Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Македонската кошаркарска федерација (МКФ) официјално соопшти дека од трите клубови кои не добија лиценца во првиот предвиден рок – ТФТ, Маџари и Чаир – два успеале да ги подмират обврските кон федерацијата. Сепак, еден клуб не успеал да го направи тоа, поради што нема да биде дел од Супер-лигата во следната сезона. Станува збор за тимот на Чаир. Иако нивниот долг бил најмал во споредба со останатите два клуба, раководството не обезбедило ...
Винисиус јуниор денес одржа состанок со челниците на Реал Мадрид и се чекаат детали од разговорите, но од Шпанија пристигнуваат нови информации околу трансферот на Јан Диоманде. Според „Скај спортс“, Лајпциг конечно ги прифатил сите услови и понудата на Реал Мадрид, која ќе изнесува меѓу 130 и 140 милиони евра. Со тоа Кралскиот клуб ќе го реализира најскапиот трансфер во историјата на клубот. За репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ...
Трагедија се случила за време на фудбалски натпревар во покраината Наративат во југозападен Тајланд. Натпреварот од Голок купот се играше на пороен дожд. Во судиското продолжение, гром го погоди теренот исфрлајќи неколку играчи на земја. Според видеата објавени на социјалните мрежи, гром директно удрил двајца фудбалери кои стоеле покрај теренот, очигледно подготвувајќи се да бидат заменети. Еден од нив бил Софван Авае, новиот играч на клубот ...
Градските ривали Милан и Интер одиграа пријателски меч во австралискиот град Перт, а средбата мина во знак на сеќавање на легендата Франко Барези, кој почина викендов. Инаку, мечот заврши 1-1. Интер поведе со гол на Федерико Димарко, израмни Нкунку од пенал. Пред почетокот на мечот, Росонерите и Нераѕурите стоеја прегрнати едни до други за време на ефноминутниот молк, додека дресот со бројот 6 на легендата на Милан беше на центарот на ...
Со потпишувањето на Мохамед Салах, Трабзонспор го донесе веројатно најзвучното засилување во својата 59-годишна клупска историја. Бројот на странци кои потпишале за Трабзонспор се искачи на 207, а меѓу нив има и четворица македонски интернационалци. Клубот има купено играчи од 54 различни земји. Бразилците му биле најчестите странски играчи, имал 18 Бразилци, а сега со Салах, Египет ја стигна Македонија со четворица. Последен македонски ...
Турскиот клуб Трабзонспор го објави потпишувањето на договорот со легендата на Ливерпул и египетската репрезентација, Мохамед Салах. Мо е во Истанбул, а вечерва треба да се појави во Трабзон, каде што еуфоријата ќе биде незапаметена. Салах (34) ќе му се приклучи на Трабзонспор како слободен агент, потпишувајќи договор до јуни 2028 година. Египќанецот ќе го носи дресот со број 61. Мохамед Салах претходно играше за Базел, Челзи, Фиорентина, ...
Неверојатни вести доаѓаат од Англија. Еден петтолигашки клуб одлучи да одбие исклучително богата понуда која би можела да промени сè за нив. Станува збор за играчот Абдул Абдулмалик од Борам Вуд. Тимот кој се натпреварува во Националната лига (петти ранг) прво одби да го продаде својот играч за 750.000 фунти, што е околу милион евра, а потоа одбиле и 1 милион фунти. Тие добиле ваква привлечна понуда од шведскиот Ѓургарден. Абдулмалик има 23 ...
По повод 25-годишнината од регионалното кошаркарско натпреварување, АБА лигата, трае гласање за избор на 25-те најдобри играчи во историјата на оваа лига. Гласањето ќе трае до 9-ти август, а учесниците во гласањето ќе треба да изберат 25 кошаркари од доставената листа, за кои веруваат дека заслужуваат место меѓу најголемите во историјата на АБА лигата. На списокот се и македонските легенди Лестер Бо Меккејлеб, Перо Аннтиќ, Тодор Гечевски и ...
Англиски Борнмут ја прегази Џенова со неверојатни 10-1 во подготвителен натпревар кој траеше 120 минути, четири квартали по 30 минути. Иако стануваше збор само за контролен меч зад затворени врати во тренинг-центарот на Црешите, сепак еден италијански прволигаш не смееше да си дозволи ваква катастрофа. Во Џенова нема извештај на сајтот и објавија дека имале тренинг-меч, намалувајќи ја важноста на резултатот. Нивни фанови по социјалните ...
УЕФА воведе две значајни измени во правилата пред стартот на новата сезона, а тие ќе важат за сите клубови што ќе настапуваат во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига. Првата промена се однесува на жолтите картони. Наместо досегашните три, фудбалерите сега ќе бидат суспендирани по четвртиот жолт картон во лигашката фаза. Секоја следна суспензија ќе следува по секои два нови жолти картони, односно по шестиот, осмиот и ...
Галатасарај продолжува да биде еден од најактивните клубови во летниот преоден рок, а следна цел на турскиот шампион е една од најголемите ѕвезди на Милан – Рафаел Леао. Според реномираниот италијански новинар Матео Морето, челниците на клубот од Истанбул веќе интензивно работат на трансферот и сакаат што е можно побрзо да постигнат договор. Во меѓувреме, во Турција се очекува и официјализација на трансферот на Мохамед Салах во Трабзонспор, ...
6715 Фенербахче – Штурм Грац (20:00) Патот го групната фаза од Лигата на шампионите за фудбалерите на Фенербахче продолжува со двомеч против Штурм од Грац. По неубедливата претстава против Горњик, од турскиот гигант се очекува полека но сигурно да влегува во форма, а тоа треба да го покажат токму вечерва, против шампионот на Австрија. Сè освен убедлива победа на Фенербахче на овој меч ќе биде големо изненадување. Предлог тип: 1 & 3+ ...
Ливерпул продолжува агресивно да работи на засилувањата за новата сезона, а на листата на желби се наоѓаат дури двајца офанзивци на ПСЖ. Поранешниот англиски шампион веќе ги започнал разговорите за 18-годишниот сенегалски талент Ибрахим Мбаје. Младиот крилен напаѓач дал зелено светло за преселба на „Енфилд“, па сега се очекува Ливерпул да ги отвори и официјалните преговори со францускиот клуб. Дополнителен сигнал дека трансферот би можел да ...
Фудбалски и тениски натпревари се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Доминира фудбалот со 10 натпревари, а останатите шест се од тенисот. Првиот натпревар започнува во 12:30 часот и е од тенисот, а првиот фудбалски натпревар на програмата е од 15 часот. Најинтересни се квотите за европските фудбалски купови, а освен за конечен тип, во Супер типот може да се најдат зголемени квоти и за игри на голови, тимови, но и ...
Барселона е пред реализација на еден од најголемите трансфери ова лето, а најновите информации од Шпанија ги разгореа очекувањата кај навивачите на каталонскиот гигант. Познатиот каталонски новинар Жерар Ромеро најави „голема ноќ“, откривајќи дека спортскиот директор Деко отпатувал во Мадрид. Ромеро дури објави и снимка од Деко на аеродромот, тврдејќи дека патувањето е поврзано со преговорите за ангажманот на Хулијан Алварес. Според неговите ...
Пет натпревари од европските фудбалски купови се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 38.6, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.90 и 2.25. Најголемата квота од 2.25 е за дуелот помеѓу Архус и Сабах, а ќе биде добитна само ако домашните не загубат, но и ако има помеѓу еден и три гола во двете полувремиња. Голови се очекуваат во Норвешка, па квотата од 2.10 за дуелот на Бран и Аполон ќе ...
Сантос со минимални 1-0 славеше на гостувањето кај Ремо во осминафиналето од Купот на Бразил, а херој на гостите беше Рони, кој погоди во 74-тата минута по асистенција на Нејмар. Домаќините од 28-мата минута играа со фудбалер помалку по директниот црвен картон на Марлон, а Нејмар во игра влезе во второто полувреме и веднаш го сврте текот на натпреварот. Но, вистинскиот хаос настана по последниот судиски свиреж. Според бразилските медиуми, ...
Иднината на Ендрик би можела да биде една од главните теми до крајот на летниот преоден рок. Според дел од медиумите, младиот Бразилец им соопштил на челниците на Реал Мадрид дека сака да го напушти „Сантијаго Бернабе“ уште ова лето. Иако во Мадрид пристигна како еден од најголемите светски таленти, Ендрик не успеа да ја добие посакуваната минутажа и смета дека промена на средината би била најдобро решение за неговиот развој. Неговата желба ...
Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси уште еднаш ја покажа својата хумана страна, донирајќи 80.000 евра за обнова на подрачјето Сиера Оесте во регионот на Мадрид, кое беше тешко погодено од големите шумски пожари. Веста ја потврди претседателката на автономната заедница Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо, која јавно му се заблагодари на Меси за неговата поддршка. Катастрофалниот пожар избувна кон крајот на јули и зафати околу 27.000 хектари, ...
Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, смета дека е дојдено време жена да застане на чело на светската фудбалска организација. Деведесетгодишниот Швајцарец јавно ја посочи Лисе Клавенес како најсоодветен кандидат да го наследи Џани Инфантино, кој се соочува со сè поголем притисок поради контроверзниот план за продажба на удели во турнирите на ФИФА на приватни инвеститори. „Лисе Клавенес заслужува огромна почит. Таа е единствената која ...
Тимот на Лос Анџелес лејкерс влегува во нова ера без Леброн Џејмс, а улогата на главен лидер на франшизата сега му припаѓа на Лука Дончиќ. Со тоа уште повеќе се зголемија очекувањата на навивачите, кои веруваат дека словенечката ѕвезда ќе го предводи тимот во новата НБА-сезона. Токму поради тоа, Дончиќ им испрати порака на фановите, уверувајќи ги дека ќе биде целосно подготвен за почетокот на сезоната. „По завршувањето на минатата сезона си ...
Притисокот врз претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, станува сѐ поголем. По скандалот со неуспешниот обид дел од турнирите на ФИФА да им бидат понудени на приватни инвеститори, неговата позиција е сериозно разнишана, а сѐ повеќе национални федерации ја повлекуваат поддршката. Најновиот удар доаѓа од Азија. Претседателот на Фудбалската федерација на Јордан, Принц Али бин Ал Хусеин, јавно го обвини Инфантино за уцена. Со тоа Јордан стана ...
Динамо Загреб направи огромен чекор кон пласман во плејофот од квалификациите за Лигата на шампионите, откако на домашен терен убедливо го совлада Кауно Жалгирис со 5-0. Тимот на Марио Ковачевиќ доминираше од првата до последната минута, а стрелци на головите беа Миха Зајц, Скот Мекена, Матео Лисица, Лука Стојковиќ и Лукас Качавенда. Реваншот ќе се одигра за една недела во Каунас, но по убедливата победа Динамо веќе е со една нога во ...
Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов и неговиот тим Левски обезбедија предност од 1-0 против Каират по првиот меч одигран на домашен терен, во квалификациите за Лигата на шампионите. Сержињо беше стрелец на голот за Левски во судиското продолжување од дуелот, а Серафимов беше стартер и го одигра првото полувреме од мечот. Српскиот првак Црвена ѕвезда загуби со 1-0 од Хапоел Бер Шева на натпреварот што се одигра на неутрален терен во ...
Новата сезона во шпанската Ла Лига носи значајни судиски реформи со кои се прошируваат овластувањата на ВАР-системот и се воведуваат построги мерки против губењето време. Видеотехнологијата отсега ќе може да реагира при погрешно доделен втор жолт картон, замена на идентитетот на санкциониран фудбалер, но и при очигледно погрешно досудени корнери доколку пропустот може брзо да се исправи пред повторното тргнување од центарот или изведувањето ...
Летниот преоден рок би можел да донесе уште еден спектакуларен трансфер меѓу два англиски фудбалски гиганти. Според британските медиуми, Манчестер сити подготвува понуда од околу 80 милиони евра за крилниот напаѓач на Челзи, Педро Нето. Португалскиот репрезентативец веќе неколку сезони важи за еден од најопасните офанзивци во Европа, а неговата брзина, техника и способност да создава вишок во нападот го направија едно од најбараните фудбалски ...
Пари Сен Жермен ќе мора да испрати значително подобра понуда доколку сака да го доведе Мика Годс од Ајакс. Според холандскиот „Телеграф“, првата понуда на европскиот шампион, вредна околу 45 милиони евра, експресно била одбиена од клубот од Амстердам. Холандскиот великан нема намера да преговара за сума помала од 60 милиони евра за 21-годишниот белгиски офанзивец. Во Ајакс сметаат дека ПСЖ располага со доволно финансиски средства, особено ако ...
Солунски Арис го донесе искусниот напаѓач Рафа Мир на едногодишна позајмица од Севиља. Произлегувајќи од академија на Валенсија, харизматичниот шпански напаѓач го имаше своето деби рано во првиот тим на Ллилјаците пред да биде трансфериран во англискиот Вулверхемптон во 2018 година. Следуваше играње во Лас Палмас, Хуеска и Нотингам форест. Неговите одлични настапи го привлекоа интересот на Севиља, која го купи во летото 2021 година. Со ...
Машката репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години, обезбеди пласман во Топ 16 на Европското првенство во Србија и ќе продолжи да се натпреварува за пласман од 9-то до 16-то место. Со овој успех, нашите кадети не само што го обезбедија опстанокот во елитната дивизија на европскиот ракомет, туку и изборија пласман и на следното младинско Европско првенство во 2028 година. Македонската репрезентација го освои второто место во ...
Среде скандалите околу „приватизацијата“ на Светското првенство, ФИФА сè уште нема план за учество или награден фонд за наредното Светско клупско првенство кое треба да се игра во 2029 година. ФИФА за малку го спасила минатогодишниот турнир благодарение на договорот од 1 милијарда долари со DAZN за телевизиските права. Во моментов, ФИФА сè уште не ја утврдила формулата за распределба на парите, дури ни не подготвила извештај во кој ќе се ...