
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Четирите лица биле спасени од средината на Охридското Езеро во саботата вечерта, откако поради лошите временски услови ја изгубиле контролата врз едрилица. Брзата реакција на полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ спречи трагедија. Полициски службеници веднаш се упатиле на терен со службен глисер и ги лоцирале четирите лица на едрилица кои гласно барале спас. Со преземање на сите неопходни мерки, тие ...
Во Скопје утре и задутре ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување на средбата на лидерите од Западен Балкан. -СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, ...
Покрај политичките пораки за Блискиот Исток, Massive Attack испорачаа и силна критика на климатските промени, корпоративната експлоатација и глобалните неправди. Настапот ја потврди репутацијата на бендот како уметнички и активистички глас во борбата за поправеден свет. Концертот остави силен впечаток кај присутните – не само поради музиката, туку и поради храброста и доследноста со која Massive Attack стојат зад своите ставови. Share this: ...
Најмалку 56 лица се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од вчераутро, соопштија палестински медицински работници и цивилна одбрана. Во најновиот бран напади врз крајбрежната енклава, погодени се неколку области, а десетици луѓе се повредени. Информациите не се независно потврдени. Според извори од Министерството за здравство, 11 лица се убиени во воздушни напади во населбата Туфа, во градот Газа, во близина на поранешната училишна ...
Земјотресот е почувствуван утрово во Валандово и околината со јачина од 3,3 степени според Рихтерова локална магнитуда, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата на државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија, го регистрирала земјотерсот утринава во 5 часот и 54 минути чиј ...
Архивот на јавни собири објави дека, според прелиминарните проценки, на вчерашните протести во организација на студентите во блокада, на плоштадот „Славија“ во Белград, имало околу 140.000 луѓе. На социјалната мрежа X, организацијата на протестот насловен како „Се гледаме на Видовден“ информираше дека конечната проценка може да се разликува од прелиминарната до 10 проценти. Министерството за внатрешни работи (МВР) претходно објави дека на ...
Во Паркот на Франкофонијата денеска ќе се одржи четвртото издание на манифестација CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2025. Љубителите на мотоциклистичката култура, настанот ќе можат да го проследато до 12 до 17часот. Идејата на оваа манифестација е да се претстави уметноста на мотоциклистичката култура, како и да се претстави влијанието на мотoциклите врз културниот живот на луѓето во Македонија и регионот. Љубителите ќе можат да ја видат ...
Денеска ќе преовладува претежно сончево време со минималната температура од 11 do 20, а максималната од 27 до 36 степени. И во Скопје, ќе биде сончево со температури до 37 степен, наместа со умерен до засилен северен ветер. 12 Попова Шапка, 13 Берово, 15 Лазарополе, 16 Крушево, Битола, 17 Тетово, Струмица, 18 Претор, 19 Виница, Штип, Демир Капија, 20 Прилеп, 21 Кавадарци, 22 Велес, Скопје, 25 Гевгелија Од Хидрометеоролошкиот завод соопштуваат ...
Турција се искачи на четвртото место на ранг-листата на земји што привлекуваат најмногу туристи. Во 2024 година, земјата ја посетиле 56,7 милиони странци, објави турската државна телевизија ТРТ Хабер, повикувајќи се на податоци од Светската туристичка организација на Обединетите нации. Во топ пет најпосакувани земји за посета се Франција, Шпанија, САД, Турција и Италија. Турскиот министерот за култура и туризам Мехмет Нури, исто така, ја ...
Пол Погба и официјално е нов член на Монако. Негошната мега – ѕвезда на Јувентус, Манчестер Јунајтед и селекцијата на Франција, ќе се обиде својата кариера да ја “оживее“ во кнежеството, во еден од најголемите клубови во Лига 1 и тоа по паузата откако падна на допинг. Погба попладнево беше претставен од страна на раководството на некогашниот европски вицешампион, а беше објавено официјално дека договорот меѓу Погба и Монако е потпишан на две ...
Британските власти запленија 2,4 тони кокаин, во вредност од 96 милиони фунти, на брод што пристигна во Англија од Панама, соопштија властите. Дрогата била пронајдена под контејнер на брод во пристаништето Лондон Гејтвеј, источно од британската престолнина, а властите велат дека операцијата се темелела на разузнавачки информации. Британското Министерство за внатрешни работи објави дека ова е шестата најголема заплена на кокаин досега ...
Речиси 200.000 луѓе маршираа денес низ Будимпешта, според организаторите, што е невидена посетеност на Унгарскиот прајд, и покрај забраната од страна на националистичкиот премиер Виктор Орбан. „Проценуваме дека бројот на присутни е помеѓу 180.000 и 200.000. Тешко е да се процени точниот број бидејќи никогаш немало толку многу луѓе на Прајдот во Будимпешта“, изјави за АФП претседателката на Прајдот, Викторија Радвањи. Градоначалникот на ...
Еднa девојка била нападната кај Славија во пресрет на почетокот на големиот протест „Видимо се на Видовдан“ јавуваат српски медиуми. Како што е објавено на социјалните мрежи, полицијата го привела сторителот, пренесува Nova.rs. Човекот што ја нападна девојката беше запрен од граѓани и спречи понатамошни напади. Големиот студентски протест започнува во 18 часот на Славија, а паралелно се одржува и контрамитинг на Српската напредна партија. Share ...
Висла Плоцк, Барселона, ПСЖ, Гог, Магдебург, Пик Сегед и Загреб се противниците на Еурофарм Пелистер во групната фаза во Лигата на шампионите. Ждрепката го смести тимот од Битола во групата Б, која е за нијанса посилна од групата А Во групата А ќе играат: Фуксе Берлин, Алборг, Веспрем, Нант, Кјелце, Динамо Букурешт, Спортинг Лисабон, и Колстад. Сезоната ќе стартува на 10 и 11 септември 2025 година. Екипите како и досега се поделени во две групи, ...
Од втори до 27 јули во Швајцарија ќе се одржи европското фудбалско првенство за жени. На 14тото Европско првенство ќе настапат 16 селекции поделени во четири групи. Во групата А ќе играат селекциите на домаќинот Швајцарија, Норвешка, Исланд и Финска, во групата Б Шпанија, Португалија, Белгија и Италија во групата Ц Германија, Полска, Данска и Шведска и во групата Д ќе настапат Франција, Англија, Велс и Холандија. Бранител на титулата европски ...
Најмалку 34 лица се убиени во израелски напади на неколку места во Појасот Газа, објавија локалните здравствени работници. Нападите започнале доцна синоќа и продолжиле до утрото, кога 12 лица беа убиени на стадион во Газа Сити, кој служеше како засолниште за внатрешно раселени лица. Во тоа време, убиени се уште осум лица кои живееле во блиските станови, соопшти болницата каде што биле однесени телата на загинатите, додавајќи дека бил погоден и ...
Денеска во Кочани со почеток во 18.05 часот ќе се одржи единаесеттиот по ред „Марш за ангелите“. Родителите и роднините на загинатите во трагичниот пожар ги повикуваат сите да им се приклучат на Маршот кој се оддржува во знак на почит на загинатите, но и за поддршка на повредените во пожарот. Семејствата на настраданите остануваат на своето единствено барање за правда за своите деца, за што најавуваат дека ќе се борат до крај. Маршот се одвива ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес се закани дека повторно ќе го бомбардира Иран доколку таа земја продолжи да збогатува ураниум. Тој го изјави тоа на прес-конференција кога беше прашан дали би размислил за понатамошно бомбардирање доколку американските разузнавачки служби заклучат дека Иран може да збогати ураниум до загрижувачки нивоа. Иран моментално има ураниум збогатен до 60 проценти, а за нуклеарно оружје се потребни 90 проценти. ...
Во изложбениот простор на Амбасадата на Северна Македонија во Виена од вчера е отворена самостојна изложба на цртежи на македонскиот уметник Тони Васиќ, насловена „Омеѓени приказ(н)и III”. Таа е 15-та самостојна изложба на авторот кој претходно со свои дела се претставувал во Македонија и во странство. Тони Васиќ учествувал на повеќе од 500 групни изложби и е добитник на 15 национални и интернационални награди за уметност и дизајн. Изложбата ја ...
Министерот за надворешни работи на Иран призна дека нуклеарните постројки на Иран претрпеле „значајна и сериозна“ штета во неодамнешните напади на САД и Израел. Абас Арагчи изјави за државната телевизија дека Организацијата за атомска енергија на Иран во моментов ја проценува степенот на штетата. Но, само неколку часа претходно, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи изјави дека нападите не ја попречиле нуклеарната програма на Иран. Со тоа, тој ...
Шпанија се очекува да го доживее својот прв топлотен бран годинава, со максимални температури кои ќе надминат 40 степени Целзиусови, според денешните предвидувања на државната метеоролошка служба АЕМЕТ. Од сабота, за 75 проценти од сите општини во земјата се предвидува низок, среден или висок здравствен ризик. Највисоки температури, кои ќе достигнат до 43 степени, се очекуваат во јужната провинција Андалузија. Жителите на Сарагоса на североисток ...
Забраната важи 24 часа на ден, односно од 00:00 до 24:00 часот, на целата територија што е под управување на ЈП „Национални шуми“. Исклучоци ќе бидат дозволени само со писмено одобрение издадено од подружниците на ова јавно претпријатие, и тоа исклучиво за подрачјата со кои тие стопанисуваат. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, врз основа на член 57, став 3 од Законот за шумите, денеска ја дало официјалната согласност за ...
Скопје оваа година станува мост на единството што обединува многу спортови, култури и настани. По 33 пат се одржува Европскиот Младински Олимписки Фестивал, а Скопје и Куманово ја добија честа да бидат домаќини. Како дел од овој голем настан стои и Горска вода. Горска и Македонскиот Олимписки комитет се долгогодишни партнери и гордо се грижат за младите и спортот. Водата е од суштинско значење кога станува збор за спортувањето, па затоа еден ...
Израел вчера ги затвори граничните премини кон северна Газа, прекинувајќи го најдиректниот коридор за достава на хуманитарна помош до стотици илјади луѓе кои се соочуваат со глад. Затворањето доаѓа во време на интензивни воздушни напади и артилериско гранатирање, при што беа убиени десетици лица, според локални извори. Одлуката предизвика остри дипломатски реакции. Шпанскиот премиер Педро Санчез, еден од најгласните европски критичари на ...
Иран успеал да ја заштити својата залиха на високо обогаќен ураниум од неодамнешните напади на САД и Израел, пренесуваат европски извори, повикувајќи се на прелиминарни разузнавачки информации. Според извештајот на Financial Times, две европски дипломатски лица изјавиле дека залихата од 408 килограми ураниум – обогаќена до скоро воено ниво – не се наоѓала во нуклеарната постројка Фордоу, туку била распрсната на неколку тајни локации низ земјата. ...
Европската Унија останува цврсто посветена на мирот, безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток и го поздравува прекинот на непријателствата меѓу Израел и Иран, повикувајќи ги „сите страни“ да се придржуваат кон меѓународното право, да покажат воздржаност и да се воздржат од преземање дејствија што би можеле да доведат до нова ескалација. Ова се наведува во делот од заклучоците на денешниот Самит на ЕУ посветени на состојбата на Блискиот Исток. ...
„Се разговара небаре имаме уште децении на располагање“, изјави Јанес Стопел од Гринпис. Според него, напредокот бил минимален. Слична оцена даде и портпаролот за клима на Оксфам, Јан Ковалциг, кој нагласи дека дел од темите морале да бидат префрлени за самитот во ноември поради недостиг на консензус. Раководителката за клима во ВВФ Германија, Вивијан Радатц, исто така оцени дека нема вистински напредок. Единствено организацијата Германвоч го ...
„Ние сме пронаоѓачи на електро музиката. Имаме тој French touch“, изјави Макрон во неодамнешно интервју, алудирајќи на уникатниот стил и влијание што француската електронска сцена го има на глобално ниво. Француската електронска музика, со икони како Daft Punk, Laurent Garnier и Jean-Michel Jarre, веќе со децении има огромен придонес во развојот на жанрот, а овој потег би значел официјално признавање на нејзината културна вредност. Макрон во ...
Кендал Џенер и Џиџи Хадид неодамна беа видени во Њујорк облечени во балетанки – иако носеа ист вид обувки, секоја го прилагоди својот аутфит на свој стил. Кендал носеше црни балетанки со квадратен врв и класични фармерки и маица со чамец, додека Џиџи избра модел Мери Џејн со широки карго панталони и маица со долги ракави. Балетанките повеќе не се резервирани само за класични комбинации – сега се достапни во различни форми и стилови, од ...
Унгарскиот фудбалски репрезентативец, Милош Керкез кој играше за Борнмут во Премиер лигата и официјално стана играч на Ливерпул. Двата клуба се договориле и официјално за трансферот вреден 47 милиони евра, а завршени се и сите медицински прегледи. Младиот Унгарец е познат по својата физичка издржливост и способност да создава офанзивни ситуации од бековската позиција. Минатата сезона, Керкез ги одигра сите 38 натпревари во Премиер лигата, ...