Џорџ Клуни ќе го има своето деби на Бродвеј, раскажувајќи ја приказната за легендарниот репортер Едвард Р. Мароу во адаптација на неговиот филм од 2005 „Добра ноќ и со среќа“ (Good Night, and Good Luck). Настапите започнуваат на 12 март. Мароу, кој почина во 1965 година, се смета за еден од основоположниците на ТВ-вестите во САД и се прослави со спротивставувањето на сенаторот Џо Мекарти, кој создаде параноја на комунистичка закана во 1950-тите. ...
Еден од најхармоничните и најубавите парови на денешницата, Џорџ (63) и Амал Клуни се пред развод, пишуваат светските медиуми. Како бомба експлодираа гласините дека се во голема брачна криза и дека парот е во фаза на „пробен развод“ и одржува врска на далечина. Како што се наведува понатаму, причина за се се нивните професионални ангажмани. Иако холивудската ѕвезда во голема мера ја намали својата улога во филмската индустрија, Клуни продолжува ...