Кошаркарите на МЗТ Скопје по пауза од 26 години се враќаат во натпреварувањата под капата на ФИБА, па сезонава како актуелен шампион на Македонија ќе настапат во Европскиот куп, односно второто по ранг натпреварување. Актуелниот шампион на Македонија за противници ги доби АЕК Ларнака од Кипар, Вурцбург од Германија, Тарту од Естонија, грчки Ираклис и полската Варшава. Посебно привлечен е мечот против екипата од Солун, кој нема сомнеж дека ќе ...
Македонскиот првак МЗТ Скопје во новата сезона ќе биде дел од ФИБА Еврокупот, а денеска во седиштето на светската кошаркарска организација беше направена ждрепка за изгледот на групната фаза. Судбината посака тимот од Аеродром да се најде во групата Е, во која уште се и екипите на АЕК Ларнака од Кипар, германски Вурзбург, Тарту од Естонија, грчки Ираклис и Варшава од Полска. Станува збор за сериозни ривали кои сигурно ќе ги тестираат силите ...

