Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Министерството за внатрешни работи ќе ја прекине соработката со српската компанија „Памитекс тим“, која била задолжена за набавка на еднобојни униформи за специјалните полициски единици, најави министерот Панче Тошковски во интервју за „360 степени“. Одлуката доаѓа по извршената суперанализа во странство, која потврдила дека доставените примероци не го исполнуваат бараниот квалитет пропишан во тендерската документација. Покрај раскинувањето ...
Жозе Мурињо нема да ја преземе функцијата тренер на Реал Мадрид доколку Флорентино Перез ги изгуби претседателските избори. Според „As“, Мурињо, кој моментално е тренер на Бенфика, се согласил на двегодишен договор со мадридскиот клуб, со опција за продолжување за уште една сезона доколку ја освојат Ла Лига. Сепак, потпишувањето на договорот е одложено до завршувањето на претседателски избори. Доколку Перез не биде реизбран, Мурињо ќе ја ...
Македонската Влада е за исполнување на критериумите за членство во Европската Унија и сметам дека тие напредуваат многу добро – оцени хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ при денешната посета на земјата. Одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција во Охрид со премиерот Христијан Мицкоски, забележа дека единственото отворено прашање во овој момент се односите со Бугарија. – Бугарија имаше избори. Имаме стар претседател и ...
Легендарниот југословенски бренд се враќа на големата сцена! Српски претприемач од Германија, Александар Бјелиќ ги купи правата за името Југо и на конференција во Белград ги откри деталите за проектот, кој е широко објавен во германските и австриските медиуми. Главниот адут на новиот модел, чиј дизајн го потпишува Дарко Марчета од Зрењанин, ќе биде прифатливата цена – целната цена е околу 12.000 евра. Под хаубата се крие хибриден погон со ...
Фудбалската топка за Светското првенство 2026, наречена TRIONDA ќе има вграден сензор за движење што следи допири, движење и промени на насоката и пред натпреварите мора и да се полни. TRIONDA има connected ball технологијата на Adidas и испраќа прецизни податоци до VAR системот, што им помага на судиите побрзо да донесуваат одлуки, особено кај офсајд и спорни допири и фаули, a батеријата „држи“ шест часа. Фудбалската топка за Светското ...
Во духот на пријателството, меѓусебната почит и партнерството разговаравме за унапредување на соработката меѓу двете држави во повеќе стратешки области, како што се економијата, енергетиката, инфраструктурата, европските интеграции и регионалната безбедност. Средбите претставуваат уште една потврда за силните и пријателски односи меѓу Македонија и Хрватска, како и за заедничката определба за стабилен, безбеден и европски регион, напиша ...
Цените на суровата нафта Брент забележаа повторен раст во вторникот. Ваквиот тренд следува по воените операции на САД во јужен Иран, како и поради мешаните пораки од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со преговорите меѓу Техеран и Вашингтон. Јулските фјучерси за меѓународната референтна сурова нафта Брент поскапеа за 2 проценти, достигнувајќи цена од 98,26 долари за барел во азиската трговија. Од друга страна, фјучерсите за ...
На напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, му е дијагностициран мускулен замор во левата нога по медицинските тестови. – Неговото враќање на физичка активност ќе зависи од неговиот клинички и функционален напредок, се вели во соопштението на прес-службата на клубот. Меси ги вознемири аргентинските навивачи пред Светското првенство. Тој побара замена поради повреда на натпревар од МЛС. Триесет и осумгодишниот Аргентинец беше заменет во ...
Фабио Паратичи би можел да стане нов спортски директор на Милан, објавува „MilanPress“. Специјалниот советник на Милан, Златан Ибрахимовиќ, веќе имал прелиминарни разговори со 53-годишниот Италијанец за да ја утврди неговата достапност. Од февруари 2026 година, Паратичи е спортски директор на Фиорентина. Неговиот договор важи до 30 јуни 2030 година. Паратичи претходно беше спортски директор на Тотенхем и Јувентус. Под негово водство, Јувентус ...
Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ и британскиот боксер Тајсон Фјури ќе имаа бокс меч на 1 август. Се очекува борбата да се одржи во Даблин, Ирска. Засега нема информации за официјалното емитување на борбата Ибрахимовиќ против Фјури. Деталите може да станат познати поблиску до датумот на борбата. Триесет и седумгодишниот Фјури е светски шампион во WBC, WBA, IBF, WBO и The Ring. Неговиот рекорд е 35 победи (24 со нокаут), 2 порази и 1 ...
Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, насочени кон места за лансирање ракети и бродови кои се обидувале да постават мини, и покрај прекинот на огнот меѓу двете земји. Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштението изјави дека нападите биле извршени во „самоодбрана“ и дека нивната цел била „да ги заштитат нашите трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“. Портпаролот на ЦЕНТКОМ изјави дека ...
Венко Филипче и СДС се директно фатени на дело во отворена соработка со бугарски активисти кои отворено го негираат македонскиот идентитет.Специјалниот пратеник на Румен Радев во Македонија, Венко Филипче, преку Рубин Земон е во директна соработка со Виктор Стојанов, кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови, смета ВМРО-ДПМНЕ. Виктор Стојанов е лице познато по своите ставови со кои отворено го негира ...
Со еден ваков паметен систем, државата знае каде е жртвата во истиот момент, кои се најблиските полициски службеници што може да се упатат кон жртвата, каде е најбрзата здравствена услуга којашто може да биде дадена, каде е најбрзиот социјален одговор од страна на експерти коjшто може да биде даден и така натаму, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за 360 Степени за можноста за воведување паметен систем за жртви ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчеравечер во интервју за 360 Степени на МРТ 1 најави нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“. И вие и јавноста за многу брзо ќе дознае зошто ова сум го кажал ова што сум го кажал – рече министерот, не изнесувајќи повеќе податоци. Станува збор за истражната постапка која траеше повеќе од една година, сè до моментот кога пред две недели надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти Владата, денеска во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Според агендата, по пречекот, во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и ...
СДСМ денеска на прес конференција ги посочи лагите на Христијан Мицкоски за економијата и животниот стандард, откако, како што тврди партијата, премиерот пред изборите ветувал подобар живот, повисоки плати и економија во која „ќе биде многу подобро“, а сега граѓаните, според нив, живеат потешко и едвај врзуваат крај со крај. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски, порача дека Мицкоски ги излажал ...
Елегантни, миризливи и раскошни, розите се едни од најомилените цвеќиња во градините. Сепак, во летните месеци им е потребна посебна нега и правилно наводнување. Колку често треба да се полеваат зависи од три фактори: староста на растението, типот на почва и временските услови. Младите, новозасадени рози бараат почесто полевање на секои 2 до 3 дена во првите недели, бидејќи нивниот корен сè уште не е доволно развиен. Постарите растенија се ...
Кинеските директни инвестиции во Европа минатата година пораснаа втора година по ред и достигнаа 16,8 милијарди евра, што е највисоко ниво од 2018 година, покажува најновото истражување на аналитичките куќи „Родиум груп“ (Rhodium Group) и „МЕРИКС“ (MERICS). Вкупниот раст од 67 проценти во споредба со 2024 година беше предводен од процесите на спојувања и преземања (M&A), кои на годишно ниво забележаа скок од 89 проценти, достигнувајќи 7,9 ...
Светската асоцијација на лауреати, која обединува добитници на Нобелова, Тјурингова, Волфова и Ласкерова награда, три месеци подоцна повторно ги актуализира и објави ставовите на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, оценувајќи дека нејзините пораки за вештачката интелигенција и образованието оставиле силен впечаток во глобалната дебата за иднината на човештвото. Станува збор за Светскиот самит на лауреати (WLS), еден од ...
Руското Министерство за надворешни работи ги предупреди странците да го напуштат украинскиот главен град Киев. Министерството соопшти дека руските сили ќе почнат да вршат серија напади врз објекти на украинската одбранбена индустрија во Киев. Нападите ќе бидат насочени и кон центрите за донесување одлуки и против командните постови во градот. „Нападот на вооружените сили на Украина врз Старобелск ја прели чашата на трпението“, се вели во ...
Премиерот Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти Владата утре во 10:00 часот премиерот Мицкоски заедно со министрите ќе го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Според агендата по пречекот во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и премиерот ...
Контроверзниот претседател на Фондација Македонија, Виктор Стојанов на Фејсбук испрати остри пораки до Бугарите од Македонија, изразувајќи разочараност од нивното однесување. Тој порача дека, според него, дел од нив едно ветуваат во Софија, а сосема поинаку се однесуваат кога се во Македонија, при што јавно ги прозвал имињата на Митко Џокерот од Струмица и Томе Блажески од Охрид. Во објавата Стојанов напиша дека ако сакаат финансиска поддршка ...
Унгарскиот премиер изјави дека Европската Унија треба да ги прими земјите од Западен Балкан пред Украина, за да го зачува кредибилитетот во регионот. ЕУ прво мора да ги исполни ветувањата дадени на земјите кои со години чекаат членство, пред да даде нови ветувања на другите кандидати. „Прво треба да ги примиме земјите кои долго време се подготвуваат за членство, кои многу жртвувале, прифатиле бројни обврски и со години чекаат на ветениот влез ...
Претседателот на српскиот парламент на конференцијата GLOBSEC во Прага изјави дека односите меѓу Србија и Русија не се братски, додавајќи дека санкциите под кои беше подложена Југославија во 1990-тите биле единствената причина зошто Белград не вовел казнени мерки против Москва. Брнабиќ нагласи дека Србија е „целосно усогласена“ со Европската Унија во однос на вредностите и ја отфрли тезата дека владата на Александар Вучиќ одржува братски ...
Градежните работи на првата линија на Градскиот воз од Зелениково до Нова железничка станица привршуваат. Од септември ќе се стави во функција градскиот воз на оваа линија, вели во интервју за „Призма.мк”, директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски. -Во моментов активни се градежните работи од Зелениково до главната железничка станица, во должина од околу 25 километри. Ова е постоечка пруга, дел од коридорот 10 и одамна е во функција, ...
Во текот на целата ноќ, се до раните утрински часови во атинското предградие Пиреас, но и во другите грчки градови се славеше четвртата европска титула на Олимпијакос, јави дописничката на МИА од Атина. Навивачите на Олимпијакос, традиционално се собраа пред општинскиот театар во Пиреас, каде што беше поставена и сцена, ги пречекаа и поздравија играчите и заедно ја славеа победата над Реал Мадрид во Евролигата, прослава што заврши по 5 ...
Наша должност и обврска е заветот на светите браќа Кирил и Методиј и на нивните ученици да го посведичиме и предадеме со дела на младите поколенија, кои се нашата иднина и наследство, порача епископот Ераклејски, г. Климент на свечената акдемија што се одржа во црквата Света Софија во Охрид по повод Денот на сесловенските браќа Кирил и Методиј. Говорот го пренесуваме во целост: Имам особена чест и пријатна обврска да Ве поздравам и да Ви ги ...
Зајаци како се тепаат стана вирален хит на интернет, откако од селото Куново со хумористичен опис објавија видео на кое се гледаат два зајака како „се пресметуваат“. Со смешен опис на „раскинати односи меѓу зајаци во селото“, видеото беше објавено на Фејсбук страницата на селото и веднаш привлече големо внимание, не само од жителите на селото, туку и од целиот регион. Како и да е, благодарение на двата зајака, селу Куново стана регионално ...
Еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, на социјалната мрежа Фејсбук истакнува се дека започнало уривањето на империјата на брзите кредити. Меџити, меѓу другото, потенцира дека борбата против брзите кредити не била само изборен слоган, туку ветување кое, како што додава тој, се претвора во дело. Целосниот статус на Изет Меџити: „Борбата против брзите кредити и коцкарската индустрија не беше изборен слоган, ниту изјава за медиумски наслови. Тоа ...
Матурантите од Средното техничко училиште во хрватскиот град Задар ја изненадија својата класна раководителка, подарувајќи ѝ автомобил, во знак на благодарност за четиригодишниот труд, трпението и воспитувањето што од неа го добиле, јавија хрватските медиуми. Матурантите кои се школувале за воздухопловни техничари заеднички го организирале големото изненадување, а професорката, како што може да се види и на снимката која ја објавија, остана ...