Франција беше подобра од Северна Ирска со 3-1 во последниот контролен натпревар на Триколорите пред патувањето во Америка каде ќе бидат во редот на кандидати за светската титула. Сите три гола вечерва беа дело на крилото Мајкл Олисе. Ѕвездата на Баерн блесна, па немаше потреба со голови да се истакнуваат Мбапе, Дембеле, Дуе, Баркола, Шерки, Матета, Турам, што покажува каков моќен напад има Франција. За Олисе тоа е прв хет-трик во кариерата, ...

Фудбалерот за врска на Аталанта, Едерсон, за кого се шпекулира дека ќе прејде во Манчестер јунајтед, по повредата на бекот Весли, ненадејно доби повик да биде дел од Селесао на Мундијалот. Едерсон не бил спремен на ваков позитивен шок, а веста дека Карло Анчелоти го повикал на СП, ја добил додека бил на свадба во Сао Пауло кај некогашен соиграч. Веднаш се спакувале со сопругата и заминале кон САД, а претходно морало набрзина да се организира ...

Холандија го победи Узбекистан со 2-1 во пријателски меч во Њујорк, а сите три гола беа постигнати од пенал од кои два во судиското продолжение. Средбата се одигра без публика и на еден стадион за атлетика, што предизвика негодување кај фановите на Лалињата. Узбекистан покажа дека не случајно ќе игра на Светско првенство. Беа на прагот на реми кога во 92-ра минута изедначија на 1-1, но пет минути подоцна Холандија сепак дојде до победа, со ...

Напаѓачот на Реал Мадрид и на француската репрезентација, Килијан Мбапе, учествуваше во квиз за избор на играчите кои ќе постигнат најмногу голови на претстојното Светско првенство. Светскиот првак од 2018 година верува дека ќе постигне повеќе голови од Кристијано Роналдо, кој пак ќе постигне повеќе голови од Лионел Меси. Прашањата и одговорите на Мбапе беа вакви: — Јамал или Халанд? – Халанд. — Јамал или Винисиус? – Винисиус. – Винисиус или ...

Откако по втор пат во кариерата, играчот од средниот ред на Данска, синоќа Кристијан Ериксен колабираше на терен, а прв пат на Европското првенство во 2021 година, денеска тој се врати дома од болница и испрати порака на својот „Инстаграм“ профил до сите кои се загрижени за неговото здравје. „Сакам да им кажам на сите дека сум добро и дома со моето семејство. Како што веројатно можете да замислите, доживувањето шок од мојот ICD ...

Жозе Мурињо, кој ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, смета дека приоритет треба да биде да се засили и да се подобри одбраната бидејќи тој дел го смета за слаба точка на тимот. Иако и недостатокот на креативност во средниот ред останува проблем, Мурињо верува дека главниот проблем на Реал Мадрид е дефанзивата. Бројките го потврдуваат ова. Тимот на Реал кој ги освои Ла Лига и Лигата на шампионите во сезоната 2023/24 прими само 50 гола на 55 ...

Петкратниот светски првак Бразил е предводник на групата Ц и речиси нема дилема дека Кариоките ќе бидат на првото место на крајот од групната фаза. Покрај Бразил, тука се и селекциите на Мароко, Шкотска и аутсајдерот Хаити. Бразил од 2002 година чека да се израдува на светска титула. Главен адут на Кариоките ќе им биде селекторот Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег, кој е „магнет“ за успеси и освојување пехари, пред една година беше ...

Македонскиот фудбалски првак, Вардар, официјално потврди дека нивен нов член е Португалецот Мигел Пиреш кој оваа сезона играше за Силекс. Со Пиреш, потпишан е едногодишен договор. Вардарци денеска се пофалија и дека ја продолжиле соработката со Новоматик кој останува генерален спонзор и ќе вложи милион евра во клубот за следната сезона. Македонскиот фудбалски првак, Вардар, официјално потврди дека нивен нов член е Португалецот Мигел ...

Третиот натпревар од големото НБА-финале помеѓу Њујорк никс и Сан Антонио спарс, кој ќе се игра вечерва во „Медисон сквер гарден“, може да биде клучен во оваа серија. Ако победат домашните, би повеле со 3-0, што може да се нарече недостижна предност бидејќи ниту еден тим во историјата на НБА не испуштил таква предност. Квотите во Sport Life го фаворизираат Њујорк, кој има серија од 13 победи по ред, но Спарс мора да одигра најдобро што може и ...

Фиорентина објави Фабио Гросо е новиот тренер на тимот. Новиот тренер на Виола ја започна својата тренерска кариера во 2013 година во младинскиот сектор на Јувентус. Неговото деби како прв тренер датира од 2017 година, на клупата на Бари во Серија Б. Во текот на својата кариера, тој ги тренираше и Олимпик Лион, Фрозиноне и Сасуоло, остварувајќи две промоции од Серија Б во Серија А, а во текот на неговата последна сезона на чело на Сасуоло ...

Селекторот на Англија, Томас Тухел, ја шокираше јавноста со изјавата дека Џуд Белингам ќе мора да се бори за место во почетниот состав на Светското првенство. Белингам, кој моментално е член на Реал Мадрид, стартуваше само четири пати откако Тухел ја презеде функцијата селектор на Англија во јануари 2025 година, а на три меча на теренот влезе од клупата за резервни играчи. „Белингам е еден од стартерите, тој знае дека е еден од стартерите, но ...

Англискиот гигант Ливерпул ја пронајде замена за Мохамед Салах на „Енфилд роуд“. Новиот голгетер во дресот на Црвените треба да биде репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Јан Диоманде. Младиот 19-годишниот крилен напаѓач ги договорил личните услови со Ливерпул, а сега се чека конечна реализација на овој трансфер. Најавата е дека Ливерпул на Лајпциг ќе му исплати дури 104 милиони евра. Во германскиот тим се задоволни од сумата, а ...

Иако е уште тинејџер, Кими Антонели покажува дека сезонава ќе доминира во Формула 1 шампионатот. На вчерашната хаотична трка во Монте Карло, Антонели победи со шест секунди пред Луис Хамилтон и се зацврсти на лидерската позиција во шампионатот. Освен на трката, Антонели беше и најбрз во квалификациите, а комплетната доминација на италијанскиот возач во тимо тна Мерцедес ја комплетира со поставување и на најбрзиот круг на трката. Уште во 12 ...

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 20 години загуби со 2:0 од врсниците од САД на контролен меч кој се одигра попладнево на неутрален терен во Бугарија. Оваа селекција која е последен чекор пред настап во У21 тимот е новоформирана со цел да нема прекин од селекциите У19 во У21. Избраниците на селекторот Александар Таневски киксираа во последните моменти од двете полувремиња. САД поведе со 1:0 благодарение на погодок во 45 ...

Роберто Манчини е блиску до враќање на клупата на италијанската репрезентација, пишуваат дел од фудбалските инсајдери во таа земја. Според Николо Схира, Италијанскиот фудбалски сојуз подготвил договор за Манчини, кој би го обврзал да биде на клупата на националниот тим во 2030 година. Манчини би заработувал по два милиони евра годишно. Четирикратниот светски првак има очајна декада барем кога се работи за настап на светските првенства. Три ...

Домаќинот Канада, потоа Швајцарија и Босна и Херцеговина како претставници на Европа, и аутсајдерот Катар, ја сочинуваат групата Б во која можни се секакви изненадувања и може да биде една од најнеизвесните на Светското првенство. Во оваа група нема селекции кои биле светски прваци и ова се тимови за кои и четвртфинале на СП 2026 би било голем успех. Канада има солиден напад со Џонатан Дејвид и Кајл Ларин, но главна ѕвезда им е Алфонсо ...

Данскиот репрезентативец и член на германскиот бундеслигаш Волфсбург, Кристијан Ериксен е отпуштен од болницата и ќе биде на домашна нега во следниот период. На синоќешниот меч меѓу Данска и Украина, во 65-тата минута Ериксен ненадејно се струполи на теренот. таа шокантна сцена кога Ериксен паѓа на тревата без свест всушност беше повторување на кошмарот од 2021 година, кога за време на дуел од Европското првенство, ѕвездата на данската ...

Флорентино Перес, кој синоќа ја доби довербата да остане претседател на Реал Мадрид, тргнува во нова офанзива. Првиот човек на Кралскиот клуб објави дека ќе ја тужи Барселона пред УЕФА за случајот „Негреира“, во кој каталонскиот гигант е обвинет за исплата на судии помеѓу 2001 и 2018 година. Истрагата откри дека Барселона платила околу 8,4 милиони евра помеѓу 2001 и 2018 година на компании поврзани со поранешниот потпретседател на Техничкиот ...

Новиот фудбалски првак на Македонија, Вардар ја продолжи соработката за соработка со спонзорот „Новоматик Македонија“. Црвено-црните и Новоматик уште минатата сезона започнаа соработка, а по успешната сезона и освоената титула, таа соработка продолжува и во следниот период. „Дозволете на почетокот во името на менаџментот на клубот, играчите и навивачите да упатам благодарнот што Новоматик Македонија беа со нас кога ја почнавме најтешката ...

Капитенот и најдобар стрелец на Англија, Хари Кејн, верува дека жештината „нема да биде фактор“ благодарение на режимот на тренинг на тимот за претстојното Светско првенство. Англија го отвора турнирот против Хрватска на 17 јуни во Арлингтон, Тексас, но претходно Гордиот Албион ќе го одигра својот последен контролен натпревар против Костарика в среда во Орландо, Флорида. „Искрено, не мислам дека жештината беше толку лоша. Очигледно се ...

Поранешениот напаѓач на Манчестер јунајтед и Арсенал, Робин ван Перси, е разрешен од функцијата тренер на Феенорд по 18 месеци поминати на таа позиција. Ван Перси се врати во својот матичен клуб во февруари 2025 година, но и покрај обезбедениот пласман во Лигата на шампионите, си замина по сезона без освоен трофеј. Четириесет и двегодишниот стручњак го водеше клубот на 58 натпревари, со биланс од 30 победи и 19 порази. На местото главен ...

Одлуката на една од најжестоките навивачки групи во Европа предизвика вистинска бура во фудбалските кругови откако беше потврдено дека планира целосен бојкот на домашните натпревари во следната сезона. Најверните навивачи на Лацио официјално најавија бојкот на сите домашни натпревари во сезоната 2026/27. Покрај тоа што нема да присуствуваат на натпреварите на домашен терен, ултрасите соопштија дека нема да купуваат ниту сезонски билети за ...

Селекторот на репрезентацијата на Португалија, Роберто Мартинес, изрази уверување дека Бернардо Силва би бил идеално засилување за Барселона. По победата на Португалија со 2:1 над Чиле во пријателски натпревар во саботата, шпанскиот стратег беше запрашан за можниот трансфер на искусниот играч и неговото вклопување во тимот предводен од Ханси Флик. Во својот одговор, Мартинес не штедеше пофалби за 31-годишниот играч од средниот ред. „Мислам ...

Групата А ќе го отвори Светското првенство 2026, а според имињата на хартија не спаѓа меѓу најатрактивните групи на турнирот. Првиот натпревар ќе го одиграат Мексико и Јужна Африка, исто како и на Мундијалот во 2010 година. Во групата се наоѓаат уште Јужна Кореја и Чешка. На овој меч легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико сити ќе влезе во историјата како прв на кој се играле три меча од отворањето на Светските првенство – 1970, 1986 и ...

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен му честиташе на Александер Зверев за освојувањето на титулата на Ролан Гарос. Во финалето на турнирот, германскиот тенисер го совлада Флавио Коболи со 6:1, 4:6, 6:4, 6:7(5), 6:1 и ја освои својата прва гранслем-титула. „Ти честитаме за првата гранслем-титула, Алекс Зверев!“, објави Баерн Минхен на социјалните мрежи. Зверев е познат како голем навивач на баварскиот гигант и често јавно ја покажува својата ...

6776 Холандија – Узбекистан (20:45) Мечот во Њујорк ќе биде последна проверка и за Холандија и за Узбекистан. Двете селекции загубија на првите контролни дуели, Холанѓаните од Алжир, додека Узбекистан од Канада. Многумина ги гледаат Лалињата како еден од фаворитите на ова првенство, па сосема јасно е дека од нив се очекува победа над дебитантот на Мундијалите. Предлог тип: 1 & 3-5 (1.93) 6731 Франција – Северна Ирска (21:10) Франција по ...

Искусниот шпански десен бек Дани Карвахал ова лето би можел да го напушти Реал Мадрид по повеќе од две децении минати во кралскиот клуб. Иако во последните недели најмногу се поврзуваше со трансфер во Милан, според италијанските медиуми, во трката за неговиот потпис се вклучил и амбициозниот Комо, кој од клупата го предводи поранешниот шпански репрезентативец Сеск Фабрегас. Договорот на Карвахал со Реал Мадрид истекува на крајот од овој ...

Натпревари од три различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Доминира тенисот со осум од 16-те понудени меча. Шест натпревари се од фудбалот, а два од кошарката. Првиот натпревар започнува веќе во 11 часот, а тоа значи дека треба да побрзате, да го одберете вашиот пар, да ги посетите уплатните места на Sport Life и да ја зголемите добивката на тикетите. Понеделничкиот Супер тип започнува со осумте ...

Усман Дембеле наводно побарал од својот репрезентативен соиграч Килијан Мбапе да преземе поголема одговорност во дефанзивните задачи и повеќе да придонесува за тимската игра. Според француските медиуми, Дембеле во последниот период станал една од највлијателните фигури во соблекувалната на француската репрезентација и директно му порачал на капитенот дека за доброто на тимот мора повеќе да учествува во одбраната. „Усман Дембеле достигна ...

Три клупски и два репрезентативни меча се дел од Квотите на денот во Sport Life за понеделник. Понудените квоти се движат помеѓу 1.85 и 2.25, додека петте меча искомбинирани на ист тикет прават квота од 38.5. На мечот од финското првенство помеѓу КТП и Хака се очекува дека една од екипите ќе има водство на полувремето, а на крајот ќе има победник. Доколку тоа се случи, тогаш квотата од 2.00 ќе биде добитна. Понудената квота од 2.20 за дуелот ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.8
38%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
2.92
32%
1015
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
2.84
38%
1017
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.6
88%
1016
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.78
58%
1014
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
1.34
51%
1017
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
2.68
39%
1012
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
3.82
27%
1014
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.78
45%
1014
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
2.24
45%
1012
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
4.47
40%
1015
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 25ᴼ
6.32
69%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.9728

Currency

72.4174

Currency

37.5273

Currency

38.0827

Currency

66.7407

Currency

7.96417

Currency

0.70436

Currency

0.33213

Currency

0.52564

Currency

1.14874

Currency

0.56616

Платина

52244.96

Паладиум

40509.94

Злато

132441.79

Иридиум

245953.21

Рутениум

49029.89

Алуминиум

3.15

Цинк

0.00

Сребро

1924.70

Калај

52.82

Родиум

262028.58

Бакар

12.63

Кобалт

56.29