Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Љупчо Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана. Македонскиот репрезентативец одигра натпревар за паметење и со хет-трик го предводеше својот тим до победа од 1-3 на гостувањето кај Машал во узбекистанската Суперлига. Фантастичната партија ја најави уште во петтата минута, кога го отвори резултатот. На почетокот од второто полувреме Дориев повторно се запиша меѓу стрелците, реализирајќи пенал за водство од 0-2. Во 60. минута го ...
Југослав Тренчовски имаше победничко деби на клупата на Олимпија, откако тимот од Љубљана со гол во судиското продолжение го совлада Алуминиј со 1-0. Домашниот состав беше подобар ривал во текот на целиот натпревар и создаде повеќе шанси, а заслужената награда пристигна во 93-тата минута. Урбанчиќ се најде на вистинското место и го постигна победничкиот гол, носејќи голема радост за домашните навивачи. Со триумфот, македонскиот стратег ...
Џек Грилиш не е во плановите на Енцо Мареска во Манчестер сити, а по периодот поминат на позајмица во Евертон, англискиот фудбалер ќе мора да пронајде нов клуб. Иако звучи изненадувачки, дел од медиумите го поврзаа 30-годишниот офанзивец со Атлетико Мадрид. Според некои извори, кои сепак не се меѓу најпроверените, Грилиш се наоѓа на листата на желби на Диего Симеоне како можна алтернатива за Адемола Лукман. Грилиш прво беше отпишан од Пеп ...
Eвропската авантура на Вардар и на Силекс заврши уште во квалификациската фаза, меѓутоа македонскиот шампион и актуелниот освојувач на Купот ќе добијат значителна финансиска награда од УЕФА. Се разбира, Вардар речиси тројно повеќе од Силекс, затоа што ја освои и титулата лани. Вкупно 75 клубови од 35 земји ќе поделат повеќе од 40 милиони евра како дел од солидарните исплати за екипите кои не успеале да стигнат до групната фаза на европските ...
Македонскиот дефанзивец Марио Младеновски беше еден од најзаслужните за големата победа на Вараждин над Хајдук од 2-1 во првото коло од новата сезона во Хрватска. По мирното прво полувреме, вистинската драма се случуваше во вториот дел. Младеновски влезе во игра на стартот од второто полувреме, а само осум минути подоцна се запиша во листата на стрелците. Македонскиот стопер одлично реагираше и со удар со глава му донесе водство на Вараждин ...
АЗ Алкмар го освои холандскиот Суперкуп, откако во вечерашниот натпревар убедливо го совлада ПСВ Ајндховен со 4-0. Актуелниот шампион на Холандија, ПСВ, ја имаше фаворитската улога пред почетокот на дуелот, но клучниот момент се случи уште во деветтата минута. Ферман заработи директен црвен картон поради опасен старт со отворен ѓон, при што го удри противничкиот фудбалер во лицето. АЗ Алкмар максимално ја искористи бројната предност на ...
Јувентус и официјално го комплетираше трансферот на Рандал Коло Муани, откако го откупи неговиот договор од Пари Сен Жермен. Францускиот напаѓач во првата половина од 2025 година настапуваше за Старата дама како позајмен фудбалер, а сега и дефинитивно останува во Торино. Според информациите, Јувентус ќе му исплати на Пари Сен Жермен 38 милиони евра како фиксна отштета, а договорот предвидува и дополнителни 12 милиони евра преку бонуси. Во ...
Хибернијан, следниот противник на Шкендија во третото квалификациско коло од Конференциската лига, со пораз ја отвори новата сезона во шкотската Премиер лига. Екипата од Единбург загуби на домашен терен од Мадервил со 2-1, само неколку дена пред првиот европски дуел против македонскиот вицешампион. Гостите ја презедоа предноста во првото полувреме и на пауза заминаа со минимално водство од 0-1. Хибернијан успеа да израмни во 55-тата минута ...
Поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер, ја критикуваше идејата на својот наследник Џани Инфантино дел од комерцијалните права на Светското првенство да им ги препушти на приватни инвеститори, порачувајќи дека „ФИФА не е приватен инвестициски фонд“. „ФИФА е организација која има статут, правила и одговорност да го штити светскиот фудбал. Ако ги продадете највредните богатства на светскиот фудбал на ...
Ромелу Лукаку би можел да го напушти Наполи уште ова лето, а најсериозен интерес за искусниот белгиски напаѓач покажува американскиот клуб Атланта јунајтед, пренесуваат италијанските медиуми. Белгиецот влезе во последната година од договорот со актуелниот шампион на Италија, откако во летото 2024 година пристигна од Челзи. Лукаку беше еден од клучните играчи во шампионската сезона 2024/25, но во изминатата кампања честите повреди го ...
Кевин де Бројне би можел повторно да биде во фокусот на вниманието, иако неодамна направи голем чекор и после цела деценија во Манчестер сити потпиша за Наполи. Белгискиот маестро се најде на радарот на Галатасарај, кој според информациите веќе подготвува конкретна понуда за да се обиде да го донесе еден од најдобрите играчи за врска во последната деценија. Турскиот шампион планира во наредниот период да ги засили контактите и да започне ...
Босанскиот репрезентативец Керим Алајбеговиќ денеска и официјално потпиша договор со Јувентус. Сагата околу трансферот на 18-годишниот Алајбеговиќ конечно доби епилог, откако талентираниот фудбалер стави потпис на договорот со Старата дама. View this post on Instagram A post shared by Juventus (@juventus) Јувентус преку официјално соопштение потврди дека Алајбеговиќ е нов член на клубот. „Јувентус објавува дека постигна договор со Баер ...
Кристијан Ериксен повторно беше покрај својот тим Волфсбург, откако по здравствениот проблем кој го оддалечи од фудбалот се врати во клубот и од трибините, односно непосредно покрај теренот го следеше натпреварот на своите соиграчи против Телстар. Искусниот дански играч за врска неодамна ја загрижи фудбалската јавност откако колабираше за време на репрезентативниот натпревар на Данска против Украина. Средбата тогаш беше прекината, а Ериксен ...
Реал Мадрид вчера одигра пријателски натпревар против Фиорентина, кој заврши без победник (2-2), а Жозе Мурињо не го криеше незадоволството од прикажаното на теренот. Португалскиот стратег веднаш по последниот свиреж го напушти теренот и не се поздрави ниту со играчите на Реал Мадрид, ниту со фудбалерите на Фиорентина. Очигледно, Мурињо не бил задоволен ниту од играта на дел од своите фудбалери, ниту од нивниот пристап на тренинзите. Сепак, ...
Сите билети за дебитантскиот натпревар на француската репрезентација под водство на новиот селектор Зинедин Зидан беа распродадени во рок од 24 часа. Билетите беа пуштени во продажба попладнето на 31-ви јули, а од вчера веќе нема, сите се продадени. Првиот домашен меч на Франција ќе биде против Италија во Лигата на нации, на 2-ти октомври на најголемиот стадион во земјата, „Стад де Франс“, кој има капацитет од 80.000 гледачи. Зидан ја ...
Англискиот фудбалер Џејдон Санчо има драматичен пад во кариерата, кој покажува дека фудбалот може да биде суров. Иако има 26 години и не е под договор, засега никој не сака да го ангажира Санчо, дури ни како слободен агент. Во моментов Санчо тренира индивидуално на теренот на Фликстон, локален аматерски клуб кој се натпреварува во десеттата лига по ранг во Англија и чиј помошник тренер е братот на Рајан Гигс. А, пред само пет години, ...
Реал Мадрид ќе го продаде младиот напаѓач Гонзало Гарсија во Фулам, се чека само официјализација, и со тоа дресот со бројот 16 кој го носеше Гонзало ќе биде слободен. Во Кралскиот клуб точно знаат на кој играч ќе му го дадат овој број. Станува збор за Родри кој ја носи 16-ката и во Манчестер сити и во шпанската репрезентација. Во Реал не брзаат, чекаат Родри да се рехабилитира од операцијата на грбот, а и Сити прво да купи друг плејмејкер, ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, својата годишна плата ќе ја зголемеше над шест пати и ќе заработуваше по 30 милиони долари доколку проектот за продажба на дел од комерцијалните права беше завршен, објави „Тајмс“. Според изворот, Инфантино моментално заработува приближно 4,1 милиони евра годишно. Инфантино по притисокот одлучи да се откаже од плановите за продажба на удел во комерцијалните права на Светското првенство на приватни лица. ...
На Светското првенство за ракометарки до 18 години во Романија, учествува и селекцијата на Фиџи која урна негативни рекорди кои тешко ќе бидат надминати. Од Фиџи се среќни што прв пат учествуваат на ваков голем настан и секоја чест за успехот, но преслаби беа за противничките во нивната група. Прво загубија од Франција со 2-55, па од Хрватска со 4-67, за да вчера против Египет постигнат „дури“ 17 голови, но примија неверојатни 83. Овие 83 ...
Директорот на Баерн Минхен, Макс Еберл, објави дека за клубот овој преоден рок е затворен и нема да има повеќе потпишувања. „Ги завршивме трансферите на Браун и Саибари многу брзо, мислев дека е јасно дека сме завршиле со новите играчи. Морав да се насмевнам за имињата што беа поврзани со нас…Завршивме“, рече Еберл. Нови играчи на Баерн Минхен се Мароканецот Исмаел Саибари (дојде од ПСВ Ајндховен), кој закрепнува од повредата здобиена на СП ...
Еден 22-годишен индиски велосипедист се вика Дејвид Бекам Елкатохчунго и го покани легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам да ги посети неговите родни Андамански и Никобарски Острови. Спортистот е крстен Дејвид Бекам од својот татко, кој бил голем навивач на Манчестер јунајтед и се восхитувал на играта на Бекам. Во 2004 година, таткото на велосипедистот загинал во цунамито во Индискиот Океан. „Никогаш не сум го запознал Сер Дејвид Бекам, ...
Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон проговори за неуспехот да се назначи Андреа Пирло за селектор на италијанската репрезентација. Пирло не доби доверба да ја води репрезентацијата поради договор со руска обложувалница. „Драго ми е што Пирло го избегна ова назначување, бидејќи притисокот врз него не беше најпријатен. Дискусијата за неговите врски со Русија беше политички, несмасен и неуспешен обид да се направи непожелен“, рече ...
Англискиот клуб Арсенал ќе понуди 135 милиони евра за бразилскиот крилен напаѓач на шпанскиот Реал Мадрид, Винисиус. Според шпекулациите, трансферната сума би можела да се зголеми на 145 милиони евра со бонуси. Самиот Винисиус е заинтересиран да ја продолжи кариерата во Арсенал, но неговите агенти уште немале контакт со Топчиите, а договорот со Реал му истекува во летото 2027 година. Бразилецот денеска се враќа од одмор и се очекува утре да ...
Американецот со македонско потекло, Милан Илоски, го постигна својот осми гол на последни шест натпревари во МЛС лигата. Рано утрово Илоски даде атрактивен гол со пета, најавувајќи го лудиот пресврт на Филаделфија против Атланта. Milan Iloski pulls one back and it’s game on in Philly 👊 pic.twitter.com/BS6yV3xjxl — Major League Soccer (@MLS) August 2, 2026 Илоски погоди за 1-2, а Филаделфија после 90-та минута постигна уште два гола и на ...
1245 Хибернијан – Мадервел (17.30 часот) За двата тима ова е прв меч во шкотското првенство сезонава, но тие се во натпреварувачки ритам, играа мечеви од европските купови. Во минатата сезона, Мадервел беше четврти, Хибернијан петти. Хиберијан за четири дена игра дома против Шкендија во квалификациите за Конференциската лига и ова им е генерална проба. Истото важи и за Мадервел кој в четврток гостува кај ХЈК во Финска. Мадервел победи во ...
Откако синоќа го победи Торенсе со 1-0 во португалскиот Суперкуп, Порто стана најтрофејниот клуб во својата земја. Освоениот трофеј е 88-ми во колекцијата на Змејовите, што е за еден повеќе од ривалот Бенфика. Португалски тимови со најмногу освоени трофеи 88 – Порто 87 – Бенфика 57 – Спортинг Порто 31 пат бил првак на Португалија, а по двапати бил и европски шампион (Лига на шампиони и Куп на европски шампиони) и освојувач на Лига ...
Џокерите со кои може да си ја подобрите потенцијалната добивка на илинденските тикети уплатени во Sport Life, ги има дури 80 на број, по пет опции за 16 одбрани фудбалски натпревари од многу европски лиги. Зголемените квоти за победи на фаворитите се движат од 1.63 до 2.19. Но, тука се и бројни опции за обложување на игри во кои се вклучени голови. Џокерите со кои може да си ја подобрите потенцијалната добивка на илинденските тикети ...
Фудбалерката на мароканскиот клуб Магреб, 20-годишната Фатен Бен Амар Ел Азиз, починала додека се обидувала да доплива до Сеута, Шпанија. Фатен е една од 67-те жртви за кои шпанските власти велат дека се резултат на кризата што принуди околу 60.000 луѓе да ја преминат границата меѓу Мароко и озлогласената енклава Сеута која е шпанска територија. „Таа не бараше слава или авантура, туку подобар живот и иднина за која веруваше дека ја чека од ...
Вкупна квота од 46.57 се нуди во денешните пет квоти на денот во Sport Life. Првиот предлог е со квота од 2.30 и тоа за победа на Митјиланд над Хорсенс со додаток во второто полувреме да има повеќе голови отколку во првото. Квота од 2.30 има и за АИК – Оргрите, а за добвма треба домашните да постигнат два или повеќе голови, а и гостите д аа дадат барем еден. Ако верувате дека Лугано нема да загуби од Грасхоперс и притоа дека ќе има 2-4 гола, ...
Главниот тренер на Интер Мајами, Гилермо Хојос, го пофали својот тим и покрај тоа што не успеа да победи против Колумбус Кру. Тој особено ги пофали Аргентинците Лионел Меси и Родриго Де Пол. Меси влезе во игра во 53-тата минута, додека Де Пол го одигра целиот натпревар. И двајцата имаа први настапи по финалето на Светското првенство во 2026 година против Шпанија кое се одигра на 18-ти јули. „Сакам јавно да им се заблагодарам на Лео и Де Пол ...