Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
ВМРО-ДПМНЕ покрај огромниот успех на избрани 33 градоначалници уште во првиот круг, има огромен успех на советничките листи со 550 избрани советници во советите на општините и градот Скопје, на денешната прес клонференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. -550 советнички места за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 232 за СДС, 153 за ДУИ, 66 за Левица се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од апсолутен победник на овие избори и дека граѓаните јасно ...
Обединетото Кралство се сериозно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада, рече вицепремиерот Александар Николоски по средбата со министерот за бизнис и трговија од Обединетото Кралство, Сер Крис Брајан. На средбата присуствуваа и министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски. Николоски најави голем број средби со високи владини претставници. – Денеска ја почнуваме ...
Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје. Како што информираат од ЈОРСМ, јавниот обвинител издал наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“. Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден инспекциски надзор и да ја ...
Македонските граѓани и компании не треба да бидат загрижени дека ќе секне снабдувањето со гас, изјави денес министерката за енергетика Сања Божиновска. Вчера, Советот на Европската Унија го поддржаа предлогот за укинување на увозот на рускиот природен гас од 1 јануари 2026 година, но дека ќе има преоден период за склучените договори. Краткорочните договори склучени пред 17 јуни 2025 година можат да продолжат до 17 јуни 2026 година, додека ...
Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина во објава на Фејсбук реагираше за несобирањето на отпадот низ Скопје и која точно порака треба да ја сфатиме со ваквиот потег. „Која точно порака треба да ја сфатиме од несобирањето на ѓубрето еве нека кажат, ќе речеме сме ја сфатиле и нека го соберат. Не разбирам што треба да сфатам? Да не зимаат институциите пари од нас редовно, не е тоа, ги плаќаме. Да немаат механизација, не верувам, како имаа до пред ...
Ден после катастрофалниот пораз на СДСМ во првиот круг на локалните избори, во време кога партиските водства ги средуваат впечатоците од изборниот ден и темелно ги анализираат резултатите, Центарот на комуникации на СДСМ нашол мотив, некаква причина и сили да напише „соопштение за јавност“ под наслов „Плусинфо манипулира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!“ Дописот од Центарот ни стаса по електронска пошта нешто пред 14 ...
Во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, Владата на денешната седница ги донесе следните заклучоци: Се задолжуваат Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за внатрешни работи, согласно своите законски надлежности, веднаш да отпочнат со ...
Српските власти го прифатија барањето на Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на РСМ, за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола против кое беше поведена истрага на 9 октомври. Од српските органи беше побарано ...
Најголема постигната цена на стан за квадратен метар во периодот јули – септември е 189.231 денар или речиси 3.000 евра, односно платени се 280.000 евра за стан од 91 квадратен метар во Центар, покажаа податоците на Агенцијата за катастар. Според податоците, најскапи се становите во Центар, Карпош и во Аеродром, каде што цената за квадратен метар е од 1.200 до 1.550 евра. Во реагистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември ...
На Клиниката за неврохирургија во текот на минатата недела првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за стереотаксија (framed stereotactic brain biopsy). Работниот тим што ја изведе оваа значајна интервенција се состои од д-р Роберт Шумковски, д-р Ивица Коцевски, д-р Љуљзим Агаи (неврохирурзи) и д-р Радмила Панговска (анестезиолог). -Испишуваме ново поглавје во неврохирургијата. Големо е задоволството кога имаме развој во јавните ...
По големата победа во Остин, Макс Ферстапен се врати во трката за шампионската титула во Формула 1. Четирикратниот светски шампион, на пет трки до крајот на сезоната нима само 40 поени помалку од лидерот Оскар Пјастри. Возачот на Мекларен пред само четири трки имаше 104 поени повеќе од Холанѓанецот. Ферстепен победи на три од последните четири трки, со огромна разлика во Италија, Азербејџан и Остин, додека беше втор во Сингапур зад Џорџ Расел. ...
Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов (68) ќе биде советник во Советот на Град Скопје. Пенов влезе во Советот како носител на советничката листа на коалицијата Искуство за успех на Либерално-демократска партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите. Коалицијата освои 6.953 гласови (2,99%), доволни за едно советничко место. „Драги скопјани, Доколку можев, би ви се заблагодарил ...
Во просториите на Собранието на Македонија е фотографирана средба помеѓу потпретседателот на НАИ Муса Џафери и пратеникот на партијата Левица, Реџеп Исмаил Хактан, објавува порталот „Прес ТВ7“. Според извори на медиумот од Собранието, на средбата се разговарало за можноста за меѓусебна соработка меѓу двете партии во неколку клучни општини, вклучувајќи го Градот Скопје, Тетово и Струга. Според истите извори, разговорот се одвивал во пријателска ...
Историската победа во 33 општини во првиот круг е потврда за чесната работа и посветеност, реализирани проекти изминатата година и половина од Владата, така и од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ изминатите 4 години, информираат од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори. Со 50% подобар резултат од 2021 година каде што имавме 22 градоначалници во прв круг, сега во прв круг доби градоначалници во 33. На овие локални избори ...
Во многу тешка и речиси безнадежна ситуација е Србија, бидејќи Советот на Европската унија усвои забрана за транзит на руски гас низ ЕУ до трети земји, и таа мерка стапува на сила на 1 јануари. Тоа синоќа го изјави српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, „Суштината е дека Бугарија нема да дозволи проток на руски гас преку гасоводот Балкански поток, што ќе и наштети и на Србија“, изјави Дубравка Ѓедовиќ ...
Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во име на Албанците, но за лични интереси, велат од ВЛЕН. „Ова е, пред сè, порака до Арбен Таравари, а потоа и до Исен Шабани, кои помислија дека Албанците ќе ги следат во нивните политички игри, менувајќи ги принципите како ситни пари.Иако се обидуваат да најдат оправдувања, суверенот со овој потег им удри силна ...
Генералот Небојша Павковиќ почина на 79-годишна возраст во Белград. На 28 септември тој беше ослободен пред да му се одлежи затворската казна во Финска за да може да се лекува во Србија. Хашкиот трибунал го обвини него и други генерали кон крајот на 2003 година, а во 2005 година беше екстрадиран во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг. Во 2009 година беше прогласен за виновен по сите точки од обвинението и осуден на 22 ...
Според кандидатот за градоначалник на Општина Центар од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, Центарци јасно ја покажале насоката во која сакаат да се движи општината. Потврдено е, оценува тој, опозициското расположение против локалната власт предводена од СДСМ. „Одиме понатаму – од утре продолжуваме со нашата приказна за подобар Центар! Резултатите од првиот круг покажаа дека сите опозициски гласови се гласови против Герасимовски и неговото неработење. ...
Кевин Дурант и натаму е во центарот на вниманието. Тој во својата 37 година од животот го продолжи договорот со Хјустон до 2028 година. Направи трансфер од Феникс, а новиот договор е со вредност од 90 милиони долари. За продолжувањето на договорот имаше опција за договор до 122 милиони, но се реши за 30 милиони помалку за да може да му овозможи на тимот флексибилност за создавање на конкурентен ростер, поради финансиските ограничувања. Неговата ...
Конзервативката Санае Такаичи ќе стане првата жена премиерка на Јапонија откако вчера беше изгласана во парламентот. Ова е историски момент за Јапонија, земја каде што политиката и бизнисот традиционално се доминирани од постари мажи, пишува CNN. Такаичи ја презема функцијата во време кога Јапонија се соочува со растечки економски проблеми и политички поделби, а сето ова се случува само неколку дена пред планираната посета на американскиот ...
Поранешниот француски претседател Никола Саркози беше дискретно пречекан во Елисејската палата од страна на сегашниот претседател Емануел Макрон во петокот, непосредно пред да започне со издржување на петгодишната затворска казна, која започнува денес. Саркози беше прогласен за виновен во септември за приклучување кон криминална група поради наводно либиско финансирање на неговата победничка претседателска кампања во 2007 година, објави ...
Поранешната советничка и пратеничка од СДСМ, Софија Куновска со критичка анализа кон однесувањето на опозициската партија по вчерашниот прв круг од локалните избори. Таа, меѓу другото, праша: „Можно ли е СДСМ во првиот круг да победил на локалните избори, а членството да не може да ја препознае победата?“ Куновска на својот Фејсбук профил оценува дека клучната илузија на СДСМ е дека ВМРО изгубил во проценти многу повеќе гласови од нив и тоа ...
Во 43 општини во државата гласањето е завршено во првиот круг за избор за градоначалници, во 33 ќе има втор круг, а во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Излезноса на локалните избори е 46,63 проценти, односно на изборите излегле да гласаат 854.620 граѓани, ги објави вечерва Државната изборна комисија првичните официјални резултати од Локалните избори одржани на 19 октомври. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој влезе во вториот круг од изборната трка, објави дека добил поддршка од новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и од кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу. „Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу. Од нив добив искрена и силна ...
Откако американскиот претседател Доналд Трамп најави уште една средба со рускиот претседател Владимир Путин, овој пат во Будимпешта, новинар на „Хафингтон Пост“ ја праша Белата куќа: „Зошто Будимпешта?“. Токму во унгарската престолнина беше потпишан Меморандумот од Будимпешта во 1994 година, со кој Украина се откажа од својот нуклеарен арсенал наследен од распадот на СССР, во замена за гаранции дека Русија ќе го почитува својот територијален ...
Мјалби стана шампион на Шведска. Во 27-то коло од Алсвенскан, го победија Гетеборг со 2:0 и три кола пред крајот стигнаа до недостижни 11 бода предност пред второпласираниот Хамарби. Победничките голови ги постигнаа Јакоб Бергстром во 21-та и Том Петерсон во 28-та минута од натпреварот. Ова е нивна прва шампионска титула во историјата на клубот, а тие го соборија рекордот и станаа најмалото место кое некогаш добило шампион меѓу земјите членки на ...
Македонската Влада полека, но сигурно, ги спроведува агендите поврзани со малцинствата, безбедносните прашања, коридорите и другите прашања, со што има одреден напредок, но засега се уште ни недостига вистински пробив за напредок на европскиот пат, изјави известувачот на Европскиот парламент за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц. – Македонија се уште е блокирана од Бугарија. За жал, има многу прашања поврзани со идентитетот што го ...
Шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, изјави дека Бугарија е подготвена, доколку е потребно, да обезбеди воздушен коридор за авионот на рускиот претседател Владимир Путин на пат кон Будимпешта, за средба со американскиот претседател Доналд Трамп. -Кога се прават напори за постигнување мир, логично е да се обезбедат сите потребни услови за постигнување на таа цел, рече Георгиев, одговарајќи на прашања од Бугарското национално радио. ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе присуствува на Самитот за Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Лондон, Велика Британија. Мицкоски заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани ќе учествуваат на голем број состаноци во ...
Во неделата наутро, Париз беше потресен од спектакуларен грабеж во музејот Лувр, каде четворица крадци во рок од само седум минути успеале да избегаат со колекција од „непроценливо“ скапоцен накит – дијаманти, смарагди, сафири и крунски украси што некогаш им припаѓале на француските кралици. Како се случил грабежот Според париската полиција, осомничените пристигнале во две возила – камион и два мотори. Маскирани како градежни работници, облечени ...