваат да не се избегнува поради повеќе причини, од кои една е одржувањето на крвниот притисок во нормални граници. Исхраната може да влијае на многу работи кога се во прашање здравјето, а група кардиолози откриле зошто е тоа важно и кои намирници треба да ги консумирате ако сакате да го намалите крвниот притисок. „Веруваме дека нутритивно богат појадок го подобрува здравјето ...

Снег паѓа во Горскиот котар и Лика, како и во дел од копнената Хрватска – од Загорје, Меѓимурје до Славонија. Јак ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот руши дрвја и телефонски столбови. А во прекин се и голем број бродски линии. Сообраќајот на неколку делници е запрен или отежнат, а температурата падна на -15 степени Целзиусови. Висината на снежната покривка е 10 до 15 сантиметри. Се апелира на внимателно возење на сите делници, особено на ...

Топол туш веднаш по јадење може да изгледа како одличен начин за опуштање, но може да го попречи природниот процес на варење на храната. А може да предизвика и некои здравствени проблеми. Имено, по јадење, телото се фокусира на варење на храната, што бара зголемен проток на крв во желудникот и во цревата. Крвта го доставува кислородот и хранливите материи коишто им се потребни на органите за варење за ефикасно разградување на храната. Колку ...

Модераторки: Ана Василева и Румена Бужаровска Инспирацијата за „Располови ме“ (анг. Unsex me) потекнува од познатиот монолог на Леди Магбет во кој ги моли злите духови да ја располоват (машкосаат во препевот на проф. Михајловски), т.е. да ѝ ги одземат особините кои традиционално се поврзуваат со нејзиниот пол (нежност, милост, грижа) за непречено да го оствари злосторството што го посакува и да ја засити својата жед за врвна моќ. Сепак, како и ...

Романот „Една книга“ од авторот Валентин Нешовски ќе биде претставен денеска во Македонскиот културно-информативен центар во Софија. Како што соопштија од Македонскиот културно-информативен центар, романот е напишан со исклучително добра смисла за хумор, богата ерудиција, длабоки филозофски пораки и оригинална метафорика. Книгата ја издаде издавачката куќа од Бургас „Либра Скорп“ со финансиска поддршка на македонското Министерство за култура и ...

Сликовницата „Бакнежи на небото“ по текст на Иван Антоновски, а илустрација на Иванка НиБа ќе биде промовирана вечерва во 18 часот во центарот „Лабораториум“ во Скопје. Станува збор за автентична, македонска зимска приказна за деца во од Иван Антоновски, со илустрации на Иванка НиБа, во издание на „Светулка“. Промоторка на книгата-сликовница ќе биде универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, а во програмата ...

Флаванолите се хранливи материи кои го подобруваат протокот на крв и го намалуваат крвниот притисок, а со тоа го намалуваат оптоварувањето на срцето и ризикот од срцев удар. Истовремено, флаванолите можат да ја забават апсорпцијата на јаглехидратите, да ја подобрат чувствителноста на инсулин и да ги зачуваат бета-клетките во панкреасот, што пак може да го одложи или спречи појавувањето на дијабетес тип 2. Имајќи предвид дека многу комерцијални ...

Утрово, по 1 часот, во Македонија беше регистриран земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтер. Според информациите од Европскиот медиум за следење на земјотреси (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 5 километри, на 21 километар од Кичево. Овој земјотрес е само еден во серијата потреси кои го погодија регионот во последниот период. Иако не е особено силен, земјотресот е дел од поширокиот бран на сеизмичка активност кој во ...

На маргинализираните сограѓани им треба нашата поддршка. Сега им треба повеќе од било кога. Мојата и твојата поддршка. И жените и ЛГБТИ+ лицата денес се соочуваат со бројни проблеми во своите животи, а нашето сојузништво по тие прашања ќе им прати јасна порака – тука сте, важни сте, заедно сме. Вашите животи се еднакво значајни и важни и тоа не смее да биде предмет на дискусија. Кога даваме поддршка, мислиме на луѓето кои не можат слободно да го ...

Годинешнава ликовна колонија е водена од ликовниот уметник и вајар Игор Станоески, кој на сцена ќе донесе 6 ликовни уметници кои ќе сликаат во живо за време на настапите. Истите дела ќе бидат достапни за продажба во хуманитарни цели. Минатата година беа насликани 13 уметнички слики од вкупно 5 уметници. Истите беа изложени на продажба во хуманитарни цели. Годинава, за прв пат на Cotton blues festival ќе има вајарска колонија. Специјален гостин е ...

На 23 Ноември, во Музејот на Македонија, со почеток во 13.30 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии на Јелена Белиќ, насловена „Постоиш ли Алиса?”. Куратор на изложбата е фотографот Иван Блажев. Дизајнот на плакатот е дело на Тања Вукобрат. За изложбата пишува Ѓорѓи Јаневски. „Јелена Белиќ е партизанка со објектив. Дење архитект, навечер фотограф, ликовен уметник и цврсто подадена рака. Долги години трпеливо и истрајно го документира и го ...

Денеска во Македонија се одбележува Денот на албанската азбука. Историскиот настан е поврзан со Битолскиот конгрес одржан на 22 ноември 1908 г. на кој било унифицирано писмото на Албанците и се смета за еден од најважните политички, културни, научни, јазични и образовни настани за албанскиот народ. Конгресот во Битола бил отворен на 14 ноември и траел до 22 ноември 1908. година. Учествувале 50 делегати од 26 градови, клубови и друштва. На ...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската унија (ЕУ) и Јапонија ја засилуваат поддршката за зелените финансии во Северна Македонија со нови средства за НЛБ Банка АД Скопје. Заемот на ЕБОР до 4 милиони евра на НЛБ Банка АД Скопје ќе ги поддржи инвестициите во енергетска ефикасност од сопствениците на куќи, станбените колективи, производителите и давателите на услуги. Покрај заемите, позајмувачите ќе добијат стимулативни грантови за ...

Во рамките на Град Скопје како престолнина на културата 2028 година Културно информативниот центар – Скопје го организира настанот на Вечер на Руми: Објавување на последниот книжевен препев на Драги Михајловски на ден 28 ноември 2024 година од 19:19 часот во Салон Империјал 2. Вечер посветена на поезијата на Руми, препеана од еден од најквалитетните книжевни препејувачи во нашата земја, Драги Михајловски. Во сеќавање на овие две големи имиња, ...

Според најновите податоци на Народната банка, задолженоста на граѓаните кај банките достигна 245,2 милиони денари (3,9 милијарди евра). Овој долг е дел од вкупно 9,2 милијарди евра кредити што банките ги имаат одобрено на граѓаните и компаниите. Долгот на граѓаните по основ на потрошувачки кредити во октомври достигна 126,3 милиони денари (повеќе од 2 милијарди евра), што претставува годишен раст од 7,2%. Станбените кредити исто така бележат ...

Просечна плата за септември е 41.585 денари, што е малку повисоко од августовската која беше 41.097 денари. Во евра износите се 676 наспроти 668, што претставува месечен исчекор од осум евра. Бруто-износот за деветтиот месец е со просек од 62.573 денари. Во споредба со истиот месец од минатата година, индексот на просечната исплатена нето-плата по вработен во септември е 109.8, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Движењето по ...

Европскиот парламент в среда, на 27 ноември, ќе гласа за целиот состав на новата Европска комисија, по дебатата со претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен за новиот тим на комесари и за програмата на новата Комисија. Како што соопшти денеска вршителката на должноста портпаролка на ЕП, Делфин Колард, на Конференцијата на претседателите на комисиите на ЕП, која ја сочинуваат претседателите на сите постојани и специјални комисии во ЕП, ...

Крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила лани чинеше 72 милиони фунти (86 милиони евра), соопшти денеска британската влада. Во својот годишен извештај, британскиот Оддел за култура (DCMS), што беше одговорен за организирање на крунисувањето, прецизираше дека церемонијата чинела 50,3 милиони фунти (60 милиони евра), а 21,7 милиони фунти (26 милиони евра) се издвоени за безбедносни трошоци. Тие посочуваат дека крунисувањето ...

„Се сретнав со MrBeast за да го срушам интернетот“, е името на видеото кое заедно го снимија најпопуларниот фудбалер на денешницата и најпопуларниот јутјубер на денешницата. Многумина предвидуваа дека Јутјуберот ќе му биде мистериозниот гостин на Роналдо. Пред камерите разговараа на повеќе теми, а MrBeast му даде совет на Роналдо како да го подобри својот канал на Јутјуб, иако можеби навистина нема потреба од таков совет со оглед на тоа што веќе ...

Доколку не се регулира крвниот притисок, поголеми се шансите за развој на срцеви заболувања и мозочен удар. Кога станува збор за исхраната, сите луѓе, особено оние со висок крвен притисок, треба да внимаваат на дневниот внес на сол. Американското здружение за срце препорачува ограничување на сол на 1.500 милиграми дневно, што може да биде особено тешко да се следи ако јадете многу надвор. Диететичарката Даниел Крамбл Смит открила дека „со ...

Така, има кучиња кои уживаат да поминуваат многу време надвор, на снег, додека, од друга страна, има и такви кои не ја поднесуваат зимата и студот и претпочитаат да бидат внатре. Иако облеката за кучиња може да помогне до одреден степен, таа честопати не е доволна за нив. Раси на кучиња кои навистина не го сакаат студот се: Чивава Чиваваите се меѓу најмалите кучиња во светот и тоа е и главната причина зошто многу брзо настинуваат. Со оглед на ...

Како брчките на лицето или болките во зглобовите, и обелената коса се смета за еден од многуте знаци на старост. Но, за оние кои не се подготвени да ја прифатат сивата коса, дали е можно да се смени овој процес? Една студија од 2021 година покажува дека процесот на белеелње на косата, најверојатно не може да се запре. „Косата ја губи бојата која не може да се врати“, велат Мартин Пикард, вонреден професор по медицина, во Колумбија и Роберт Н. ...

Ржаниот леб се одликува со ниската содржина на масти – 3,3 грама на 100 грама производ, што го прави корисен за оние кои сакаат да ослабат или да го намалат внесот на калории. Покрај тоа, неговите влакна ни помагаат да се чувствуваме посити и го подобруваат варењето. Дополнително, помага да се отстрани „лошиот“ холестерол познат како LDL холестерол, а со тоа се спречуваат кардиоваскуларни проблеми со одржување на артериите чисти“, се вели во ...

Долгото седење или лежење може да го зголеми ризикот од здравствени проблеми поврзани со срцето, дури и кај активните луѓе, објави The Jerusalem Post, студијата од Американскиот колеџ за кардиологија (JACC). Студијата ги анализира врските помеѓу седечкото однесување или долгото седење и ризикот од специфични срцеви проблеми. Студијата насловена како „Седечко однесување мерено со акцелерометар и ризик од идни кардиоваскуларни болести“, опфати ...

Првата детска амбасада во светот Меѓаши соопшти дека изразува сериозна загриженост поради актуелниот проблем со јавниот градски превоз и ситуацијата со ЈСП Скопје. Во допис до медиумите нагласува дека обезбедувањето достапен и сигурен јавен превоз е основно право на секое дете и млад човек. -За да ги обезбедиме тие права, мора да се обезбеди безбедност, редовност и континуитет на транспортните линии. Необезбедувањето јавен превоз, има огромно ...

Легендата на кошаркарскиот клуб Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, објави дека ги напушта социјалните мрежи до понатамошно известување, откако сподели објава во која се зборува за негативното известување на американските медиуми за кошарката. Џејмс, кој има 212 милиони следбеници на Инстаграм и на Икс (поранешен Твитер), ја донесе оваа одлука откако сподели објава на Рич Клајман, долгогодишниот менаџер на НБА ѕвездата Кевин Дурент. „Со оглед на ...

Првата

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
80%
1030
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
61%
1032
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.66
83%
1026
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
92%
1031
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.45
84%
1026
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
100%
1028
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 5ᴼ
2.68
97%
1025
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
74%
1031
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1026
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15226.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.90

Сребро

1011.48

Злато

89636.05

Бакар

8.64

Паладиум

31314.83

Платина

32150.32

Родиум

149500.97

Цинк

2.73