Во натпревар со шест голови, АП Брера и Силекс одиграа попладнево нерешено 3-3 во рамки на 12 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Стрелци за домашниот тим беа Михаилов (44 минута), Луковиќ (62) и Стојанов (69), додека головите за гостинскиот тим од Кратово ги постигнаа Мирчевски (19, пенал), Донов (49), Мигуел Пирес (50). Силекс остана на четвртото место на табелата со 22 босови, додека АП Брера е шестопласирана со 16 бодови. ...

Италијанските фудбалски прволигаши Интер и Милан официјално станаа косопственици на стадионот „Сан Сиро“, кој досега беше во рацете на градот Милано, што е клучен чекор во плановите на градските ривали за изградба на нов стадион. -Милан и Интер Милан објавуваат дека денеска потпишаа договор за купопродажба со градот Милано за стекнување сопственост на урбаната област Сан Сиро, која го вклучува стадионот Меаца и околното земјиште, објавија ...

Тинејџерот во редовите на лондонски Арсенал, Макс Даумен, испиша историја во Лигата на шампиони, станувајќи најмладиот фудбалер кој настапил во елитното европско клупско натпреварување. Петнаесетгодишниот Даумен влезе на теренот на вчерашниот натпревар против Славија Прага во 72 минута, со што младиот талент стана најмладиот фудбалер во историјата на Лигата на шампиони. Со 15 години и 308 дена, Даумен ги надмина претходните рекордери, Јусуф ...

Фудбалскиот клуб Џенова ќе го назначи Даниеле Де Роси за нов тренер, објавија денес италијанските медиуми. „Фудбал Италија“, објави дека Де Роси ќе потпише договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката доколку тимот избори опстанок во Серија А. Де Роси ќе го предводи тимот во претстојниот првенствен натпревар против Фиорентина во недела. Управата на Џенова не сакаше да го одложи назначувањето на новиот тренер, туку ...

По првиот ден од натпреварите од четвртото коло на фудбалската Лига на шампиони, само Баерн и Арсенал имаат максимален учинок, а од другите учесници во реформираното натпреварување, само Интер може да ги следи. Најпривлечниот натпревар вечерва ќе се одигра во Манчестер. Тимот на Пеп Гвардиола за противник ја има Борусија Дортмунд. Во првите три рунди двата тима имаа по две победи и едно реми. „Колку е важна оваа серија од два домашни ...

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе, е добитник на престижната награда „Златно момче“ за најдобар млад играч во 2025 година. Дуе ја наследи традиционалната награда што ја доделува италијанскиот спортски весник од Торино „Тутоспорт“ од Ламин Јамал од Барселона, кој ја освои минатата година. Наградата „Златно момче“ се доделува на најдобриот млад играч под 21 година. Во текот на 2025 година, Дуе ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, ...

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети е задоволен од играта на неговиот тим на натпреварот со Спортинг. Јувентус вчеравечер ремизира 1:1 со португалскиот тим во меч од четвртото коло од Лигата на шампионите. -Задоволен сум од играта на тимот. Покажавме дека имаме карактер, а момците покажаа желба да го добијат натпреварот. Ако продолжиме да играме вака, ќе победиме на многу натпревари. Играњето против Спортинг не е лесно. Тие имаат брзи и ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, има намера да го напушти клубот на крајот од сезоната 2025/26, објави шпанскиот портал „ABC“ (abc.es). Шеесетгодишниот Германец го информирал својот тренерски штаб дека сака да си замине поради замор, ставот на некои играчи и недостаток на поддршка од раководството. Флик е во Барселона од летото 2024 година. Под негово водство, „блауграна“ одигра 74 натпревари: 54 победи, осум нерешени и 12 порази. Оваа ...

Шкотскиот великан, фудбалскиот клуб Селтик сè уште нема менаџер. Тој го има в.д. менаџерот Мартин О’Нил, но раководството на шкотскиот шампион не може да најде постојан тренер, бидејќи досега тројца стручњаци ја одбиле нивната понуда. Се очекуваше дека Ангелос Постекоглу ќе се врати на клупата откако беше отпуштен од Нотингем Форест, но Австралијанецот го одби поранешниот клуб со оправдување дека сакаат да одмори до крајот на сезоната. ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (прв носител) успеа да се пласира во четвртфиналето на АТП 250 турнирот во Атина. Тој направи подвиг откако дури во третиот меѓусебен меч го совлада Чилеанецот Алехандер Табило со 2:0 во сетови. Првиот Ѓоковиќ го доби по голема борба и тајбрејк со 7:3 на поени, а во вториот сет беше убедливи сетот го заврши со 6:1 во сетови. Во следната рунда ќе игра со победникот од мечот меѓу Нуно Боржес и Елиот Спицири. Фото: ...

Возачот на Хендрик Моторспортс, Кајл Ларсон, ја освои титулата во НАСКАР сезона 2025 година. На патеката „Феникс“ викендот четири возачи се бореа за шампионската титула во последното коло од плејофот: Кајл Ларсон (Шевролет), Дени Хамлин (Тојота), Чејс Бриско (Тојота) и Вилијам Бајрон (Шевролет). Хамлин одржуваше убедливо водство во последните кругови. Сепак, само неколку круга пред финишот, трката беше прекината со жолто знаме поради инцидент ...

Холандскиот дефанзивец Мики ван де Вен го претрча целиот терен и постигна гол што ја воодушеви Европа. Кога ќе ве споредат со Лионел Меси, знаете дека сте постигнале нешто посебно, а доколку си дефанзивец тогаш сето тоа звучи нереално. Мики ван де Вен постигна гол во победата на Тотенхем од 4-0 над Копенхаген во Лигата на шампионите, додека неговиот тим беше под притисок. Холандскиот дефанзивец ја собра топката на работ од својот шеснаесетник ...

Баерн Минхен продолжува да ја потврдува својата доминација во европскиот фудбал. Под водство на тренерот Венсан Компани, баварскиот гигант ја запиша 16. победа во низа, со што официјално влезе во историјата на клубот и се наметна како една од најсилните екипи во Европа оваа сезона. Последниот триумф дојде на гостувањето кај Пари Сен Жермен, каде Баерн славеше со 2:1. Тимот предводен од Компани покажува впечатлива конзистентност, контролирајќи ...

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, го коментираше триумфот од 2:1 над ПСЖ синоќа во 4. коло од Лигата на шампионите. -Знаевме дека сме способни за ова. Треба да останеме смирени, но тоа ќе ни даде самодоверба. Н етреба да не зафати еуфорија. Тимот го направи тоа добро. Моравме да се браниме со десет играчи, а тимот повторно одговори, покажувајќи дека сме способни да се адаптираме и да испорачаме резултати, изјави Компани за ...

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, не е задоволен од изданието на неговиот тим на синоќешниот дуел со Ливерпул. Реал загуби на „Енфилд“ со 1:0 во четвртото коло од Лигата на шампионите, Куртоа беше еден од најдобрите на теренот спасувајќи го својот тим од повисок пораз. – Реал мора да игра подобро. Во натпревари како денешниот, малите детали одлучуваат сè. Треба да останеме смирени. Пред нас е Олимпијакос, а тоа ќе биде уште еден тежок ...

Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка (Белорусија), објави дека ќе игра егзибициски натпревар против Ник Кирјос (Австралија). -Се случува. Сабаленка против Кирјос. „Битка на половите“, напиша белоруската тенисерка на социјалните мрежи. Мечот ќе се одржи во Дубаи на 28 декември 2025 година. Триесетгодишниот Кирјос моментално е рангиран на 652. место на АТП ранг-листата. Во својот последен натпревар во поединечна конкуренција, тој загуби од ...

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, го коментираше триумфот од 1:0 синоќа над Реал Мадрид на домашен терен во четвртото коло од Лигата на шампионите. – Беше одличен настап против тим кој загуби само еднаш оваа сезона. Можевме да играме уште подобро. Уште една победа против многу добар тим. Тие се во одлична форма во моментов. Беше одличен натпревар – мислам дека со сигурност можеме да кажеме дека ова е нашиот најдобар натпревар во сезоната. ...

Кошаркарите на ТФТ го претрпеа првиот пораз во АБА 2 лигата откако вечерва на домашен терен минимално загубија од Хелиос со 83:84. Резултат по четвртини: 23:24; 18:12; 24:25 и 18:23. Во изедначен натпревар гостите од Словенија стигнаа до вредна победа. Македонскиот претставник на полувреме водеше 41:36, а во последната четвртина „влезе“ со предност од 65:61. Екипата на ТФТ и во последните 97 секунди имаше три разлика 81:78, но завршницата им ...

Во УЕФА денеска беа одредени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женска конкуренција, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година. Македонската женска фудбалска репрезентација ќе го бара своето место во баражите преку групата Ц3, каде противници ќе ни бидат Унгарија, Азербејџан и Андора. Натпреварите од оваа фаза ќе се играат во март, април и јуни 2026 година. Победниците од шесте групи во Лига Ц, како и ...

Екипата на Наполи одигра нерешено 0:0 вечерва со Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен во натпревар од 4.коло од Лигата на шампионите. Домашниот тренер Антонио Конте во стартниот состав го имаше македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, кој беше од најдобрите играчи во својот тим, но играчите на Наполи немаа среќа да ја затресат мрежата на гостинскиот голман. На вториот дуел одигран во Прага, Арсенал со 3:0 го совлада домаќинот Славија. Головите ...

Фудбалерите на Ливерпул го победија Реал Мадрид со 1:0 во четвртото коло од Лигата на шампионите. „Црвените“ aпсолутно ја заслужија победата, создадоа поголем број шанси, но поголемиот дел од натпреварот немаа решение за Тибо Куртоа, кој беше неверојатен меѓу стативите. Во првото полувреме, тој со одлични одбрани во два наврати ги запре обидите на Собослај и спречи водство на Ливерпул. Домашниот тим бараше пенал кога топката го погоди Чуамени ...

Баерн Минхен продолжува да ја демонстрира својата доминација во европскиот фудбал. Германскиот шампион го совлада Пари Сен Жермен со 2:1 на гостински терен, запишувајќи ја 16. победа во низа од почетокот на сезоната. Баварците влегоа силно во мечот и поведоа уште во 4. минута преку Луис Дијас, кој го искористи лошото поставување на одбраната на ПСЖ. Истиот фудбалер во 32. минута ја удвои предноста на гостите по нова грешка на Маркињос, со што ...

Јувентус продолжува со разочарувачките настапи во Лигата на шампиони и по четири одиграни кола сè уште нема победа. Италијанскиот гигант одигра само 1:1 против Спортинг Лисабон во Торино, и покрај тоа што имаше повеќе од играта и шанси за победа. Јувентус губеше против Спортинг во Торино, Душан Влаховиќ израмни во 34-тата минута, но Старата Дама немаше сила за целосен пресврт. Со овој резултат, Јуве останува закован на дното од групата, со ...

Американката Аманда Анисимова ја постигна првата победа на завршниот турнир кај тенисерките што се игра во Ријад. Таа ја совлада сонародничката Мидлтон Кејс со 2:1 во сетови (4:6; 6:3 и 6:2). Така двата денешни меча од второто коло од групата Б завршија со пресврт откако Елена Рибакина ја совлада Ига Швјонтек со 2:1 во сетови (3:6; 6:1 и 6:0). По ваквиот денешен епилог мечот од 3.то коло меѓу Анисимова и Швјонтек ќе решава за полуфиналето, ...

Легендарниот кошаркар, а сега тренер Василис Спанулис, останува селектор на грчката репрезентација. Ова во вторникот официјализираше Кошаркарскиот сојуз на Грнција. Спанулис им донесе бронза на Грците од овогодинешниот Евробаскет. Тоа беше и првиот медал на Грција на големо натпреварување од 2009 година. Затоа во националниот Сојуз веднаш му понудија нов договор. Во исто време, легендарниот Грк ќе продолжи да работи во вицешампионот на ...

Екипата ТФТ попладнево го игра дуелот од 3.коло од АБА 2 лигата, а во Скопје гостува словенечката екипа Хелиос. По стартните две победи за екипата на ТФТ предизвик е да се продолжи со максималниот учинок. Сепак ритамот на натпревари предизвикува мали проблеми во тимот. – Дуелот со Хелиос ќе ни биде четврти во десет дена. Ова темпо на натпревари и заморот кај играчите наметнува пред се да останеме здрави и да избегнеме евентуални повреди. ...

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација во завршното трето квалификациско коло го совлада денеска домаќинот Луксембург со 25-17 (13-9) и со тоа обезбеди пласман на Европското првенство 2026. За да го освои првото место во квалификациската група која се играше во Луксембург на македонските кадети попладнево им беше неопходна победа над домаќинот, откако претходно денеска Финска ја совлада Грција со 29-25. Избраниците на селекторот ...

Канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид би можел да го напушти Јувентус во зимскиот преоден рок, откако изразил незадоволство од својата улога во тимот. Според италијанските медиуми, 25-годишниот напаѓач не е задоволен од минутажата и позицијата што ја има во составот на „старата дама“. Дејвид пристигна летово од Лил како слободен играч и потпиша договор на пет години, но засега не успеа да се наметне како прв избор во нападот. Во досегашниот дел ...

Фудбалерот на Наполи, Кевин Де Брујне, објави дека е опериран. – Здраво на сите, како што сите знаете, ќе правам пауза некое време. Добрата вест е дека операцијата помина совршено. Веќе сум повторно во акција! Ви благодарам за сите пораки! – напиша 34-годишниот Белгиец на социјалните мрежи. Играчот ја заработи повредата во 8. коло од италијанското првенство против Интер (3:1). Во 33-тата минута, Де Брујне реализираше пенал и веднаш се зграпчи ...

Младата ѕвезда на Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал, реши да започне наплата за автограми, со што предизвика поделени реакции кај фановите. Јамал потпиша договор со специјализирана платформа за спортски сувенири, преку која неговите потписи ќе се продаваат по одредена цена. Со тоа, тој се приклучува на малата група европски фудбалери што комерцијално го ограничуваат својот потпис. Од клубот нема официјален став, но одлуката на ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1016
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
0.51
75%
1018
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
72%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
58%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.72
95%
1017
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
0.74
90%
1020
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1010
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
47%
1014
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
73%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.24
58%
1018
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
83%
1011
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Паладиум

45911.27

Платина

60154.05

Рутениум

56199.51

Злато

166450.52

Алуминиум

3.18

Цинк

3.07

Кобалт

66.14

Родиум

350443.14

Бакар

10.68

Калај

43.90

Сребро

2840.84

Иридиум

258288.78