ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ како и против Ф.А.(62) од кичевското село Зајас, А.Н.(38) од селото Србица, Х.Б.(37) од селото Црвевци и Б.С.(36) од селото Стрелци, за сторено кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Според полицијата, првопријавениот Ф.Д. во својство на ...

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов и стручни лица од Агенцијата, неделава одржаа работни состаноци со Министерот за локална самоуправа Златко Перински, Градоначалникот на Град Скопје и Претседател на Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевки. На состаноците се разговараше за неколку актуелни прашања од надлежност на АХВ и локалните самоуправи, за чие решавање е потребна заедничка ...

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски се обрати до граѓаните, а по повод пресудата на Апелациониот суд во Скопје за враќање на 127 милиони денари за Скопски саем. „Од првиот ден кога ми ја дадовте довербата да ја водам Општина Гази Баба, јавно се обврзав на транспарентно, отчетно и одговорно работење. Мојот однос кон Вас, кон народот секогаш бил искрен, директен и отворен, без прикривање на проблемите, колку и да се тешки. За ...

Општина Центар започна со подготвителни работи за партерно и хортикултурно уредување на потегот во Градски Ѕид, од Зелено пазарче до ул. „Македонија“. Во рамки на активностите, се отстранува дотраеното детско игралиште во делот зад објектот „Краш“. На истата локација ќе биде поставен нов проширен простор наменет за детска игра, со нови реквизити и подлога. Веднаш до него се планира и поставување модерна фитнес зона, опремена со справи за ...

Националниот парк Шар Планина информира дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите од планината кои се наоѓаат на надморска височина над 1700 метри. Зголемената лавинска опасност, како што појаснуваат, е резултат на специфична комбинација на временски услови, вклучувајќи ја температурата на воздухот, правецот и јачината на ветерот, како и снежните врнежи во изминатите неколку денови. ...

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица, В.Ј. (35) и С.П. (44), двајцата од Струмица, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од КЗ. Пријавениот правен субјект како даночен обврзник, а В.Ј. и С.П. во својство на управители на истиот, за периодот во 2024 година избегнувајќи законска даночна обврска, поднеле даночни ...

„Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната, е единствениот синдикалец на светот кој е против поголеми плати за работниците и е политичка маша на СДС, ДУИ и Левица. ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците. Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш ...

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен акт против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела – Проневера во службата и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. За дејствија на проневера предвидена во член 354 од Кривичниот законик обвинети се поранешна директорка на ЈЗУ Општа Болница Прилеп и уште тројца вработени во болницата, кои во периодот ...

Поголема количина тутунски производи без акцизни марки, со вредност од над 1,8 милиони денари, е запленета во акција спроведена од мобилни царински тимови и царински службеници од царинарница Битола, при контрола на малопродажен објект во Струга, извести Царинската управа. При контролата пронајдени се 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 парчиња цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за ...

Извршната агенција за Бугарите во странство (ИАБЧ) на 21 јануари 2026 година го објави почетокот на приемот на номинации за годишната награда „Бугарка на годината – Св. Злата Мегленска“ за 2025 година. Иницијативата има за цел да ги одликува и да им даде заслужено признание на бугарските жени кои живеат во странство и со својата дејност придонесуваат за зачувување на бугарскиот идентитет, култура и националната самосвест во бугарските ...

Радослав Парашков е Бугаринот кој го пречека тимот на подкастот „Мост на верата“ на холандско тло и ги запозна со особеностите на земјата, како и со животот на бугарската заедница таму, јавува БНР Неговиот професионален развој го води последователно во Германија и Франција, а во моментов живее со сопругата и нивниот син во Амстердам. Неговата стручна специјалност е органска електроника. Докторирал на Техничкиот универзитет во Брауншвајг, ...

Делот на странските студенти во Бугарија продолжува да се зголемува и во академската 2024/2025 година тие достигнуваат 16.532 лица, што претставува 8,67% од сите студенти во земјата. Во исто време, околу 20.000 Бугари студираат во странство за стекнување диплома. Ова го покажуваат податоците од проектот на новата Национална карта на високото образование за 2025 година, цитирани од весникот „Сега“. Вкупниот број активни студенти во 2024/2025 ...

На 31 јануари светски познатиот бугарски диригент маестро Најден Тодоров ќе застане на чело на Северночешката филхармонија во Прага, каде ќе ја изведе „Фантастична симфонија“ од Хектор Берлиоз. Концертот ќе се одржи во големата сала „Дворжак“ во Рудолфинумот – една од најпрестижните симфониски сцени во Европа. Билетите се речиси распродадени, јавува БГНЕС. Поканата до Тодоров е продолжение на неговото успешно присуство на европските сцени и ...

Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила. Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната. Граничните ...

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ги осуди руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура и најави испраќање генератори во Украина. „Вчерашниот напад врз патнички воз во регионот Харков е неприфатлив. Франција остро ги осудува руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура. Соочени со итноста, се мобилизираме. По состанокот на Г7+, на кој копретседател е Франција, во Украина ќе бидат испратени генератори за да ...

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува опции против Иран, кои вклучуваат целни напади врз безбедносните сили и нивните водачи за поттикнување на демонстрантите, потврдија повеќе извори за Ројтерс. Но, израелски и арапски претставници велат дека само воздушните напади не се доволни за соборување на режимот. Два американски извори запознаени со дискусиите рекоа дека Трамп сака да создаде услови за промена на режимот откако ...

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, може да се изврши ...

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-ЕНП д-р Андреј Ковачев со нова серија документи за улогата на Царство Бугарија во спасувањето на Евреите од Бугарија и други делови на Европа за време на Втората светска војна. Д-р Ковачев ни испрати документи од кои станува јасно дека муфтијата на Ерусалим му се жали на првиот дипломат на Третиот Рајх Јоахим фон Рибентроп дека Бугарите позади грбот на нацистите им помага на Евреите да заминат за ...

Вистинскиот лик на неурамнотежениот Крсте П. Мисирков (4) „Крајно време е пред целиот свет да потврдиме дека народот кој живее во Македонија не е ниту српски, ниту бугарски, ниту грчки, туку македонски народ; дека овој народ има своја историја, свое национално достоинство и големи заслуги за културната историја на словените.“ Колку се апсурдни овие зборови на Мисирков најдобро покажува фактот дека никој ниту помислувал, ниту се обидувал да ја ...

Со транспарентот „Протестираме за плата“, голем број граѓани излегоа на улиците за да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатити и да го изразат незадоволството од ниските плати во земјава. Синдикалците бараат зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување од по 100 евра за сите останати плати. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека доколку барањата не бидат исполнети, ќе следуваат блокади и генерален ...

Социјалдемократскиот сојуз ќе поднесе законски решенија во Собранието за зголемување на платите на работниците и замрзнување на платите на функционерите, соопштија од партијата. Како што наведуваат, предлог-законите се подготвуваат имајќи ја предвид тешката положба на работниците, намалениот животен стандард на граѓаните, како и барањата изнесени од Сојузот на синдикатите. Според најавата, СДСМ ќе предложи зголемување на минималната плата на ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео на своите официјални профили на социјалните мрежи, со порака дека скопското Кале е целосно исчистено и уредено. Преку својата изјава, градоначалникот Ѓорѓиевски истакнува дека грижата за културното наследство и јавните простори останува еден од приоритетите на Град Скопје. Тој потенцира дека Скопското Кале, како симбол и гордост на градот, заслужува континуирано внимание, ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со Џијанг Шјаојан, амбасадорка на Кина во Македонија. Гаши изрази големо задоволство од средбата и истакна дека очекува искреното пријателство што постои меѓу двете држави во иднина уште повеќе да се зајакнува и унапредува. Тој потенцираше дека иако двете држави се географски оддалечени, односите меѓу нив се развиваат во духот на меѓусебното разбирање и заемно почитување. ...

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу За време на средбата беа разгледани билатералните односи меѓу двете држави, проектот ONE STOP SHOP, за кој се очекува во блиска иднина да започнат подготовките за имплементација, додека самата имплементација на системот се очекува да започне во летната сезона, како и можностите за продлабочување на ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во денешното обраќање во Собранието, на настанот „Анализа на јавното мислење за процесот на пристапување на Северна Македонија кон ЕУ во 2025 година”, наведе неколку причини кои упатуваат на тоа дека, како што рече, власта има антиевропски манири, кои се загрижувачки и државата ја ставаат во фаза на стагнација и изолација. „Влошувањето на односите со соседите не е во ...

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека ги проверува изнесените информации од докторот Жан Митрев дека СДСМ сакале да му ја преземат клиниката. „Основното јавно обвинителство Скопје постапува и веќе презема дејствија на проверки во предметот оформен по допрен глас на 21.01.2026 година од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по однос на јавно изнесените наводи од лицето Жан Митрев, доктор и сопственик на ...

Игор Билбиловски, претседател на здружение „Наследство“ – Скопје Прашањето за правата на македонските Бугари во Република Северна Македонија не е ниту историски реваншизам, ниту политичка провокација, туку суштинско прашање на уставна еднаквост, владеење на правото и почитување на човековите права. Наместо рационална и правна дебата, ова прашање често се сведува на политичка манипулација и медиумска стигматизација, со што се продлабочуваат ...

На 4 февруари 2026 година се навршуваат 154 години од раѓањето на патронот на градот – Гоце Делчев. Годишнината ќе биде одбележана со низа настани организирани од Општина Гоце Делчев, јавува Пиринско. Во рамките на програмата, на 3 февруари 2026 година (вторник) во 19:00 часот, граѓаните се поканети на театарската претстава „Илинден“, по мотиви од делата на Димитар Талев и Пејо К. Јаворов, во изведба на Драмскиот театар од Ловеч. Претставата ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Министерството за внатрешни работи оствари билатерална средба со министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу, која престојува во официјална посета на земјава. На средбата беа разгледани повеќе значајни прашања од заеднички интерес, со акцент на унапредување на општата соработка меѓу двете министерства, планот до почетокот на туристичката сезона да се ...

На 28 јануари 2026 година во 11:00 часот, во читалиштето „Пробуда 1961“ во градот Ќустендил беше отворена фото-документарна изложба по повод 173-годишнината од раѓањето на Ефрем Каранов. Организатор на настанот е читалиштето „Братство 1869“, пишува Пиринско. Ефрем Цветков Каранов е истакнат бугарски просветен деец и општественик, фолклорист и етнограф, роден на 28 јануари 1853 година во градот Кратово. Се школувал во Цариград во бугарско ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
48%
1013
weather icon

Белград

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
41%
1014
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
54%
1015
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
54%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.25
80%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
57%
1017
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
3.6
63%
1011
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
54%
1013
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
39%
1013
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
5.66
64%
1014
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
40%
1016
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Платина

60154.05

Калај

43.90

Кобалт

66.14

Иридиум

258288.78

Родиум

350443.14

Цинк

3.07

Бакар

10.68

Злато

166450.52

Алуминиум

3.18

Паладиум

45911.27

Рутениум

56199.51

Сребро

2840.84