Со својата четврта титула во Формула 1, Макс Верстапен влезе во елитниот клуб на возачи кои имаат најмалку четири титули на заслуга. Холанѓанецот ја обезбеди својата четврта последователна круна на Големата награда на Лас Вегас. Тој заврши на петтото место во „градот на гревот“, што беше доволно за да ја обезбеди титулата на две кола пред крајот на сезоната 2024 година. Со него тој станува шести член на клубот на возачи со најмалку четири ...

Кукла – робот опремена со мегафон, дизајнирана да ги анимира и едуцира граѓаните, но и да ги поттикне да говорат за родовата еднаквост преку интеракција, насловена како „Конзулката од Битола”, беше поставена на Градското шеталиште во Битола. Јавна поддршка за родова еднаквост на жените и девојчињата во Битола и пелагонискиот регион, искажа Калиопа Кривашија Стилиновќ, почесен конзул на Република Франција во овој град. -За мене, родовата ...

На денешен ден, пред 80 години е формиран оркестарот на Македонската филхармонија, 11 дена по ослободувањето на Скопје, во домот на композиторот Тодор Скаловски. Духот на слободата бил преточен во музика, во насушна потреба за креирање уметност, култура, идеали и вредности кои претставуваат столб на секоја држава. Како најстара институција во земјата, Македонска филхармонија осум децении гради успешна музичка приказна – создава трајни уметнички ...

Без разлика дали веќе имате остеопороза или сакате да го намалите ризикот од развој на остеопороза, постојат одредени совети кои треба да ги знаете. Остеопорозата, тивкиот непријател на здравјето на коските, може значително да влијае на квалитетот на животот, особено кај постарите лица, а почесто кај жените. Иако најмногу се поврзува со генетиката и возраста, исхраната игра важна улога во превенцијата и лекувањето на оваа состојба, велат ...

Децата со часови снимаат во живо на апликацијата за социјалните медиуми, молејќи се за дигитални подароци со парична вредност. Стримовите заработуваат до 1.000 долари на час, но се откри дека луѓето во камповите добивале само мал дел од тоа. „ТикТок“ рече дека ќе преземе брза акција против „експлоатирачкото просење“. Компанијата рече дека овој тип на содржина не е дозволен на нејзината платформа и рече дека нејзината провизија од дигитални ...

Секцијата на фризери при Занаетчиска комора – Скопје денеска во Скопје традиционално ќе одржи „Бербер шоу“ на фризери по повод месецот на машкото здравје „Movember“, каде ќе учествуваат мајстори – бербери од од целата држава, кои ќе се погрижат за изгледот на оние, кои ќе дојдат за да им се средат брадата и мустаќите. – „Movember“ е настан за првпат инициран во Австралија во ноември 2003 година, со цел да ја подигне свеста за грижа на машкото ...

Шпанската полиција уапси три лица за малтретирање на расистичка основа на Ламин Јамал и Рафиња за време на „Ел Класико“ во октомври. Се вели дека приведените дале „дискриминаторски изрази“, а исто така и „гестикулации кои имитираат примати“ насочени кон двајцата играчи на Барса. По темелно прегледување на снимките, полицијата ги уапси тројцата во средината на ноември. Инцидентите се случија откако Јамал постигна гол за 0:3 и го прослави својот ...

Во Италија од 1 јануари до 18 ноември годинава се убиени 99 жени, се наведува во извештајот на Институтот за економски и социјални истражувања „Еурес“. Во извештајот се наведува дека повеќе од една третина од овие жени, 37 отсто, имале над 65 години и дека во повеќето случаи тие биле убиени од брачниот другар или некое од нивните деца, пренесе италијанската новинска агенција АНСА. Според извештајот, бројот на странски жртви на фемицид во Италија ...

На денешен ден, Турција усвои значајни измени во правниот систем, кои ги поставуваат жените на исто ниво со мажите пред законот и ги ослободуваат од зависноста од своите сопрузи. Оваа одлука дошла во време кога правата на жените во многу делови од светот се уште се предмет на дебата и борба.Со новите законски измени, жените имаат право да донесуваат независни одлуки во сите аспекти на животот, вклучувајќи финансиски и правни прашања. Ова е ...

Англискиот шампион Манчестер Сити го претрпе петтиот последователен пораз во сите натпреварувања откако на домашен терен загуби од Тотенхем со 4-0. На стадионот „Етихад“, тимот од Лондон одигра еден од своите најсилни натпревари во сезоната и заслужено забележаа победа која можеше да биде уште поголема да не беа добрите одбрани на домашниот голман Едерсон. Од своја страна, Манчестер Сити ја создаде најголемата опасност пред Гуљелмо Викарио дури ...

Како значајни историски моменти оттогаш се издвојуват решенијата за доставување на задолжителен примерок од македонската издавачка продукција и од југословенската издавачка продукција, односно тоа значи се што ќе се испечати мора да се донесе и в библиотеката за евиденција и архивирање. Фотографиите подолу се првите примероци од тогашната продукција кои се чуваат како културно наследство од особено значење. Со овие документи, НУБ „Св. Климент ...

Во текот на минатата година Европа, Блискиот Исток и Африка се соочија со едни од најголемите шумски пожари регистрирани од 2000 година, при што беа опожарени над 500 000 хектари земјиште, се наведува во извештајот на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија. – Во последниве години катастрофалните шумски пожари станаа вообичаени во Европската Унија и соседните земји, а исклучок од тоа не беше ни 2023 година. Пожарот во близина на ...

Утрово, температурите ќе бидат ниски, а целата земја ќе биде под влијание на студеното време. Во текот на денот, пак, ќе имаме претежно сончево време со локални облаци. Ветрот ќе биде слаб, главно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови. Во Скопје, иако наутро ќе биде многу студено, ќе имаме убав, сончев ден, со тивок ветер и само мала облачност. ...

Кинотеката на Македонија го отвара својот простор и платно за циклус на јапонски филм, нудејќи „патување“ низ повеќе декади на јапонската кинематографија од 25 до 29 ноември. „Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија. Овој циклус нуди не само визуелно задоволство, ...

Поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џозеф Блатер изјави дека создал чудовиште. Ваквите зборови се поради комерцијализацијата на организацијата, но и спортот, како и за огромната количина на реклами за време на тв преносите. „Фудбалот стана супер производ за телевизијата, супер шоу што може да се продаде за многу пари“ вели тој. Блатер ја водеше фифа од 1998 до 2015 година, кога беше сменет поради корупциски ...

Новото финансирање ја носи вкупната инвестиција на технолошкиот гигант на 8 милијарди долари, иако Амазон ќе ја задржи својата позиција како малцински инвеститор, според Anthropic, компанија со седиште во Сан Франциско зад моделот за разговор и вештачка интелигенција Claude. Веб-услугите на Amazon, исто така, ќе станат „примарен партнер за облак и обука“ на Anthropic. Отсега па натаму, Anthropic ќе ги користи чиповите AWS Trainium и Inferentia ...

На овој начин лушпата најдобро ќе се зачува, ќе го спречи сушењето и навлегувањето на мирисите карактеристични за фрижидерот. Доколку јајцата стојат подолго во фрижидер, се препорачува да ги користите за колачи кои се печат на високи температури или тврдо да се сварат за појадок. Здравствените експерти советуваат дека јајцата треба да се користат најдоцна три до пет недели по купувањето. Доколку не се изедат веднаш по готвењето, подготвените ...

Значи, кој е најбогатиот сопственик на крипто? Форбс проценува дека тоа е основачот на крипто берзата Binance, Чангпенг Жао. Неодамна излезе од затвор, а неговото богатство се проценува на 61,6 милијарди долари. Ова го прави 24-ти најбогат човек на светот. Но, што е со мистериозниот основач на биткоинот, таканаречениот Сатоши Накамото? Сегашната цена на биткоинот е 96.352 долари, додека пред само 10 години беше 300 долари. Тоа значи дека ...

Ако корисникот упати видео повик во Wi-Fi сигнална мрежа, HD видеото автоматски ќе биде овозможено како стандардно. Корисникот, во случај да го оствари повикот преку својата мобилна мрежа и да ги користи своите мобилни податоци, ќе може рачно да го вклучи HD видеото. Од поставките, поточно од менито со опции за повици, се активира опцијата за потиснување на звуците и бучавата во позадина и за изолирање на гласот. Корисникот на апликацијата ...

Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави дека Мареј ќе му се приклучи во тимот во предсезоната и дека таму ќе биде барем до завршувањето на Австралија опен. И двајцата поранешни светски рекет број 1, Мареј и Ѓоковиќ беа лути ривали на тениските тренери, соочувајќи се еден со друг во сите четири финалиња на Грен слем – вклучувајќи четири само во Мелбурн. Сега, тие ќе ги здружат силите додека Србинот ја продолжува својата потрага по рекордна 25. Грен ...

Претставниците на приватните превозници најавија дека нема да се вклучат со целиот капацитет и апелираа до до градоначалничката на Град Скопје, советниците и Владата на заеднички состанок да најдат заеднички прифатливо решение за нивното барање за зголемување на цената за изминат километар. „Приватните превозници ќе го дадат својот максимум од понеделник односно ќе се вклучиме во раните утрински часови онолку колку што можеме, не со целиот ...

Владите во Данска и Шведска им препорачаа на граѓаните да им дадат приоритет на складирањето на основните потреби што обезбедуваат опстанок во случај на ненадејни прекини. Водата е на врвот на листата, со предложени минимум 10 литри по лице за покривање најмалку три дена. Оваа количина обезбедува хидратација и овозможува ограничена употреба за хигиена доколку се прекине редовното снабдување со вода. Складирањето храна е уште една критична ...

26-годишниот пејач од Ел Пасо, роден како Калид Донел Робинсон, и се обрати на својата публика на Х (поранешен Твитер) во петокот вечерта за да ја коментира својата сексуалност, неколку часа откако актерка од франшизата „Војна на ѕвездите“ исто така се огласи како квир. Тој објави краток твит на кој пишуваше: „🏳️🌈!!! Па сега знаете. Следна тема ве молам lol“. На тоа некој одговорил: „Чекај, се надевам дека Калид не е геј“ – на што пејачот ...

Кој ќе доживее луда, филмска љубов до крајот на годината? Овен За Овенот страста се јавува ненадејно и интензивно – и оваа година ќе биде токму таква! Ѕвездите велат дека до крајот на годината ќе бидат погодени од стрелата на Купидон на најнеочекуваното место – можеби во редот во самопослуга или на божиќниот пазар. Нивната енергична и огнена природа нема да може да ја сокрие возбудата кога ќе наидат на личност која ќе ги тресне од земја. Едно е ...

Иако е непрекинатиот ноќен сон цел на многумина, не е невообичаено да се разбудите барем еднаш во текот на ноќта. Всушност, поголемиот дел од луѓето се будат два до три пати во текот на ноќта. Доктори специјализирани за оваа проблематика објаснуваат што е нормално, а што не. Тие исто така даваат совети што да правите кога тоа ќе се случи и кога имате проблеми со повторно заспивање. “Навистина, нормално е да се разбудите неколку пати во текот на ...

Европа се соочува со потенцијална нова енергетска криза додека зимата се приближува, со зголемени цени на природниот гас и растечка неизвесност околу енергетските резерви. Референтните цени на гасот бележат раст, што укажува на загриженост за доволноста на залихите и побарувачката во услови на пониски температури. Иако моменталните резерви на гас се високи, со капацитет на складирање исполнет до 95%, пониските температури во првите недели на ...

Здружението на новинари на Македонија во соработка со Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика на медиумите (СЕММ) почнаа иницијатива за измена на стариот Кодекс на етика за новинарите донесен на 14 ноември 2001 година. Новиот Кодекс треба да биде приспосебен на современите медиумски потреби и дигитализацијата.Директорката на МИМ, Билјана Петковска потенцира дека новиот Кодекс на етика за новинари го наложува новото време и ...

Буџетот за 2025 година, кој се очекуваше да биде првиот со родова димензија, не нема родова перспектива. Центарот за истражување и креирање политики, член на Меѓународното партнерство за буџети (организација која го подготвува Глобалниот индекс на отворен буџет), како и предводник на Мрежата за родов надзор на буџетирањето, укажува на тоа дека без јасна, транспарентно објавена и лесно разбирлива информација за средствата кои се алоцирани за ...

Протеини се клучен дел од здравата исхрана, помагајќи во изградбата и опоравувањето на ткивата, поддршката на растот на мускулите и одржувањето на силен имунолошки систем. Сепак, познато е дека во животот треба да се биде умерен во сѐ, така и во внесот на протеини, бидејќи претераноста може да има последици. Дневните потреби за протеини зависат од неколку фактори, вклучувајќи возраст, пол, ниво на активност и здравствена состојба. Диететичарката ...

Кога надвор има ниски температури, возачите сакаат што побрзо да го загреат својот автомобил. Експертите за автомобили објаснуваат како да го направите тоа на најефикасен начин. „Првата работа која треба да ја направите е да ја зголемите температурата. Без разлика на кој климатизер тип имате, вклучете го до крај и малку зголемете ги вентилаторите“, вели експертот. Потоа тој наведува што е следното што треба да направите: „Притиснете го копчето ...

Првата

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1030
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
4.12
62%
1032
weather icon

Софија

2ᴼ / -1ᴼ
2.06
91%
1028
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.61
83%
1026
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
92%
1031
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
0.89
84%
1026
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1027
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
100%
1028
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
97%
1025
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
4.02
74%
1031
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
93%
1026
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15226.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.90

Сребро

1011.48

Злато

89636.05

Бакар

8.64

Паладиум

31314.83

Платина

32150.32

Родиум

149500.97

Цинк

2.73