Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Новиот суперлигаш- Младост Богданци продолжува да го засилува ростерот пред дебитантската сезона во елитата, а најново име во тимот ќе биде искусниот кружен напаѓач Владимир Бојаниќ. Иако за неговите услуги интерес покажаа повеќе македонски клубови, српскиот интернационалец се одлучи кариерата да ја продолжи во Богданци, каде повторно ќе соработува со тренерот Горан Андоновски. Двајцата веќе работеа заедно во Охрид и очигледно добрата ...
Спортска Мрежа ексклузивно дознава како ќе изгледаат шест региони во Третата македонска фудбалска лига. Од следната сезона се воведува шести регион во Трета лига, односно еден повеќе во однос на ланската сезона кога беа пет региони. Според тоа беа направени корекции во веќе постоечките региони. Регионална Трета фудбалска лига 1 ќе биде на територија на општините Аеродром, Арачиново, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, ...
Шампионот КМФ Проект го претстави своето ново засилување за следната сезона, откако клубот од Јосифово стави потпис со Александар Коцев. Се работи за големо и квалитетно засилување, 23-годишниот фудбалер во својата кариера има настапувано за Беласица од Струмица, каде има повеќе од 150 натпревари, а претходно беше дел и од АП Брера Струмица. Како футсалер настапуваше и за Црна Река од Кавадарци, а последно градеше меѓународна кариера во ...
Новиот второлигаш Камјани продолжува со амбициозното екипирање за својата дебитантска сезона во Втората македонска фудбалска лига. Ново големо засилување во тимот е искусниот Љупчо Трпески. 31-годишниот фудбалер во Камјани пристигнува од редовите на Шкендија Арачиново, клуб со кој минатата сезона испиша историја обезбедувајќи историски пласман во Првата македонска фудбалска лига. Трпески беше еден од најважните играчи во тимот и важеше за ...
Европската ракометна федерација официјално потврди дека Вардар, следната сезона ќе биде дел од најелитното клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Македонскиот првак доби специјална покана и повторно ќе се натпреварува со најдобрите европски тимови, враќајќи се на сцената на која во минатото ги испиша најголемите успеси. Покрај Вардар, место преку вајлд-карта обезбедија уште Архус, ГОГ Гудме, Нант, Монпелје, Фуксе Берлин, ПИК Сегед, ...
Второлигашот Новаци и искусниот стратег Дарко Крстески ставија крај на меѓусебната соработка по три години заедничка работа, период во кој прилепскиот тренер остави значаен белег во клубот. Крстески беше еден од најзаслужните за стабилизацијата и резултатскиот подем на Новаци во изминатиот период. Минатата сезона тимот ја заврши на седмата позиција во Втората македонска фудбалска лига, што претставува еден од најдобрите резултати на клубот во ...
Новата сезона во македонската Супер Лига носи возбудлив есенски распоред, а по извлекувањето на натпреварувачките броеви стана јасно кога ќе се играат најголемите дерби натпревари. Сезоната ќе започне на 5 или 6 септември со дуелот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер, а токму охриѓани ќе имаат најинтензивен старт. Во првите шест кола тимот ќе ги одигра сите дерби натпревари – најпрво го пречекува Еурофарм Пелистер, потоа гостува кај Вардар во ...
Ракометарите на Охрид на почетокот од септември ќе имаат можност да се борат за ново одличје, откако беше потврден терминот за натпреварот од Супер Купот на Македонија. Првиот трофеј во новата сезона ќе се доделува на 3 септември, а противник на охриѓани ќе биде актуелниот шампион Вардар. Информацијата ја соопштија од охридскиот клуб, додека дополнителни детали околу домаќинот на средбата и продажбата на билетите ќе бидат објавени во ...
Во Негорски Бањи денеска започнува новото издание на развојниот кошаркарски камп, кој е дел од заедничкиот проект на ФИБА и Кошаркарската федерација на Македонија, насочен кон најмладите и најперспективни кошаркарски таленти од земјава. Во периодот до 27 јуни, вкупно 60 млади кошаркари и кошаркарки од генерациите 2013 и 2014 година ќе учествуваат во четиридневна програма исполнета со интензивни тренинзи, едукативни сесии и активности за ...
Прволигашот Тиквеш продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во редовите на кавадаречкиот прволигаш е 24-годишниот голман Марко Алчевски. Македонскиот чувар на мрежата официјално стави потпис на договор со Тиквеш кој ќе има важност до летото 2028 година. Алчевски важи за еден од перспективните голмани од својата генерација, а во Кавадарци пристигнува со богато искуство стекнато како на домашната, така и на меѓународната ...
Успесите на Аулон Куртиши не престануваат. Шеснаесетгодишниот фудбалер на Фудбалската академија Шкендија од Тетово од ден на ден потврдува дека е еден од најперспективните млади фудбалери во Македонија. Откако со генерацијата до 16 години на Шкендија ја освои шампионската титула во Македонската Супер лига, Аулон забележа уште еден значаен успех. Тој се закити со титулата на меѓународниот турнир „Иднината на фудбалот до 17 години“, кој се ...
Македонскиот фудбалер Ване Јованов и официјално ја продолжи соработката со унгарскиот прволигаш Нирегихаза. Клубот му укажа доверба на 27-годишниот дефанзивец и потпиша нов договор со него кој ќе важи до летото 2028 година. Јованов во досегашниот дел од престојот во унгарскиот клуб одигра 13 натпревари и со своите настапи успеа да го убеди раководството дека заслужува да остане важен дел од тимот и во наредните сезони. Македонскиот дефанзивец ...
РК Младост 1977 продолжува активно да го засилува играчкиот кадар во пресрет на новата сезона во македонската Супер лига. Нов член на клубот од Богданци е тунискиот интернационалец Ахмед Мајдоуб, кој ќе донесе дополнителен квалитет на десната бековска позиција. Станува збор за 23-годишен леворак ракометар од Тунис, кој веќе има искуство во македонскиот ракомет и добро ги познава условите и предизвиците што ги носи домашното првенство. Во ...
По повеќе од 20 години, Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани конечно ќе добие реконструкција. Проектот, кој долго време беше желба на спортската јавност во градот, влегува во завршна фаза на подготовка, а наскоро се очекува и почеток на градежните активности. Во пресрет на реализацијата на проектот, на стадионот беше извршен увид во моменталната состојба на поттрибинскиот простор. На увидот присуствуваа претседателот на Општинскиот ...
Македонскиот шампион Вардар ја финализираше програмата за контролните натпревари во рамки на подготовките за новата сезона и настапот во квалификациите за Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ ќе престојуваат во Италија до 2 јули, каде ќе одиграат четири пријателски средби со цел стручниот штаб да ја темпира формата пред европските предизвици што следуваат. Првиот тест за Вардар е закажан за 23 јуни против селекцијата на Умбрија. Два дена ...
Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува да го засилува својот состав во пресрет на дебитантската сезона во Првата македонска фудбалска лига. Ново име во редовите на клубот е искусниот напаѓач Марко Симоновски. Триесет и четиригодишниот голгетер во Арачиново пристигнува од кипарскиот прволигаш Еносис, носејќи богато интернационално и домашно искуство. Во својата кариера Симоновски настапуваше за повеќе клубови меѓу кои Вардар, Металург, ...
Струга Трим Лум продолжува да го задржува искусното јадро на тимот за новата сезона. Клубот ја продолжи соработката со искусниот играч за врска Буњамин Шабани за уште две години. Триесет и петгодишниот фудбалер е еден од најискусните во составот на стружани и ќе продолжи да го носи дресот на актуелниот прволигаш и во наредниот период. Во својата богата кариера Шабани настапуваше за повеќе клубови во Македонија и регионот, меѓу кои Скопје, ...
Искусниот дефанзивец Дарко Стојанов повеќе не е дел од второлигашот Кожуф. По завршувањето на сезоната, 36-годишниот стопер и клубот од Гевгелија се разделија, откако заеднички ја исполнија главната цел – обезбедување опстанок во Втората македонска фудбалска лига. Кожуф успеа да го зачува второлигашкиот статус преку баражот, во кој убедливо славеше против Борец, оставајќи го велешкиот тим и натаму да се натпреварува во Третата лига – Југ. Во ...
Новиот второлигаш Камјани сериозно се подготвува за својата дебитантска сезона во Втората македонска фудбалска лига, а раководството веќе започна со засилување на играчкиот кадар. Прво позвучно име кое пристигнува во редовите на клубот е искусниот стопер Арсим Љамалари. 31-годишниот дефанзивец доаѓа од Шкендија Арачиново и ќе претставува значајно засилување за тимот кој за првпат во својата историја ќе настапува во второлигашката ...
Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа, второлигашот Беласица ќе има нов тренер, откако шефот на стручниот штаб Панче Стојанов и струмичката фудбалската гордност не се договорија за продолжување на соработката. Стојанов на тренерското столче пристигна од редовите на екс прволигашот Брера Струмица, а минатата сезона Беласица заврши на петтата позиција во Втората лига. 50-годишниот стратег сега е слободен да ја бара нова средина за ...
Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски е нов фудбалер на Шкендија. Прволигашот доби големо засилување во пресрет на новата сезона, откако 24-годишниот фудбалер стави потпис на договор со тетовскиот клуб. Димоски зад себе има богата интернационална кариера и важи за еден од најдобрите македонски фудбалери на својата позиција. Во домашното првенство настапуваше за Тетекс, Вардар и Брера, каде што со своите игри го привлече вниманието на ...
Македонскиот прволигаш Тиквеш започна со сериозна реконструкција на тимот за новата сезона, по промените во раководната структура на клубот. Новото раководство, предводено од првиот човек на клубот Сезар Браво, веќе реализира значајни промени во играчкиот кадар со цел создавање поконкурентен состав за претстојната натпреварувачка сезона. Од клубот најавуваат дека реконструкцијата ќе продолжи и во наредниот период. Македонскиот прволигаш ...
Капитенот Филип Кузмановски и во наредната сезона ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Битолскиот клуб потврди дека македонскиот репрезентативец ја продолжил соработката со „зелено-белите“, на големо задоволство на навивачите. Иако за Кузмановски постоеше интерес и од странство, искусниот бек одлучи да остане во Битола и да продолжи да биде еден од лидерите на тимот. Така, Еурофарм Пелистер и во новата сезона ќе смета на својот капитен, ...
СВР Струмица преку Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против К.С. (66) и М.Г. (54), двајцата од Валандово, поради сомнение за сторени кривични дела „измама во службата“ и „фалсификување службена исправа“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, првопријавениот во својство на претседател, а второпријавениот како секретар на Општинскиот фудбалски сојуз Валандово, во периодот ...
Новиот македонски суперлигаш РК Младост 1977 продолжува активно да го комплетира ростерот за претстојната сезона, а најново засилување е повратникот Благој Панов, кој повторно ќе го брани голот на тимот од Богданци. Младиот голман, роден во 2004 година, не е непознато име за навивачите на Младост. Панов претходно три сезони успешно го носеше дресот на клубот, оставајќи одличен впечаток со своите настапи и придонес во тимот. По двегодишниот ...
Узбекистанскиот прволигаш Согдиана ја продолжи соработката со македонскиот репрезентативец Љупче Дориев, кој стави потпис на нов договор со важност до 2030 година. Дориев зад себе има одлична сезона во дресот на Согдиана и во моментов е најдобар стрелец во шампионатот на Узбекистан. Со своите настапи тој се наметна како еден од клучните фудбалери на екипата и важи за најдобар играч на клубот. Раководството на Согдиана одлучи да ја награди ...
Македонскиот освојувач на Купот на Македонија, Силекс, европската авантура во Конференциската лига ќе ја започне против белорускиот шампион Динамо Минск, но првиот натпревар нема да се игра во Белорусија. Поради санкциите и мерките на УЕФА кон белоруските клубови, Динамо Минск своите меѓународни натпревари и понатаму е принуден да ги игра на неутрален терен. Така, дуелот од првото квалификациско коло, кој е закажан за 9 јули, ќе се одигра во ...
Второлигашот Детонит Плачковица во следната сезона нема да може да смета на услугите на искусниот Сашо Дуков, кој реши да менува средина и во новата сезона да настапува за друг клуб. Дуков во радовишкиот тим пристигна од Кожуф и беше најдобар стрелец за Детонит Плачковица со постигнати 14 погодоци за радовишани. Дуков е искусен голгетер кој изминатите сезони е меѓу најдобрите стрелци во лигата, а пред две сезони беше најдобар стрелец за ...
ФК Еуромилк ГЛ ќе ја задржи стабилноста на клупата и во новата натпреварувачка сезона, откако Управниот одбор донесе одлука Јован Трајков да продолжи да ја предводи екипата и во второлигашката конкуренција. Трајков минатата сезона беше еден од најзаслужните за големиот успех на клубот, откако го предводеше Еуромилк ГЛ до шампионската титула во Трета лига – Север. Круна на успешната сезона беше бараж натпреварот во кој тимот го совлада ...
Новиот македонски суперлигаш РК Младост 1977 продолжува да инвестира во сопствените таленти, а најнов доказ за тоа е потпишувањето на првиот професионален договор со младиот ракометар Никола Тасев. Станува збор за 17-годишен лев и среден бек, кој важи за еден од најперспективните производи на ракометната школа на клубот од Богданци. По долгогодишен развој во младинските категории, Тасев доби можност да стане дел од сениорскиот проект на ...