На бензинските станици во Словенија водедени ограничувања за полнење гориво, физичките лица ќе можат да точат до 30 литри гориво по полнење, додека за правните субјекти и товарните возила лимитот е поставен на 200 литри. Словачка пак најавува чекори против т.н. „бензински туризам“, вклучително и повисоки цени за странските возила. Од MOL Словенија појаснија дека во изминатите две недели е регистрирана значително зголемена потрошувачка, ...

Зголемување на воведениот плафон на профитната маржа од 12 на 20 центи или утврдување на плсфонот според нивото од 27 февруари, односно денот пред почетокот на војната, бараат сопствениците на сите бензинските пумпи на грчкиот остров Лезбос, кои започнаа штрајк и од денеска ќе бидат затворени на неопределено време. Одлуката за штрајкот беше едногласно донесена од 45 сопственици на бензински пумпи на островот за време на генералното собрание ...

Растат трошоците за живот. Од ССМ пресметаа дека за три месеци односно од јанаури до март се зголемиле за над 2.300 денари. Односно на едно четиричлено семејство му требаат плус уште толку пари за да ги покрие основните трошоци во месецот. Според, анализата на ССМ минималната синдикална кошничка во март изнесува 67. 818 денари и во споредба со претходниот месец е порасната за над 400 денари, а со трошокот за кирија за стан изнесува 87 илјади ...

Да се формира кризен штаб кој на дневна основа ќе ја следи состојбата и врз основа на тоа ќе се креираат мерки. Експертската јавност повторно и сугерира на Владата дека треба веднаш да интервенира, за да се ублажат последиците наметнати од воениот конфликт на Блискиот исток, кој се продлабочува. Неопходна е проактивна улога на државата се со цел да се интервенира дали преку акцизи, дали преку намалување на ДДВ дали преку одредени ограничувања ...

Претставниците на Федералните резерви очекуваат дека војната со Иран ќе ја влоши инфлацијата оваа година, а воедно ќе има мало влијание врз растот, но сепак очекуваат да ја намалат својата клучна стапка еднаш во 2026 година.. Засега, креаторите на политиките на Федералните резерви ги оставија краткорочните каматни стапки непроменети на околу 3,6%.. Во соопштението, централната банка изјави дека „импликациите од случувањата на Блискиот Исток ...

Управниот совет на Европската централна банка, денеска одлучи да ги задржи непроменети трите клучни каматни стапки на ЕЦБ. Претседателката на банката, Кристин Лагард, на денешната прес-конференција изјави дека оваа институција е цврсто решена да обезбеди дека инфлацијата на среден рок ќе се стабилизира на 2%. „Војната на Блискиот Исток значително ја зголеми неизвесноста во изгледите, создавајќи нагорни ризици за инфлацијата и надолни ризици ...

Доаѓа енергетска криза, работете од дома. Меѓународната агенција за енергетика со алармантни предвидувања, но и со препораки за намалување на потрошувачката на нафта. Во извештајот на агенцијата стои дека воениот конфликт на Блискиот исток создава голема криза со најголемо нарушување на снабдувањето со нафта. Предвидуваат и дека во отсуство на брзо решение, влијанието на кризата ќе станува се посериозно. Меѓу мерките кои ги предлагаат за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник – Рамазан Бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. -Почитуван реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, Вам, лично, на членовите на Ријасетот, на муфтиите и имамите, како и на сите верници од исламска вероисповед во Македонија, Ви упатувам најсрдечни честитки ...

Минстерството за внатершни работи информираше дека санкционирана е скопјанка која со „ауди“ се движела по пешачката патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје. -На 19.03.2026 во полициска станица, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје извршија службен разговор со Л.Т. од Скопје, која на 16.03.2026 во 14.39 часот со патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички се движела по пешачка патека ...

Обвинение за адвокатот и поранешен државен правобранител Фехми Стафа кој зел 50 илјади евра за да го спаси од притвор Љупчо Пецов – Ѓаволот . Пецов осомничен во Синџир за даночно затајување не влезе во Шутка но Стафа кој беше фатен со пари заврши во притвор и остаува таму и по поднесеното обвинение. Обвинителството за гонење органзиран криминал и корупција го товари за примање награда за противзаконито влијание . Според обвинителниот акт, ...

25 години борба, посветеност, солидарност и надеж, но и исто толку години соочување со недостиг на ленти и глукомери, бележи Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија. Велат дека дополнителен проблем е и недостигот на антидијабетна терапија. -На секои две години по месец два немаме глукомери, немаме ленти. Тоа значи дека лицата со дијабетес немаат можност навреме да ги мерат своите гликемии, што значи развивање на компликации, ...

Почна откупот на македонското јагне, за кое за Велигденските празници веќе има интерес има за пазарите во Италија и Албанија, каде се извезени и првите количини на јагнешко. Потпретседателот на Асоцијацијацита на земјоделците, Гоце Сарафимов вели дека и понатаму откупната цена не е задоволителна за сточарите. -Цената се уште е ниска 260-280 денари макисмум се движи, а овчарите сакат да не биде испод пет евра, испод 300 денари. Затоа што и ...

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, 41-годишниот Васе Анакиев. од Кочани, денеска (20 март) е лишен од слобода во голема полициска акција под сомнение за примање поткуп. –Со цел стекнување на противправна имотна корист од сопственик на правен субјект кој се занимава со увоз, индиректно преку лице шпедитер побарал поткуп во износ од 100.000 евра, за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши. На оштетеното лице ...

30-дневен притвор на актуелниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој вчера беше фатен, а денеска и формално лишен од слобода и осомничен за примање мито му одреди Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Мерката е определена на предлог на Основното јавно обвининителството за гонење на организиран криминал и корупција кое денеска отвори истражна постапка против државниот службеник. Како ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осуди секое незаконско и коруптивно однесување, поврзано со последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство. Од Министерството побараа Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите. Тие нагласија дека злоупотребата на службената положба за личен интерес мора да ...

Млада скопјанка пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг физички ги напаѓа нивните заеднички малолетни деца. – На 19.03.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот спруг Т.П. физички ги напаѓал нивните две малолетници деца, известија од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава. Млада скопјанка ...

Син ја претепал мајка си во смеејниот дом на Би Пазар. Жената завршила во болница со тешки повреди. – На 20.03.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(23) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во смејениот дом на подрачјето Бит Пазар физички ја нападнал неговата 51-годишна мајка и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа од МВР. ...

Собранието избра нов државен обвинител. Наскоро ќе се гласа и новиот Закон за јавното обвинителство. Ќе имаме ли суштинска реформа, нов системски пристап или повторно недоречени решенија? – Дали немањето волја за финансиска независност ги поткопува реформите? Во „Топ тема“ вечерва дебатираа Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Стразбур, Ружица Николовска, адвокатка, и Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнал Македонија“. ...

Енергетската инфраструктура во земјите во Персискиот залив се најде на удар на иранските проектили, откако исламската република најави одмазднички операции заради израелското бомбардирање на најголемото поле за природен гас во светот – Јужен Парс. На ова гасно поле своите производствени капацитети имаат и Катар и Иран. Официјален Техеран ги обвини САД и Израел за нападите, но жестока осуда дојде и од министерството за надворешни работи на ...

И народот и јавноста и стручната фела, сите очекуваат резултати, бидејќи, за жал, довербата во правосудството е таа која што е, рече адвокатката Ружица Николовска во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма за изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. „Сметам дека новиот Републички јавен обвинител ќе биде исправен пред сериозни предизвици, каде што ќе треба да се настапи со сериозна програма за решавање на сите случаи. ...

Со оглед на состојбата во Јавното обвинителство, лошата доверба, односно недостатокот на доверба, начинот на кој што тоа функционира, нетранспарентноста, сите проблеми кои што внатре ги имаат, недоволните ресурси со кои располагаат, од новиот државен јавен обвинител очекуваме најпрво да го задржи својот интегритет, рече Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ за изборот на Ненад Савески за ...

Овој државен обвинител ќе има најнеблагодарна функција заради презентираните очекувања пред да биде избран, рече Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во судот во Стразбург, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма за изборот на Ненад Савески за наследник на Љупчо Коцевски. На Савески му посака многу успех и среќа во работата. „Товарот не е само во делот на Обвинителство. Реакциите и се она што следуваше пред да го номинираат и денеска ...

Пред итната медицинска помош во Општата болница во Кочани денеска беше откриено спомен-обележје во чест на Илчо Гоцевски кој почина на 17 март минатата година, ден по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Гоцевски почина, откако претходно во текот на ноќта меѓу 16 и 17 март, тој 11 пати со возилото на Итната медицинска помош превезуваше повредени на скопските клиники. Спомен-обележјето е поставено на иницијатива на неговите колеги од ...

Едно лице загина, откако кабина на жичница се откажи од сајлата и падна поради силен ветар во зимскиот туристички центар Енгелберг во Швајцарија. Жртвата, чиј идентитет не е откриен, била сама во кабината во моментот на несреќата. Horror ongeval met gondel. Zoals deze video laat zien, is een gondellift in het Zwitserse #Engelberg in het kanton Obwalden neergestort. Er staat momenteel een sterke wind in het gebied. Of er personen in de gondel ...

Крилото на Алијанса за Албанците, предводено од Зијадин Села, денеска преку соопштение истакна дека тетовскиот суд донел одлука во врска со партиските печати и дека тие му припаѓаат на Таравари и неговото крило. Од таборот на Села ја обвинуваат судската власт за политичко влијание по последната одлука која, според него, има за цел да ја ослабе партијата. Судскиот процес трае неколку години. Предметот двапати беше вратен и трипати разгледуван ...

Ненад Савески е 9-тиот државен обвинител. Собранието го именуваше со 66 гласа „за“ 2 „против“ и 8 „воздржавни“ по двочасовна дебата посветена помалку на кандидатот, а повеќе на тоа кој го партизирал обвинителството изминатите години и децении. Предлогот на владата Савески да биде новиот државен обвинител го образложи вицепремиерот Александар Николоски кој го опиша како еден од македонското обвинителство и судство без црни дамки. „Имаме човек ...

Петмина кандидати влегуваат во трка за едно испразнето место во Антикорупциската комисија. За утре се закажани интервјуата кои ќе се одржат утре во Собранието кое со помош на преставници на невладини и народен правобранител ќе го избере идниот член на ДКСК. За местото на Цвета Ристовска која си даде оставка влегуваат, Борче Стојановски, Милка Муратовска, Владимир Клековски, Марија Катралова Китанов и Антонија Андонова Тасевски. Дел од имињата ...

Јајцата и маслото поскапеа до 10 отсто. Ова го констатирале инспекторите од пазарна во контролите направени изминативе седум дена. Од дел од маркетите ни соопштија дека веќе ги добиле новите цени, кои треба да ги прикачат на рафтовите. Кај другите производи инспекторатот за сега не утврдил промени, а како причина за поскапувањето на овие два продукти, ги наведуваат берзанските цени. Ова зголемување на цените на јајцата од 5 до 10 отсто, и кај ...

Повици на разум, зрелост и внатрешен дијалог наместо поделби, пристигнуваат од поранешни функционери на СДСМ, по отворениот партиски судир и најавата за исклучување на Петре Шилегов.Поранешниот потпретседател на партијата, Јани Макрадули, на Фејсбук повика на единство и создавање на заеднички фронт за промени, истовремено укажувајќи дека лојалноста не е слепо следење, туку и одговорност. „Партијата, државта не се простор за тивки климања со ...

Европскиот фронт против одлуката на САД и Израел да го нападнат Иран станува се поцврст. Откако германскиот канцелар, Фридрих Мерц, ја исклучи можноста Германија да учествува во конфликтот против Иран, францускиот претседател, Емануел Макрон, на вчерашниот состанок на Националниот совет за одбрана и безбедност, изјавил дека Франција не е страна во конфликтот и оти таа никогаш нема да учествува во операции за отворање или ослободување на ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1016
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
66%
1014
weather icon

Загреб

8ᴼ / 1ᴼ
1.03
73%
1018
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
75%
1015
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.71
72%
1013
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
0.55
79%
1020
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
4.12
76%
1013
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1015
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
66%
1017
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
72%
1010
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
4.02
60%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
82%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Рутениум

53788.20

Кобалт

45.39

Паладиум

46843.64

Сребро

2399.81

Цинк

0.00

Бакар

12.11

Родиум

326330.08

Калај

50.34

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.59

Злато

151336.48

Платина

64365.79