Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Усман Дембеле наводно побарал од својот репрезентативен соиграч Килијан Мбапе да преземе поголема одговорност во дефанзивните задачи и повеќе да придонесува за тимската игра. Според француските медиуми, Дембеле во последниот период станал една од највлијателните фигури во соблекувалната на француската репрезентација и директно му порачал на капитенот дека за доброто на тимот мора повеќе да учествува во одбраната. „Усман Дембеле достигна ...
Три клупски и два репрезентативни меча се дел од Квотите на денот во Sport Life за понеделник. Понудените квоти се движат помеѓу 1.85 и 2.25, додека петте меча искомбинирани на ист тикет прават квота од 38.5. На мечот од финското првенство помеѓу КТП и Хака се очекува дека една од екипите ќе има водство на полувремето, а на крајот ќе има победник. Доколку тоа се случи, тогаш квотата од 2.00 ќе биде добитна. Понудената квота од 2.20 за дуелот ...
Вистински хаос се случи за време на полуфиналниот натпревар од израелското кошаркарско првенство меѓу Хапоел Тел Авив и Хапоел Ерусалим. Натпреварот беше прекинат во третата четвртина поради ракетна тревога поврзана со напади од Иран, што предизвика сериозна загриженост за безбедноста на сите присутни во салата. The semifinal game between Hapoel Tel Aviv and Hapoel Jerusalem was stopped in the third quarter due to fire from Iran. ...
Флорентино Перес останува претседател на Реал Мадрид и во следните четири години, откако убедливо победи на претседателските избори во клубот. Неговиот противкандидат Енрике Рикелме во кампањата ветуваше дека ќе го донесе Ерлинг Халанд на „Сантијаго Бернабе“, но очигледно не успеа да ја добие довербата на мнозинството членови на клубот. Перес освои околу две третини од гласовите, а сега вниманието е насочено кон неговото ветување дека ќе ...
Петкратниот светски првак Бразил претрпе тежок удар непосредно пред стартот на Светското првенство. Селекторот Карло Анчелоти остана без единствената вистинска опција на позицијата десен бек, откако Весли Франк заработи повреда на мускулот на левата нога за време на контролниот меч против Египет. По направената магнетна резонанца, лекарите потврдија дека повредата е сериозна и Весли е тој е „прешкртан“ од составот. На негово место, селекторот ...
Италија минимално со 1:0 славеше на гости кај Грција во контролен меч. За Аѕурите ова е втора победа во последните пет дена, откако претходно со 1:0 славеше и над Луксембург. Интересно е тоа дека како на мечот против Луксембург, така и сега против Грција, стрелец на единствениот гол беше младиот напаѓач на Интер, Франческо Еспозито и тоа во 17 минута. Погодокот со кој Италија славеше над Грција може да го видите ТУКА. Овие две победи на ...
Репрезентацијата на Хрватска со 2:1 славеше над Словенија во пријателски меч одигран вечерва во Вараждин. Ова беше последна средба на Коцкестите пред патувањето во САД, каде ќе бидат дел од Светското првенство. Откако во првото полувреме немаше голови, серијата погодоци ја најави капитенот на Хрватска, Лука Модриќ. Фудбалерот кој во септември ќе наполи 41 година, уште еднаш покажа дека е вистински виртуоз и погоди со шут надвор од ...
Фудбалерите на Раковица ја освоија титулата во Меѓуопштинската лига Белград – група Б и од следната сезона нема да бидат во најнискиот ранг на нтпреварување. Пресреќни беа фудбалерите и навивачите на овој тим, па веднаш по завршување na последниот меч започна големо славје. Вистински хит беше кога на теренот се појави трактор, кој извозе победнички круг со трофејот освоен за првото место во оваа лига. 🚨🇷🇸Just a regular Saturday in Serbia, ...
Пеп Гвардиола призна дека во моментов нема јасна претстава кој ќе биде неговиот следен чекор во кариерата. Ова е негово прво јавно обраќање откако минатиот викенд го напушти кормилото на Манчестер сити. Каталонецот присуствуваше на настан организиран од фондацијата на Јохан Кројф, каде што се осврна на десетте години поминати на „Етихад“ и зборуваше за својата иднина. Неговиот последен натпревар на клупата на Сити беше поразот од 2:1 против ...
Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен (34) се струполи на теренот на средина од второто полувреме од пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина. Тоа е истиот фудбалер кој доживеа срцев удар за време на натпреварот на Европското првенство пред пет години. Тогаш, Ериксен беше реанимиран на теренот и веднаш беше пренесен во болница. Потоа од болницата стигнаа добри вести дека брзо се освестил, па нецела година подоцна се врати на ...
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека не сака да звучи алармантно, пред првиот натпревар на Светското првенство, но призна дека „многу играчи сè уште не се 100 проценти подготвени“ за настап на планетарниот собир. Суперѕвездата и капитен на селекцијата, Лионел Меси од клупата за резервни играчи гледаше како Аргентина го победи Хондурас со 2-0 во пријателски натпревар во Колеџ Стејшн, Тексас. Аргентинскиот капитен, кој наскоро ...
Прославениот дански фудбалер Кристијан Ериксен повторно колабираше на теренот и тоа повторно на меч во дресот на данската репрезентација. Се играше 65 минута на дуелот против Украина, кога Ериксен ненадејно падна на теренот. Веднаш реагираа лекарските екипи, Ериксен беше пренесен во болница, а првичните информации велат дека данскиот фудбалер е при свест. 🚨 CONCERN FOR CRISTIAN ERIKSEN 😟 The Danish star has taken ill on the pitch again. ...
Александер Зверев е освојувач на 125-то издание на престижниот гренд-слем турнир Ролан Гарос во Париз, откако во финалето, по голема борба која траеше речиси четири и пол часа, со 3:2 во сетови го победи Флавио Коболи од Италија. За Зверев ова е историски прв освоен гренд-слем не само на турнирот во Париз, туку воопшто во кариерата. Стартот на финалето беше како што можеше само да посака Зверев. Германскиот тенисер почна со брејк, а потоа ...
Во рамките на својата кратка посета на македонската престолнина, првиот човек на европската кошарка упати силна поддршка за работата на раководството на федерацијата. Претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, престојуваше во Скопје по повод одржувањето на 11. издание на ФИБА Европската конвенција за минибаскет, која во изминатите четири дена успешно беше организирана од страна на Кошаркарската федерација на Македонија, во соработка со ...
Фудбалерите на Босна и Херцеговина синоќа во Сент Луис го одиграа последниот подготвителен меч пред стартот на Светското првенство. Против Панама одиграа 1:1, а навивачите на БиХ беа вистински хит пред и на стадионот. Пред почетокот на мечот, пред стадионот беше поставено џиновско ѓезве полно со кафе. Редица луѓе во ред чекаа за да добијат од овој напиток. Американците во неверување гледаа, додека фановите на БиХ уживаа во традиционалното ...
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија убедливо со 3:0 загуби на гостувањето кај Португалија во меч од втортоо коло на женската европска лига. По две кола, Македонија е без ниту еден освоен сет и е на делба на четирите најслаби селекции. Португалија по стартниот пораз од 3:0, сега победија со ист резултат. Во ниту еден момент немаше дилеми дека Португалија ќе победи. Во првиот сет Португалките уште на стартот поведоа со 7:3, а ...
Фудбалската репрезентација на Иран, заедно со остатокот од делегацијата, пристигна во Тихуана во Мексико да ги направи последните подготовки пред стартот на Светското првенство. Иранските играчи пристигнаа со авион од Турција, каде што тренираа во последните неколку недели, а во Мексико беа пречекани од армијата и полицијата. Пристигнувањето на Иранците беше проследено со строги безбедносни мерки поради немирите и тековната војна меѓу Иран и ...
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, смета дека неговиот тим ќе има потешкотии да се справи со високите температури за време на Светското првенство. Белингам влезе како резерва во второто полувреме од пријателскиот натпревар на Англија против Нов Зеланд и ја доби капитенската лента. Англичаните славеа со 1:0 благодарение на погодокот на Хари Кејн. „Се чувствувам добро. Веројатно му пристапувам на турнирот малку поинаку од ...
Одбојкарската репрезентација на Македонија по максималниот пораз од Холандија, вечерва во Струмица го игра вториот меч од Европската лига. Противник на нашите одбојкари е Луксембург, па сосема се оправдани очекувањата за лесна и убедлива победа. Тоа го велат и квотите во Sport Life, а Македонија е голем фаворит со квота за победа од 1.06. Мечот започнува во 19 часот. За разлика од одбојкарите, женската селекција на Македонија е аутсајдер и ...
Селекторот на репрезентацијата на САД, Маурисио Покетино, изјави дека е задоволен од карактерот што го покажале неговите избраници и покрај поразот од Германија со 2:1 во пријателски натпревар. „Генерално гледано, тоа беше добро издание. Задоволен сум од настапот на сите играчи. Игравме против една од најголемите репрезентации во светот и треба да бидеме задоволни од прикажаното. Се обидовме да бидеме рамноправен противник, но немавме доволно ...
Репрезентацијата на Шкотска ја откажа планираната пријателска средба зад затворени врати против Норвешка само неколку дена пред почетокот на Светското првенство. Интересно е што информацијата во јавноста не дојде од шкотскиот табор, туку беше потврдена од Фудбалскиот сојуз на Норвешка. Двете селекции требаше да одиграат тренинг-натпревар во кампот на Шкотска во Шарлот, но дуелот на крајот е откажан. „Тоа беше лошо чувана тајна дека во ...
Реал Мадрид сериозно тргна по потписот на францускиот репрезентативец Мајкл Олисе, а претседателот Флорентино Перес наводно е подготвен да испрати понуда вредна 150 милиони евра. Иако Перес јавно не потврди дека станува збор за ѕвездата на Баерн Минхен, шпанските медиуми тврдат дека токму Олисе е главната трансферна цел на „кралевите“ ова лето. Од Минхен веднаш испратија порака дека продажба не е опција, но шпанскиот весник „Ел Дебате“ пишува ...
Британската влада тајно подготвува планови за грандиозна прослава доколку англиската репрезентација го освои Светското првенство ова лето, објавува „Сан“. Според информациите, државните службеници веќе работат на организација на победничка парада во Лондон, чија вредност се проценува на околу 500.000 фунти (околу 579.000 евра). Планирано е настанот да се одржи во неделата по финалето на 19 јули, а британското Министерство за дигитализација, ...
Стотици навивачи на Курасао во саботата ја прославија убедливата победа од 4:0 над соседна Аруба во последниот пријателски натпревар пред заминувањето на Светското првенство. Малата карипска држава ќе настапи на својот прв Мундијал во историјата, а атмосферата пред турнирот е вистински празник низ целата земја. На социјалните мрежи се прошири видео од пристигнувањето на репрезентативците на стадионот во главниот град Вилемстад. Фудбалерите ...
Регионалната ракометна лига во машка конкуренција својот старт ќе го има на 23 август и ќе трае се до февруари, а потоа ќе биде одигран и завршниот турнир на најдобрите четири екипи. Во првата сезона од новото натпреварување ќе учествуваат 10 екипи, по четири од Македонија и Србија, како и две од Црна Гора. Веќе е познато дека екипите ќе бидат поделени во две групи од по пет екипи, а секоја од нив ќе одигра по осум меча. Во групата „А“ се ...
Ако сте гледале натпревари од САД и сте имале чувство дека телевизиската слика изгледа поинаку од европските преноси, не сте единствени. И не станува збор само за впечаток. Комбинацијата од стара телевизиска технологија, американски продукциски навики и архитектурата на стадионите навистина го менува начинот на кој ја доживуваме играта. Првата причина лежи во наследството на старите телевизиски стандарди. Европа со децении функционираше во ...
Енергија и искуство е формулата за која селекторот Карло Анчелоти верува дека може да му донесе резултат на Бразил на Светското првенство. Победата на Кариоките над Египет потсети дека петкратниот светски првак не смее да биде потценет. Овој тим на Бразил сака да турка, да „гризе“ и да ја држи топката што подалеку од својот 16-ник. Сака да има посед, но најопасни се кога ќе тргнат во контра по освоена топка. Притисокот после загубена топка е ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, би можел летово да направи трансфер во Астон Вила, со што би продолжил да игра во клуб од Лигата на шампионите, но првпат би заиграл во Премиер лигата. Елмас е заинтересиран од можноста да игра во најсилната лига на светот, а клубот е подготвен на Лајпциг да му ги плати бараните 17 милиони евра. Постои опција Елмас да остане во Наполи каде играше како позајмен, но наполитанците не сакаат да ...
После Барселона и Атлетико Мадрид, и третиот шпански гигант Реал Мадрид, се вклучи во борба за потписот на слободниот агент Бернардо Силва. Потенцијалниот нов тренер на Кралскиот клуб, Жозе Мурињо, кој ќе стане тренер ако денеска Флорентино Перез победи на претседателските избори, го сака сонародникот Бернардо во својот состав. Агентот на Бернардо Силва, Жорже Мендеш, беше во војна со Флорентино Перез, но сега двете страни го стопија мразот. ...
Една мала група навивачи од Египет, на пријателскиот меч со Бразил имаа подготвено мини кореографија на која со картони со бројки и букви требаше да се наредат и да пишува „Египет 2026“, но погрешија и станаа мета на потсмев на социјалните мрежи. Киксот беше кај бројот 6, кој беше свртен наопаку, а и не беше на крај како што требаше, туку до првата двојка, па на крај испадна дека напишаа „Египет 2920“. Една мала група навивачи од Египет, ...