Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Саудиска Арабија (4. септември, стадион „Викторија Жишков“, Прага) и Лихтенштајн (7. септември, Национална арена „Тодор Проески“) од квалификациите за Светско првенство 2026. Двајца дебитанти се наоѓаат меѓу 26-те повикани фудбалери на кои ќе смета нашиот предводник. Играчот од средниот ред на ...

Трансфер сагата продолжува. Александар Исак не сака да игра за Њукасл, сака трансфер во Ливерпул. Претседателот на Њукасл, Јасир Ал-Румајан, се обиде лично да го убеди шведскиот напаѓач да го промени својот став и да ги почитува професионалните обврски што ги има според договорот и да се врати на тренинзите, но според „Дејли Телеграф“ не успеал. Исак одамна му поставил на клубот ултиматум дека сака трансфер во шампионите на Премиер лигата, ...

Манчестер јунајтед неодамна доби голема понуда од Ал Итихад за Бруно Фернандеш (30) во износ од приближно 116 милиони евра, објавуваат голем број англиски медиуми. Ова не е прв пат ова лето да пристигне ваква понуда за капитенот на Јунајтед од Саудиска Арабија. Претходно, Ал Хилал се обиде да го доведе Португалецот со огромен договор од околу 50 милиони евра годишна плата, но Бруно одлучи да остане во клубот. Почетокот на новата сезона не ...

Во интервју со Џеј Шети на Јутјуб, Новак Ѓоковиќ го откри најдобриот и најлошиот момент во неговата кариера. И двата се случиле на Олимписките игри. „Најдобриот беше кога го освоив златниот медал во Париз минатата година. Дури и подобар од освојувањето на Дејвис купот и освојувањето на првиот Вимблдон затоа што знаев дека може да биде мојата последна шанса. Најлошиот беше во Рио де Жанеиро 2016 година, кога загубив од Хуан Мартин дел Потро во ...

Попладнево со натпреварите во Рига (Летонија) и Тампере (Финска) започнува 42. Европско првенство во кошарка. 24 репрезентации, поделни во четири групи, до 14 септември ќе се борат за трофејот, кој го брани Шпанија. Турнирот ќе започне во Тампере, каде Литванија ќе се сретне со Велика Британија во 12:30 часот по средно-евроспко време, а кратко потоа Чешка ќе игра против Португалија во Рига, со почеток во 13:45 часот. Актуелните светски ...

Црвена звезда доживеа елиминација од Пафос во плејофот за Лигата на шампионите, а тренерот Владан Милојевиќ имаше многу емотивна презентација по натпреварот во микс зоната, а потоа и на прес-конференцијата. Црвено-белите загубија со гол во 90-тата минута за 1:1, а поразот во Белград од 1:2, кој ги однесе Кипарците во елитното натпреварување за прв пат во историјата, беше клучен. Тренерот Милојевиќ најави тужба во УЕФА против Пафос, поради ...

Црвена звезда не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите. Сроскиот првак во плеј офот доживеа елиминација од Пафос. Кипраните славеа со вкупни 3:2. Поразот и лошата игра во Белград, кога Пафос победи со 2:1, скапо ги чинеше црвено-белите, Во реваншот, не блескаа но го исконтролираа првото полувреме. Во вториот дел играчите во црвено-бели дресови притиснаа од сите страни. Иницијативата ја материјализираа во 60.минута, кога Иваниќ со ...

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) изрече суспензии и казни по натпреварот помеѓу Аргентина и Доминиканската Република на Купот на Америка. Сликата на Гонзало Бресан како го напушта теренот облеан во крв по тепачката помеѓу играчите на двете репрезентации го засени натпреварот. Тензиите што се создаваа за време на натпреварот избувнаа по последниот звук на сирената. Инцидентот кулминираше мешу Дејвис-Џонс и Бресан, по што се вмешаа и ...

Фудбалерите на Каират направија големо изненадување, први што се квалификуваа за Лигата на шампионите од клубовите кои се бореа за место во елитното европско натпреварување преку квалификациите. Во плејофот, шампионот на Казахстан беше подобар од шампионот на Шкотска, тимот на Селтик. Откако првиот натпревар во Глазгов заврши нерешено 0:0, во реваншот во далечниот Алмати (6.000 км воздушно растојание помеѓу Глазгов и Алмати) резултатот по ...

Вторлигашот Охрид ја елиминира Бреар од Купот на Македонија. Работнички и Македонија ЃП до врв ги наполнија мрежите на своите противници. Охрид го направи најголемото изнеандување во 1/16-финалната фаза во Купот на Македонија. Второлигашот успеа по извеадувањето на пенали да ја елиминира Брера. Натпреварот во регуларниот дел заврши 1:1, пенал рулето им припадна на Охриѓани со 5:3. Работнички постигна 16 голови, не прими ниту еден во дуелот со ...

Ждрепката за групните фази на Лигата на Европа и Лигата на Конференции ќе се одржи на една церемонија, а тоа носи голема промена во самиот процес. Наместо традиционалното извлекување со топчиња, распоредот ќе биде одреден со софтвер. На сцената ќе се употреби само едно копче. Ќе се притиска на самиот почеток на обете извлекувања, што ќе активира програма која случајно ги одредува противниците и редоследот на домашните и гостинските натпревари. ...

Напаѓачот од Мали, Ел Билал Туре (23) ја напушти Аталанта и ќе го помине остатокот од сезоната на позајмица во редовите на Бешикташ. Турскиот клуб ќе може да го откупи неговиот догоговор по завршувањето на сезоната. Пред две години, Туре стана најскапото засилување во историјата на Аталанта кога дојде од Алмеира за нешто повеќе од 30 милиони евра. Сепак, тој не се снајде во Бергамо. Речиси веднаш по пристигнувањето во Италија, тој заработи ...

Реал Мадрид и во новата сезона 2025/2026 го потврдува статусот на клуб со највисоки плати во европскиот фудбал. Според податоците на специјализираните страници „Betideas“ и „Capology“, просечната годишна плата на играчите на „кралскиот клуб“ е 11,2 милиони евра. Оваа бројка е дури за 60 проценти повисока од сумата што ја издвојуваат повеќето други европски гиганти. Интересно е што ова е сепак мало намалување во споредба со минатата сезона, ...

Кадилак од наредната сезона ќе се натпреварува во шампионатот на Формула 1. Минатата недела тимот го потврди дека еден од возачите ќе биде Валтери Ботас, а денес потврда дојде и за Серхио Перез. Мексиканецот и Финецот имаат многу искуство зад себе, бидејќи во својата богата кариера возеа и за Ред Бул и за Мерцедес во своите најдобри сезони. Ова ќе биде интересен тим, бидејќи за прв пат ќе имаат можност да се борат за статусот на прв возач, што ...

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, го продолжи договорот со „милионерите“ до јуни 2027 година, објави германскиот клуб. „Нико целосно се посвети на својата улога во Дортмунд. Тој многу добро го познава фудбалот, има јасни принципи, е искрен и директен во комуникацијата и наградува добра работа“, изјави Ларс Рикен, спортски директор на Дортмунд. Ковач, кој претходно освои трофеи со Баерн Минхен и Ајнтрахт Франкфурт, го презеде тимот во ...

Пеп Гвардиола наредил, а Манчестер сити ќе се обид ви финишот на преодниот рок да го реализира трансферот на Марк Гуеи. Капитенот на Кристал Палас, чии договор истекува на крајот од сезоната, цело лето се поврзува со Ливерпул. Гвардиола сака да ги има Гуеи во составот, откако е извесни дека ќе остане без двајца централни дефанзивци. Нејтан Аке има понуда од Евертон, а за Мануел Аканџи Галатасарај истпари понуда. Токму Аканџи треба да биде ...

Предраг Мијатовиќ, стрелецот на голот во 1995 година со кој Реал по 30 години пауза стана европски првак, жестоко го критикуваше Винисиус Жуниор. Актуелниот потпретседател на фудбалскиот клуб Партизан, рече дека Бразиелцот не заслужува да го носи дресот на Реал. Реал во неделата, победи во Овиедо со 3:0. Два од трите гола Реал постигна во самиот финиш на мечот. Еден постигна Винисиус, но медиумите во Шпанија по мечот повеќе пишуваа за ...

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски ги разгледува опциите да го смени клибот до крајот на преодниот рок. Валенсија, откако Георги Мамардашвили си замина во Ливерпул, на позајмица го донесе Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао и тој е проектиран да биде прв голман. Столе Димитриевски минатото лето пристигна во Валенсија како слободен играч, требаше да биде прв голман, бидејќи Георги Мамардашвили оствари ...

Поранешниот фудбалер на Саутемптон, 19-годишниот Тајлер Диблинг, ќе ја продолжи кариерата во синиот дрес на Евертон. Клубот од Ливерпул потпиша четиригодишен договор со талентираниот фудбалер, а „Светците“ ќе добијат 35 милиони фунти (околу 40,5 милиони евра) како обештетување, евентуално уште пет милиони во бонуси, што е вкупно 40 милиони фунти (околу 46 милиони евра). Диблинг дебитираше за Саутемптон кога имаше само 17 години, а во Евертон ...

Неверојатно драматичен натпревар на „Сент Џејмс Парк“, синоќа одиграа Њукасл и Ливерпул. „Црвените славеа со 3:2, во последниот натпревар од второто коло на Премиер лигата. Со играч помалку и два гола негатива, Њукасл успеа да израмни во 88-та минута и реално, според сè што се случуваше на теренот, домашните не само што заслужија бод, тие заслужија да победат. И кога изедначија, и покрај тоа што беа со играч помалку, тие напаѓаа за победа. На ...

Фудбалскиот клуб Кремонезе, по пауза од три години се врати во Серија А. Новата сезона во елитното друштво на италијанскиот фудбал, Кремонесе ја започна со сензационална победа на „Сан Сиро“ против Милан (1:2). И покрај тоа што сезоната започна Кремонезе планира да донесе уште неколку играчи до крајот на преодниот рок. Кремонезе започна преговори со легендарниот напаѓач на Лестер, Џејми Варди (38), кој е слободен откако го напушти англискиот ...

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз изненади со новиот имиџ на Ју-ес опен. Ќелавиот Алкараз во три сета (6:4, 7:5, 6:4) го победи Американецот Рејли Опелка. Следниот ривал е Матија Белучи, 65-ти во светот. Кинезот Шанг му се предаде во моментот кога Италијанецот водеше со 7:6 (7:0), 6:3, 3:0. Алкараз пред почетокот на мечот со Опелка откри зошто решил да го смени имиџот. „Сакав да бидам свеж за турнирот, да биде нешто ново, да го започнам ...

Шпанскиот десен бек Лукас Васкез (34) денес треба официјално да стане нов играч на Баер Леверкузен. Фабрицио Романо напиша: „Постигнат е договор со поранешниот десен бек на Реал Мадрид, кој доаѓа во Баер како слободен агент. Лекарските прегледи веќе се извршени тајно, а договорот ќе биде потпишан во вторник.“ Васкез неодамна се збогува со Реал по 18 години во шпанската престолнина. Неговото збогување се случи во сенка на заминувањето на Лука ...

Неверојатен натпревар и голема победа за Ливерпул против Њукасл, со голот на тинејџерот Енгумоа, кој погоди во десеттата минута од судиското продолжение во второто полувреме за конечни 2:3. Њукасл и Ливерпул одиграа фантастичен натпревар на затворањето на второто коло од Премиер лигата, во кој „стралките“ малку ги делеше од неверојатен подвиг. Ливерпул не одигра ништо, дури и во ситуација кога имаше играч повеќе, Њукасл доминираше, особено во ...

Фудбалерите на Интер го затворија првото коло од италијанската Серија А со убедлива победа над Торино со 5:0 (2:0). „Неро-азурите“ му ја предадоа круната на Наполи минатата сезона, а со овој почеток испраќаат јасна порака дека сакаат да го вратат „Скудетото“ во своите витрини. „Биковите“ беа целосно инфериорни на „Џузепе Меаца“, а серијата голови отвори Алесандро Бастони во 18-та минута. Уште толку време му беше потрбно на Маркус Тирано за да ...

Црвена звезда загуби од Пафос во Белград со 1:2 во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лигата на шампионите. Жоао Кореја и Пепе постигнаа голови за кипарскиот клуб, додека српскиот тим ја намали предноста со голот на Бруно Дуарте. Српскиот шампион ќе има тешка задача во вторник во 21:00 часот на Кипар, каде што ќе се обиде да го надомести дефицитот и да се пласира во елитното клупско натпреварување. Доколку успеат во ова, фудбалерите на ...

Сè уште нема дефинитивен договор меѓу Наполи и Лајпциг во врска со Елиф Елмас. Наполи сака да го врати во тимот македонскиот репрезентативец кој беше еден од најважните играчи во походот на титулата во сезоната 2022/2023. Елиф Елмас ќе го напушти Лајпциг до крајот на преодниот рок. Македонскиот репрезентативец пред 18 месеци пристигна во Лајпциг за 24 милиони евра. Во Германскиот тим не доби можност да ги покаже квалитетите. Во Првиот дел од ...

Олимпик Марсеј е многу блиску до договор со играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос (29), пишуваат „Ас“ и „Фут Меркато“. Откако Себаљос објави порака на Инстаграм за неговиот „последен танц“ во Реал, се појавија нови информации за неговата иднина. Играчот наводно имал неколку понуди, но според „АС“, Марсеј е најблиску до неговиот потпис. Проектот на тренерот Роберто Де Зерби му нуди важна улога и место во почетниот состав, што се ...

Првостепената дисциплинска комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлуки, во врска со инцидентот на натпреварот меѓу Брегалница 2008 и Шкупи 1927 во младинска категорија. Казни добија четворица фудбалери, клубовите и официјалните лица. Ригорозна казна заработи фудбалерот на Шкупи 1927, Абдљи Леарт, кој е исклучен од фудбалската орханизација. Врз основа на собраните изјави, службени извештаи и пријавата доставена од ...

Барселона е во трка со времето за да го игра натпреварот против Валенсија во 4. коло од Ла Лига на реновираниот „Камп Ноу“. Натпреварот е закажан за 13 или 14 септември, но сè уште не е сигурно дали Каталонците дотогаш ќе ги добијат сите потребни дозволи. Доколку враќањето на кулниотт стадион не е можно, „Монтиливи“, стадионот на Џирона, се разгледува како резервна опција, додека играњето на „Монжуик“, односно Олимпискиот стадион, е откажано ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
86%
1030
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1026
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.0
66%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.75
81%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
1.34
82%
1028
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
76%
1029
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
100%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
87%
1029
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Калај

41.29

Рутениум

29192.88

Паладиум

50830.33

Платина

59937.34

Цинк

3.03

Бакар

10.76

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Сребро

2049.55

Злато

138322.05

Алуминиум

2.88

Родиум

255598.44