Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ги објави номинираните за наградата за најдобар голман на годината. Во потесниот список се Алисон Бекер (Ливерпул), Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Џанлуиџи Донарума (Манчестер сити), Емилијано Мартинез (Астон вила), Мануел Нојер (Баерн Минхен), Давид Раја (Арсенал), Јан Сомер (Интер) и Војчех Шчесни (Барселона). Гласањето ќе продолжи до 28 ноември. Актуелен добитник на наградата е Емилијано Мартинез. Фото: ...
Првиот светски рекет Арина Сабаленка, ги сподели своите очекувања за „Битката на половите“ со Ник Кирјос. – Само сакам да го играм мојот најдобар тенис и да го ставам во многу незгодна позиција, бидејќи тој секогаш ќе биде во губитничка ситуација. Ако тој победи девојка, сите ќе речат: Да, честитки, одлично. Ако изгуби, сите ќе бидат изненадени: О, Ник! И ќе имам корист од тоа во секој случај. Ако можам да победам, тогаш ќе има за што да се ...
Фудбалскиот клуб Ајакс од Амстердам и официјално остана без тренер, откако клубот денес ја потврди разделбата со стратегот Френк де Бур. Одлуката доаѓа по серијата слаби резултати во домашното првенство и разочарувачките настапи во европските натпреварувања. -Раководството на клубот и тренерот постигнаа заемна согласност за прекин на соработката. Му благодариме за неговиот ангажман и посветеност во изминатиот период, стои во соопштението на ...
Тренерот на Борусија, Нико Ковач, го коментираше поразот од 4:1 од Манчестер сити синоќа во четвртото коло од Лигата на шампионите. – Не можете да правите грешки против толку квалитетен ривал. Мора да се подобриме, но овој пораз ќе биде вредно искуство за нас. Знаевме дека Манчестер сити е врвен тим, многу е тешко да им дадете гол. Кога ви се пружаат шанси, мора да бидете многу ефикасни. Така се создава разликата. Домаќините си ги искористија ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер открива дека едно име постојано му е во главата – неговиот ривал Карлос Алкарас. Според изјавите на Синер и анализа на тениските експерти, фокусот на Синер кон Алкарас го мотивира да се подобрува и да ги надмине границите на својата игра. „Се будам и размислувам како да го победам Алкарас“, изјави Синер по последниот дуел со Шпанецот. Според неговите зборови, Алкарас е „најсевкупен играч“ и секогаш бара ...
Жозе Мурињо останува оптимист и покрај катастрофалниот старт на Бенфика во Лигата на шампионите. По поразот од Баер Леверкузен со 1:0 во четвртото коло, португалскиот тим остана без ниту еден освоен бод и со гол-разлика 2:8, но „Специјалниот“ не ја губи верата во пласман понатаму. – Јас сум многу поголем оптимист од тоа. Никој нема да ме убеди дека сме елиминирани. Математиката е јасна – има уште 12 бода во игра, а нам ни требаат околу девет. ...
Менаџерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, смета дека неговиот тим е блиску до освојување на едно од првите осум места во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ синоќа ја совладаа Борусиај Дортмунд со 4:1 во четвртото коло од елитното фудбалско натпреварување. – Голема почит кон моите играчи. Во добра позиција сме пред нашиот следен натпревар против Баер. Ако можеме да постигнеме уште една или две победи, Сити ќе биде многу блиску до завршување ...
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница ја казни Победа од Прилеп со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика. Прилепчани ќе треба да платат и парична казна од 3.000 евра поради навредливо скандирање на национална основа, истакнување транспаренти со навредлива содржина, како и поради оштетување на стакло од соблекувалната на гостинската екипа и загрозување на ...
Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарез, му подари на напаѓачот на Интер, Лионел Меси, симболичен клуч од градот. – Сакав да ви го дадам овој клуч за сè што направивте за нашиот град, нашата земја и светот на фудбалот. Ви благодарам, рече Суарез за време на церемонијата. Триесет и осумгодишниот Аргентинец игра за Интер Мајами од јули 2023 година. Во 2025 година, тој го продолжи договорот до крајот на сезоната 2028. – Ова е голема чест за ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ги искажа своите очекувања за претстојните натпревари со Летонија и со Велс. – Ни претстојат контролен меч со Летонија и последниот квалификациски натпревар против Велс, добра можност за мини подготовки пред важниот предизвик. Немав забелешки по дуелот со Казахстан, сите одиграа на високо ниво. Промените во текот на мечот беа тактички, во функција на тимот. Мечот со Летонија ...
Капитенот на Панатинаикос, Костас Слукас, отворено го критикуваше својот тим по убедливиот пораз од Црвена Звезда со 86:68 во Белград. „Бевме лоши. Навистина се срамам како одигравме“, изјави Слукас, истакнувајќи дека особено третата четвртина била катастрофална за неговиот тим. Тој додаде дека проблемите со високи играчи се очигледни: „Не е лесно во модерната кошарка да се игра без висок играч против вакви противници.“ Иако Слукас беше ...
Легендарниот германски тенисер Борис Бекер повторно јасно го изрази своето мислење во вечното прашање кој е најголемиот тенисер на сите времиња (GOAT). Според него, одговорот е повеќе од очигледен — Новак Ѓоковиќ. – Очигледно е кој е најдобриот во историјата. Новак Ѓоковиќ е GOAT, без никакво сомневање. Тој ги има сите рекорди, ја има конзистентноста и посветеноста што никој друг ја нема. Заслужува целосна почит, изјави Бекер. Германецот, кој ...
Во возбудлива НБА ноќ, Лос Анџелес Лејкерс и Портланд Трејлблејзерс забележаа драматични победи кои донесоа нова возбуда во Западната конференција. Лејкерси во луд меч славеа над Сан Антонио Спарс со 118:116, и тоа без своите ѕвезди Леброн Џејмс и Остин Ривс. Тимот на Дарвин Хем губеше со 106:97 седум минути пред крајот, но со серија од 21:10 направи неверојатен пресврт и стигна до петтата последователна победа. Најефикасен кај Лејкерси беше ...
Македонската фудбалска репрезентацијата овој месец ќе одигра два натпревари, контролен со Летонија и последниот од квалификациите за Светското првенство 2026 против Велс. Селекторот Благоја Милевски денес го објави списокот со повикани фудбалери за двете средби. На списокот на Милевски се наоѓаат: голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски ...
Фудбалерите на Аталанта славеа со 1:0 на гостински терен против Марсеј во 4. коло од Лигата на шампионите. Голот за победа го постигна Лазар Самарџиќ во 90. минута од натпреварот, само пет минути откако Иван Јуриќ го крена од клупата и го испрати на теренот. Покрај моментот во 90.минута, дуелот го обележа и вербалниот судир меѓу тренерот Јуриќ и Адемола Лукман во 75.минута. Камерите го снимија моментот кога Лукман го напушти теренот. Во ...
Луис Суарез нема да игра во клучниот натпревар од плејофот за Интер Мајами поради суспензија од еден натпревар, објави МЛС. Суспензијата следува по инцидентот во 71. минута од натпреварот против Нешвил, кој заврши со пораз за Мајами (2:1). Во еден момент, Суарез удри со нога кон противнички играч кој не беше во акција со топката. Судиијата на теренот не досуди директна казна, но дисциплинскиот одбор на МЛС ја оцени постапката како „насилно ...
Светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер коментираше за пропуштањето на завршницата на Дејвис купот. – Кога сезоната завршува, ви треба време да закрепнете од целиот потиснат притисок, искусните емоции и физичките и менталните ефекти од натпреварувањето. Дополнителна недела подготовка ви дава нова мотивација и енергија. Играм тенис речиси секој ден, а има моменти кога не сакам да го правам тоа. Не се сомневам дека донесов ...
Реал Мадрид наводно постигнал договор со францускиот дефанзивец Дејот Упамекано од Баерн Минхен, објавуваат повеќе извори блиски до клубот. „Кралевите“ веќе подолго време бараат засилување во одбраната по честите повреди на Алаба и Милитао, а изборот паднал на Упамекано, кој е еден од најконзистентните стопери во Европа во последните години. Според информациите, Реал веќе има постигнат личен договор со играчот, а останува уште да се ...
Каталонскиот фудбалски гигант Барселона синоќа одигра нерешено 3:3 на гостувањето кај Бриж. Тренерот Ханси Флик недоволниот интензитет со кои настапија неговите избраници го посочи како причина за загубените два бода. – Беше тежок натпревар. Барселона создаде шанси, но нашиот ривал се бранеше добро и беше агресивен. Ние не притискавме доволно добро и загубивме многу дуели, особено на средината на теренот. Тешко е за дефанзивците да си ја ...
Кошаркарите на Црвена Звезда ја продолжија својата импресивна форма во Евролигата, совладувајќи го Панатинаикос со убедливи 86:68 во „Штарк арена“ во Белград. Ова беше седма последователна победа за тимот на Јанис Сфаиропулос, кој моментално изгледа како еден од најстабилните состави во Европа. Звезда ја започна средбата силно, контролирајќи го темпото уште од првата четвртина која ја доби со 20:12, а на полувремето веќе имаше сигурна ...
Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, се осврна на нерешените 3:3 со Клуб Бриж синоќа на гостински терен во четвртото коло од Лигата на шампионите. – Беше тежок натпревар. Барселона сакаше да освои три бода, но не можевме. Не размислував за мојата игра. Сакав тимот да победи. Мило ми е што добив повеќе време за играње – тоа е важно по моето закрепнување, изјави Јамал по натпреварот во Белгија. Барселона освои седум бода и се искачи на 11. ...
Во фудбалската Лига на шампиони синоќе се комплетира четвртото коло по кое три екипи се со максимален ефект. Баерн Минхен, Арсенал и Интер имаат четири победи (12 бода), непоразен е уште и Манчестер сити (10 бода) со три победи и еден нерешен резултат. На табелата во горниот дел се и ПСЖ, Њукасл, Реал Мадрид, Ливерпул и Галатасарај со по девет освоени бодови. Без ниту еден освоен бод на последните две места (35. и 36. позиција) се Бенфика и ...
Оклахома Сити утрово на гостински терен забележа победа над Лос Анџелес клиперс со 126:107. За Тандер ова беше осма последователна победа од почетокот на сезоната поставувајќи нов клупски рекорд. Пред натпреварот, актуелниот НБА-шампион го изедначи својот најдобар старт (7-0) од минатата сезона, приклучувајќи се кон кратка листа на тимови (Хјустон во 1990-тите, Бостон во 1960-тите) кои го постигнаа овој подвиг двапати по ред. Оклахома Сити е ...
Лоши вести за Пари Сен Жермен и за репрезентацијата на Мароко — Ашраф Хакими ќе биде надвор од терените најмалку два месеци поради повреда. Десниот бек на ПСЖ се повреди по грубиот старт на Луис Дијаз, кој веднаш доби црвен картон. Хакими со тешкотии го напушти теренот, а подоцна беше виден на патерици, што ги потврди стравувањата дека повредата е сериозна. Француските медиуми објавија дека мароканскиот репрезентативец ќе мора да паузира ...
Неочекувана вечер во Лигата на шампионите — фаворитите Челзи и Виљареал не успеаја да запишат победи против далеку послаби противници. Челзи одигра само 2:2 на гостувањето кај Карабах во Азербејџан. Лондонскиот клуб поведе преку Естевaо Комбе во 16. минута, но потоа направи серија грешки кои скапо го чинеа. Лeандро Андраде изедначи во 29. минута, а десет минути подоцна Јанковиќ беше прецизен од белата точка за пресврт на Карабах. „Сините“ ...
Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром остварија голема победа во АБА 2 лигата. Со „тројката“ на Војдан Стојановски со звукот на сирената македонскиот првак стигна до победа од 85:82 на гостувањето кај екипата на Студент Бања Лука. На полувреме МЗТ Скопје А. имаше десет поени предност 47:37, но домашниот тим успеа завршницата да ја направи неизвесна и со трите поени на Фарахан дојдоа до изедначување на пет секунди до крајот. ...
Фудбалерите на Вардар се вратија на чело на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако вечерва го совладаа Пелистер на гостувањето во Битола со 2-1 во завршниот натпревар од 12 коло. Вардар на дербито на стадионот „Петар Милошевски“ дојде во водство со голот на Мато во 54 минута, а победата на „црвено – црните“ им ја донесе Закариќ од пенал во 82 минута, откако претходно Петковски донесе израмнување на резултатот во 60 ...
Новак Ѓоковиќ изјави дека сè уште не одлучил дали ќе игра на завршниот турнир во Торино, и покрај тврдењата на организаторите дека неговото учество е сигурно. По победата над Алехандро Табило со 7:6, 6:1 на турнирот во Атина, Ѓоковиќ изјави дека сè уште не одлучил дали ќе игра во Италија, иако тенискиот функционер Анџело Бинаџи претходно тврдел дека неговото учество е сигурно. „Не знам од каде ја добил таа информација. По завршувањето на овој ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави денеска дека воведува ново признание, насловено „Награда за мир“, која премиерно ќе биде доделена на 5 декември во Вашингтон за време на жрепката за Светското првенство 2026. Како што е соопштение, наградата ќе „препознава исклучителни достигнувања и дела во служба на мирот“. – Во свет кој е сè понестабилен и поделен, важно е да се истакнат оние кои придонесуваат за прекинување на конфликтите и ...
Во Ријад се случи интересна и несекојдневна средба — фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, кој веќе подолг период игра за клубот Ал Наср, се сретна со тениската легенда Новак Ѓоковиќ, кој минатата недела беше присутен во саудискиот главен град по повод егзибицискиот турнир „Шест кралеви“. Иако официјални детали за разговорот сеуште нема, медиумите го нотираат ова како потенцијален маркетиншки или бизнис момент — бидејќи Ѓоковиќ веќе ...