Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Франција ѝ одржа фудбалска лекција на Шведска и веќе е во осминафиналето на Светското првенство. Најголемиот фаворит за трофејот славеше со 3-0, најубедливо во досегашниот тек од 1/16-финалето. Доминацијата на Франција беше крунисана со гол во 45-тата минута, кога Килијан Мбапе се запиша во листата со стрелците. По само осум минути во второто полувреме погоди и Бредли Баркола за 2-0 и веќе најави кој ќе биде патникот во осминафиналето. Точка ...
Франција има водство од 1-0 на полувремето против Шведска во 1/16-финалето на Светското првенство. „Триколорите“ беа доминантни, имаа вкупно 15 удари кон противничкиот гол, а Шведска беше насочена да се одбрани, но и да го загрози противникот преку контранапади. Килијан Мбапе погоди во 21-вата минута, но беше сигнализиран офсајд, а одлуката на судијата беше потврдена и од ВАР-собата. Сепак, вториот гол на Мбапе беше регуларен, па Франција ...
Шпанскиот репрезентативец Родри ќе биде опериран по завршувањето на Светското првенство во Мексико, САД и Канада. 30-годишниот играч за врска на Манчестер сити се здобил со повреда, чија природа засега не е објавена, пренесува Фабрицио Романо. Сепак, хируршката интервенција ќе биде извршена пред почетокот на новата клупска сезона. Освојувачот на „Златната топка“ за 2024 година ќе го пропушти стартот на новата сезона во англиската Премиер ...
Легендата на африканскиот и светскиот фудбал Дидие Дрогба не го криеше своето разочарување по елиминацијата на Брегот на Слоновата Коска од Светското првенство. Неговата репрезентација беше поразена со 2:1 од Норвешка, а преку објава на социјалните мрежи жестоко ги критикуваше судиите поради спорна одлука. Дрогба реагираше по ситуацијата во која, според него, на неговата репрезентација не ѝ бил досуден чист пенал по прекршокот над Николас ...
Поранешниот шведски репрезентативец, Златан Ибрахимовиќ, упати критики кон селекторот Роналд Куман по елиминацијата на Холандија од Светското првенство. Ибрахимовиќ, кој во моментов работи како висок советник на сопственикот на Милан, Џери Кардинале, не штедеше зборови при коментарот за поразот на Холандија на пенали од Мароко во осминафиналето на Светското првенство. „Многу сум разочаран, ова не е холандската школа на фудбал. Играчите таму ...
Милан официјално го потврди ангажманот на напаѓачот Гонсало Рамош, кој пристигнува од ПСЖ. Португалскиот репрезентативец потпиша петгодишен договор со „росонерите“. Трансферот изнесува 74 милиони евра, плус бонуси, што претставува рекорден износ за купување на фудбалер во историјата на Милан. Досегашниот рекорд го држеше Рафаел Леао, чиј вкупен трансфер, заедно со дополнителната компензација исплатена на Спортинг Лисабон, достигна 50 милиони ...
Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, со победа ги завршува подготовките во Италија и веќе погледите се насочени кон мечот од Лигата на шампионите против фински Купс. „Црвено-црните“ на последниот контролен меч забележаа победа од 3-2 против составот на Виртус од Сан Марино. Победата на вардарци беше најавена уште по првите 45 минути. Во седмата минута Закариќ погоди за 1-0 по асистенција на Пиреш, а во 20-тата минута веќе беше 2-0 за ...
Ерлинг Халанд е херојот на Норвешка, кој со гол во 86-тата минута погоди за победа на неговата селекција од 2-1 над Брегот на Слоновата Коска и пласман во осминафиналето на Мундијалот. „Викинзите“ по првиот дел имаа водство од 1-0 со голот на Нуса, но Брегот на Слоновата Коска израмни преку Амад Дијало во 74-тата минута. Сепак, Халанд не дозволи да има продолженија, па во 86-тата минута постигна гол за победа и закажа осминафинален мегдан ...
Голманот на англиската репрезентација, Џордан Пикфорд, изјави дека тој и неговите соиграчи се подготвени да „одат во војна“ за својот селектор Томас Тухел. Англичаните важат за едни од главните фаворити на Светското првенство, каде досега забележаа победи над Хрватска и Панама, а ремизираа со Гана. Утревечер ќе се соочат со ДР Конго во 1/16-финалето, а Пикфорд смета дека состаноците и мотивацијата што Тухел им ја пренесува на фудбалерите ...
Легендарниот НБА кошаркар Леброн Џејмс одлучи летово да ги напушти Лос Анџелес Лејкерс, но тоа не значи и крај на неговата трофејна кариера. Леброн лично ја потврди оваа одлука и ја соопштил на раководството на Лејкерс. Според секогаш добро информираниот „ЕСПН“, Џејмс ја известил франшизата дека може да продолжи без него и да ги започне подготовките за новата сезона. Од друга страна, ова не значи крај на кариерата на „Кралот Џејмс“. Напротив, ...
Репрезентацијата на Норвешка има водство од 1-0 по првиот дел на 1/16-финалниот дуел против Брегот на Слоновата Коска во Арлингтон, Далас. Единствениот гол во првите 45 минути беше дело на Антонио Нуса, кој со одмерен удар од левата страна успеа да погоди во мрежата на Фофана. Голот на Нуса беше во 39-тата минута, а само две минути подоцна Халанд можеше и да го удвои водството на Норвешка, но напаѓачот на Манчестер сити не се снајде баш ...
Легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус смета дека е време Јулијан Нагелсман да ја напушти селекторската функција во германската репрезентација, откако „панцирите“ беа елиминирани во 1/16-финалето на Светското првенство по пораз на пенали од Парагвај. „Верувам дека по ова Светско првенство треба да продолжиме со нов селектор. Ова навистина е премногу. Очигледно има многу работи што треба да се подобрат, и на теренот и надвор од него“, ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, подготвува неверојатна понуда за ѕвездата на Баерн Минхен и француската репрезентација, Мајкл Олисе. Понудата би можела да достигне вкупна вредност од 223 милиони евра, што би значело дека ќе го собори рекордниот трансфер на Нејмар. Бразилецот во 2017 година премина од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра, а тој трансфер сè уште е најскапиот во историјата на фудбалот. Сумата ќе биде ...
Мексико и Еквадор ќе водат битка за пласман во осминафиналето на Светското првенство, а фаворитската улога ја има домашната селекција. Мексиканците имаат серија од шест победи по ред, но и 11 натпревари без пораз, од кои победија на девет. Сепак, последниот пораз во ноември минатата година им е од Парагвај во пријателски меч, селекција од Јужна Америка, исто како и Еквадор, па тоа треба да биде предупредување за нив. Квотата за победа на ...
Голманите се главни ѕвезди во досегашниот дел од Светско првенство. Почнувајќи со Возиња, потоа Илоило Рум, а сега најнова голема ѕвезда е Орландо Хил. Сите тие беа тотални анонимуси, не само за пошироката фудбалска јавност, туку и за оние кои повнимателно го следат фудбалот. Сепак, Светското првенство го промени тоа. Се раскажуваа приказни за голмани од Капо Верде (Возиња) и Курасао (Рум), а сега е редот на човекот висок два метра чии ...
Лионел Меси со шест голови е најдобар стрелец на Светското првенство кое е во тек во САД, Канада и Мексико. Аргентинскиот виртуоз и на 39 години е незадржлив за противничките одбрани, а Гаучосите се оптимисти дека може дури и да го одбранат планетарниот трон освоен пред четири години. Дека Меси не мисли само на фудбалот, туку дека е и голем хуманитарец покажа со донацијата од пет милиони долари за жртвите во разорните земјотреси кои ја ...
Репрезентацијата на Шкотска имаше разочарувачки настап на Светското првенство откако испадна уште во групната фаза. Шкотите единствено го победија Хаити и тоа минимално со 1:0, а тој погодок беше и единствениот што го постигнаа на трите средби од турнирот. Поради овој негативен ефект, селекторот Стив Кларк си замина од функцијата. Кларк беше најдобриот селектор во историјата на оваа репрезентација, дури седум години беше предводник, но ...
Парагвај направи подвиг со елиминацијата на Германија од Светското првенство. Јужноамериканската репрезентација беше подобра по изведување на пенали со 4:3 што беше доволно да предизвика тотален делириум во Парагвај. На сензационалниот триумф на фудбалерите не можеше да му одолее ниту претседателот на земјата, Сантијаго Пења, кој брзо го исполни своето ветување и го прогласи вторник, 30 јуни, за неработен ден во целата земја! „Парагвај ...
Џонатан Та стана трагичар на Германија откако го промаши последниот пенал по кој четирикратнио светски првак за прв пат во историјата на Мундијалите беше елиминиран по изведување на пенали. Парагвај е репрезентацијата која успеа да го скрши митот за непобедливост на фокусираните Германци. По првите пет серии, резултатот беше 3:3, а во шестата серија, Та ја презема одговорноста да шутира за Германија. Дефанзивецот никогаш претходно во ...
Ова Светско првенство е прво на кое учествуваат 48, а не како досега кога имаше 32 репрезентации. Поради проширувањето на бројот на учесници, за прв пат се игра и 16-финална фаза во елиминациите. По првите четири одиграни дуели, два беа решени на пенали. Во двата случаи „настрадаа“ европските гиганти. Германија беше елиминирана од Парагвај, додека Холандија на пенали загуби од Мароко. До крајот на шампионатот ќе се одиграат уште 27 мечеви во ...
Првите две европски репрезентации кои играа во 16-финалето на Мундијалот настрадаа. Германија беше елиминирана од Парагвај на пенали, а истата судбина ја доживеа и Холандија во пресметката со Мароко. Вечерва од 19 часот на мегдан ќе излезе Норвешка против Брегот на Слонова Коска. Двете селекции негуваат офанзивен фудбал, играат без многу калкулации и сакаат да дадат гол повеќе. БСК има 10 победи од последните 13 меча, додека Норвешка е со 15 ...
Контроверзните паузи за хидратација е една од најголемите новости на Светското првенство во 2026 година. Во секое од полувремињата, некаде на половина од поминатото време, судијата свири прекин кој трае три минути за да може фудбалерите да се освежат со пијалок. Додека трае таа пауза или некој вид на технички тајм-аут, следува време за реклами. Како еден од оние кои најмногу ќари од оваа новост во фудбалот се издвојува Дејвид Бекам. ...
Со започнување на мечевите од нокаут фазата на Светското првенство, возбудувањата се уште поголеми. Синоќа се случија првите две изненадувања, откако европските гиганти Германија и Холандија беа елиминирани во 16-финалето, додека Бразил со гол во 90+5 минута ја победи Јапонија. Еден обложувач кој уплатил тикет во Sport Life во Куманово успеа со вложени само 100 денари на крајот да заработи над 50.000 денари. Тој успеал да ги погоди ...
Бразил имаше многу среќа во дуелот против Јапонија и со гол во 90+5 минута стигна до победа од 2:1. Со тој погодок, кариоките избегнаа дополнителна драма во продолженија и евентуални пенали. По победата на Бразил, се играат уште два меча на Мундијалот на кои „настрадаа“ европските гиганти Германија и Холандија, откако беа елиминирани на пенали од Парагвај и Мароко. Јапонија немаше сили и концентрација во финишот, па Самураите веќе се патуваат ...
Нови три натпревари од Светското првенство се пред нас, почна нокаут-фазата и веќе нема место за грешки. Дел од фаворитите како Германија и Холандија веќе ги пакуваат куферите, а останатите сѐ уште се во очекување на предизвикот. Мундијалот е многу поинтересен со Бет билдер понудата. И во текот на денешниот ден има одлична понуда, 12 предлози за мечевите Брегот на Слоновата Коска – Норвешка, Франција – Шведска и Мексико – Еквадор. Вие треба ...
Натпреварите на Светското првенство продолжуваат со нови три дуели од 1/16-финалето, а шифрата 8301 во Sport Life ќе ви донесе неверојатна квота од 40.00. Во Дневниот бонус тип за денес е играта еден до три гола во првото полувреме и 2+ во второто полувреме. Доколку трите натпревари бидат погодени на ваков начин, квотата е навистина одлична. Натпреварите на Светското првенство продолжуваат со нови три дуели од 1/16-финалето, а шифрата 8301 ...
Третиот гранслем турнир во сезоната, Вимблдон, стартува утре, а организаторите го објавија распоредот за натпреварите од првото коло во машка и женска конкуренција. Ова издание на престижниот турнир ќе остане запаметено и по историскиот успех на македонскиот тенис. За првпат во главната ждрепка ќе настапи македонската тенисерка Лина Ѓорческа, која преку квалификациите избори место меѓу најдобрите. Во премиерниот настап на Вимблдон, Ѓорческа ...
Новак Ѓоковиќ победнички го започна новиот предизвик на Вимблдон, откако со 3:1 во сетови го победи Кинезот Ву. Иако Србинот беше голем фаворит, сепак, повеќе од три часа му беа потребни за да го скрши отпорот на опасниот ривал. Во првиот сет уште на стартот Ѓоковиќ направи брејк и потоа рутински ги одработи своите сервиси за 6:4. Во вториот сет се водеше голема борба. Беше 5:5, Ву го доби својот сервис, а потоа по голема борба направи брејк ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби од големата фаворитка Аманда Анисимова со 2-0 во сетови, но не разочара во дебитантскиот и историски настап на Вимблдон. За првпат во историјата една македонска тенисерка се појави во главниот ждреб на најпрестижниот тениски турнир во светот во поединечна конкуренција. Ѓорческа во првиот сет даде солиден отпор и освои три гема. Анисимова ја потврди својата класа, таа е финалистка од ...
Европскиот шампион Пари Сен Жермен би можел да се раздели со Брeдли Баркола во летниот преоден рок, откако за францускиот репрезентативец веќе постои сериозен интерес од клубови од Премиер лигата. Според информациите, парижаните веќе оствариле директни разговори со неколку клубови, меѓу кои и Ливерпул, околу можен трансфер на крилниот напаѓач. Од „Паркот на принцовите“ високо го ценат Баркола, а неговата цена би можела значително да ја ...