
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Класичен џез, музичко-поетски перформанси и музика за биг бенд ќе има на годинашниот џез фестивал „Крај Вардарот џез“ во Скопје, чиј основач беше неодамна починатиот Мирко Попов, па ова петто издание ќе се одржи во негова чест. Фестивалот ќе се состои од пет настани во три вечери (20, 23 и 27 април) во Филхармонијата и во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје. На отворањето на 20 април во „Лабораториум“ ќе настапи домашниот ...
Оскаровецот режисер Мартин Скорсезе се подготвува за снимање на биографски филм за легендарниот американски пејач и глумец Френк Синатра, кого би го глумел Леонадро ДиКаприо. „Вараети“ објави дека Скорсезе ја одбрал Џенифер Лоренс да ја глуми втората сопруга на Синатра, холивудската дива Ава Гарднер. Според изворите на „Вараети“, правата на оставштината на Синатра ги поседува неговата ќерка Тина Синатра, која сѐ уште не дала согласност да се ...
Германскиот детски филм синхронизиран на македонски и албански јазик „Смрдушковци“, во режија на Јенс Милер и Тоби Генкел, од денеска (18 април) почнува да се прикажува во повеќе од 10 кина низ земјава. Во Скопје се прикажува во Кинотека и во кината Синеплекс, Милениум и Киноверзум, во Битола во Центарот за култура и во киното „Манаки“, а игра и во Неготино, Струга, Свети Николе, Кочани, Кичево и во кината Киноверзум во Велес и Штип. „Филмот се ...
Квентин Тарантино наводно се откажал од плановите да го снима филмот „Филмски критичар“, што требаше да биде неговиот десетти и последен филм во кариерата. Извор близок на Тарантино му го потврдил ова на сајтот „Дедлајн“, велејќи дека режисерот едноставно се премислил и дека ќе се врати на почеток за да размисли што ќе му биде последен филм. Тарантино (61) долго време кажува дека десеттиот филм ќе му биде и последен, при што двата дела на „Убиј ...
„Хенгинг Араунд“ е насловена новата претстава на Македонскиот народен театар (МНТ), која премиерно ќе се изведе на малата сцена на 19 април. Станува збор за праизведба на текстот на Љупчо Јованов, во режија на Бојан Трифуновски. Трифуновски вели дека Јованов го напишал текстот околу 2000 година. „На театарските сцени фали постмодерна на македонски јазик. Насоките на Македонскиот народен театар се да се популаризираат македонски автори, а јас ...
Музичари од Африка и Европа ќе настапат на 23. издание на Офф-фест, кој ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и во Кинотеката. Ќе има осум концерти и проекции на два документарни филма. Учесниците оваа година доаѓаат од Нигер, Јужна Африка, Холандија, Етиопија, Франција, Шпанија, Полска, Македонија и Србија. Фестивалот го отвора блузерот од Нигер, Бомбино, за кого ќе се прикаже и документарен филм, ...
Долгометражниот документарен филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов премиерно ќе се прикаже денеска (18 април) во кино Фросина во Скопје. „’Време на бетон’ ја раскажува приказната за Скопје, поточно неговата архитектонско-урбанистичка историја. Особен фокус е ставен на модерната, која го следи градот од почетокот на 20. век, посебно кусата ера на брутализмот. Што доведе до овој подем во време кога е тоа најпрогресивен правец во светската ...
Поголемата количина на полен гo прави вежбањето на отворено непријатно и може да влијае врз резултатите на оние кои редовно трчаат или вежбаат надвор. Покрај потоплото време и подолгата дневна светлина, пролетта носи експлозија на полен, што предизвикува чешање на очите и носот. Што е уште полошо, сезоната на полен стана подолга и поинтензивна во последниве години како последица на климатските промени. Иако секој што поминува време на отворено е ...
Тамара Тодевска сними нова песна, дует со раперот Јанг Дади, со наслов „Его“. Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, текстот е напишан од Дади, а спотот е во продукција на „Такат студиос“. Песната е динамична поп-мелодија и има динамичен спот во режија на Генц Халими, велат од тимот на Тамара. „Среќна сум што по повеќе години објавувам песна, која е дует. Дади е дел од помладата музичка сцена. Го следам подолго време, ми се допаѓа неговата ...
Австриското гитарско дуо „Роџерс и Харисон“ ќе го отвори Скопскиот градски фестивал со концерт на 7 мај во малата сала на Филхармонијата од 17:45 часот. На 9 мај во Денсинг салата на МКЦ ќе има повеќе настани: настапи на групата „Бла, бла, бла“, гитаристот Мухамед Ибрахими (фото) и на „Трета бригада“, како и изложба на Марга Рита. На 15 мај од 20 часот концерт ќе одржи кантавторката Мијата, објавија организаторите „Баги комуникации“. Фото: К. ...
Памела Андерсон ќе глуми со Лијам Нисон во римејкот на „Гол пиштол“, популарните комедии од крајот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите. Режисер ќе биде Акива Шафер. Оригиналниот филм се базираше врз серијата „Полициски одред“, што траеше само шест епизоди во 1982 и го следеше неспособниот детектив Френк Дребин (Лесли Нилсен), кој на крајот сепак успева да ги фати криминалците и да го спаси денот. Во улогата на Дребин ќе биде Лијам Нисон, ...
Џејмс Макартни и Шон Оно Ленон, синовите на легендите на „Битлс“ Пол Макартни и Џон Ленон, објавија заедничка песна, акустична балада насловена „Primrose Hill“. Промовирајќи ја песната со неговиот добар пријател, Макартни изјави дека многу се возбудени поради неа. Тој откри дека песната била инспирирана од визија што ја имал како дете еден летен ден во Шкотска. Шон е помладиот син на Џон Ленон и Јоко Оно, додека Пол Макартни го доби Џејмс во ...
Диригентите Рамадан Шукри и Ерхан Шукри велат дека се многу задоволни од приемот на публиката во Турција, каде што Мандолинскиот оркестар „Скопје“ учествуваше на Мандолинскиот фестивал Анкара. „Подмладениот оркестар со музичари на возраст од 12 до 17 години беше ѕвезда на фестивалот во Анкара, на кој учествуваа 30 оркестри. Беа поздравени со огромен аплауз и со стоечки овации беа испратени од сцената. Иако минутажата беше ограничена, ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола ги промовираше првиот број на списанието „Нови хоризонти“ наменето за објава на квалитетни студентски истражувања и Зборникот на трудови од одржаната Студентска универзитетска конференција. Главниот и одговорен уредник на списанието проф. д-р Горан Илиќ изјави дека ова е прво македонско списание од ваков вид, а Битолскиот универзитет уште еднаш се појавува како пионер и знаменосец на промени во ...
Високите шилести кули од иверица и шарената кинетичка „населба“ на уметницата Мораг Мајерскаг се меѓу големите инсталации на годинашниот музички фестивал Коачела во Калифорнија. Тие се дел од уметничката програма на фестивалот која обединува уметници, дизајнери и архитекти кои создаваат големи инсталации, кои во последниве години вклучија скулптура висока 18 метри и шарен урбан пејзаж. Оваа година, продукциската агенција „Паблик арт“ ...
Со акустичен настап во живо, бендот „Суперхикс“ го промовираше новиот албум во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во скопската општина Кисела Вода. Албумот „Сила и нервоза“, како што вели фронтменот Петар Младеновски-Пеце, е слика за нашето денешно живеење. „Кај нас сѐ оди на сила и со нервоза. За сѐ, за жал, треба врски, а тоа го опишува и насловната песна. Песната е многу хитовска, поточно, стана хит уште пред да излезе“, ни рече ...
Леброн Џејмс по четврти пат ќе го предводи американскиот кошаркарски „дрим тим“ на Олимписките игри, кој, според добро информираниот новинар на „ЕСПН“ Адријан Војнаровски, е речиси целосно комплетиран. Џејмс, кој во декември ќе наполни 40 години, досега има две злата (2008 и 2012) и една бронза (2004). Од тимот кој стана олимписки шампион во Токио се враќаат Кевин Дјурант, Бем Адебајо, Девин Букер, Џејсон Тејтум и Џру Холидеј. Остатокот од ...
Оркестрите на средното музичко училиште „Илија Николовски- Луј“ во Скопје сношти одржаа концерт во фоајето на Националната опера и балет. Свиреа повеќе од сто ученици од сите четири години од камерниот, дувачкиот и симфонискиот оркестар, а диригираше маестро Ле Фи Фи, кој е нивни професор. Програмата беше интересна и разновидна, од Моцарт до Бритн, Пјацола, Бизе, Маркес, а се свиреа и дела од македонски композитори. Дувачкиот оркестар ја отсвире ...
Современиот балет „Сага“, во кореографија на Рисима Рисимкин, ќе се изведе вечерва (16 април) од 20 часот во Националната опера и балет (НОБ) на јубилејниот 20. Танц фест Скопје. Претставата е дел од програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со НОБ. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка“ на великанот Блаже Конески. „’Сага’ е ...
Американскиот џез-свинг бенд „Постмодерн џубокс“ ќе одржи концерт во Скопје на 6 септември во Филхармонијата, објави „Авалон“. Скопскиот концерт е во рамките на светската турнеја со која се одбележуваат десет години од основањето на бендот. „На концертот ќе се пеат најголемите светски поп-хитови во винтиџ стилот на 1920-тите. Ќе гледаме и свинг кабаре со танчари и инструменталисти, нешто во стилот на ‘Големиот Гетсби‘, во комбинација со Френк ...
Младата поп-пејачка Ана Петан (Петановска), која беше една од ѕвездите на концертите со поп-хитови во Операта, ќе настапи на фестивалот „Белградска пролет“. Песната насловена „Балада за ангел“ ја напиша познатиот композитор Григор Копров. Аранжманот е на Стефан Петановски, а текстот на Душан Бачиќ. Петановска ќе настапи на 20 април во салата „МТС“. По Белград, Петановска ќе настапи на уште неколку летни фестивали: „Сунчане скале“ во Херцег Нови, ...
Литванецот Миколас Алекна го собори најстариот светски рекорд во машката атлетика, во фрлање диск, кој важеше од 1986 година. Дваесет и едногодишниот Алекна оствари далечина од 74,35 метри на атлетско натпреварување во Оклахома и за 27 сантиметри го подобри рекордот што Јирген Шулт го држеше од 6 јуни 1986. Шулт, кој денес има 63 години, тогаш се натпреваруваше под знамето на Источна Германија. Во прв момент беше измерено дека Алекна фрлил 74,41 ...
Денеска (15 април) во 20 часот, во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложба на британскиот уметник Денис Боувен, Изложбата ја организираат МКЦ и Асоцијацијата за култура ИКОН, од каде велат дека одлучиле 15 април, Светскиот ден на уметноста, да го посветат на Денис Боувен (1921-2006), кој беше и македонски културен амбасадор. „Тој пишуваше за македонската ликовна сцена во Лондон, но и неуморно работеше на собирање ...
Рок-ѕвездата Лени Кравиц се враќа во Македонија со нов концерт во Охрид, објави „Авалон“. Концертот ќе се одржи на 4 август на стадионот „Билјанини извори“, каде што настапи и пред 16 години. Ова ќе биде вкупно трето гостување на Кравиц во Македонија, откако во 2018 имаше концерт и во Скопје. На концертот во Охрид Кравиц ќе го претстави и новиот албум „Blue Electric Light“, кој официјално излегува на 24 мај. „Лени сакаше да се врати во Охрид и ...
За првачињата, азбуката, Македонија, здравиот мед и путерче со леб, омилените професии, за другарката Мина пееја хорот и солистите на детскиот фестивал „Поточиња“, кој се одржа на 13 и 14 април во Филхармонијата во Скопје. Сите седум претстави во текот на двата дена беа полни со публика. Настани со културни активности за деца се реткост во нашата земја, па секогаш е радост и голема возбуда кога се организираат. Децата со семејствата и со ...
Благој Ламњов, македонскиот кларинетист кој живее во шведскиот град Малме, ќе го одржи својот прв солистички концерт во Македонија на 3 јуни во Велешкиот театар. На концертот ќе се свират песните од албумот „Носталгична љубов“ (Nostalgic Love), на кој има песни инспирирани од македонската традиционална музика. „Имам голема потреба да свирам дома во Македонија, а во исто време немаме продукциски куќи кои организираат ваков тип на концерти или ...
По долго време, Калиопи сношти настапи во салата „Борис Трајковски“ и со овации беше пречекена во полната сала како гостинка на концертот на српскиот поп-пејач Жељко Самарџиќ, нејзин близок прикател. Калиопи и Самарџиќ заедно ја пеат песната „Знам“, која ја напиша Ромео Грил, а од лани стана доста популарна во регионот. „Најубаво е дома. Колку е убаво повторно да пееш во Македонија“, рече Калиопи, пред да ја испее безвременската „Бато“, на која ...
Италијанската компанија „Булгари“ го создаде најтенкиот рачен часовник на светот – „Octo Finissimo Ultra Cosc“, кој е тенок само 1,7 милиметри. Притоа за 0,05 милиметри го собори рекордот што го држеше часовник создаден од „Ричард Миле“ и „Ферари“ во 2022. Сите 170 компоненти кои ја овозможуваат работата на часовникот се фиксирани директно на задниот дел од куќиштето. Овој дел е изработен од волфрам карбид, ултраиздржлива метална легура, додека ...
„Одамна во оваа куќа немало олку добра атмосфера“, рече Наде Талевска на синоќешниот концерт „Ем-Ти-Ви хитови“ на Камерниот оркестар Битола со академскиот хор „Мирче Ацев“ и неколкумина пејачи. Ова беше најдобриот опис на веселиот концерт во Националната опера и балет – една голема забава која ја стана публиката на нозе. Битолскиот камерен оркестар со диригентот Владиир Димовски избрал вистински песни, големи хитови од 1980-тите и од 1990-тите ...
Низ долги години настапување како диџеј, Огнен Зафировски имал можност да посети разни егзотични локации во светот, но вели дека ретко која го оставила во толкаво воодушевување како пустината Калахари во Африка. Зафировски, кој настапува и издава музика под името Јудиштира, минатиот месец беше дел од транс фестивалот „Фрактал“ во Намибија, каде што подиумот беше покриен со пустински песок. „Фестивалот беше во камп во Спицкоп во Намибија, на ...