Италијанскиот фудбалски прволигаш Кремонезе го отпушти денеска тренерот Давиде Никола, по серијата од 15 натпревари без победа што го втурна тимот во зоната на испаѓање во Серија А. – Кремонезе објавува дека Давиде Никола е разрешен од должноста главен тренер на првиот тим. Клубот изразува благодарност до тренерот и неговиот персонал за професионализмот и посветеноста што ја покажаа во нивната секојдневна работа откако пристигнаа во Кремона, ...

Калчолигашот Кремонезе го назначи Марко Џампаоло за нов тренер, откако претходно денеска го разреши од должноста Давиде Никола по серијата од 15 натпревари без победа. Џампаоло по повеќе од десет години се враќа на клупата на Кремонезе кој го предводеше во третолигашката конкуренција во 2015 година. Претходно, Џампаоло ги предводеше Милан, Торино и Сампдорија во Серија А, а минатата сезона беше на чело на Лече. Кремонезе ја почна сезоната со ...