ГРК Тиквеш продолжува да го комплетира ростерот за новата сезона, а ново име во редовите на кавадаречкиот суперлигаш е 19-годишниот кружен напаѓач Борјан Цековски, кој важи за еден од најперспективните млади пивоти во македонскиот ракомет. Цековски доаѓа од редовите на Куманово, а во својата досегашна кариера настапуваше и за КЛ7 Свети Николе, Овче Поле и Радовиш. Дел од сезоната 2024/25 ја мина и во дресот на Младост Богданци, каде играше ...

Второлигашот Новаци го претстави првото летно засилување за новата сезона, се работи за Петар Гугуљанов кој доаѓа од редовите на Кожуф. Гугуљанов одново ќе соработува со стратегот Иван Варадиновски, откако тренер од Штип по разделбата со Кожуф се договори да го води Новаци. 24-годишниот фудбалер од Валандово, покрај за Кожуф настапуваше и за Беласица и скопски Вардар, а се работи за дефанзивен играч од средниот ред. Во следните денови Новаци ...

Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува подготовките за следниот натпревар од претквалификациите за Европското првенство 2029, а во пресрет на дуелот со Ирска своите очекувања ги сподели Ваљмир Какруки. Крилниот кошаркар се потсети на првиот меѓусебен натпревар во Даблин, кој не го памети по добро, иако Македонија тогаш славеше победа. Какруки на тој меч заработи повреда на бутниот мускул, поради која беше принуден да паузира од ...

Фудбалската федерација на Македонија, во соработка со УЕФА, интензивно работи на изработка на новата стратегија за развој на македонскиот фудбал, која ќе ги постави насоките за работа и развој во наредните пет години. Во рамките на овој процес беше одржана работна средба меѓу претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претставници на Федерацијата и експерти од УЕФА – Илија Китиќ, Олександр Кучерјави, како и менторите Адам Вокер и Маркус Мекдоналд. ...

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува активно да го засилува својот играчки кадар во пресрет на новата сезона. Нов член на кратовскиот прволигаш е 25-годишниот десен бек Борјан Пановски, кој пристигнува од редовите на Башкими. Пановски важи за искусен фудбалер на домашната сцена, а во својата кариера настапуваше за повеќе македонски клубови. Покрај клупските настапи, тој беше дел и од младата репрезентација на Македонија, ...

ГРК Тиквеш продолжува со засилувањата во пресрет на новата суперлигашка сезона, а нов член на кавадаречкиот состав е тунискиот интернационалец Мохамед Азиз Бен Махфуд, кој пристигнува од редовите на Еурофарм Пелистер 2. Станува збор за 29-годишен лев бек, кој зад себе има одлична сезона во македонската Супер лига. Во дресот на битолскиот тим беше еден од најстандардните и највлијателните ракометари, а сезоната ја заврши како еден од тројцата ...

Фудбалскиот клуб Пелистер официјално го потврди назначувањето на Борче Христов за нов шеф на стручниот штаб. Искусниот македонски стратег потпиша договор со битолскиот клуб на две години, со јасно поставени цели и амбиции за периодот што следува. Од Пелистер истакнуваат дека Христов е тренер со богато искуство во македонскиот фудбал, но и со значајна меѓународна кариера. Во својата досегашна работа беше дел од повеќе успешни проекти, а ...

Екипата на ГРК Тиквеш го промовираше првото летно засилување за новата сезона, се работи за Тоше Ончев, 29-годишникот во кавадаречкиот суперлигаш доаѓа од редовите на Куманово. Велешанецот може да игра на левата и централната бековска позиција е висок 187 сантиметри и треба да биде големо засилување за Тиквеш за следната сезона. Низ неговата кариера настапуваше за Валинокс Новакс во Шпанија, Вернолиет и Вермон од Франција, потоа Феакаш од ...

Искусниот фудбалер Енис Дервиши кариерата ќе ја продолжи во нова средина, откако реши да се раздели со Шкендија Арачиново, по истекот на договорот, двете страни не успеале да се договорат околу финансиските услови со цел да може да се продолжи соработката. Десниот бек беше еден од најзаслужните играчи што Шкендија Арачиново обезбеди историски пласман во Првата македонска фудбалска лига. „Горд сум што токму мојот пенал го однесе ФК Шкендија ...

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва од 18:00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје ќе го одигра вториот контролен натпревар во рамките на подготовките за претстојните предизвици. Противник повторно ќе биде селекцијата на Бугарија. По првиот пријателски дуел одигран во Самоков, во кој Бугарија стигна до победа, избраниците на селекторот Жозе Марија Берокал ќе имаат нова можност да го покажат својот напредок и да ги ...

Македонските Дејвис куп репрезентативци Калин Ивановски и Олег Приходко продолжуваат со одличните настапи на ИТФ М25 турнирот во Загреб, откако со две победи во четвртфиналето обезбедија место меѓу четворицата најдобри тенисери на турнирот. Ивановски во уште еден исцрпувачки меч го совлада третиот носител, Шпанецот Хавиер Баранко Косано, со 2-0 во сетови (7:6(4), 7:5). Идентично како и во претходното коло, македонскиот тенисер славеше без ...

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија, новото засилување покажа дека може да биде важен дел од тимот во завршницата од претквалификацискиот циклус за Европското првенство во 2029 година. Со само неколку тренинзи со новите соиграчи, Стјуард веднаш ја презеде одговорноста на теренот. За повеќе од 30 минути игра ...

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а седмо официјално засилување на клубот е македонскиот репрезентативец Мартин Ивановски, кој се враќа во својот матичен клуб. Охриѓанецот, кој настапува на позицијата среден бек, потпиша договор со ГРК Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на соработката и за сезоната 2027/2028. Дваесет и петгодишниот ракометар, висок 182 сантиметри, во новата сезона ќе го носи дресот со ...

Второлигашот Беласица продолжува активно да го засилува играчкиот кадар во пресрет на новата натпреварувачка сезона. Струмичани денеска ги претставија Димитриј Димитриевски и Лука Варошановски како нови фудбалери на тимот. Димитриевски пристигнува од редовите на Охрид Лихнидос и важи за универзален офанзивен фудбалер кој може да покрие повеќе позиции во средниот ред и нападот. Од клубот очекуваат неговото искуство и квалитет да донесат ...

Еден од најталентираните македонски ракометари, Димитар Узунчев, и официјално е нов член на словенечкиот шампион Целје Пивоварна Лашко, откако потпиша договор до 2028 година, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона. Дваесетгодишниот десен бек пристигнува во еден од најреномираните европски клубови за развој на млади ракометари, каде ќе го засили составот по повредата на Мај Маргуч. Во новата сезона ќе ја дели позицијата ...

Македонското судење повторно ќе има свои претставници на европската сцена, откако УЕФА им довери натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите и Конференциската лига на три судиски четворки од нашата земја. Првиот предизвик ќе го има Влатко Илиоски, кој како главен судија ќе го води дуелот од Конференциската лига меѓу Алашкерт од Ерменија и Елимаи од Казахстан. Негови помошници ќе бидат Владимир Митревски и Борис Трајков, додека ...

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува активно да го засилува играчкиот кадар во пресрет на новата сезона 2026/27. По обезбедувањето настап на европската сцена, кратовскиот клуб работи на формирање конкурентен тим кој ќе биде подготвен за предизвиците во домашното првенство, Купот на Македонија и европските квалификации. Силекс официјално го промовираше Марио Ричков како нов фудбалер на клубот. Дваесет и двегодишниот лев бек ...

Второлигашот ФК Пелистер започнува ново поглавје во пресрет на сезоната 2026/27 со именувањето на Димитар Митревски за нов претседател на клубот. По оставката на досегашното раководство и стручниот штаб, акционерот на клубот – Општина Битола – го направи првиот важен чекор во креирањето на новиот проект, доверувајќи му ја претседателската функција на Митревски, кој го наследува Александар Стефановски. Од клубот истакнуваат дека Митревски бил ...

Во период од 20 до 23 август во Прилеп ќе се одржи 11. издание од Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешковски“, кој се организира во чест на еден од најдобрите прилепски ракометари. Познати се сите шест екипи кои ќе учествуваат на овогодинешното издание. Покрај домаќинот Прилеп, ќе учествуваат и Бутел Скопје, Мулти Есенс, Младост Богданци, Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш. Во следниот период организаторот на турнирот РК Прилеп ќе ги објави ...

Македонска Каменица доби уште еден спортски колектив и официјално влезе на ракометната мапа на Македонија. Со формирањето на Ракометниот клуб „Сокол Саса“, градот за првпат ќе има свој ракометен претставник, што претставува значаен чекор во развојот на спортот и отвора нови можности за младите генерации. Основањето на РК „Сокол Саса“ е историски момент за Македонска Каменица, која досега беше препознатлива по својата богата спортска ...

Новиот суперлигаш РК Младост 1977 од Богданци продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона, а најново име во редовите на клубот е младиот и перспективен ракометар Мартин Иванов. Дваесетгодишниот Иванов, кој настапува на позицијата десно крило, доаѓа во Богданци од екипата на МРК Куманово, а зад себе има и настапи за младинската репрезентација на Македонија. Станува збор за талентиран ракометар од Велес, од кого во клубот очекуваат ...

Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува со создавањето на ростерот за наредните сезони, а една од најважните задачи беше успешно завршена. Кружниот напаѓач Дејан Михајловиќ го продолжи договорот со клубот и ќе го носи дресот на Бутел Скопје најмалку до летото 2028 година. Од клубот потврдија дека Михајловиќ, кој беше меѓу најдобрите стрелци во изминатата сезона, потпиша нов двегодишен договор и ќе остане важен дел од тимот и во периодот што ...

Младиот фудбалер Валентино Васев од Радовиш, роден 2017 година, продолжува да го привлекува вниманието со својот талент и љубов кон фудбалот. Младиот фудбалер на ФК Азури од Радовиш зад себе има исклучително успешен период, исполнет со нови искуства и значајни признанија. Почетокот на месец јуни за Васев беше особено успешен. Тој настапи на меѓународен турнир во Охрид, каде со своите игри остави одличен впечаток. По успешните настапи на ...

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета лига Регион 1, откако го промовираше и Флорент Османи како ново засилување. Се работи за искусен фудбалер со големо домашно и меѓународно искуство и треба да биде главен адут на БВК Коњаре, клуб кој ќе цели кон влез во Втора лига. 38-годишниот фудбалер последно настапуваше за Рамалиа од Куманово, а беше дел од Шари во Косово, Борец, Вардар Неготино, Локомотива, Беса од ...

Фудбалскиот терен во Василево се наоѓа во одлична состојба и е подготвен да одговори на сите предизвици што ги носи новата натпреварувачка сезона. Благодарение на големиот ангажман и посветената работа на Фудбалската академија Христов, теренот моментално е во перфектна форма и нуди идеални услови како за тренинзи, така и за одигрување натпревари. ФА Христов, предводена од фудбалерот Оливер Христов, во изминатиот период вложува максимални ...

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а како прво засилување е претставен Метин Ќерими, кој доаѓа од редовите на Беласица. Се работи за 23-годишен фудбалер кој во пролетниот дел од минатата сезона настапуваше за струмичкиот второлигаш. Ќерими е играч од средниот ред и ќе биде одлично засилување за БВК Коњаре. Низ неговата кариера настапуваше за екс второлигашите Вардар Неготино и прилепска Победа, како и за ...

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата лига, а раководството на клубот веќе започна со формирање на тим кој ќе има задача да се бори за самиот врв на табелата. Клубот најавува создавање на вистински „дрим-тим“, а во изминатиот период беа потврдени неколку значајни имиња кои треба да бидат носители на играта во новата сезона. Најголемо засилување во нападот претставува ангажманот на ...

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28 јуни во Торино, Италија. Турнирот е во организација на италијанскиот клуб Cit Turin LDE, со поддршка на програмата Erasmus+ Sport. Велешанки се единствениот македонски претставник на оваа значајна спортска манифестација, на која учествуваат екипи од неколку држави. Покрај ЖФК Борец, на турнирот настапуваат и ...

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му ја довери довербата на Вилдан Салиу и неговите соработници, кои и во претстојната сезона ќе го предводат тимот. По историската дебитантска сезона во Првата македонска фудбалска лига, во која Арсими ги исполни поставените цели и остави одличен впечаток, клубот се реши да ја задржи истата ...

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е младиот македонски репрезентативец Никола Манојлов. Талентираниот крилен напаѓач доаѓа од Работнички, клуб во кој ги направи своите први сениорски чекори и успеа да се наметне како еден од најперспективните млади фудбалери во македонскиот фудбал. По испаѓањето на „романтичарите“ во ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
0.51
37%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 27ᴼ
5.6
55%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 19ᴼ
4.12
87%
1015
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
36%
1014
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.5
41%
1011
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
2.57
48%
1010
weather icon

Тирана

34ᴼ / 30ᴼ
2.57
44%
1013
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
35%
1012
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
65%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
8.23
60%
1015
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
78%
1011
Currency

61.4661

Currency

52.552

Currency

71.7053

Currency

37.6693

Currency

38.1517

Currency

65.6009

Currency

7.81878

Currency

0.63563

Currency

0.33059

Currency

0.5228

Currency

1.09392

Currency

0.54913

Родиум

282926.57

Паладиум

42792.64

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.25

Калај

56.16

Сребро

2217.98

Бакар

13.22

Злато

147970.60

Платина

60346.95