Со новите измени во Третата македонска фудбалска лига беше воведен шести регион, на веќе постоечките пет се дополнува нов регион, а тоа значеше и кроење на нови граници. Според првичните информации Свети Николе требаше да биде префрлен од Источниот во Северниот регион, но сепак, со официјалната одлука од страна на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, Свети Николе останува во Источниот регион. Тоа значи дека ФК Овче Поле ...

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги потврди шесте региони во Третата македонска фудбалска лига со што познато е како ќе изгледа третолигашката конкуренција за следната сезона, но и во иднина. На досегашните пет региони се надополнува уште еден регион и поради тоа имаше мали промени во границите на веќе постоечките пет региони. „Во насока на унапредување на организацијата на македонскиот фудбал, Управниот одбор го ...