Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Египетскиот напаѓач Мохамед Салах се согласил на трансфер во турски Трабзонспор кој ќе игра во Лига Европа откако финишираше на трето место во минатата сезона. Како што објави новинарот Јагиз Сабунџуоглу на своите социјални мрежи, поранешниот фудбалер на Ливерпул се согласил на двегодишен договор со турскиот клуб. Минатата сезона, 34-годишниот Салах одигра 27 натпревари во Премиер лигата во дрсеот на Ливерпул, постигнувајќи 7 гола и ...
Легендарниот босански напаѓач Един Џеко (40) потпиша нов едногодишен договор со повратникот во Бундеслигата, Шалке 04. На прес-конференцијата, Дијамантот во својот препознатлив, духовит стил ги објасни причините за останувањето, своите амбиции во Бундеслигата, но и улогата на неговото семејство во конечната одлука. Откако му помогна на Шалке да се врати во елитните редови на германскиот фудбал во вториот дел од минатата сезона со шест гола и ...
Голманот Сифо Масети од ТС Галакси, тим од Јужна Африка, ги остави навивачите запрепастени откако ја фати топката со рака надвор од шеснаесетникот во судиското продолжение, очигледно измамен од дополнителните линии на теренот со намена за рагби. Ова е еден од најбизарно добиените црвени картони во историјата на фудбалот. Факт е дека голманот погреши во проценката, но верувајќи дека сè уште е во својот 16-ник, си ја фати топката со раце на 25 ...
Ливерпул испрати понуда вредна повеќе од 100 милиони евра за францускиот репрезентативец Бредли Баркола, но ПСЖ веднаш ја одби. Францускиот шампион бара дури 170 милиони евра, но и покрај тоа, преговорите меѓу двата клуба веќе започнале. Според француските медиуми, Баркола е главната желба на Ливерпул за засилување на нападот, особено поради тоа што Јан Диоманде е сè поблиску до трансфер во Реал Мадрид. Инсајдерот Фабрицио Романо потврди ...
Илјадници луѓе се собраа во Милано за последен пат да му запет и аплаудират на Франко Барези, и тие оние што не го познаваа лично, беа тажни и му се восхитуваа на Капитенот со големо К. Милан ја загуби својата најголема фигура, фановите со знамиња, шалови и мноштво дресови со број 6 се збогуваа со фудбалската легенда. Луѓе од сите возрасти се обединија во скандирањата: „Еден капитен, има само еден капитен“. Ковчегот пристигна во 10.45 часот ...
Бернардо Силва го одработи својот прв ден како фудбалер на Реал Мадрид откако пристигна како слободен играч по заминувањето од Манчестер сити. Португалскиот репрезентативец најпрво ги мина задолжителните лекарски прегледи, а потоа ги одработи и првите два тренинга под водство на Жозе Мурињо. По првиот ден во новиот клуб, Бернардо не го криеше воодушевувањето. „Ова е многу посебен момент и навистина сум пресреќен што сум тука. За овој клуб не ...
Второто прволигашко коло ќе се игра од петок до недела, а најголемо внимание секако дека привлекува мечот помеѓу најголемите кандидати за шампионската титула, Вардар и Шкендија. Мечот ќе се одигра во недела со почеток во 17 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а билетите за овој дерби-дуел веќе се пуштени во продажба по цена од 200 денари. Билетите може да се набават преку продажната мрежа на МКтикетс и онлајн. Второто ...
Барселона внимателно ја следи ситуацијата околу Родри и не сака да остане само набљудувач додека траат преговорите меѓу Манчестер сити, Реал Мадрид и шпанскиот репрезентативец. Каталонскиот клуб е подготвен веднаш да реагира доколку разговорите меѓу другите страни пропаднат, надевајќи се дека ќе ја искористи можноста да го доведе еден од најдобрите играчи за врска во светот. Според шпанските медиуми, интересот на Барселона е дополнително ...
Турскиот гигант Фенербахче е подготвен да „активира“ вистинска трансфер-бомба и да го доведе Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед. Англискиот репрезентативец минатата сезона настапуваше како позајмен во Барселона, каде што постигна 14 гола и 11 асистенции на 49 натпревари, што беше неговата најдобра сезона во последните години. Иако каталонскиот клуб имаше можност целосно да го откупи неговиот договор, на крајот се одлучи за друго решение и ...
Мохамед Салах повторно е во центарот на вниманието на трансфер-пазарот откако за него сериозен интерес покажува и Атлетико Мадрид. Египетскиот напаѓач го напушти Ливерпул по девет години, а и покрај тоа што има 34 години, за неговите услуги се заинтересирани клубови од САД, Саудиска Арабија и Турција. Според шпанските медиуми, Атлетико веќе стапил во контакт со Салах и размислува да му понуди двегодишен договор со можност за продолжување на ...
Нејмар откри дека сѐ уште нема донесено конечна одлука за својата иднина и призна дека не знае уште колку долго ќе игра професионален фудбал. Триесет и четиригодишниот напаѓач минатата година се врати во Сантос, а по елиминацијата на Бразил од Светското првенство официјално стави крај на репрезентативната кариера. Во тековната сезона во бразилското првенство одигра девет натпревари, постигна шест гола и забележа две асистенции. „Не знам уште ...
Феран Торес е сѐ поблиску до можно заминување од Барселона. По освојувањето на светската титула со Шпанија и победничкиот гол во финалето против Аргентина, интересот за него драстично се зголеми. Најсериозен кандидат за неговиот потпис е европскиот шампион ПСЖ, а тренерот Луис Енрике наводно силно инсистира на негов ангажман. Барселона е подготвена да го задржи и веќе подготвува нов договор, но бара најмалку 50 милиони евра доколку дојде ...
Иднината на Мохамед Салах и натаму е една од главните теми на летниот преоден рок. Новите информации пристигнуваат од Египет, каде што новинарот Мохамед Алмахмуди зборуваше за статусот на поранешната ѕвезда на Ливерпул. Во телевизиско гостување, Алмахмуди истакна дека процесот околу одлуката на Салах сè уште трае и дека конечната одлука не е донесена. Сепак, тој го изнесе и своето мислење за актуелната ситуација. „Процесот околу трансферот на ...
Шпанскиот првак Барселона останува со мисија во летниот преоден рок да најде квалитетен играч од нападот. По заминувањето на Роберт Левандовски, сега е потребно каталонскиот гигант да се засили со квалитетен централен напаѓач, но нивната прва опција да го доведат Хулијан Алварес многу веројатно дека ќе пропадне затоа што Атлетико Мадрид воопшто не планира да го продаде Аргентинецот. Тренерот на Барселона, Ханси Флик, призна дека е свесен дека ...
6713 Спарта Прага – Олимпик Лион (20 ч.) Дуел на две екипи кои имаат искуство со играње во Лигата на шампионите и затоа ова се очекува да биде неизвесен двомеч. Спарта ќе се обиде да ја искористи предноста на домашен терен, но традицијата е на страната противникот. Овие два тима во изминативе 22 години имаат одиграно шест европски пресметки, во кои Лион има пет победи, а еднаш било нерешено, додека Спарта нема ниеден триумф. На пет од тие ...
Претседателот на Полска, Карол Навроцки, помилува три лица, а меѓу нив беше и Пјотр Старухович, попознат по прекарот „Старуч“, долгогодишен лидер на навивачите на Легија од Варшава, што ги шокираше полските политичари и медиумите. Според тамошните медиуми, Навроцки ја укина забраната на Старухович за посетување спортски и други масовни настани и нареди неговата пресуда да се избрише од евиденцијата. Информацијата ја потврди неговиот адвокат ...
Десет фудбалски натпревари и шест тениски пресметки се дел од денешната понуда на Супер тип, каде што може да се најдат многу комбинации со зголемени коефициенти. Тениските возбудувања започнуваат уште претпладне, Дурасовиќ да слави над Гиртс има зголемена квота на 1.77. На тенискиот терен како фаворити кои имаат зголемени квоти за победи се и Карено Буста, Векиќ, Атмане… Во фудбалот доминираат дуелите од европските квалификации. Мјалби да ...
Винисиус Жуниор од вчера им се приклучи на тренинзите на Реал Мадрид, а медиумите продолжија да шпекулираат за неговото останување во клубот. Според последните информации, агентите на Винисиус сè уште ги имаат истите услови за Бразилецот да го продолжи договорот со Кралскиот клуб. Тоа значи: – 20.000.000 евра нето-годишно – 100% од маркетиншките права, моделирани според договорот на Килијан Мбапе – потенцијален паричен бонус за обновување на ...
Возбудувањата во квалификациите за настап во Лига на шампиони продолжуваат денеска со неколку интересни мечеви, а пет од нив се дел од понудата во Квотите на денот. Доколку сите пет понудени комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој се добива е 41.47. Мјалби е домаќин на Слован Братислава и тука потребно е во двете полувремиња да има меѓу еден и три погодоци за да биде добитна комбинацијата која носи квота од 2.05. ...
Искусниот македонски тренер Ѓоко Хаџиевски кариерата ќе ја продолжи во тимто на Ал Мединах Вондерерс од Дубаи. Само неколку дена по разделбата со Спартак Варна, нашиот стратег синоќа пристигна во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), за да го започне новиот предизвик. Ал Мединах Вондерерс е нисколигаш кој се надева дека ќе стигне до подобри резултати со искусниот македонски тренер. Хаџиевски во арапскиот свет има многу искуство бидејќи од ...
Идејата на претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино да ги продаде правата за организирање на Светско првенство, беше причина за голем револт кај најголем дел од земјите членки. Најмногу реакции стигнаа од УЕФА, но несогласување со таа идеја на Инфантино пристигнаа и од останатите континенти. По неколкудневна „војна“, Инфантино и ФИФА решија да се повлечат од идејата, но УЕФА и останатите од спротивната страна ...
Легендарниот Луи ван Гал е кандидат повторно да биде селектор на Холандија. На 8 август Ван Гал ќе наполни 75 години, но тој верува дека би бил вистинското решение за да се врати на селекторското столче. Искусниот тренер своевремено ја напушти клупата на Лалињата поради здравствени проблеми, но откако успеа да ја победи опасната болест, сега е подгтовен да се врати на тренерскиот предизвик. Инаку, Ван Гал беше селектор на Холандија кратко во ...
Екипата на Комо беше една од најубавите европски фудбалски приказни од минатата сезона. Тоа е тимот кој обезбеди место во Лига на шампиони и веќе се прават подготовки за историската сезона. По освојувањето на петото место во Серија А, интересот кај навивачите на Комо драстично се зголеми и сакаат во живо да го гледаат овој тим. Комо има голем проблем со својот стадион. Нивниот спортски дом, стадионот „Џузепе Синигаљи“ собира околу 11.000 ...
Видео објавено социјалните мрежи на „Ја Сакам Хрватска“ предизвика бројни позитивни реакции од корисниците на социјалните мрежи. На видеото се гледа како фудбалерот Лука Модриќ скока од скокалница во Задар во морето, опкружен со луѓе кои уживаат во летниот ден. Капитенот на Хрватска и играч на Милан, наместо во луксузни и изолирани одморалишта како многу други негови колеги, одлучи да ги помине слободните денови во својот роден град Задар, ...
Фудбалскиот клуб Милан ќе му оддаде почит на легендата Франко Барези кој почина, пред пријателскиот натпревар против Интер в среда во Австралија, а погребот на славниот капитен на Росонерите ќе биде утре. Барези кој е икона на Милан и целата кариера ја мина во тој клуб, почина викендов на 66-годишна возраст. Во нормални околности, целиот тим и тренерскиот персонал би биле присутни на погребот, но тие моментално се во Австралија на ...
Англискиот клуб Фулам го објави потпишувањето со 22-годишниот шпански напаѓач кој досега беше во Реал Мадрид, Гонзало Гарсија. Гарсија потпиша договор со Фулам до јуни 2031 година, а Котиџерс платија отштета од 40 милиони евра за напаѓачот кој во минатата сезона одигра 39 натпревари, постигнувајќи 8 гола и запишувајќи 3 асистенции. Но, во според договорот, Реал не ја губи целосно контролата врз иднината на Гонзало. Фулам има само 70% од ...
Украинското крило Михајло Мудрик се врати во Челзи откако му беше укината суспензијата поради допинг. Мудрик му се придружи на Челзи за нивниот тренинг камп во Хонг Конг. Светската антидопинг агенција (ВАДА) претходно ја укина суспензијата на Мудрик, иако Украинецот беше дисквалификуван четири години во јануари. Фудбалерот ја доби жалбата, па 25-годишниот Миша после 20 месеци пак е на тренинг со тимот. Сепак, Мудрик можеби и нема да игра за ...
Спортскиот директор на РБ Лајпциг, Марсел Шефер, негираше дека постои договор со Реал Мадрид за трансферот на Јан Диоманде. Неодамна, експертот за трансфери Фабрицио Романо објави дека петгодишниот договор е сигурен и дека Лајпциг ќе добие над 100 милиони евра. Сагата околу Диоманде има ново поглавје. Играчот не отпатува со тимот во Австрија минатата сабота поради болест, и продолжи да тренира одделно. „Јасно е дека некои самопрогласени ...
Поранешниот освојувач на „Златната топка“ и добитник на наградата за најдобар фудбалер на Светското првенство 2026, Шпанецот Родри, се наоѓа на Жабљак во Црна Гора и таму се подготвува за новата сезона. Додека се шпекулира дали ќе се пресели во Реал Мадрид, дали го напушта Манчестер сити по заминувањето на Пеп Гвардиола, тој одмара на планината Дурмитор. Го посети етно селото „Дурмитор“ на шест километри од Жабљак. Веднаш се качи на коњот и ...
По одличната сезона во ТФТ, македонскиот репрезентативец Виктор Ташовски за првпат во својата кариера ќе заигра во странство. Тој е нов член на хрватски Дубровник. Ташовски имаше просек од 15,8 поени, 3,3 асистенции и 1,3 украдени топки во ТФТ. Дубровник минатата сезона ја заврши на петтата позиција во регуларниот дел од првенството на Хрватска, а во четвртфиналето беше елиминиран од Задар. По одличната сезона во ТФТ, македонскиот ...