Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Македонскиот футсал шампион КМФ Проект продолжува да го задржува победничкиот ростер за новата сезона, откако клубот ја продолжи соработката со Ѓорги Коцевски. Еден од најквалитетните офанзивци во составот и во сезоната 2026/2027 ќе го носи зелено-црниот дрес на тимот од Јосифово, кој се подготвува за настап во квалификациите за Лигата на шампионите. Коцевски е препознатлив по својата креативност, одлична техника и способност во секој момент ...
Македонските претставници во Конференциската лига, Шкендија и Силекс, денеска ги добија своите противници за првото квалификациско коло од третото по ранг европско клупско натпреварување. Вицешампионот на Македонија, Шкендија, на ждрепката во Нион за ривал ја доби екипата на Европа од Гибралтар. Тетовскиот клуб ќе гостува на првиот натпревар, додека реваншот ќе го одигра на домашен терен во Скопје. Од друга страна, освојувачот на Купот на ...
Македонскиот шампион Вардар го дозна својот противник во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Најтрофејниот македонски клуб ќе ги одмери силите со актуелниот шампион на Финска, КуПС, по денешната ждрепка одржана во Нион. „Црвено-црните“ првиот натпревар ќе го одиграат на домашен терен, додека реваншот е закажан во Финска. Првите средби од квалификациите се играат на 7 и 8 јули, а реваншите се предвидени за 14 и 15 јули. За ...
Како тргнало Општинската фудбалска лига во Струмица следната сезона може да има и над 20 екипи, а за што потврда е одличната организација која оваа натпреварување кое е четврто по ранг на натпреварување го имаше минатата сезона. Ланската сезона шампионска стана Огражден од Ново Село, во конкуренција на осум екипи, седум од струмичко и една од радовишко. Но, во новата сезона веќе има најави за учество и на ново екипи со што многу лесно може ...
Искусниот Љупче Трпески и новиот прволигаш Шкендија Арачиново се разделија, со што фудбалерот од Охрид ќе има нов предизвик во кариерата. Трпески е дел од две златни генерации на Шкендија Арачиново, еден од најзаслужните во историјата на клубот кој дојде уште кога клубот беше дел од Трета лига – Север, стана шампион во третолигашката конкуренција и обезбеди влез со клубот во Втора лига, а минатата сезона беше одново меѓу најзаслужните и ...
Џихан Адили и во наредната сезона ќе го носи дресот на Шкендија Арачиново, откако клубот потврди дека соработката меѓу двете страни е продолжена за уште една година. Искусниот играч од средниот ред останува важен дел од тимот и во претстојната сезона, во која клубот ќе има високи амбиции во натпреварувањата. Адили е фудбалер со богато искуство во македонскиот и косовскиот фудбал. Тој е производ на младинската школа на Шкупи, а во својата ...
Новиот македонски суперлигаш РК Младост 1977 продолжува да го задржува костурот на тимот за претстојната сезона, откако клубот ја продолжи соработката со еден од своите најталентирани ракометари, Ѓорѓе Атанасов. Станува збор за 18-годишното десно крило и младински репрезентативец на Македонија, кој од своите први ракометни чекори е дел од клубот од Богданци. Атанасов и во наредниот период ќе го носи дресот на Младост, продолжувајќи го својот ...
Актуелниот македонски шампион Шкендија официјално го промовираше Артим Положани за нов шеф на стручниот штаб на тетовскиот клуб. Поранешниот капитен на „црвено-црните“ се враќа во клубот во нова улога, со задача да ја предводи екипата во домашните натпреварувања и европските предизвици што следуваат. Од Шкендија истакнуваат дека изборот на Положани е направен со јасна цел – продолжување на развојот на конкурентен тим кој ќе биде подготвен да ...
Младиот фудбалер на Шкендија Арачиново, Амир Нухија, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Струга Трим Лум. Дваесет и едногодишниот играч за врска потпиша договор со актуелниот македонски прволигаш и во новата сезона ќе ги брани боите на тимот од Струга. Нухија важи за еден од најперспективните млади фудбалери во својата генерација, а со своите настапи во дресот на Шкендија Арачиново го привлече вниманието на повеќе клубови. Во Струга Трим ...
Новиот прволигаш Шкендија Арачиново го официјализираше првото засилување во пресрет на дебитантската сезона во Првата македонска фудбалска лига. Нов член на тимот е бразилскиот фудбалер Матеус Лемос, кој повторно ќе настапува на македонските терени. Станува збор за крилен офанзивец кој добро е познат на домашната фудбалска јавност, откако во минатото ги носеше дресовите на Вардар и Македонија Ѓорче Петров. Токму со „лавовите“ од Ѓорче Петров ...
Македонскиот футсал шампион КМФ Проект продолжува со задржувањето на костурот на тимот кој минатата сезона испиша историја, откако клубот ја продолжи соработката со Трајче Димитриев и за сезоната 2026/2027. Од клубот од Јосифово истакнуваат дека Димитриев е еден од играчите кои континуирано напредуваат и го градат својот пат во зелено-црниот дрес. Со својата дисциплина, посветеност и професионален однос, тој претставува важен дел од ...
Ракометниот клуб Младост 1977 продолжува со формирањето на тимот за новата суперлигашка сезона, а раководството на клубот обезбеди продолжување на соработката со искусниот голман Живојин Илиќ. Српскиот чувар на мрежата пристигна во Богданци пред само еден месец, а беше клучен во баражот против Струга за влез во Супер лига. Илиќ беше дел од тимот во клучните натпревари од завршницата на сезоната, а неговото искуство, сигурност на голот и ...
Младите фудбалери на ГФК Неготино достојно го претставија клубот, градот Неготино и Македонија на меѓународниот турнир „Спортинг Куп 2026“ во Србија, остварувајќи одлични резултати во повеќе генерации. Генерацијата 2015 го заврши својот настап во четвртфиналето, каде по голема борба беше поразена од екипата на ФК Ника со минимални 0:1. И покрај елиминацијата, младите фудбалери заслужуваат пофалби за прикажаната игра, борбеноста и односот кон ...
Еден од стандардните македонски репрезентативци, Јани Атанасов, кариерата ќе ја продолжи во Казахстан откако официјално потпиша договор со ФК Актобе. Дваесет и седумгодишниот играч за врска зад себе има богато интернационално искуство, настапувајќи во неколку европски клубови. Својата кариера ја започна во Академија Пандев, по што следуваа ангажмани во Хајдук Сплит, Бурсаспор и Краковија. Пред трансферот во Актобе, Атанасов беше член на ...
Македонскиот репрезентативец и капитен на националниот тим, Филип Кузмановски, продолжува со одличните настапи на Азискиот клупски шампионат, каде повторно беше меѓу најистакнатите ракометари во составот на Кувајт Клуб. Во последното коло од групната фаза, Кувајт Клуб беше поразен од Шарџа од Обединетите Арапски Емирати со минимални 30:29 во неизвесен натпревар кој се решаваше во самиот финиш. И покрај поразот, екипата од Кувајт успеа да го ...
Македонската машка репрезентација во ракомет на плажа настапот на турнирот од Светската турнеја во Плоцк го заврши на четвртата позиција. Нашите репрезентативци не успеаја да стигнат до медал, откако во натпреварот за третото место беа совладани од селекцијата на Чешка со 2-0 во сетови. Чешките ракометари подобро го отворија дуелот и првиот сет го добија со 26-20. Во продолжението Македонија не успеа да најде ритам, па противникот беше уште ...
Ана Димитровска, попозната како Ружа, повторно потврди дека е едно од најголемите голгетерски имиња во македонскиот женски фудбал. Фудбалерката на ЖФК Каменица Саса ја заврши сезоната 2025/2026 како најдобар стрелец во Првата женска фудбалска лига со импресивни 35 погодоци, оставајќи ја зад себе Радица Чонева од Истатов која постигна 23 гола. Нејзината голгетерска доминација не е новост. Во сезоната 2024/2025 со 27 погодоци беше втор стрелец ...
Новиот прволигаш Шкендија Арачиново ја продолжи соработката со Христијан Димов и за следната натпреварувачка сезона. 26-годишниот Димов има голема верност кон тимот од Арачиново, тој е дел од Шкендија Арачиново уште кога тимот беше во Трета лига – Север, тој е дел од две златни генерации. Првата, која избори влез во Трета лига – Север во Втора лига, како и дел од втората златна генерација која избори влез од Втора во Прва лига и со тоа Димов ...
Македонскиот футсал шампион КМФ Проект продолжува да го задржува шампионското јадро и за новата сезона. Тимот од Јосифово официјално ја продолжи соработката со двајца важни членови на составот од минатата сезона – Наум Блажевски и голманот Мирко Соколов. Во клубот не го кријат задоволството што и двајцата ќе останат дел од проектот кој во изминатата сезона испиша историја. КМФ Проект по вторпат стана шампион на Македонија, а за првпат во ...
По една успешна сезона во дресот на Младост, 24-годишниот чувар на мрежата Кристијан Костадиновски и клубот од Богданци тргнуваат по различни патишта. Костадиновски беше важна алка во тимот кој успеа да обезбеди кам-бек во ракометната елита, а со своите одбрани и сигурност меѓу стативите даде значаен придонес во остварувањето на големата цел на богданчани. Станува збор за квалитетен голман кој во изминатиот период покажа континуитет во ...
Екипата на Огражден од Ново Село продолжува со екипирањето за новата сезона, откако тимот го претстави своето второ летно засилување – се работи за Мартин Шутевски. 23-годишниот фудбалер пристина од редовите на Тиверија, а претходно беше дел од Аеродром, Петровец Спартмани и АП Брера Струмица. Претходно тимот кој стана шампион во ОФЛ Струмица за минатата сезона се засили со Мартин Ѓорѓиевски, кој беше промовиран како прво летно засилување. ...
ФК АП Брера Струмица стави крај на шпекулациите околу иднината на клубот и преку официјално соопштение потврди дека и во наредната сезона ќе продолжи да функционира со сите свои структури, вклучувајќи ги младинските категории и сениорскиот тим. Струмичани во новата сезона ќе се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига, откако испаднаа од елитното друштво по поразот од Скопје со 0:1 во бараж натпреварот одигран во Битола. Од клубот ...
Повратникот во македонската Супер лига, РК Младост 1977 од Богданци, продолжува со екипирањето за новата сезона и го промовираше своето трето засилување во летниот преоден рок. Нов член на тимот е 26-годишниот Славе Јанковски од Струмица, ракометар кој настапува на позицијата лево крило и зад себе има богато искуство од настапите во македонската Супер лига. Од клубот истакнуваат дека Јанковски доаѓа во Богданци подготвен да помогне во ...
Втората македонска фудбалска лига од следната сезона ќе биде со 14 екипи, наместо како што беше во претходните сезони со 16 екипи. Кратењето за две екипи е со цел да се добие на квалитет и посилна конкуренција во самото натпреварување. Иако имаше најави дека Втората лига ќе се крати и на 12 екипи, сепак Спортска Мрежа според свои информации дознава дека сепак Втора лига до сезона 2028/2029 ќе биде со 14 екипи. Но, за разлика од минатите ...
Голманот – херој Антонио Столевски и Николче Шаркоски верни на Шкендија Арачиново, прилепчаните ставија потпис на нови договори за продолжување на соработката. Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со градењето на ростерот за дебитантската сезона во фудбалската елита на Македонија со продолжување на соработката со фудбалерките кои испишаа историја обезбедување влез на тимот од Арачиново во Прва лига. Сосема очекувано голманот ...
Денеска во Нион со жрепка беа одредени составите на групите за претстојните квалификации за настап на Европското првенство за фудбалерки до 17 и 19 години. Селекцијата до 17 години е во конкуренција со репрезентациите на Велс, Луксембург и домаќинот на турнирот Грузија. Мечевите ќе се одиграат на 25, 28 и 31 октомври оваа година. Репрезентацијата до 19 години е дел од Б3 групата во која партиципираат Црна Гора, Азербејџан и организаторот ...
КМФ Проект продолжува да го задржува шампионското јадро по историската сезона во која ја освои двојната круна без ниту еден пораз, а најново име кое останува дел од тимот е Горан Стојанов. Радовишанецот и во сезоната 2026/27 ќе го носи дресот на клубот од Јосифово, потврдувајќи ја верноста кон актуелниот шампион на Македонија. Со својата енергија, карактер и огромна посветеност, тој изминатите сезони се етаблираше како еден од препознатливите ...
Повратникот во македонската Супер лига, РК Младост 1977 од Богданци, продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а клубот потврди дека еден од најважните играчи ќе остане дел од составот и во наредниот период. Станува збор за Даниел Андоновски, кој и во сезоната што следува ќе го носи дресот на Младост. Со своите настапи, борбеност и континуитет, Андоновски беше еден од клучните играчи во тимот кој избори враќање во елитното друштво, ...
Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ќе започне на 15 август со мечевите од првото коло. Струмичко дерби меѓу ланскиот прволигаш АП Брера Струмица и Беласица ќе има во рамки на 8. коло, а кое коло ќе се одигра на 17 октомври. Дерби на Истокот меѓу Детонит Плачковица и Беласица ќе има во рамките на третата рунда меѓу Беласица и Детонит Плачковица во Струмица. Во рамките на 11. коло дерби соседско меѓу радовишани и струмичани ќе ...
Актуелниот шампион и освојувач на Купот на Македонија, КМФ Проект, продолжува со формирањето на тимот за новата сезона и настапот во квалификациите за Лигата на шампионите. Димитар Јанев останува во шампионскиот состав и следната сезона, кој важи за еден од играчите кои во изминатите години израсна во важен дел од Проект. Јанев веќе пет сезони го носи зелено-црниот дрес и е еден од играчите кои заедно со клубот го минуваа патот до врвот на ...