Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи во врска со случајот за шпионажа во Кабинетот на претседателката постапува по две Наредби добиени од ОЈО за ГОКК доставени на 12.02.2026 и 25.03.2026 со кој се бара да се изврши анализа на електронски доказен материјал. Во тек е анализа на сите електронски докази кои се екстрахирани од одземената опрема. -Напоменуваме дека станува збор за поголема количина на електронски ...
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, вчера им рече на Американците дека војната на претседателот Доналд Трамп против Иран нема да стане „вечна“, користејќи брифинг во Белата куќа за да ги одбрани политиките на Трамп, додека шпекулациите за неговиот потенцијален наследник се интензивираат. Заменувајќи ја портпаролката Каролина Ливит, која е на породилно отсуство, Венс помина речиси еден час одговарајќи на прашања од новинарите со умерен тон што ...
Пет земји членки на Европската Унија предложија „активна и систематска“ постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во главните сектори на единствениот пазар на ЕУ пред нивното полноправно членство, врз основа на постигнатите резултати во усогласувањето со европското законодавство и владеењето на правото, со цел да се одржи динамиката на проширувањето, да се забрзаат реформите и да се спречи влијанието на трети земји. Во нон-пејперот, ...
Македонија доби најголема финансиска поддршка од Европската Унија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан, со што се потврдува напредокот во спроведувањето на реформската агенда. Европската комисија објави дека за Македонија се одобрени 65,7 милиони евра, повеќе од средствата доделени за Албанија, која добива 49 милиони евра, и Црна Гора, за која се наменети 44,2 милиони евра. Средствата се одобрени по позитивната оценка на Европската ...
Обвинителството за организиран криминал и корупција, со месеци чека одговори од Министерството за внатрешни работи за случајот со сомнежи за оддавање службени тајни и можни шпионски активности во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Иако уште во декември минатата година била отворена предистражна постапка и биле преземени повеќе истражни дејствија, надлежната обвинителка која деновиве е во центарот на вниманието за ...
Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад(РКЕ). Намалување од 0,33 метри кубни има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода која во 2025 година изнесувала 12,59 ...
Молкот на Филипче кон навредливите изјави од Бугарија е срам и понижување за Македонија.Речиси две недели Филипче избегнува јасно да ја осуди изјавата на бугарската министерка Петрова Чамова, која македонскиот народ го нарекува “северномакедонци”. Венко Филипче нема достоинствен став и не застанува во одбрана на националниот идентитет, Филипче молчи за навредите, прави лични калкулации и продолжува со сервилност, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ. ...
Случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра е доказ за селективна правда и политичко влијание на СДС и ДУИ врз обвинителството. За личните интереси на обинителите избрани во Зајас и Струмица од Заев и Ахмети, Коларевиќ и Абази не беа доволни ниту доказите од МВР, не беа доволни ниту извештаите од ДЗР, ниту пак сомнежите за штета врз здравјето на граѓаните и буџетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и ...
Фудбалерите на Арсенал се нови шампиони на Англија. На едно коло пред крајот за сезоната 2025/26 „Топчиите“ ја обезбедија шампионската титула. Второпласираниот Манчестер сити вечерва ремизираше 1:1 на гости против Борнмут, со што им се стави крај на математичките шанси да го стигне лидерот. Напаѓачот на домаќините, Ели Жуниор Крупи, постигна гол во 39. минута, Сити израмни преку Ерлинг Халанд во 90+5. минута. Во пресрет на последното 38. ...
Епидемијата на ебола, која одзеде најмалку 131 живот во Демократска Република Конго, може да се шири побрзо отколку што првично се сметаше, предупреди претставник на Светската здравствена организација (СЗО), пренесува Би-Би-Си. Д-р Ан Ансија за Би-Би-Си изјави дека колку повеќе агенцијата истражува, толку појасно станува дека случаите се прошириле и во други области. Официјалните лица изјавија дека до вторник се сомнителни за повеќе од 513 ...
Фудбалската федерација на Македонија денес објави дека е поведена дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите. Како што е познато, вардарци шампионскиот трофеј го прославија во еден локал со недолични песни. ФФМ исто така изрече и неколку глоби. ФК Пелистер се казнува со глоба од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од ...
„Западен Балкан не може да биде оставен настрана од интеграцијата во Европската унија. Земјитe во регионот чекаат од Солунскиот самит во 2003 година“, порача генералниот секретар на Јадранско-јонската иницијатива, амбасадорот Џовани Кастеланета на денешниот форум на Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот Регион (ЕУСАИР), што се одржува во Скопје. Според него, одлагањета и неизвесностите во процесот на проширување не доаѓаат ...
Шпанската полиција денеска го уапси Џонатан Андик, син на починатиот милијардер и основач на познатата модна куќа „Манго“, Исак Андик, под сомнение за можна вмешаност во смртта на својот татко. Основачот на светскиот моден бренд, 71-годишниот Исак Андик, во декември 2024 година загина по пад од карпа висока речиси 150 метри додека планинарел во близина на Барселона заедно со својот 45-годишен син Џонатан, кој воедно бил и единствениот сведок ...
Ангела Меркел ги повика лидерите на ЕУ да преговараат директно со Кремљ за да се стави крај на војната во Украина, а воедно се исклучи себеси како претставник. Меркел, која преговараше за таканаречените договори од Минск II во 2015 година, кои не успеаја да ја завршат граѓанската војна поттикната од Москва во југоисточна Украина, рече дека само сегашните лидери на ЕУ ќе бидат „сфатени сериозно“ од Владимир Путин. „Она за што жалам е што, ...
Најновото надворешно задолжување ќе се реализира под значително поповолни услови, со пониски каматни стапки и подолга рочност, што претставува индикатор за зголемена доверба на меѓународните финансиски институции кон македонската економија, кажа во интервју за Алфа телевизија министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска. Како што потенцираше министерката за Законот за задолжување кај странски банки кој што влезе во собраниска ...
Претседателот на Словенечката демократска партија (СДС), Јанез Јанша, денеска е официјално предложен за мандатар за состав на новата словенечка влада, откако доби поддршка од 48 пратеници во Државниот збор. Како што јави Словенечката новинска агенција (СТА), кандидатурата на Јанша, покрај матичната СДС, ја поддржаа и пратениците од Нова Словенија (НСи), Словенечката народна партија (СЛС), Фокус, Демократите на Анже Логар, како и членовите на ...
Вицепремиерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. „Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи.Ова е ...
УХМР најавува дестабилизација на времето за продолжениот викенд, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места во земјата. Локално, процесите може да бидат поинтензивни и да прераснат во невреме со пообилни врнежи и силен ветер. Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а слаб дожд е можен во крајните западни и источни делови. Ќе дува умерен северен ветер, кој долж Повардарието ќе засилува и ќе достигнува брзина до ...
Најостро реагирам за обидот полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација, реагира денеска министерот за правда, Игор Филков. Во реакцијата по повод на вчерашните протести со кои се бараше употреба на албанскиот јазик при полагањето на правосудниот испит, тој потенцира дека правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот ...
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска преку видеоизјава изрази загриженост за серијата обвинувања од страна на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, во врска со прекинувањето на истрагата за предметот „Мазут“. Прашан дали смета дека кампањата на Антонијо Милошоски против одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја прекине истрагата за случајот ...
Бројот на заболени од рак на кожа, односно меланом е во постојан пораст и е еден од туморите со најголема експанзија во последно време. Годишното зголемување на бројот на заболени е за 4-5%, што значи дека бројот на заболени двојно се зголемува на секои 10-15 години, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје кој во мај ја спроведува кампањата за превенција на канцерот на кожа. Во Македонија во 2023 година вкупниот бројот на ...
Дел од мост се урна на граничниот премин „Градишка“ помеѓу Хрватска и БиХ. Сообраќајот бил целосно затворен. „Мостото на автопатот Градишка се урна. За среќа никој не е повреден“, објави читател за „Индекс“. Информацијата брзо беше потврдена од Хрватскиот автомобилски клуб (ХАК): „Поради оштетување на мостот помеѓу граничните премини Стара Градишка (ХР) и Босанска Градишка (БиХ), целиот сообраќај е во прекин до понатамошно известување“, ...
Процесот на издавање лични документи во управните служби на Министерството за внатрешни работи е целосно оптимизиран и овозможува брзо и едноставно закажување на термини за фотографирање, минимално време на чекање пред шалтерите и експресно изготвување на документите во законскиот рок, а честопати и порано. Управните служби при МВР апелираат до граѓаните навремено да ги подигнуваат своите готови лични документи. Благодарение на спроведената ...
Филипче за „360 степени“ нагласи дека и покрај честите коментари дека има „златна професија“, тој никогаш не ја напуштил неврохирургијата и верува дека политиката може да биде чесна професија. „Јас не сум ја напуштил мојата професија. Јас неврохирургијата не сум ја напуштил. Јас не би рекол дека политиката е лоша професија. Лоша е перцепцијата поради лошите практики кои што се имплементираат на пример сега. И да бидам целосно фер, со години ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, им се обрати на навивачите по дуелот со Барнли одигран синоќа на домашен терен во 37. коло од англиската Премиер лига. „Топчиите победија со 1:0 и се на еден чекор до шампионскиот трофеј. – Апсолутно е задоволство да се гледа трансформацијата и придонесот на секој од вас во претворањето на ова место во најубавата арена за уживање и играње на нашиот фудбал. Вие, навивачите, сте душата на овој фудбалски клуб и ...
Во пресрет на парламентарните избори во Грција, што ќе се одржат за една година, во следните денови ќе бидат соопштени две нови партии – една на поранешниот премиер Алексис Ципрас, другата на поранешната претседателка на Здружението на роднините на жртвите од железничката несреќа кај Темпи, Мариа Каристиану – две партии што се најавуваа подолго време, а во изминатиот период беа вклучени и во истражувањата на јавното мислење во земјата. ...
Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на убиства на жени, фемициди, кога расте насилството врз жените, а институциите потфрлаат во заштитата, повампирените ликови од времето на Груевски, меѓу кои и Миленко Неделковски и Сашо Тасевски, јавно шират навреди, понижувања и омраза кон жените, вели Каја Шукова од СДСМ. Последни жртви на срамни напади и говор на омраза се македонската пејачка Каролина Гочева, како и ...
Фронтот за вистина и правда најавува целосно нов систем за борба против корупцијата, базиран на европски модели, дигитална транспарентност и вештачка интелигенција по промена на власта во Македонија. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче порача дека корупцијата и криминалот се најголема закана за иднината на државата и објавувајќи широк Фронт за вистина и правда. Тој најави дека еден од клучните столбови на фронтот ќе биде Законот за нулта ...
Посетител на музејот Ермитаж во Санкт Петербург седнал на Големиот царски престол, поради што бил приведен од Националната гарда на Русија. Како што објави Северозападниот округ на Руската национална гарда, сторителот е приведен, пренесува „РИА Новости“. „Посетител на музеј во салата „Свети Ѓорѓи“ на „Ермитаж“ зачекорил зад јажестата ограда и седнал на Големиот царски престол. Вработен во музејот веднаш му се приближил на човекот и го ...
Сан Антонио ноќеска ја победи Оклахома Сити во првиот натпревар од полуфиналето на плејофот на НБА со 122:115. Натпреварот се одигра во Оклахома и беше решен по две продолженија. Центарот на Спарс, Виктор Вембањама со 41 поен и 24 скока е најзаслужен за победата на неговиот тим. Сан Антонио води ао 1:0 во серијата прв до четири. Тимовите ќе го играат својот следен натпревар на 21 мај, домаќин повторно ќе биде Оклахома Сити Сан Антонио ...