Европската унија ја разгледува можноста идните членки да се приклучат кон блокот без целосни права за одлучување, вклучително и право на вето, со цел да се забрза процесот на проширување, дознава бриселски Политико од дипломатски извори. Предлогот, кој е сè уште во рана фаза и бара едногласно одобрување од сите 27 земји-членки, би им овозможил на новите држави да ги користат повеќето од придобивките од членството, а целосни права да добијат ...

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски како првопласиран, со добиени 39,43 проценти од гласовите и претенднтот на Левица Амар Мециновиќ кој има 13,20 проценти одат во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица се прво и второпласирани и во трката за советници во Советот на Град Скопје. Кандидатката на СДСМ Каја Шукова доби 11,50 проценти од гласовите. Kандидатите на ВРЕДИ Башким Бакиу освои 12 отсто, а ...

Музејот Лувр во Париз вчера утрото беше местото на еден од најспектакуларните и најдрските грабежи во неговата историја. За само седум минути, околу 9:30 часот наутро, група неидентификувани крадци провалија во галеријата Аполо, простор познат по изложбата на кралски накит, и украдоа осум непроценливи историски накити. 🇫🇷 #France Louvre Robbery in 7 Minutes — Criminals Acted Like in “Ocean’s Eleven” Unknown perpetrators pulled off a daring ...

Манчестер јунајтед го доби најголемото дерби во англискиот фудбал. На „Енфилд“, Јунајтед го победи Ливерпул со 2:1. Прв пат во ерата на Рубен Аморим, Манчестер јунајтед забележа две победи по ред во Премиер лигата. Ливерпул потврди дека е во криза, има четири порази во низа, три од нив се во првенството. Голот за победа со кој Јунајтед победи во Ливерпул за прв пат по ноември 2016 година, го постигна Хари Мегваер во 83-та минута. Јунајтед ...

Кандидатот на коалицијата НАИ за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи се огласи на својот фејсбук профил. Како што вели, најпрво сака да го изрази неговото задоволство од изборниот ден. „Оценувам дека имавме успешен изборен ден, без поголеми забелешки, и верувам дека тоа е важно да се потенцира. Сакам да изразам благодарност до сите соработници за време на целата кампања: активистите, партиските другари и коалиционите партнери, ...

Според првичните резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) до 22:30 часот, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 41,96 отсто од обработени 41,47 отсто од гласовите. Зад него се Амар Мециновиќ од Левица со 12,84 отсто, Башким Бакиу од ВЛЕН со 11,98, Каја Шукова од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) со 11,28 отсто и Скендер Реџепи од „Националната алијанса за ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вечерната прес-конференција изјави дека според досега обработените податоци, партијата забележала победи во три општини – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци. „Според моменталните резултати, СДСМ води и во уште девет општини низ државата“, истакна Филипче. Сепак, тој призна дека резултатот не е оној што партијата го посакувала. Тој апелираше до сите граѓани активно да се вклучат во вториот изборен ...

„Ветивме победа, имаме победа! Триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности“. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски. -Избра луѓе што веруваат во работа, а не во зборови. Но оваа убедлива победа не е крајот, ова е само почеток на новата македонска енергија – мирна, одлучна и праведна. Во овие недели покажавме дека политиката може да има поинакво лице. Без ...

Од досега обработени 43,32 отсто од гласовите и податоци од 1 713 избирачки места од вкупно 3 474, според досегашните податоци на ДИК, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 53 општини, Коалицијата ВРЕДИ, СДСМ и Националната алијанса за интеграција во седум општини и Демократската партија на Турците во една општина. Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ водат во Аеродром, Берово, Битола, Босилево, ...

Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, вечерва прогласи победа. Тој во своето обраќање истакна дека по 20 години падна бастионот на СДСМ во Струмица. -Според податоците од нашиот аналитички центар од обработените 82 отсто од обработените гласови ВМРО – ДПМНЕ води со 12.223 гласови наспроти противникот со 7.908 гласови. Тоа укажува на разлика од повеќе од 4.000 гласови. Очекувам во 17 избирачки места, ...

Според најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до 21:10 часот се обработени околу 33,53% од избирачките места во Куманово, при што водство има Максим Димитриевски, кандидатот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, со освоени 32,95% од гласовите (3.593 гласа). На второ место е Селвер Ајдини од Националната алијанса за интеграција (НАИ) со 23,28% или 2.539 гласа. Трет е кандидатот на СДСМ, Мартин Костовски, со 11,45% (1.249 ...

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, најави голема двојна победа на партијата и коалицијата уште во првиот изборен круг. Ова е победа на делата, на чесноста и на вистинските луѓе. Прилепчани покажаа дека ја препознаваат вистинската работа и вистинскиот човек. Ова не е само победа, ова е порака дека заедно ја градиме иднината што ја заслужуваме“, изјави Проданоски. Тој се заблагодари на граѓаните за ...

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе почне да ја отслужува казната во парискиот затвор Ла Санте во вторник, објавија денеска француските медиуми. Кога ќе го напушти својот дом во Париз, ќе биде придружуван од колона сниматели на мотоцикли, објави „Ле Фигаро“. Автомобилот на Саркози ќе вози директно до затворскиот комплекс, каде што поранешниот претседател ќе го пречека директорот на затворот, а чуварите ќе го придружат до крилото ...

Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2025. Од досега обработени 25,82 отсто од гласовите и податоци од 1 024 Избирачки места од вкупно 3 474 кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 41 општини, Коалицијата ВРЕДИ во девет, СДСМ и Националната алијанса за интеграција по седум и Демократската партија на Турците во една општина. За ...

Актуелниот градоначалник на Штип и кандидат за нов мандат од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Иван Јорданов прогласи победа. -Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, или сооднос 6:1! Денес испишавме историја за нашиот град. Политичката зрелост Штип ја докажа со поддршка на веќе воспоставена локална самоуправа. На овие избори победи вербата во она кое го сработивме, енергијата која секојдневно ја вложуваме и отвори можност за нови ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес го оствари своето право на глас на локалните избори. Во својата изјава за медиумите по гласањето, претседателот Гаши им честиташе на граѓаните и на сите политички фактори за водењето на достојна и безинцидентна кампања, потенцирајќи дека изборниот процес досега поминал на примерен начин. Сметам дека оваа кампања беше еден од најдобрите примери како се практикува демократијата во нашата држава. ...

Првите излезни анкети за гласање за градоначалник во општина Чаир покажуваат дека Изет Меџити ќе ја однесе победата во првиот изборен круг. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас имаа 1 832 415 лица запишани во Избирачки список. Тие на 3474 избирачки места во земјата можеа да се изјаснат за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати. На изборите ...

ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од неколку општини. Во Гази Баба ВМРО-ДПМНЕ има 1543 гласа пред СДСМ кој има 527. Во Бутел Стефковски од владејачката партија има 527 гласа а СДСМ само 276. Во Ѓорче Петров е „газење“ ВМРО-ДПМНЕ 1357, СДСМ 529. Аеродром ВМРО-ДПМНЕ 338 СДСМ 142. За Пецаков во Охрид засега има2561 глас а за Шајн од СДСМ 952. Битола е 3-1. За Коњановски 941, СДСМ 383. Јорданов во Штип има 1314 гласа а СДСМ 383. Велес е 3144 ...

Во Демир Капија до 18.30 часот гласале 66.51 проценти од граѓаните со право на глас, на денешните локални избори. Оваа информација ја сподели за МИА, Евгенија Ѓорѓиев, заменик претседателка на Општинската изборна комисија. Во Демир Капија вчера гласаа 64 болни и изнемоштени лица, ден пред локалните избори. Денеска се гласа на 11 избирачки места. -Во единствениот избирачки список се запишани вкупно 3.186 избирачи. Има пет листи за кандидати за ...

На денешното гласање на првиот круг од локалните избори право на глас на ниво на Град Скопје оствариле 46,64%. -Генералниоит одзив на ново на Град Скопје до 18:30 часот е 46,64%, односно излелени граѓани кои го дале својот глас на ново на Град Скопје се 803 721 граѓанин. Ова се податоци од обработени 3289 избирачки места или вкупно 94,67% обработени податоци од избирачки места во Градот Скопје, изјави на преск конференција претседателот на ...

Очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Ги повикувам луѓето да излезат во што поголем број. Многу е важно да избраните градоначалници, советници добијат легитимитет од голем број граѓани. Тоа е наше право и одговорност и тоа е наша обврска. Јас сум задоволен од тоа како течеше кампањата, мислам дека имавме фер кампања, мислам дека имавме инструменти и начин да допреме до многу голем број на ...

Во 19 часот се затвораат избирачките места, а неофицијалните резултати од Локалните избори што се одржаа денеска се очекува да бидат познати во следните неколку часа. Државната изборна комисија најдоцна за 12 часа по завршувањето на изборите треба да ги објави првичните резултати од гласањето. Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови во согласност со член 132 став 1 од Изборниот ...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи Тимчо Муцунски ја одржа вечерва првата прес-конференција по затворањето на гласачките места. На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел од општините во државата. Денес Македонија имаше мирни и успешни избори кои ги задоволуваат највисоките критериуми за демократски изборен процес. Можеби најпримерните и најмирни избори во нашата понова ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на првиот круг од локалните избори гласаше во ООУ „Коле Неделковски“ во општина Центар. Во изјава за медиумите, таа рече дека очекува пристојни, фер и демократски избори. Очекувам 30-годишното изборно искуство да се повтори, значи очекувам пристојни, фер и демократски избори. Малку е покомплицирано на прв поглед, има повеќе листи, но според мене тоа им дава поголем демократски легитимитет на изборите. ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го оствари своето право на глас на локалните избори. -Од информациите со коишто до сега располагам, можам да кажам дека денот поминува мирно, достоинствено, онака како што се очекува, впрочем, како што се и македонските граѓани. Очекувам денеска денот така и да заврши, а со резултатите да прогласиме уште една голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Народот за време на ...

Земјите-членки на Европската Унија имаат рок до 2033 година целосно да ги усогласат своите закони со новата Директива за возачки дозволи, усвоена во 2023 година. Германија планира да започне со спроведување на новите правила уште од 2028 година. Според промените, возачите со дозвола од категорија Б ќе можат да возат возила со тежина до 4,25 тони, наместо претходните 3,5, но само ако го положиле возачкиот испит по 1999 година. Промената, која е ...

Сите американски претседатели во последните 50 години, од Џими Картер па наваму, ги пренасочија своите инвестиции на берзата во државни обврзници или слепи фондови, во кои сопственикот нема увид или влијание врз управувањето со средствата. Тие го направија ова за да избегнат најмала навестување за судир на интереси помеѓу нивните должности и нивната лична финансиска добивка. Доналд Трамп ја прекина оваа традиција уште во својот прв мандат, а во ...

До 15 часот на локалните избори своето право на глас го искористиле 31,16 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список. Државната изборна комисија информираше дека добиле податоци од 3167 избирачки места каде право на глас имаат 1 653 213 гласачи, а досега гласале 515 069 граѓани. Најголема излезност има во: Берово 40,14 проценти излезност Богданци 39,57 проценти излезност Валандово 35,88 проценти излезност Гевгелија 35,78 проценти ...

Излезеноста на локалните избори до 13:00 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, до 13:00 часот се пристгнати податоци од 3 207 избирачки места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1 666 298, а од нив гласале 335 244. Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е 92,31. -Најголема излезеност има во ...

Резултатите од првиот круг на локалните изборите се очекуваат околу полноќ, кога ќе се знае колку кандидати успеале да го освојат градоначалничкиот мандат уште во првиот круг од гласањето. Како се победува во првиот круг? Изборниот систем е мнозински, но предвиден е и цензус. Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови (50 отсто плус 1) од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1025
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
0.51
62%
1027
weather icon

Загреб

13ᴼ / 4ᴼ
0.51
65%
1027
weather icon

Софија

13ᴼ / 9ᴼ
0.51
54%
1025
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
2.46
76%
1027
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.51
79%
1027
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
5.66
77%
1019
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
0.0
48%
1020
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
39%
1022
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
3.09
84%
1027
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
3.09
71%
1027
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
77%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.5431

Currency

69.9606

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

0.60355

Currency

1.27263