
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



На Гластонбери имаат свирено некои од најгласните рок бендови, но целиот фестивал денеска на момент замолкна. Тоа беше поентата на перформансот на српската концептуална уметница Марина Абрамовиќ насловен „Седум минути колективна тишина“, во рамките на кој таа побара од илјадници луѓе да молчат седум минути. Известувачот на Би-Би-Си од Гластонбери изјави дека таа успеа во својата намера, опишувајќи го настанот како навистина специјален. Абрамовиќ ...
Утре (29 јуни) од 12 до 17 часот, во Паркот на франкофонијата во Скопје ќе се одржи мотоциклистичкиот настап „Круз калт“ (Cruise Cult). „Идејата на оваа манифестација е да ја популаризираме мотоциклистичката култура и да се претстави влијанието на мотoциклите врз културниот живот во Македонија и регионот“, велат организаторите. Ќе има изложба на мотоцикли со неколку карактеристични примероци од секоја класа. како и перформанс на кој ќе се ...
Францускиот институт во Скопје и Скопско лето објавија дека изведбата на уличното дефиле-претстава на француската театарска група „Кидам“ (La Compagnie des Quidams) се одложува за утре (29 јуни). Овој настан требаше да се одржи вечерва, но групата не е во можност да пристигне денеска поради големо невреме во моментот на полетувањето од Франција. Маршрутата на дефилето останува иста: од Музејот на Град Скопје, преку улицата Македонија и Камениот ...
Славниот актер Кијану Ривс гостуваше во Крагуевац, но на заради снимање филм, туку за концерт на неговиот бенд „Догстар“. Американската рок група, која лани се возобнови по 23 години пауза, настапи на првата вечер на Арсенал фест во Крагуевац. Иако „Догстар“ не спаѓа во најзначајните имиња на гранџ жанрот, самото присуство на Ривс ги направи главна атракција на фестивалот. Српските медиуми објавија дека Ривс со колегите дошол во Крагуевац еден ...
Д фестивал, најголемиот летен фестивал во Македонија, денеска по 14. пат ги отвора своите врати во Дојран за илјадниците посетители. Седумдесет и двочасовната програма ќе донесе богата и разновидна музичка програма и бројни пропратни содржини на брегот на Дојранското Езеро. Како главни музички ѕвезди на шесте бини се најавени Лил Памп, Фатумата Дијавара, „Нувел ваг“, Џонас Блу и „Елементал“, најголеми атракции на техно подиумот ќе бидат Дебора ...
ФИФА оваа година ќе го организира првото светско првенство во популарната видеоигра „Фудбал менаџер“, на која ќе се добие најдобриот виртуелен тренер на светот. Оваа видеоигра се продаде во милиони примероци и некои клубови ја користат за да следат играчи. Играчите ќе се натпреваруваат за 100.000 долари на завршниот настан, што ќе се одржи од 29 август до 1 септември. „Ова натпреварување бара од учесниците да покажат длабоко разбирање на ...
Македонските рок бендови „Ареа“ и „Архангел“ ќе бидат главните музички ѕвезди на 23. издание на Меѓународниот арт фестивал „Битола отворен град“ (БОГ), што се одржува од 26 до 29 јуни. Ова ќе биде прво гостување на „Архангел“ во Битола по 20 години. Музичкиот хепенинг е закажан за 28 јуни од 20 часот на Ракометното игралиште. Вечерта ветува дека ќе биде спектакуларна прослава на македонската урбана музика, па диџеј сет ќе има познатиот Ile the ...
Македонски филмови од разни временски периоди ќе можат да се гледаат во Кинотеката следниот месец. Посветувајќи го јули на македонската кинематографија, на летната сцена „Мирно лето“ ќе има проекции на 11 филмови, почнувајќи со „Волчја ноќ“ на Франце Штиглиц на 5 јули. На програмата потоа се „Црно семе“ на Кирил Ценевски на 6 јули, „Жед“ на Димитрие Османли на 9 јули, „Најдолгиот пат“ на Бранко Гапо на 10 јули, „Ругање со Христа“ на Јани Бојаџи ...
Македонската радио-телевизија по одржаната аудиција. Евросонг ќе се одржи на 16 ноември во Мадрид. „Ана и Алексеј имаат извонреден талент и хармонични гласови“, велат од МРТ. Ванчевска има 14 години и веќе има учествувано на музички фестивали. Годинава беше избрана за единствена претставничка на Македонија за фестивалот Сан Ремо јуниор во Италија. „Покрај музичкиот успех, таа е добитничка на повеќе државни награди по математика, физика и ...
Многу е полесно да си непризнаен уметник, ако си признаен, многу е потешко да ја одржиш уметноста, рече Влатко Стефановски сношти на отворањето на изложбата во Мала станица во Скопје, која е дел од славењето на 50 години од почетокот на неговата кариера. Изложбата е поставена во рамките на 10. издание на фестивалот на музички документарни филмови Скопје синема сити. Фотографиите од многу настапи на легендарниот гитарист од времето на „Леб и сол“ ...
Триото „Балкан ашк“ вечерва (27 јуни) од 20 часот ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба. Формирано во 2021, триото е во состав Ерхан Шукри на виолина (професор во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и диригент на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ и на Гудачкиот камерен оркестар „АРКО“), Мерсиха Шукри на харфа и Енис Аљи на виолончело. Концертот е организиран од новоформираната НУ Центар за култура на турската заедница во Македонија. На ...
Данска и Германија го започнаа поврзувањето со најдолгиот подводен тунел на светот. Данскиот крал Фредерик ја претстави првата секција од идниот 18 километри долг тунел под Балтичкото Море, кој ќе ги поврзува северна Германија и јужна Данска. Тунелот „Фемарнбелт“, кој треба да биде отворен во 2029, ќе го намали патувањето од сегашните 45 минути со траект на само седум минути со воз. Данскиот град Редби и германски Путгартен ќе бидат директно ...
Били Ајлиш им се придружи на Викенд и Тејлор Свифт како третиот пејач со 100 милиони слушатели на Спотифај месечно. Со 22 години, двократната оскаровка е најмлада во ова друштво и притоа има само три албуми, од кои последниот излезе во април годинава. Викенд ја предводи листата со 107 милиони слушатели месечно, следен од Тејлор Свифт со 102 милиони. Двајцата имаат над двојно повеќе песни од Ајлиш, која има само 82 песни на платформата. ...
„Гугл“ ги советува корисниците да пушат за време на бременоста, да готват со лепак и да јадат камења. Некогаш најдоверливата алатка за пребарување неодамна претрпе значителна промена, ставајќи го „AI Overview“, односно одговорите базирани на вештачка интелигенција, над другите резултати од пребарувањето за многу прашања. Иако ова не е добро за сопствениците на сајтовите кои заработуваат од луѓето кои кликаат на нив, тоа е уште полоша вест за ...
Модниот бренд „Шанел“ одржа ревија во Операта во Париз и доби голем аплауз од главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур, и други познати личности. Малку модни куќи можат да ја наполнат Операта без да имаат главен дизајнер. Тоа е доказ за трајната моќ на „Шанел’“ и неговото светски познато ателје по ненадејното заминување на Виржини Вијар. Вијар, која го замени Карл Лагерфелд во „Шанел“ по неговата смрт во 2019, го напушти францускиот луксузен ...
Најстарото вино во течна форма е откриено во 2.000 години стара римска гробница во Шпанија, кажаа научниците. Сместена во Кармона близу Севиља, гробницата била пронајдена во 2019 и истражувањата покажаа дека римјаните ја изградиле во првата половина на првиот век. Во гробницата била пронајдена урна со чудна смеса: покрај кремираните коски, внатре имало и црвено-кафеава течност. По лабораториските анализи било утврдено дека течноста некогаш била ...
Српската кантавторка Констракта ќе биде дел од настанот „Ѕвездена симфонија“, што ќе се одржи на 3 јули од 19 часот на Градскиот стадион во Битола, а ќе настапи во придружба на Битолскиот камерен оркестар. На истиот настан ќе настапат и Каролина Гочева, „Суперхикс“, „Паркети“, „Брас брадрс“ и Лав Итоја од Нигерија. Оркестарот како гости ги најави дуото „Пиг и Дан“ од Шпанија, кое настапува на фестивали на електронска музика низ Европа и ...
Четири филма ќе се прикажат на Деновите на португалската кинематографија, што почнуваат денеска во Кинотеката. Оттаму велат дека на програмата се ремастерирани верзии на општествено ангажирани, неколку децении стари филмски творби. „Овие филмови се речиси непроценлив историски документ, создадени среде турбулентните настани во тогашна Португалија. Тоа се и своевидни манифести за односот помеѓу киното и политиката, за самиот медиум на филмот, кој ...
Пивските бањи во последно време станаа популарни во Исланд, Шпанија и САД, но тие имаат постара традиција во земја со долга историја на пивото, Чешка. Туристите таму се капат во џиновски кади од даб со 1.000 литри вода, на која ѝ се додава хмељ за кој се смета дека го ублажува стресот и ги отвора порите. „Шато спа бирлед“ е една од најголемите пивски бањи во Чешка, земјата која го создаде овој модерен велнес тренд во 1980-тите. Сместена е во ...
(фото) На програмата се дела од неколку фази од опусот на славниот композитор Антонио Вивалди. Концертот е соработка помеѓу хорот „Св. Злата Мегленска“, професори и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” и Уметничкиот центар „Полифонија“. Диригент е Летка Полизова. Како солисти настапуваат сопранистките Надежда Рубен и Јасмина Димитровска, виолинистите Милица Андоновска, Божана Гошева, Илија Јовчев, Мила Наумовска и Јана Јовиќ и виолончелистите ...
Националниот џез оркестар ќе одржи три концерти во Хрватска, на кои ќе настапи заедно со црногорскиот музичар Рамбо Амадеус. Турнејата започнува вечерва (25 јуни) во Шибеник, па следува концертот на 28 јуни во рамките на првото издание на фестивалот „Island Vis Music Breeze“, кој ќе се одржи на полуостровот Прирово. Третиот концерт е во Хрватскиот народен театар во Сплит на 1 јули. Антоније Пушиќ, познат во јавноста како Рамбо Амадеус, е познат ...
Од бруталниот кловн Пенивајс до еден од најпознатите вампири на сите времиња, Бил Скарсгорд се трансформираше во Носферату во новиот филм на Роберт Егерс, римејк на легендарниот експресионистички нем филм од 1922. Сепак, фановите ќе почекаат да видат како изгледа Скарсгорд во улогата на грофот Орлок, зашто првиот трејлер не го открива тоа во целост. Режисер и сценарист на „Носферату“ е Роберт Егерс, кој стана омилен меѓу хорор фановите со ...
Во 2022, по неколку години пауза, на Факултетот за музичка уметност во Скопје повторно се формираше Катедрата за популарни жанрови. Интересно е што на овој отсек можат да се запишат и студенти без завршено средно музичко училиште. „Отсекот се формираше во 2012, па беше ставен во мирување од страна на претходната управа, иако постоеше огромен интерес. Во 2022, со почетокот на мојот мандат како декан, веднаш беше реафирмиран, а една година подоцна ...
Најголемото име на главната бина на годинашниот Гластонбери не е „Колдплеј“ или Дуа Липа, туку бенд за кој многумина во Европа не ни слушнале. Станува збор за корејскиот бој бенд „Севнтин“ кој се состои од 13 членови и лани продал повеќе од десет милиони албуми, помалку само од Тејлор Свифт. Иако „БТС“, „Блекпинк“ и „Аеспа“ успеаја да се пробијат на западот, нивните најголеми хитови беа соработки со имиња како Селена Гомес, Леди Гага и ...
Пејачи, супермодели и спортски ѕвезди учествуваа на модниот настан „Вог ворлд“ на плоштадот Вандом во Париз, кој беше претворен во модна писта. Настанот го организираше модното списание „Вог“, како прослава на 100 години француска мода. Статисти прикажуваа различни спортови во позадината на ревијата за секоја деценија на модата од 1920-тите до денес, што се случуваше еден месец пред Париз да биде домаќин на Олимписките игри. На ревијата ...
Полскиот композитор на филмска музика Збигњев Прајснер (фото) ќе ја добие наградата за животно дело на претстојното десетто издание на фестивалот на музички документарци Скопје синема сити, што официјално ќе трае од 1 до 4 јули. Шеесет и осумгодишниот Прајснер е најпознат по соработката со славниот полски режисер Кшиштоф Кјешловски. Полска ќе биде земја во фокус на годинашниот фестивал, во рамките на што ќе се прикаже дел од опусот на режисерот ...
Австриските ѕвезди на блек-дет металот „Белфегор“ (Belphegor) првпат доаѓаат во Македонија во септември во рамките на својата источноевропска турнеја. Концертот ќе се одржи на 15 септември во Младински културен центар во Скопје во организација на „Терорвоид“, а „Белфегор“ ќе го придружува уште три групи, вклучувајќи ги легендарните „Малеволент криејшн“ (Malevolent Creation). Предводен од пејачот и гитарист Хелмут Ленер, „Белфегор“ е основан во ...
Групата „Нокаут“ ќе одржи концерт во Антички театар во Охрид на 27 јули од 20 часот. Претходно, бендот ќе настапи и на Хераклеја во Битола на 5 јули. Гостин ќе биде Дарко Гелев-Брејк. Минатата година, бендот одржа пет акустични концерти во Филхармонијата со Брејк како гостин. Во октомври минатата година, „Нокаут“ во Скопје го промовираше својот четврти албум „Што бараш ти во мојата песна?“. Билетите за концертот во Охрид се продаваат преку ...
Кинотеката на Северна Македонија распиша конкурс во чест на 30-годишниот јубилеј на македонскиот и светски филмски класик „Пред дождот“. Оттаму велат дека конкурсот „После дождот“ е наменет за сите млади филмаџии, музичари, графичари, ликовни уметници… „Сними оригинален краток филм (меѓу 30 секунди и 30 минути) во кој било видеоформат кој ќе користиш барем една реплика од филмот ‘Пред дождот‘. Креирај оригинален плакат за филмот, оригинален ...
„Авантурите на една турбофолк принцеза“ ја освои главната награда на најголемиот пазар за ТВ-серии во Европа, Конекта во Толедо, Шпанија, објави продукцијата „Охо“. Наградата вклучува 50.000 евра за развојот на ТВ-серијата, чии автори се Андреј Волкашин и Петар Вулчев од Бугарија. Проектот е во продукција на „Охо“ од Македонија и „Иквал тим“ од Бугарија, со поддршка на МРТВ, Глеј ТВ и Ејч-Би-О. Веста ја објави и престижниот „Вараети“, каде стои ...