Скопје во понеделник ќе се соочи со нова блокада, ако не се најде решение за барањата на приватните превозници. Тие најавија дека ќе ги блокираат клучните сообраќајни артерии во градот. Тоа ќе бидат Автокоманда, Народна Банка и мостот во Нерези. Приватните превозници бараат веднаш да се промени тарифникот за поминат километар. Во моментов ЈСП за услугата им наплаќа 68 денари со ДДВ за поминат километар, но велат, се е поскапено, сега не им се ...

Милјаредрот смета дека во ерата на беспилотните летала, борбените авиони се застарени и дека единствениот резултат им е смртта на пилотот. Милијардерот Илон Маск, кој новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го назначи да ја води комисијата за намалување на трошоците на федералната влада, изјави дека борбените авиони треба да се заменат со беспилотни летала, бидејќи тие се иднината на воздушните конфликти. „Во ерата на беспилотните ...

Вработени во Јавното претпријатие Камена Река од Македонска Каменица, задолжени за одржување на јавната чистота, успешно спроведоа еко-акција на повеќе локации во приградските делови на градот, соопштија денес од претпријатието. Нивните активности опфатија чистење и уредување на местата Падарница, Репетитор, Луковички рид и над приградската населба Сарафско маало во Македонска Каменица. -Со оваа акција, Јавното претпријатие Камена Река ги ...

Сенатот, на последната седница оваа година, ја одобри забраната за социјалните мрежи, по неколкумесечна интензивна јавна расправа и бурниот парламентарен процес во кој предлог-законот беше презентиран, расправан и усвоен во рок од една недела. Според новиот закон, технолошките компании мора да преземат „разумни чекори“ за да ги спречат малолетните корисници да пристапат до услугите на социјалните медиуми или ќе се соочат со казни од речиси 50 ...

По повод 1 декември – Светскиот ден против СИДА, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА, во соработка со средното училиште СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, организираше работилница за средношколци, спроведена од тим на средношколци, коишто на своите соученици, пријатели и познаници им пренесоа знаења на тема сексуално преносливи инфекции, со фокус на важноста од ХИВ превенцијата. Работилницата е во рамки на активностите коишто ...

Првото нешто што треба да го направите доколку некому му тече крв од нос е да не му ја навалувате главата назад. Напротив, навалете му ја главата напред за да спречите крвта да му се слева во грлото, што пак, може да предизвика вртоглавици или повраќање. Следниот чекор е да ги затворите двете ноздри преку лесно притискање со вашите прсти, со што ќе го сопрете крварењето. Дополнително, за поголема ефикасност, на задната страна на вратот ставете ...

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах во Либан, кој е договорен на 60 дена, беше поздравен во Либан, Израел и пошироко, и за оние кои беа протерани од двете страни на границата и како чекор кон регионалната стабилност. Постојат дури и некои оптимистички тврдења дека тоа може да помогне да се постигне прекин на огнот во Газа. Но, како што започнува примирјето во Либан, останува огромна задача: реконструкција на разурнатиот регион на земја која ...

Секој ноември, шопинг моловите низ Македонија се исполнети со луѓе кои се подготвуваат за најголемото шопинг лудило на годината – Блек Фрајдеј. Овој ден, познат по огромните попусти и специјалните понуди, привлекува маси на купувачи кои се надеваат на неодоливи зделки. Но, дали навистина Блек Фрајдеј во Македонија нуди она што го ветува? Иако во многу земји овој ден е синоним за значителни попусти и големи намалувања, во Македонија ситуацијата ...

Скопјани и утрово се разбудија во густ смог, воздухот е едноставно неподнослив. Според најновите податоци од веб-страницата IQAir, Скопје утрово се наоѓа на првото место на листата на најзагадени градови во Европа, и на четврто место во светот, со индекс на загадување од 161. Ова значи дека воздухот во главниот град на Северна Македонија е многу загаден, што носи сериозни здравствени ризици за жителите, особено за деца, старци и луѓе со ...

Во Културно-информативниот центар – Скопје вечерва од 19:19 часот ќе се одржи промоција на последниот објавен книжевен препев на Драги Михајловски – најновото еднотомно издание на книжарница „ТРИ“ од поезијата на Руми, „Големата црвена книга“. Перскискиот автор Џелаледин Мевљана Руми е еден од најголемите, најчитаните и најтолкуваните поети во светот. Неговите стихови претставуваат непроценливо светско наследство и досега се препеани од повеќе ...

Нов лек за астма, прв таков во последните 50 години, кој лекарите и пациенти го прогласија за „револуционерно“ откритие, откако клиничкото испитување покажало дека е многу поефикасен од традиционалните таблети во лечењето на тешката форма на астма. Станува збор за лекот Бенрализумаб. Бенрализумаб е антитело кое ги таргетира белите крвни клетки кои можат да го нападнат белите дробови кај луѓе со еозинофилна астма, облик на болест која ...

Денес (28 ноември) од 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи книжевното читање #4 Диптих за Скопје. Настанот ќе го модерира Јулијана Величковска. „’Диптих за Скопје’ е настан што се состои од книжевно читање, споредбена анализа и разговор со и авторите Ивана Јовановска и Иван Шопов. Овој настан ќе ви го доближи творештвото на Ивана Јовановска и Иван Шопов, и тоа имајќи го токму градот како тема во фокусот, тема што и онака им е ...

На Волстрит во средата, индексите Dow Jones и S&P 500 се лизнаа од рекордното ниво. Индекс Dow Jones загуби 0,31 отсто, на 44.722 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,38 отсто, на 5.998 поени, а индексот Nasdaq загуби 0,60 отсто, на 19.060 поени. Причината лежи во тоа што новите податоци покажаа дека економијата постојано расте, додека инфлацијата остана над целните нивоа на централната банка. Тоа значи дека американската централна банка ...

„Внимание“ ги праша младите – „Зошто има толку многу кладилници и казина насекаде и зошто луѓето во Македонија толку многу се коцкаат?“ – „Затоа што сме баш сиромашна земја“, „Луѓето гледаат излез во казиното“, „Многу низок стандард на живеење… луѓето единствената надеж ја бараат во игрите на среќа“, „Има кладилници и казина затоа што прават пари, затоа што е профитабилен бизнис“, велат младите. На прашањето „Како се навлекуваат луѓето и какви ...

Инстаграм претстави нови функции дизајнирани да ги направат неговите директни пораки поинтерактивни, персонализирани и попријатни за корисниците. Eдна од најзначајните новини е ажурирања е воведувањето на споделување локација во живо, колекција на нови налепници и можност за прилагодување на прекари. Овие дополнувања имаат за цел да го подобрат начинот на кој корисниците комуницираат и споделуваат искуства на платформата.Едно од најзначајните ...

Прилеп, еден од најистакнатите градови во Македонија, има долг и богат историјат, кој во турскиот период од освојувањето на Македонија, значително се менува. Градот станал важен центар на економија, трговија и култура, а неговиот развој и стратешка локација му овозможиле да се издвојува како клучен град во тогашната Османлиска Империја. Со доаѓањето на Турците, Прилеп, кој во својот златен период бил високоразвиен трговски град, полека се ...

Скопје руши рекорди, но не по добро. Скопје е водечко по загаденост и болни, што го прави секојдневието на граѓаните вистински кошмар. Во густата атмосфера, полна со честички, вируси, бактерии и полен, се создава идеална средина за масовни здравствени проблеми, кои понатаму може да имаат и далекусежни последици. „Воздухот е густ, се лепат вируси и бактерии, а доцните цветачи додаваат полен кој дополнително ги влошува алергиите. Чекалните се ...

„Повторното обединување на двете Кореи“ е насловот на најновата премиера во Народен театар Битола, која ќе биде изведена на 28.11, петок. Се работи за дело на Жоел Померат, а во режија на младиот словенечки режисер Јуш Зидар. Оваа провокативна драма ја истражува комплексноста на љубовта, врските и човечките емоции низ впечатливи и вознемирувачки сцени. На денешната прес конференција на почетокот на присутните новинари им се обрати директорот на ...

Со постудените денови на пазарите има се помалку свежи производи, па луѓето почесто се одлучуваат за замрзнато, особено кога станува збор за сезонско овошје како што се јагоди или малини. Една од вечните дилеми кога купуваме замрзнато овошје и зеленчук е дали тие имаат исто количество нутриенти како свежите и дали воопшто се здрави за нас. Освен што е достапно преку целата година, замрзнатото овошје и зеленчук често е многу поевтино. “Зеленчукот ...

Мариус Борг Хојби, синот на норвешката принцеза Мете-Марит, е ослободен откако помина една недела во притвор под сомнение дека извршил сексуални престапи. Полицијата утрово објави дека нема да бара дополнителен истражен притвор за најстариот син на престолонаследничката, принцезата Мете-Марит. Во моментов веќе не постои препознатлива опасност доказите да бидат отстранети, велат тие. Тие најавија и дека истражуваат натамошен можен сексуален ...

Централната банка на Русија (БЦР) соопшти дека од денеска до крајот на годинава нема да купува девизи на девизниот пазар со цел да го запре падот на вредноста на рубљата, која е на најниско ниво во однос на доларот и еврото од средината на март 2022 година. Пред почетокот на руската војна против Украина во 2022 година, доларот во просек се продаваше за 75 до 80 рубљи. Во првиот квартал од 2022 година, во првите недели од руската офанзива во ...

Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите, изјави вечерва за МИА Јовица Зафировски, претставник на превозиците. Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои денеска попладне ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар. Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на фјучрсот во Селва Гардена што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Таа денеска во мечот од второто коло ја совлада осмата носителка Амарни Бенкс од Велика Британија со 2-1 во сетови (57 63 62) за два часа и 26 минути игра. Македонската тенисерка имаше двојно повеќе освоени гемови на сервис од противничката и скорот на освоени поени беше 105:89 за Лина. Во ...

На 3ти декември во Паблик Рум, Скопје, Ивана Наскова настапува со своето Стенд Ап Комеди Шоу – Не е до мене, до тебе. Ивана на јавноста и е позната и како писател на неколку романи и лице и глас од ТВ екраните и радиото. Како една од ретките жени дел од стенд ап сцената, Наскова веќе успешно бележи бројни настапи во земјава и надвор од неа. По настапите во Хрватска, сега и Скопје ќе има шанса да се насмее на хуморот на Наскова во Паблик Рум, ...

Играчот од средниот ред на Барселона и шпанската репрезентација Ламин Јамал ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година. Јамал беше втор во минатогодишната анкета, кога Џуд Белингем од Реал Мадрид ја освои наградата. Летото 17-годишниот играч од средниот ред го освои Европското првенство со репрезентацијата на Шпанија. Јамал ја освои наградата, за која беа номинирани 25 играчи, меѓу кои и двајца од Манчестер Јунајтед – Коби Меину и ...

Глазираниот прокекљ е одличен прилог на менито во зимските денови. Дури и оние кои вообичаено го избегнуваат прокекљот можат да го посакаат доколу го подготват на овој начин. Состојки: 750 гр прокељ 60 мл екстра девствено маслиново масло 1/2 лажичка сол 1/2 лажичка свежо мелен црн пипер 60 мл мед 80 мл балсамико оцет 3/4 лажичка крупно мелени чили пиперки 50 гр путер 3 млади кромидчиња 1 лажичка ситно изрендана кора од лимон Подготовка: Ставете ...

Има ли нешто попримамливо од сланина? Парче сланина што се пржи на тавата ги осветлува дури и најоблачните утра. Тоа е нешто за кое сте секогаш расположени, без оглед на времето од денот или гладот. Меѓутоа, често слушаме дека не е здрава за нас и дека треба што помалку да ја јадеме, но дали е тоа всушност вистина? Според Elite Daily, не е баш така, таа е всушност здрава за јадење. Полна е со протеини и витамини, а нема многу јаглехидрати. Ова ...

Не ги искушувајте другите луѓе со вашите тајни, велат Арапите и ние веруваме дека тие се 100 проценти во право „Ако нешто те повреди – молчи! Има една стара приказна за старецот Ецио. Старецот Ецио останал сам на фармата откако неговиот син отишол во војска. Ецио работел храбро и напорно, и со целата фирма управувал сам. Еден ден еден сосед му пришол и го прашал: „Како си Ецио? „Ме боли грбот…“ му се пожалил Ецио на соседот. Наскоро се прошири ...

Скопјани повторно останаа без приватни автобуси. Превозниците се гневни затоа штои нивното барање за повисока цена за изминат километар пак не се најде пред градските советници. Оправдувањето е дека иницијативата стигнала доцна, па претседателот на советот немал време да ја прати на мислење кај Арсовска. „Во оној момент кога ќе стигне мислење од Градоначалник, на следната наредна седница иницијативата ќе биде предложена на дневен ред. Ако не ...

Легендарната Шер потврди дека нејзиниот следен албум веројатно ќе биде последен. Обраќајќи се на публиката во Лицеум театарот во Лондон оваа недела, таа рече дека е време да ја напушти кариерата. Пејачката призна дека е подготвена да се пензионира, но дека прво сака да го објави албумот. Нејзиниот последен албум беше објавен во 2013. година, што е прилично долг период без нови изданија. Таа призна дека е возбудена за новиот албум, но дека тоа ...

Првата

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
76%
1029
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
63%
1030
weather icon

Софија

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
91%
1028
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.83
81%
1026
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
1.79
82%
1026
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
93%
1027
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
100%
1028
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
97%
1025
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
71%
1030
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
93%
1026
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15226.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.90

Сребро

1011.48

Злато

89636.05

Бакар

8.64

Паладиум

31314.83

Платина

32150.32

Родиум

149500.97

Цинк

2.73