Екипата на Лидс јунајтед и офцијално го доведе голманот Џејмс Трафорд од Манчестер сити, поставувајќи нов клупски рекорд по висината на трансферот. Трафорд пристигна на „Еланд роуд“ за трансфер вреден 40 милиони фунти, вклучувајќи ги и дополнителните бонуси. Оваа сума го надминува досегашниот клупски рекорд кој го држеше Жоржињо Рутер, кој во јануари 2023 година за сума од 35,5 милиони фунти пристигна од тимот на Хофенхајм. Голманот Трафорд ...

2801 Сондерјиске – Виборг (19 часот) Сондерјиске е веројатно најслабиот тим во новата сезона од данскиот шампионат и тоа Виборг треба да го искористи. Типуваме на победа на гостите. Предлог тип: 2 (1.90) 1655 Камбур – Екселсиор (20 часот) Тешко е тука да се прогнозира победникот, па ќе одиме на голови. Наш тип е дека ќе има од еден до три гола во двете полувремиња. Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.88) 1811 Бохум – Херта (20.30 часот) ...

Светскиот клупски шампион Челзи продолжува да се засилува пред новата сезона, откако го договори трансферот на Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано. Левиот бек ќе потпише долгорочен договор со Сините, додека Челзи за неговите услуги ќе му исплати на шпанскиот клуб 19 милиони евра, плус дополнителни два милиони евра преку бонуси. Двата клуба наскоро треба да ја финализираат документацијата, по што Чаварија и официјално ќе биде претставен како ново ...

Денешните Квоти на денот би направиле навистина одличен тикет. Петте предлози заедно сочинуваат коефициент 40,63. Во Данска, Сондерјиске го пречекува Виборг и квотата на денот е 1.95 ако гостите постигнат еден или два гола во првото полувреме. Алтах се среќава со Тирол, а квотата на денот е 2.20 ако во првиот дел има најмногу еден гол, додека во второто полувреме бидат постигна еден до два гола. Бохум игра против Херта и ако двете екипи ...

Извршниот комитет на Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) едногласно ја потврди својата поддршка за претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, заземајќи став спротивен на своите колеги од Европа, Северна Америка и Азија. Во истиот ден кога УЕФА соопшти дека ќе ги бојкотира идните светски првенства на сите нивоа сè додека Инфантино е на чело на ФИФА, највисокото раководно тело на ЦАФ застана зад неговата кандидатура за нов мандат на ...

Фудбалот ја има доминацијата, но разновидност во денешниот Супер тип носи и тенисот. Се разбира, целата понуда е со максимално зголемени квоти. Дуелот меѓу Јокохама и Кашима ја отвора понудата, а потоа возбудувањата продолжуваат од 18 часот, со фудбалски и со тениски мечеви. Зголемени се квотите на Кашима, Осака, Виборг, Сандефјорд, Остерсунд, Алтах, НАЦ Бреда, Дордрехт, Хуркач, Андреева, Висла Краков, Дери сити, Галвеј, Мидлзборо, Шамрок. ...

Манчестер сити забрзано работи на реконструкцијата на средниот ред, откако стана јасно дека Родри кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Заминувањето на еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во светот претставува голем удар за Граѓаните, поради што потрагата по соодветна замена веќе е во полн ек. Според информациите од Англија, менаџерот на Манчестер сити, Енцо Мареска, веќе има јасна желба. На врвот на неговата листа се наоѓа ...

Агентот на шпанскиот репрезентативец Родри, Пабло Баркеро, призна дека неговиот клиент избрал да му се приклучи на Барселона и ја одбил понудата на Реал Мадрид. Играчот од средниот ред ги договорил личните услови со каталонскиот клуб, а сега претставниците ќе преговараат со Манчестер Сити за да го финализираат трансферот. Се очекува трансферот да изнесува околу 50 милиони евра. Родри веќе одбил да потпише нов договор со Граѓаните. Неговиот ...

Шкендија беше поразена со 2-1 од шкотскиот Хиберниан во првиот натпревар од третото квалификациско коло на УЕФА Конференциската лига, одигран во Единбург. Тетовци се најдоа во негатива по голот на Лоу во 74-тата минута. Одговорот следуваше веднаш, кога Марко Ѓорѓиевски израмни на 1-1 во 76-та минута по одличната асистенција на Зејнулаи. Сепак, домаќините со многу среќа стигнаа до победата, откако О’Хора погоди во 90-та минута. И покрај ...

Ред Бул Салзбург минимално со 1:0 го победи Пафос во првиот меч од третото претколо во Лига на Европа. Дуелот се започна во 19 часот, а заврши речиси четири часа подоцна. Причина за ова неочекувано одложување беа лошите временски услови. Пред почетокот на средбата започна обилен дожд кој брзо го направи теренот да изгледа како базен полн со вода. По само 15-тина минути игра судијата го прекина дуелот, а потоа се чекаше речиси два часа за да ...

Екипата на Шкендија загуби на гостувањето во Шкотска од Хибернијан со 2:1 во првиот меч од третото квалификациско коло за пласман во Конференциската лига. Малку фалеше Шкендија да остане непоразена на ова тешко гостување, но прими гол во 90 минута. Во првото полувреме немаше погодоци, иако Хибернијан беше тимот кој имаше теренска иницијатива и создаде повеќе шанси за погодок. Во второто полувреме беше многу повозбудливо па беа постигнати три ...

Уште две недели останаа до почетокот на 125-тата сезона на италијанската Серија А, а многу веројатно е дека на легендарниот стадион „Олимпико“ во Рим ќе има неверојатна ситуација. Навивачите на Лацио се цврсто решени во намерата целосно да ги бојкотираат натпреварите на првиот тим, па затоа е сосема сигурно дека избраниците на новиот тренер Џенаро Гатузо ќе бидат проследени од само неколку илјади луѓе на римскиот „Олимпик“, со непријатниот ...

Летниот преоден рок е во полн ек, а англискиот премиерлигаш се фокусираше на доведување на еден фудбалер на Реал Мадрид. Според најновите шпекулации, Црвените од „Енфилд роуд“ ќе се обидат во своите редови да го доведат Раул Асенсио. Најавите се дека стоперот нема некоја светла иднина во Реал Мадрид, па затоа и овој трансфер би било реалност да се реализира ова лето. Сепак, за евентуалниот трансфер се прашува и самиот играч, а Асенсио ...

Единствениот македонски преставник во Европа, тетовска Шкендија има 0:0 по првото полувреме на дуелот кој го игра во Шкотска против тимот на Хибернијан во рамките од третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Хибернијан е тимот кој ја има фаворитската улога и по првите 45 минути имаше теренска иницијатива. Домаќините имаа повеќе од 60 отсто посед на топка, упатија осум шута кон голот на Шкендија, но само еден беше во рамките ...

Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен го засили нападот доведувајќи го францускиот репрезентативец Мањеш Аклиус, кој дојде од редовите на Монако. Од таборот на ПСЖ не ги открија финансиските детали за трансферот, но францускиот весник „Л’Екип“ објави дека Монако добил 50 милиони евра оштета за 24-годишниот крилен напаѓач, кој потпиша петгодишен договор со парискиот клуб. Аклиус беше еден од најдобрите играчи во француската Лига 1 ...

Младиот српски фудбалер Михајло Цветковиќ постигна гол по само 16 секунди од почетокот на дуелот меѓу ПАОК и Андерлехт во Солун. Во рамките од третото квалификациско коло во Лига на Европа, навивачите на ПАОК доживеаа „студен туш“ и тоа по само 16 секунди од почетокот на средбата. PAOK Thessaloniki 0-1 Anderlecht ⚽️ Goal: Mihajlo Cvetkovic (1′) pic.twitter.com/sEwsrKZ7S4 — Flash Goalz (@FlashGoalz) August 6, 2026 Младиот Цветковиќ минатото ...

Првиот меч од третото квалификациско коло во Лига на Европа меѓу Салцбург и Пафос беше прекинат по само 15-тина минути игра. Причина поради која дуелот се прекина е големото невреме и силниот дожд кој го зафати тој дел од австрискиот град. Уште пред да почне средбата условите беа катастрофални, но одлуката беше средбата да почне. Сепак, уште во првите неколку минути на дел од теренот се создаде толку многу вода што едноставно беше невозможно ...

Винисиус јуниор и Реал Мадрид конечно постигнаа договор за продолжување на соработката. Од шпанскиот гигант на социјалните мрежи потврдија дека бразилскиот репрезентативец ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2032 година. Со ова се стави крај на сите шпекулации дека напаѓачот може да си замине од Реал, а посебно интензивно се споменуваше дека Арсенал сака да ја „украде“ ѕвездата на Кралевите. ViniJr. 2️⃣0️⃣3️⃣2️⃣@ViniJr ...

Заминување на Мохамед Салах од Ливерпул во Трабзонспор не е најголем, но сигурно е најшокантен трансфер ова лето во Европа. Многумина беа зачудени зошто Салах се реши од еден европски гигант да замине во турски прволигаш кој не е ни во Топ 3 според реномето. Да заминеше Салах во Галатасарај, Фенербахче или Бешикташ можеби ќе беше поочекувано, но Трабзонспор е изборот на Египѓанецот. Дури 25.000 навивачи го пречекаа Салах во Трабзон и сега со ...

И покрај информациите дека Винисиус постигнал договор со Реал Мадрид за продолжување на соработката, Арсенал не се откажува од намерата да го ангажира бразилскиот репрезентативец. Шпанските и англиските медиуми пренесуваат дека лондонскиот клуб испратил подобрена понуда, во која покрај финансиските услови, на Винисиус му нуди и поповолни услови во делот на маркетиншките и комерцијалните права. Според истите извори, Арсенал е подготвен да му ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, лично стапил во контакт со шпанскиот репрезентативец Родри во обид да го убеди да се пресели на „Камп ноу“, пренесува каталонскиот „Спорт“. Според новинарот Карлос Монфорт, германскиот стратег телефонски разговарал со актуелниот светски шампион со Шпанија и му го претставил проектот на Барселона, по што играчот станал поотворен за можноста да го облече дресот на каталонскиот клуб. Во прилог на Барселона оди ...

Поранешниот селектор на Хрватска, Златко Далиќ, е пред нов предизвик во кариерата и, според информациите на хрватските медиуми, ќе ја преземе репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. Далиќ добро го познава фудбалот во оваа земја бидејќи претходно успешно го водеше Ал-Аин, а сега треба да ја преземе најодговорната функција во тамошниот репрезентативен фудбал. Според хрватските медиуми, Далиќ ќе заработува околу пет милиони евра ...

Поранешниот селектор на Франција, Дидие Дешан, во моментов не е блиску до преземање на саудискиот Ал-Ахли, иако меѓу двете страни имало контакти. По заминувањето од француската репрезентација по Светското првенство, името на 57-годишниот стратег се поврзуваше со неколку клубови, меѓу кои и Ал-Ахли. Сепак, според последните информации, разговорите не резултирале со договор и во моментов не се очекува Дешан да седне на клупата на саудискиот ...

Барселона паралелно работи на засилувања и на продажба на играчи, а според шпанските медиуми, најблиску до заминување е Феран Торес, кој кариерата би можел да ја продолжи во редовите на европскиот првак ПСЖ. Според каталонскиот „Спорт“, шпанскиот репрезентативец веќе ја прифатил понудата од Светците за повеќегодишен договор и им дал зелено светло на своите агенти да ги финализираат преговорите. Наводно, тренерот Луис Енрике му гарантирал ...

Фудбалската асоцијација на Аргентина (АФА) донесе одлука 15 јули официјално да биде прогласен за „Ден на националните репрезентации“ во чест на победата над Англија во полуфиналето на Светското првенство 2026. Одлуката е усвоена едногласно на седница на Извршниот одбор на АФА, а датумот ќе остане како потсетник на триумфот со 2:1 во Атланта, со кој Аргентина избори место во финалето на Мундијалот. Од АФА соопштија дека датумот е избран за ...

Реал Мадрид официјално го потврди ангажманот на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Јан Диоманде, кој пристигнува од Лајпциг. Младиот офанзивец потпиша седумгодишен договор со „кралскиот клуб“, кој ќе важи до 30 јуни 2033 година. Според шпанските медиуми, вкупната вредност на трансферот може да достигне 140 милиони евра. Реал веднаш ќе исплати 125 милиони евра фиксна отштета, додека дополнителни 15 милиони се предвидени преку ...

Tрансферот на Јан Диоманде во Реал Мадрид сè уште не е официјално финализиран, во Лајпциг веќе се однесуваат како зделката да е завршена. Германскиот клуб веќе започна со реконструкција на тимот. Првото големо засилување треба да биде косовскиот репрезентативец Фисник Аслани. Напаѓачот на Хофенхајм е пред потпис со Лајпциг во трансфер вреден околу 30 милиони евра, а според германските медиуми, лекарските прегледи веќе се закажани. Аслани е ...

Шкендија вечерва ја продолжува европската авантура со едно од најтешките гостувања ова лето. Тетовскиот тим од 21 часот ќе му гостува на Хибернијан на стадионот „Истер Роуд“ во Единбург, во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на конференции. Македонскиот вицешампион досега остави одличен впечаток на европската сцена. По елиминацијата на Европа од Гибралтар, Шкендија во две неизвесни средби го надмудри и словенечкиот ...

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија ја забележа и третата победа по ред на Европското првенство во Србија. Нашите ракометари беа подобри од Фарските Острови со 34-32 и во следната рунда ќе разигруваат против Португалија за пласман од деветтото до 12-тото место. Она што е уште поважно, со оваа победа Македонија си го обезбеди учеството и на Светското првенство следната година. На кадетите им беше потребен пласман најмалку на ...

Брегалница продолжува да го засилува тимот пред стартот на новата сезона, а најново име во редовите на штипскиот прволигаш е Матеј Ангелов, кој се враќа во клубот каде што ги направи своите први фудбалски чекори. Ангелов е производ на младинската школа на Брегалница, а во изминатиот период стекна драгоцено искуство настапувајќи во Првата македонска фудбалска лига со Работнички, како и во украинскиот шампионат во дресот на Черкаси. Воедно беше ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07