Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Баерн Минхен се потруди да го победи Ливерпул во трката за потписот на Бредли Баркола, но според германски новинар, тоа е пореално да се случи следното лето, не ова. Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен не сака да потпише нов договор, а и клубот е подготвен да го продаде Баркола ова лето. Француските шампиони бараат 170 милиони евра. Фаворит за неговиот потпис е Ливерпул. Во Баерн го гледаат Баркола како потенцијална замена за Мајкл Олисе, ...
Доколку ги уплатите петте квоти на денот кои ги нуди Sport Life за денеска, ќе добиете вкупен коефициент од 44.75. Квота од 2.10 е првиот предлог и тоа за играта дека Хакен против Калмар ќе даде минимум два гола на средбата, од кои барем еден мора да биде во прво полувреме. За Фалкирк – Сент Мирен, предлогот е со квота 2.25 и потребно е во прво полувреме да паднат 1-3 гола, а 3+ гола на целиот меч. Популарната игра 1-3 гола во двете ...
Лучано Спалети сликовито објасни како го гледа на враќањето на Роберто Манчини како селектор на Италија. „Тоа е како да се обидувате да ажурирате телефон кој е застарен“, порача човекот кој ја презеде работата во Јувентус во октомври 2025 година, нешто помалку од четири месеци откако беше отпуштен од клупата на Италија. Аѕурите се мачеа и по неговото заминување, менувајќи ги Џенаро Гатузо и привремениот менаџер Силвио Балдини, за Манчини да ...
Египќанецот Хамза Абделкарим (18 години) беше ѕвезда на пријателскиот натпревар на Барселона против Бирмингем (2-2 во регуларниот дел, 3-2 за англискиот тим на пенали). Напаѓачот ги постигна двата гола за Барса, по еден од пенал и игра, правејќи одлично деби за Каталонците. Дебитираше и Карим Адејеми, но остана во сенка на Египќанецот. Додека потрагата по број 9 е сè уште во тек, и прашањето дали сонот на Хулијан Алварез може да се оствари ...
Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) се откажа од идејата за продажба на дел од правата за Светското првенство на приватни инвеститори. Претходно, европската УЕФА, Азиската фудбалска конфедерација и КОНКАКАФ (земјите од Северна и Средна Америка) се изјаснија против, а сите 55 европски национални асоцијации донесоа радикална одлука, гласаа за целосен бојкот на сите натпреварувања на ФИФА (вклучувајќи ги и Светските ...
Арсенал направил голем чекор кон еден од најспектакуларните трансфери во последните години, откако, според извори блиски до клубот, постигнал начелен договор за личните услови со Винисиус. Информацијата ја објавија два профили на социјалните мрежи кои важат за добро информирани кога станува збор за случувањата во лондонскиот клуб. Сепак, евентуалниот трансфер е далеку од реализација. Следниот чекор би бил преговори со Реал Мадрид, а се ...
Барселона и понатаму бара долгорочно решение во нападот по заминувањето на Роберт Левандовски, а шпанските медиуми тврдат дека тренерот Ханси Флик пронашол интересно име. Станува збор за младиот бразилски напаѓач Ендрик, кој е под договор со Реал Мадрид, но сè уште не успеа да се избори за поголема минутажа во дресот на „кралскиот“ клуб. Според шпанските медиуми, каталонците внимателно ја следат неговата ситуација и веруваат дека токму Ендрик ...
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, ги демантираше шпекулациите дека ќе се кандидира за претседател на ФИФА на изборите во 2027 година. Во последните денови неговото име се споменуваше како можен противкандидат на актуелниот прв човек на светскиот фудбал Џани Инфантино, но Ал-Келаифи преку својот портпарол јасно стави до знаење дека нема такви амбиции. „Господинот Ал-Келаифи нема никаква амбиција, намера или интерес да ја преземе ...
Еден од најтрофејните француски клубови, Бордо, успеа да избегне судска ликвидација во последен момент, откако досегашниот сопственик Жерар Лопез го продаде клубот на инвестицискиот фонд „Спарта Капитал“ за симболично едно евро. Со овој потег беше спречено згаснувањето на клубот, кој со месеци се соочуваше со сериозни финансиски проблеми. Наместо крај на повеќе од еден век традиција, Бордо доби нова можност за финансиска стабилизација и ...
Претседателот на КОНКАКАФ и потпретседател на ФИФА, Виктор Монталијани, планира да се кандидира против Џани Инфантино на изборите за претседател на Светската фудбалска федерација во 2027 година, објавија британските медиуми. Оваа информација доаѓа во период кога Инфантино се соочува со сериозен притисок поради неговиот предлог дел од комерцијалните права на Светското првенство да бидат понудени на приватни инвеститори. Иако Инфантино уште во ...
Во Реал Мадрид повеќе немаат намера да чекаат околу продолжувањето на договорот со Винисиус. Според шпанска „Марка“, „кралскиот“ клуб му поставил јасен ултиматум на бразилскиот ас – да ја прифати последната понуда или ќе биде продаден уште во овој преоден рок. Договорот на Винисиус истекува следното лето, а раководството на Реал не сака да ризикува тој да си замине без обесштетување. Од клубот му порачале на неговиот менаџерски тим дека ...
Светскиот фудбал се соочува со сериозна институционална криза, откако се појавија информации дека Шпанија и Португалија би можеле да се откажат од организацијата на Светското првенство во 2030 година. Според шпанскиот „Ел Еспањол“, двете земји се подготвени на ваков чекор доколку претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, не се откаже од контроверзниот план за вклучување приватен капитал во управувањето со комерцијалните права на Светските ...
Бразилскиот ветеран Каземиро и официјално е нов фудбалер на Интер Мајами, каде што ќе ги здружи силите со Лионел Меси, кого го нарече „бог на фудбалот“. 34-годишниот играч за врска пристигна во американскиот клуб како слободен агент по истекот на договорот со Манчестер јунајтед, а веќе дебитираше во победата од 1:0 против Монтреал. Иако имал понуди да остане во Европа, Каземиро откри дека Интер Мајами бил негов прв избор. По долгогодишните ...
Карло Анчелоти најави почеток на нова ера во бразилската репрезентација, откривајќи дека повеќе нема да смета на неколку од најискусните фудбалери во процесот на создавање тим за Копа Америка 2028. Италијанскиот стратег истакна дека генерацијата предводена од Нејмар го завршува својот циклус во националниот тим. Напаѓачот веќе се повлече од репрезентацијата, додека Каземиро и Данило засега не објавиле дали ќе продолжат да настапуваат за ...
Ливерпул започнал преговори со Милан околу можниот трансфер на Фикајо Томори. Засилување на централната одбрана е еден од главните приоритети на англискиот премиерлигаш во актуелниот преоден рок, особено по новата повреда на Џо Гомез и заминувањето на Ибрахима Конате. Дополнителен проблем за тренерот Андони Ираола претставува фактот што Џовани Леони и Жереми Жаке сè уште се рехабилитираат од повреди, па изборот на стопери е значително ...
Пари Сен Жермен продолжува со активностите на трансферниот пазар и направи нов чекор кон ангажман на голманот на Парма, Зион Сузуки. Според информациите, францускиот шампион е подготвен да ги исполни финансиските барања на италијанскиот клуб и на јапонскиот репрезентативец му понудил интересна опција за продолжување на кариерата. Претходно беше објавено дека Парма за 23-годишниот голман бара околу 30 милиони евра. ПСЖ сака да ја реализира ...
Крилниот офанзивен фудбалер на Челзи, Михајло Мудрик конечно може повторно да игра фудбал. Мудрик имаше суспензија откако беше позитивен на допинг контрола, но денеска стигна долгоочекуваната одлука за него, но и за англискиот клуб, а тоа е дека фудбалерот може да се врати на теренот. „Мудрик повеќе не е под суспензија и може веднаш да се врати на теренот“, стои во соопштението. Украинецот ќе отпатува за Хонг Конг во недела и ќе се приклучи ...
Ливерпул добро ги започна подготовките и победи на првите два контролни дуели кои ги играше во САД. На дуелот одигран на легендарниот стадион на бејзбол тимот Њујорк јенкис, Ливерпул минимално со 1:0 славеше над Врексам. По победата, дојде до жестока расправија меѓу соиграчите Доминик Собослаи и Куртис Џонс. Причина за кавгата беше моментот кога Собослаи го напушти теренот, а капитенската лента ја даде на Костас Цимикас. Овој потег на ...
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген ќе патува во Амстердам за да го финализира својот едногодишен трансфер на позајмица во Ајакс, објави денес „Мундо Депортиво“. Голманот го пропушти вчерашниот тренинг и ќе го напушти кампот на Каталонците за да ја комплетира позајмицата во Ајакс. Голманот треба да ги помине задолжителните медицински прегледи, а потоа ќе го стави потписот на верност кон холандскиот гигант во следните 12 месеци. ✈️ ...
Клубовите од Црна Гора се посрамотија летово во европските купови, на десет натпревари претрпеа десет порази. Ова е прв ваков поразителен случај во историјата на европскиот фудбал. По оваа историски лоша сезона на црногорските клубови, се огласија од Здружението „Фудбалска Црна Гора“, кое го пренесуваме во целост. „Честитки до претседателот на ФСЦГ и оние околу него, честитки до политичката елита во Црна Гора. Конечно успеавте да забиете ...
Англискиот премиерлигаш Челзи заработи парична казна од 10 милиони фунти, односно 11,7 милиони евраи воведена забрана за доведување на играчи во текот на два преодни рока поради кршење на финансиските правила во ерата на поранешниот сопственик Роман Абрамович. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ е под долга истрага, а санкциите доаѓаат откако беа обвинети за 74 прекршувања на правилата на Фудбалската асоцијација (ФА) во септември минатата година. ...
Поранешниот француски репрезентативец Бенџамин Менди го продаде трофејот освоен на Светското првенство во 2018 година. Менди беше дел од француската репрезентација која стана светски првак на турнирот во Русија. Сите фудбалери на Франција тогаш добија реплика од златниот трофеј, а сега Менди реши да го продаде. Почетната цена на трофејот која го одреди аукциската куќа „Голдин“ беше 50.000 евра. На крајот, вредниот трофеј беше продаден за ...
Шпанската фудбалска федерација (RFEF) започна истрага откако Атлетико Мадрид се пожали дека Барселона го малтретира Хулијан Алварес и врши притисок врз него да изнуди трансфер на „Камп ноу“. Доколку се докаже дека тие го контактирале напаѓачот според договор со Атлетико за да му понудат трансфер, како што тврди мадридскиот тим, Барселона ризикува драстични санкции за кршење на прописите на ФИФА и РФЕФ. Според член 93 од Дисциплинскиот ...
ФИФА сака да го „продаде“ Светското првенство на инвеститори, богати бизнисмени и многу други поврзани со американскиот претседател Доналд Трамп, што предизвика „бура“ во фудбалот. УЕФА, КОНКАКАФ и АФЦ се побунија, се спротивставија за да го заштитат фудбалот, недозволувајќи Светското првенство да заврши во рацете на приватни инвеститори. Протечените документи откриваат дека ФИФА ќе донесе одлука во август за проширување на Светското ...
Паоло Малдини со многу емоции се прости од Франко Барези. И Малдини и Барези ќе се памтат како легендарни капитени на Росонерите кои целата кариера ја поминаа во Црвено-црниот дрес. Кога Малдини ја почнуваше кариерата, Барези беше столбот во одбраната на Милан, а потоа двајцата беа одличен тандем од дефанзивата. „Денес се чувствувам исто како и секој пат кога не можеше да бидеш на теренот со нас од која било причина: што ќе правиме без нашиот ...
Арсенал најверојатно доби една голема битка, а тоа е да го добие потписот на бразилскиот репрезентативец Бруно Гимараиш. Топчиите неколку пати даваа понуди до Њукасл , а последната од 90 милиони евра ќе биде прифатена, пишуваат повеќе медиуми. Искусниот 28-годишниот Бразилец веќе ги договорил личните услови со Арсенал и е подготвен да потпише долгорочен договор до 2031 година. Во Арсенал сметаат дека ангажманот на Бруно Гимараиш би бил клучен ...
МЗТ Скопје продолжува да го комплетира ростерот за новата сезона, а најново засилување на актуелниот македонски шампион е американскиот крилен кошаркар Лесли Ворнер. Дваесет и осумгодишниот кошаркар, висок 201 сантиметар, денеска и официјално стави потпис на договор со „сино-белите“ и ќе биде дел од тимот на тренерот Васко Атанасов во сезоната 2026/27. Ворнер зад себе има богато европско искуство. По четирите години минати на Универзитетот ...
Пари Сен Жермен конечно постигна договор со Монако за трансферот на младиот офанзивец Магнес Аклиуш, кој наскоро треба да стане ново засилување на европскиот шампион. Според информациите од француските медиуми, преговорите меѓу двата клуба траеле неколку недели, а Монако конечно ја прифатил петтата понуда на ПСЖ. Актуелниот европски првак ќе плати 50 милиони евра за 22-годишниот крилен напаѓач, што е за пет милиони повеќе од претходната ...
Марјан Илиевски е именуван за нов шеф на стручниот штаб на кошаркарскиот вицешампион Маџари, соопштија денеска од клубот кој зад себе има дебитантска сезона од соништата. За искусниот стратег ова значи враќање на тренерската клупа по пауза од крајот на 2023 година, кога се повлече од кормилото на Пелистер и ја продолжи работата исклучиво како спортски директор. Изминатово лето Илиевски седеше и на селекторската функција во репрезентацијата ...
Ули Хенес жестоко ја отфрли можноста Баерн Минхен да продаде некој од своето напаѓачко трио Мајкл Олисе, Хари Кејн и Луис Дијас. Членот на надзорниот одбор и поранешен прв човек на баварскиот гигант порача дека клубот нема никаква причина да се откажува од играчи кои се сметаат за клучни за иднината на тимот. „Продолжување на договорот со Кејн? Не разговарав директно со Хари за тоа, но слушнав дека е многу среќен во Минхен. Ние сме ...