Голманот на Милан, Мајк Мењан е суспендиран на еден натпревар поради непочитување на судијата по натпреварот против Лацио, објавија денеска италијанските медиуми. Милан во неделата загуби од Лацио со 1:2 во првенството. Голот за победа на Лацио го постигна Педро во 98.минута. Пеналот го направи тукму Мењан, кога го фаулираше Исаксен. Мењан со навредливи зборови му обратил на судијата во тунелот на стадионот „Сан Сиро“ на патот кон ...

Еден од најдобрите играчи на Њукасл оваа сезона, Луис Хол, поради повреда ќе го пропушти финалето од Лига купот против Ливерпул. Финалниот мач во Лига купот ќе се одигра в недела на 16. март. Повредата на Хол е дополнителен удар за Њукасл, бидејќи финелато ќе го пропушти и Ентони Гордон поради црвениот картон кој го доби на натпреварот од ФА Купот против Брајтон. Хол има повреда на скочниот зглоб и најавено е дека ќе отсуствува најмалку две ...

Вечерва нова тура натпревари во Лигата на шампионите. На програмата се првите осминафинални натпревари. Дербито е во Париз, ПСЖ ќе го пречека Ливерпул. Програмата ќе ја отворат Феенорд и Интер, дуелот во Ротердам ќе започне во 18.45 часот. Може ли Усман Дембеле да го засени Мохамед Салах е прашањето кое логично се поставува во фудбалските кругови. Првиот е најефикасен фудбалер во 2025 година, вториот најпродуктивниот играч во Европа оваа сезона. ...

Витали Јанелт, фудбалер на Брентфорд, наскоро би можел да го облече дресот на Босна и Херцеговина. Сопругата на Јанелт, Инес е од БиХ, поради што може да добие пасош на оваа земја. „Последниве денови во Сараево престојуваше фудбалерот на Брентфорд Витали Јанелт. Овој 25-годишен играч од средниот ред претходно изрази желба да го облече дресот на БиХ. Во Сараево преговараше за следните чекори со босанската фудбалска федерација за да го промени ...

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја коментираше победата над Атлетико (2:1) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. – Моите играчи трчаа, работеа напорно, создадоа предност, а Брахим Дијаз и Родриго си ја завршија работата. Ги одржувавме работите организирани, компактни и добро го притискавме Атлетико. Противникот контролираше играта на периоди, но ние создадовме многу шанси за гол. На вакви натпревари секогаш сè ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета ја е презадоволен од изданието на неговиот тим во победата над ПСВ (7:1) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. – Фантастичен резултат на гостински натпревар. Многу го сакаме овој турнир. Ни недостигаше долго време. Оваа вечер беше посебна за нас. Навистина уживав во играта. Ви благодарам многу момци. Одигравме брилијантно и постигнавме фантастичен резултат. Момците добро се покажаа и ...

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска за нов претседател го избра Александар Стефанов, давајќи му доверба на досегашниот член на Управниот одбор да го води македонскиот ракомет во следните четири години. Стефанов беше избран за прв човек на РФМ со акламација на редовното изборно Собрание во Скопје како единствен кандидат, на местото на долгогодишниот претседател на РФМ Живко Мукаетов. – Во ракометот сум 26 години, како поранешен ...

Феникс Санс остварија еден од најголемите камбекови во историјата на франшизата. Санс славеа во дуелот со Лос Анџелес Клиперс со 119:117, и покрај тоа што на минута до крајот на третиот период имаа минус од 23 поени. Најзаслужен играч за оваа победа е 36-годишниот Кевин Дурант, кој со 19 поени (6/9 од поле) во последната четвртина од натпреварот го врати домашниот тим во живот. Искусниот ас постигна вкупно 34 поени (10/22 од поле, 4/11 од три), ...

Милош Керкез со голема веројатност кариерта ќе ја продолжи во Ливерпул. Левиот бек на Бурнмут и унгарската репрезентација го смени менаџерот, па ги интензивира преговорите со водечкиот тим во Премиер лигата, пренесуваат медиумите од островот. Од моментот кога менаџерот на „црвените“ Арне Слот даде зелено светло дека му треба нов лев бек покрај Ендрју Робертсон и Константинос Цимикас, во преден план излезе името на Керкез. Ливерпул во летниот ...

Кошаркарот на Кливленд кавалирс Тај Џером казнет поради критиките на судиите по натпреварот со Портланд. Џером негативно ја оцени работата на судиите, кои 70 пати ставаа играчи на линијата за слободни фрлања. – Ми се чини дека судиите денеска завршија многу лоша работа. Особено Натали – таа многу лошо судеше. Тоа се случува – судиите ја губат контролата врз натпреварот. Првото полувреме е едноставно апсурдно. Третата четвртина беше кошмар, рече ...

Кајри Ирвинг се здоби со повреда на левото колено за време на натпреварот Далас Маверикс-Сакраменто Кингс и прашање е колку долго ќе отсуствува. Пред да го напушти паркетот, тој направи потег кој беше поздравен од навивачите кои го скандираа неговото име, а Далас Маверикс го опишаа како „дефиниција на силата“. Во турбулентната сезона на Маверикс, во која тимот од Тексас остана без лидерот Лука Дончиќ, сега играч на ЛА Лејкерс, Ирвинг требаше да ...

Елиф Елмас, во јануари од Лајпциг се пресели на позајмица во Торино, одигра три натпревари постигна два глола со што ги натера првиот човек на клубот, Урбано Каиро да му наложи на спортскиот сектор да ги започне преговрите со Германците за откуп на договорот на македонскиот репрезентативец. Елмас, во јануари 2024 година од Наполи се пресели во Лајпциг, за 24 милиони евра, но не успеа да ја стекне довербата на тренерот Марко Росе. Во есенскиот ...

Реал ја доби прввта осминафинална епизода против Атлетико на „Бернабеу“ со 2:1 „Мадрилењо“ го обележаа головите, особено оној на Хулијан Алварез. Вечерва Арсенал избори место во четвртфиналето откако со 7:1 во Ајндховен го победи ПСВ, додека без победник заврши дуелот во Дортмунд меѓу Борусија и Лил (1:1). Актуелниот европски првак понеди со голвите на Родриго во четвртата и Брахим Дијаз во 55.минута. Голот за Атлетико е дело на Алварез во ...

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) објави извештај за истрага во која се вклучени тренерот на Ливерпул Арне Слот и судијата Мајкл Оливер. Оливер судеше на натпреварот Евертон-Ливерпул (2:2) на „Гудисон Парк“ на 12. февруари кога му покажа црвен картон на Арне Слот по натпреварот поради протест. Слот беше суспендиран на два натпревари и казнет со 70.000 фунти. Истата казна ја заработи и неговиот прв помошник, кој доби парична казна од 7.000 ...

Астон Вила го совлада Клуб Бриж со 3:1 на гостински терен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Белгискиот тим беше подобар на теренот, но откако не ги искористи своите шанси, се самоуништи во финишот со две грешки и практично им ја подари победата на гостите од Англија. Мечот идеално започна за Астон Вила, во третата минута Бејли го отвори резултатот. Домаќинот експресно реагираше и девет минути подоцна де Кајпер го изеднач ...

Челниците на Ливерпул не се премногу загрижени од можното заминување на Трент Александер-Арнолд (ТАА). Десниот бек изминатите месеци се поврзува со Реал Мадрид, каде би се прселил како слободен играч. Ливерпул има вистинска замена за ТАА, во 21-годишниот репрезентативец на Северна Ирска, Конор Бредли. Клубот веќе му понудил нов, финансики подобра договор. Минатата сезона кај Јирген Клоп, Бредли одигра 23 натпревари, а оваа кај Арне Слот настапи ...

Барселона нема да се врати на својот стадион „Камп Ноу“ до крајот на оваа сезона, како што беше претходно планирано, пишува каталонскиот весник „Спорт“. Изградбата на Камп Ноу не напредува доволно брзо за Барса да му се врати до крајот на оваа сезона. Каталонците се надеваа дека ќе го дочекаат Реал Мадрид во Ел Класико во мај на нивниот реновиран стадион, но доцнењето на градежните работи значи дека големото дерби најверојатно повторно ќе се ...

Спортската управа на Бенфика, според португалскиот весник „Рекорд“, сака да го врати Нелсон Семедо во клубот. Португалскиот репрезентативец, пред речиси осум години го напушти клубот кога се пресели во Барселона. Семедо сега е фудбалер на Вулверхемптон, но неговиот договор, кој како што стојат работите нема да го продолжи, истекува на крајот од сезонат. Александер Бах е повреден и Семедо би бил најадекватно решение на позицијата десен бек, ...

Mексиканската фудбалерка Лизбет Овале постигна гол каков што ретко се гледа дури и во машка конкуренција. Овале ја погоди мрежата со „превртена скорпија“ во победата на нејзиниот Тигре од 2-0 над Гвадалахара. Мексиканката одлично се снајде по нафрлената топка на Шпанката Џенифер Хермосо и ја погоди далечната статива. Хермосо, која е во центарот на вниманието од 2023 година поради скандалозниот бакнеж со поранешниот претседател на шпанската ФА, ...

Баерн Минхен објави дека дресот на легендарниот играч на клубот Франц Бекенбауер во иднина ќе виси под покривот на стадионот „Алијанц Арена“. Дресот со број пет ќе биде изложен во огромна големина, за да може да го видат сите присутни на стадионот, а премиерно ќе биде прикажан на претстојниот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Баер Леверкузен во среда. Баерн додаде дека ова е начин да му се оддаде почит на Бекенбауер по повод ...

Жозе Мурињо веќе 25 години има значајна позиција на големата тренерска сцена, со големо искуство зад себе, па може добро да го процени квалитетот на секој играч. За многу љубители на фудбалот, тренерите и играчите, Кристијано Роналдо и Лионел Меси се синоним за најдобрите играчи во историјата. Кога ќе се земат предвид нивните успеси, долги кариери, популарност и исклучителен квалитет, Португалецот и Аргентинецот секако имаат силни аргументи на ...

Возачот на Дукати, Марк Маркез победи на спринт трка во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Тајланд. Шпанецот победи на патеката Бурирам со време од 19:35.005 минути. Второто место му припадна на неговиот брат Алекс Маркез, кој вози за тимот на БК8 Гресини. Заостануваше 1.185 секунди зад Марк. Возачот на Дукати, Италијанецот Франческо Бањаја беше трет, со 3,423 секунди заостанување зад победникот. Марк Маркез е прв во генералниот пласман ...

Напаѓачот на Лајпциг, 21-годишниот Бенјамин Шешко, летово би можел да го напушти клубот и да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, објавија во вторникот британските медиуми. Репрезентативецот на Словенија сезонава игра во одлична форма. На 34 натпревари во сите натпреварувања постигна 17 гола и даде пет асистенции. Неговиот договор со бундеслигашот е до крајот на јуни 2029 година, но летово би можел да направи трансфер, бидејќи може да биде ...

Фудбалерот на Наполи, Матијас Оливера денеска го продолжи договорот со италијанскиот клуб до 2030 година. Оливера одигра вкупно 90 натпревари за Наполи, за првиот тим дебитираше на 15 август 2022 година. Уругвајскиот дефанзивец ги пропушти сите натпревари на Наполи во февруари поради повреда, а на теренот се врати на натпреварот против Интер, влегувајќи како замена за Леонардо Спинацола во 82. минута. Оливера дојде во Наполи од Хетафе, а за ...

Британските медиуми се занимаваат со потенцијалниот отказ на Иван Јуриќ во Саутемптон, а „TalkSport“ тврди дека причината е лошиот однос што го има тренерот со неколку играчи. Саутемптон со секое коло е се поблиску до Чемпионшип, има само девет бода и е последен на табелата во Премиер лигата. Иван Јуриќ го презеде клубот откако Расел Мартин доби отказ во декември и потпиша 18-месечен договор. На десет одиграни натпревари, Саутемптон забележа ...

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас ја освои титулата на тенискиот турнир на тврда подлога од серијата АТП 500 во Дубаи со награден фонд од 3.237.670 долари, што за него е прв трофеј на АТП 500 турнирите. Во финалето, четвртиот носител Циципас го победи Канаѓанецот Феликс Ожие-Алијасим во два сета – 6-3, 6-3. Натпреварот траеше еден час и 29 минути. Огер-Алиасим го загуби своето второ последователно финале откако во февруари претходно загуби од ...

Арда Гулер, во 2023 година во трансфер вреден 20 милиони евра од Фенербахче се пресели во Реал Мадрид. Клубот тогаш го најави како наследник на Лука Модриќ. Факт е дека талентираниот 19-годишник не добива шанса во тимот кој ја освои Лигата на шампионите и шпанското првенство. Тренерот Карло Анчелоти тоа го објасни со силната конкуренција во составот. Германски „Билд“ пишува за Гулер во текст со наслов „Беше главна тема во Реал Мадрид – сега ...

Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик е против можното враќање на бразилскиот фудбалер во Барселона. Тој се сомнева во ползата што би ја имал неговиот тим поради возраста и физичка кондиција на Нејмар, пишува „Diario Sport“. Претходно беше објавено дека Нејмар сака да се врати во каталонскиот клуб, а Барселона е подготвена да размислува за потписот на напаѓачот доколку тој постигне 15 гола за Сантос до крајот на сезоната. Сепак, Флик преферира ...

Првите натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се играат во следните два дена, а дерби натпреварот ќе се одигра вечерва помеѓу мадридските клубови, Реал и Атлетико. Реал Мадрид групната фаза од Лигата на шампионите ја заврши на 11. место на табелата со 15 бодови, поради што мораше да игра бараж за пласман во осминафиналето. Тимот на Карло Анчелоти го победи Манчестер сити во два меча во баражот за осминафиналето на Лигата на ...

Кошаркарите на Гостивар стигнаа до голема победа со која останаа во игра за пласман во плеј-офот откако славеа на гостувањето во Гевгелија кај Кожув со 102-105 во последниот меч од 18. рунда во Првата лига. Првите две четвртини со идентичен резултат си ги поделија двете екипи, па на пауза се замина во егал (53-53). Клучна во мечот беше третата четвртина во која гостите постигнаа 33 поени и успеаја да стигнат до двоцифрена предност (76-86), која ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.03
33%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
55%
1016
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
1.03
60%
1018
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
47%
1017
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.49
36%
1014
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
1.03
69%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
5.81
42%
1013
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
30%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
31%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
1.03
46%
1013
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
45%
1017
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
68%
1014
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75