„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција“. Вака гласеше референдумското прашање на референдумот за промена на името кој дојде како последица од Договорот од Преспа од 2018 година. Тогаш владејачката СДСМ тврдеше дека тоа е референдум со кој граѓаните се одлучуваат дали се за членство во ЕУ и НАТО. Рефендумот кој се одржа 30 септември пред осум години беше неуспешен бидејќи не излегоа половина од ...

Министерството за внатрешни работи воведе нов кодекс за облекување кој ќе важи и за вработените и за граѓаните што ги користат услугите во Одделот за граѓански работи. Од Министерство за внатрешни работи велат дека мерката е донесена со цел да се зачува професионалниот изглед на институцијата и да се обезбеди посоодветна атмосфера при користење на административните услуги. Според новите правила, граѓаните кои доаѓаат за лични документи, ...

Иранските власти објавија нова карта на Ормутскиот теснец, потег што медиумите и аналитичарите го толкуваат како директна геополитичка порака до американскиот претседател Доналд Трамп. Картата се појавува во време кога повторно растат тензиите околу стратешкиот морски премин низ кој минува значителен дел од светската трговија со нафта. Според медиумските извештаи, Иран со новата мапа сака да покаже дека има целосна контрола врз регионот и ...

Седумдесет и седумгодишна државјанка на Србија е извлечена без знаци на живот од морето во близина на Ханиоти на Халкидики, јавува ЕРТ. Според соопштението на Пристанишната управа на Неа Муданија, која беше информирана за инцидентот денес во утринските часови, жената е пренесена со амбулантно возило во Здравствениот дом во Касандра, каде што е констатирана смрт. Прелиминарната истрага ја спроведува Второто пристанишно одделение на Неа ...

Управата за јавни приходи ги потсети даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за остварените приходи во 2025 година истекува на 1 јуни 2026 година. Од УЈП појаснуваат дека рокот е продолжен бидејќи 31 мај паѓа во недела, па граѓаните треба најдоцна до 1 јуни преку системот „е-Даночни услуги“ да извршат увид и да ја потврдат или коригираат својата пријава. По истекот на рокот, односно од 2 јуни, ...

„Бристол“ и „Јадран“, две стари скопски адреси што одамна не функционираат како хотели, одат на продажба откако Собранието на акционери на „Македонијатурист“ на 22 мај ја одобрило продажбата на овој недвижен имот во центарот на Скопје, заедно со станови на улицата „Максим Горки“ и деловниот простор „Пивница“. Според известувањето, претседателот на Управниот одбор е овластен да ги потпише купопродажните договори, а продажната цена треба да ...

Шпанската полиција влегла во седиштето на владејачката Социјалистичка работничка партија на Шпанија во Мадрид со судски налог, со цел да собере информации за можна незаконска финансиска шема поврзана со поранешна членка на партијата, објави шпанската јавна телевизија RTVE. Во центарот на истрагата е Леире Диес, која е осомничена за незаконски исплати поврзани со државниот холдинг SEPI, што управува со дел од стратешките компании во државата. ...

Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи, во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ изјави дека институциите континуирано комуницираат со концесионерот на комплексот „Македонско село“ со цел објектот успешно да функционира и да не биде затворен. Томовски истакна дека државата обезбедува логистичка и институционална поддршка, додавајќи дека комплексот веќе една година работи стабилно. „Комуницираме постојано со ...

Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува – 1.962, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС, природниот прираст е негативен во 66 општини. Во првиот квартал годинава во споредба со истиот период лани бројот на живородени деца изнесува 3.380 и е намален за 4.1 проценти. Бројот на умрените ...

Лидерот на Демократскиот сојуз – Павле Трајанов во „Само вистина“ говорејќи за трнливиот европски пат на државава рече дека Македонија со децении била заложник на лажни политички догми. Тој потсети на времето кога упорно се пласираше приказната дека патот до Брисел води исклучиво преку Охридскиот рамковен договор. -Денес, според сите релевантни параметри, Македонија има одлична стратешка ориентација и е уверлив лидер по успешноста на ...

Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството, ...

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје го објави Конкурсот за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година. Министерството за одбрана упатува повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна кариера да ја продолжат како ...

Денеска во Скопје беше одбележан Денот на мултипла склероза, при што беше најавен почетокот на децентрализацијата на третманот и терапијата за пациентите со мултипла склероза (МС) во три регионални центри низ државата. Директорот на Фонд за здравствено осигурување, Сашо Клековски, информираше дека станува збор за значаен чекор со кој терапијата ќе им биде подостапна на пациентите. Од Националното здружение за МС посочија дека ова е едно од ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција побара граѓаните на референдум да се изјаснат дали ја поддржуваат цената што, според него, државата ја плаќа поради политиките на премиерот Христијан Мицкоски и владејачката структура. Филипче на прес-конференција изјави дека изјавите на Мицкоски за тоа дека „нема повеќе отстапки за влез во Европската Унија“ отвораат прашања за тоа кои се тие отстапки и кој ќе ја плаќа ...

Граѓаните се единствените кои можат да одлучат за својата судбина. Не сакаме сите да ја плаќаме оваа цена, rаспишете референдум, прашајте ги граѓаните. Не може вие да одлучувате за судбината на сите што живеат во државата – изјави денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче, осврнувајќи се на евроинтеграциите и на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој на прес-конференцијата во Охрид со хрватскиот премиер ...

Реал Мадрид го објави датумот на своите претседателски избори. Гласањето ќе се одржи на 7 јуни. Претходно, сегашниот претседател на клубот, Флорентино Перез, објави предвремени избори по втората последователна сезона без трофеј. Тој беше реизбран за претседател на Реал Мадрид со четиригодишен мандат во јануари 2025 година. Седумдесет и деветгодишниот Перез ќе се соочи со бизнисменот Енрике Рикелме. Перез го водеше Реал Мадрид од 2000 до 2006 ...

Денеска, муслиманскиот свет го слави верскиот празник Курбан Бајрам. Празникот се слави во текот на четири дена и курбанот, жртвеното животно, купено со алал пари се коле со мисла да се простат гревовите, но и затоа што тоа го наредува Аллах џ.ш. Еден дел од местото на курбанот се остава на домаќините, еден дел им се раздава на сиромашните и соседите, а еден дел се одвојува за гостите кои ќе дојдат на посета за време на Бајрам. За време на ...

Фудбалерот од средниот ред на Милан и хрватски репрезентативец Лука Модриќ, ќе го објави своето пензионирање по Светското првенство во 2026 година, објави новинарот Николо Шира на социјалните мрежи. Модриќ во септември ќе наполни 41 година. Хрватот се приклучи на италијанскиот клуб минатото лето како слободен играч. Неговиот тековен договор со Милан е до крајот на јуни 2026 година, со можност за продолжување. „Transfermarkt“ ја проценува ...

СДС, Венко Филипче и тие околу него, за власт, моќ и амнестија на криминалите се спремни на се и на нови национални предавства.Без око да им трепне, уште од прв ден, доколку би дошле власт, би направиле уставни измени со кои би ги вметнале Бугарите во македонскиот устав велат од ВМРО-ДПМНЕ. Иако знаат дека впишувањето на околу две, три илјади граѓани кои себеси се чувствуваат како Бугари не се последното барање или ултиматум кој доаѓа од ...

Во пресрет на празникот Курбан Бајрам, Општина Чаир во соработка со ЈП „Комунална Хигиена“ реализира проширена акција за чистење и одржување на јавните површини во различни населби на општината. -Населба по населба и улица по улица, сезонските работници на општината заедно со теренските екипи се ангажирани во чистење на улиците, тротоарите и јавните простори, со цел создавање почиста и поуредена средина за граѓаните за време на празникот, ...

– Денеска се раѓа нова политичка сила, со цел не само политичка промена, туку и промена на политиките, порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за време на митингот во центарот на Атина, промовирајќи ја неговата нова партија под името Грчки левичарски сојуз или скратено ЕЛАС, јави дописничката на МИА од Атина. Со Акропол зад него, од историската атинска населба Тисио, Ципрас порача дека „дојде денот“ и дека се прави првиот чекор за ...

Јавното претпријатие за државни патишта ги известува корисниците на услугите на наплатните станици дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15 јуни 2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за МТАГ ќе бидат наменети „исклучиво за користење од страна на корисници со електронски тагови“. Со наведената измена, вршењето на наплата со „МКард“ на овие ленти се укинува. ...

Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 0,46 проценти во однос на претходната одлука од 18 мај. Според одлуката, од 27 мај на полноќ, бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 0,50 денари по литар, додека цената на дизелот останува непроменета. Новите максимални цени ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 87,50 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ...

Според специјализираниот портал „Екс ју авијација“, „Кроација ерлајнс“ продолжува со намалување на бројот на летови на маршрутите од Загреб кон Скопје и Сараево, како дел од пошироките мерки за рационализација на мрежата поради зголемените трошоци во авиоиндустријата. Во текот на јуни, авиокомпанијата ќе реализира во просек по седум летови неделно на линијата Загреб – Скопје, што претставува намалување во однос на минатогодишните девет летови ...

Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до Вишото јавно обвинителство во Белград денеска доставило извештај за идентификација на останките што беа пронајдени на 21 мај 2026 година во буре, кое беше ископано на Сењак, пренесува Н1. Според обвинителството, со ДНК анализата е утврдено дека станува збор за А. Н., чие исчезнување е пријавено на 13 мај 2026 година. Поради кривичното дело тешко убиство извршено на штета на А. Н. на 12 ...

Најстроги законски казни и санкции во согласност со Законот за комуналните дејности се изречени по појавата на свлечиште на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква во Скопје. Инспекциските служби на Општина Центар по извршениот увид констатирале сериозни оштетувања на јавната инфраструктура и низа неправилности во изведбата на градежниот објект. При надзорот на терен, кој е спроведен во координација со ...

„После изјавата на Мицкоски дека за ЕУ „ќе чекаме децении“ денеска им порача на граѓаните дека треба „да ја платиме цената“ што нема да станеме членка на Унијата. Нема поголемо признание од ова дека Мицкоски не сака членство во ЕУ. Како што кажавме. Граѓаните се заложници на криминалот и корупцијата на Мицкоски и неговиот страв од одговорност. Граѓаните ќе ја платат цената, нивните семејства и нивните деца. Најскапата цена ја платат младите ...

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на денешната заедничка прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Хрватска е силен и конзистентен поддржувач на Македонија на патот кон Европската Унија. – Ве поддржуваме од првиот ден. Се сеќавам на почетокот од 2000-тите години кога Хрватска беше чекор зад вас. Денес сме веќе 13 години членка на Европската Унија. Нема подобар пример за тоа колку е неправедна сегашната ситуација и колку ...

Денешната посета не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку и потврда на едно пријателство кое се градело со години – односи темелени на меѓусебна почит, разбирање, соработка и искрена поддршка. Тоа го истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, по денешната средба во Охрид. Како што рече, Хрватска е близок партнер на Македонија, пријателска ...

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ денеска потпишаа договор за стратешка соработка помеѓу двете земји, што претставува нова етапа во билатералните односи. Исто така, беше потпишан и договор за соработка меѓу Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија. На прес-конференцијата по потпишувањето на договорите, Мицкоски и Пленковиќ истакнаа дека ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.33
50%
1023
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
64%
1021
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.34
80%
1022
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.62
62%
1024
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.07
53%
1022
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 18ᴼ
1.33
90%
1024
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
43%
1020
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.19
55%
1022
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.68
57%
1022
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
1.34
56%
1022
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
1.15
64%
1022
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
3.02
100%
1021
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1705

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Кобалт

45.39

Калај

53.45

Злато

133769.08

Родиум

257205.97

Бакар

12.73

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.40

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Паладиум

39866.93

Платина

53498.84

Сребро

2087.39