
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



За мускулите, сексот е само уште еден тренинг. И како и повеќето тренинзи, колку повеќе кондиција имаме, толку попријатно може да биде. Американските научници препорачуваат и вежбање пред секс за полесна возбуда. „Важно е да се запамети дека сексот е движење, а секое движење е вежба. Ако сакате да имате задоволувачки секс, веројатно ќе имате корист од движењето на вашето тело надвор од спалната соба“, рече Деби Хербеник, директорка на Центарот ...
„Хрватски гитарски квартет“ ќе одржи концерт во Скопје на 28 мај, во Филхармонијата од 20:30 часот. Членови на квартетот се Зоран Дукиќ, Петрит Чеку, Марое Брчиќ и Твртко Шариќ и сите се ученици од класата на Дарко Петрињак. Првиот концерт го одржаа во 2016, а под името „Хрватски гитарски квартет“ почнаа да настапуваат во 2020. Ја добија наградата „Орландо“ за нивниот концерт на Летните игри во Дубровник во 2017. Во 2020, квартетот во соработка ...
„Дизни“ го објави првиот трејлер за новиот анимиран филм „Муфаса: Кралот лав“, приквел на филмот од 2019. Новиот филм го режираше оскаровецот Бери Џенкинс и ги следи растењето и подемот на Муфаса, таткото на Симба, како и неговата потрага по судбината и односот со братот Така, кој со тек на годините му стана непријател. Гласот на Муфаса го позајмува Арон Пјер, а во екипата се и Сет Роген, Били Ајхнер, Мадс Микелсен, Доналд Гловер, Кит Дејвид, ...
Некогашниот пејач на „Бијело дугме“, Жељко Бебек (78), ќе одржи славенички концерт во Охрид на 18 јули во Античкиот театар, објави продукцијата „Сцена“. Овој концерт е дел од неговата прослава на 50 години кариера. Минатата година, Бебек со својот бенд одржа концерт во Филхармонијата во Скопје со репертоар од негови соло песни и хитови кои ги пеел во „Дугме“. Во бендот, гитара свири неговиот син Звонимир. Бебек минатата недела објави дека нема ...
Композиторот Александар Масевски е вокал во својата нова песна „Лесно“, во која соработува со Влатко Стефановски. Масевски е автор и продуцент на песната, Стефановски свири гитара, а видеото го изработи поп-пејачот Игор Митровиќ, кој инаку работи како графички дизајнер. „Во принцип, ‘Лесно’ е инструментална тема која нема за цел да го ‘нападне’ слушателот и бескрупулозно да го привлече неговото внимание, туку, напротив, суптилно да ги разбуди ...
Павилјон со челична рамка ја освои годинашната архитектонска награда „Мис ван дер Рое“ за најдобра нова европска зграда. Негови автори се архитектите Густав Дисинг и Макс Хаке, кои се најмладите добитници на оваа награда досега. Павилјонот за учење е создаден за Техничкиот универзитет во Брауншвајг (Германија) како зграда на кампусот која содржи флексибилни простории за учење и дружење. Зградата е хибридна дрвено-челична структура. Просториите ...
Повеќе од 500 млади танчари танцуваа на настанот „Флеш моб“ на Плоштадот Македонија во Скопје, по повод Меѓународниот ден на танцот, кој се одбележува на 29 април. Настанот го организираше танцовото студио „Брејк а лег“, а младите танчари почнаа со хитот „Can’t Touch This“ од Ем-Си Хамер. Учествуваа танцовите клубови „Аква“, „Ит да бит“ и „Брејк а лег“. Дел од нив ќе учествуваат на Светскиот шампионат во хип-хоп во Скопје, кој ќе се одржува од 8 ...
Концертот на хрватската рок-група „Парни ваљак“ во Скопје, кој требаше да се одржи на 18 мај, е одложен за 30 ноември поради реновирање на салата „Јане Сандански“, кое ќе почне на 10 мај, објави „Авалон“. Бендот во Скопје доаѓа со новиот пејач Игор Дрвенкар, кој го наследи легендарниот Аки Рахимовски. Хрватската јавност го познава 31-годишниот Дрвенкар од телевизиски музички емисии, пеел во неколку бендови, а настапувал и во мјузикли. Рахимовски ...
Боксерскиот меч помеѓу Мајк Тајсон и јутјуберот Џејк Пол е означен како професионален, објавија властите на Тексас. Мечот, кој ќе се пренесува во живо на „Нетфликс“, ќе се одржи на 20 јули на стадионот во Арлингтон, кој има 80.000 седишта и е дом на НФЛ тимот Далас каубојс. Тајсон ќе има 58 години кога ќе ги вкрсти ракавиците со 31 година помладиот Пол, што исто така ќе му биде прв меч од ноември 2020, кога ремизираше со Рој Џонс Џуниор. Според ...
Били Ајлиш најави светска турнеја која ќе следи по излегувањето на нејзиниот трет студиски албум „Hit Me Hard And Soft“. Турнејата ќе почне наесен и ќе има 81 концерт на три континенти. Двократната оскаровка ќе го одржи првиот концерт на 29 септември во Канада, во февруари следната година ќе дојде во Австралија, а во Европа ќе пристигне во април. Ајлиш нема да настапи во регионот, туку ќе може да се види во живо во Австрија, Италија и Полска, ...
„Ролинг стоунс“ покажаа дека не размислуваат за запирање или успорување откако во Хјустон ја почнаа новата турнеја. Еден од најголемите бендови на сите времиња настапува повеќе од 60 години. Фронтменот Мик Џегер и гитаристот Кит Ричардс веќе имаат 80 години, а и другиот гитарист Рони Вуд не заостанува многу со своите 76 години. Сепак, за време на двочасовниот концерт тие свиреа со енергија на бенд кој е на почеток на кариерата. „Нивното ниво на ...
Камерниот оркестар на Битола вчеравечер приреди вистинско музичко уживање насловено „Македонска рок симфонија“ во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Во оваа сала се одржа концерт по повеќе од една деценија. Јужната трибина беше целосно исполнета, а публиката во еден глас со Дани Димитровска, Ружица Милошевска-Брчиоска од „Ареа“, Јасна Димитровска, Ана Петановска и Сашо Паркет пееше песни на „Конкорд“, „Архангел“, „Леб и сол“, „Лева ...
Арон Соркин ќе пишува продолжение на „Социјална мрежа“, за кој доби Оскар за најдобро сценарио. Како што е најавено, во новиот филм ќе се истражува улогата на Фејсбук во упадот на американскиот Конгрес на 6 јануари 2021. „Јас сметам дека Фејсбук е виновен за 6 јануари. Фејсбук, меѓу другото, го подесуваше својот алгоритам за да го промовира материјалот што најмногу предизвикува поделба“, рече Соркин во подкаст. На прашањето како ќе се справи со ...
Издавачката куќа „Корпус деликти“ повторно ќе го објави деби албумот на култната битолска рокенрол група „Чоканче“. Насловен едноставно „Чоканче“, албумот ќе излезе во мај во 200 примероци на плоча. „Чоканче“ оригинално беше објавен како двојна касета во 1996 година со вкупно 21 песна. На реизданието ќе се најдат 14 песни, што неизбежно ги вклучува хитовите „Чоканче“ и „Буништар“. Извршен продуцент е Тошо Филиповски, а мастерингот го правеше ...
По успешната светска премиера во Велика Британија минатата година, балетот „Блек Сабат“, заснован врз музиката на легендарниот хеви метал бенд, ќе оди на меѓународна турнеја во 2024 и 2025. Балетот имаше премиера во септември во Бирмингем, од каде што потекнува славната група. Нарачан од директорот на Кралскиот балет на Бирмингем, Карлос Акоста, претставата вклучува специјално подготвени оркестрации на песни од „Блек Сабат“ и нова музика ...
Младата поп-пејачка Ана Петановска вели дека е уште под импресии од настапот на фестивалот „Белградска пролет“. Во салата „МТС“ во Белград таа настапи со песната „Балада за ангелот“ од познатиот композитор Григор Копров. Аранжманот е на Стефан Петановски, а текстот на Душан Бачиќ. Во дел од песната има посвета за Тоше Проески. Петановска ја испеа на српски јазик, но има еден стих на македонски, дел од хитот на Тоше „Твоите бакнежи на моите бели ...
Игор Џамбазов и босанскиот рокенрол бенд „Забрањено пушење“ ќе настапат на фестивалот С.О.С., кој ќе се одржи на 15 јуни на ракометното игралиште во Битола од 20 часот. Сараевскиот бенд, кој сега го предводи пејачот, гитарист и композитор Давор Сучиќ попознат како Сејо Сексон, годинава одбележува 40 години од својот прв албум. Игор Џамбазов ќе биде придружуван од Гуру Харе и неговиот бенд. Фестивалот ќе го отвори диџејот Рутбој Селектор со ...
Од тактовите на првата песна, евровизиската „Од нас зависи“, публиката во Велешки театар синоќа (27 април) пееше и танцуваше со песните на Каролина. Таа одржа концерт во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, прв солистички во Велес, откако во два наврати настапи на отворено на Питијадата. Распродадената сала и публика желна за забава беа инспирација за Каролина да ги испее нејзините хитови. „Вечерва сме во театарот, досега во Велес имам ...
Скопското панк трио „Дисиз“ (Disease) оди на нова европска турнеја, на која ќе има 29 настапи. „Дисиз“ ќе го придружува американскиот бенд „No Fucker“ на турнејата насловена „Annihilate Your Desperation“, која ќе трае од 30 април до 30 мај. Серијата концерти почнува во Берлин, а покрај Германија, во следните 30 дена ќе помине и низ Шведска, Норвешка, Данска, Холандија, Белгија, Франција, Шпанија, Италија, Швајцарија, Австрија, Словачка и Чешка. ...
Хрватскиот кантавтор Петар Грашо сношти во Филхармонијата го одржа вториот од трите закажани концерти во Скопје. Она што настанот го направи посебен е акустичната изведба на Грашо и неговиот бенд, во придружба на камерен гудачки оркестар. Грашо е мајстор за комуникација и топол однос со публиката, што освен песните, го прави добредојден во целиот регион. Пеејќи ги своите најголеми хитови од 1996 до денес, пејачот од Сплит традиционално го ...
Хрватскиот кантавтор Борис Новковиќ ќе одржи концерт во Скопје на 17 мај во Филхармонијата, објави организаторот „Вајб продукција“. Борис Новковиќ, кој е син на познатиот композитор на поп музика Ѓорѓе Новковиќ, се прослави на самиот старт на неговата кариера со првиот албум „Каде одат изгубените девојки“ (Куда иду изгубљене девојке) од 1986. Насловната песна, која многумина ја викаат „Тамара“, до денес остана еден од неговите најголеми хитови. ...
Некогашниот фронтмен на „Пинк флојд“, Дејвид Гилмор, кој често истакнува дека е среќно пензиониран, го најави својот нов соло албум, прв по девет години пауза. Насловен „Luck and Strange“, тој ќе биде достапен за слушање од 6 септември. Како најава на албумот, Гилмор вчера ја објави песната „The Piper’s Call“. Петтиот соло албум на Гилмор ќе содржи девет песни, од кои една ќе биде обработка. Гилмор го снимал албумот за период од пет месеци во ...
Ол-стар бенд на македонски џезери ќе настапи на вечерашното затворање на петтото издание на џез фестивалот „Крај Вардарот џез“, чиј основач беше и неодамна починатиот Мирко Попов. Македонската јавност првпат ќе има можност да го слушне во живо осумчлениот состав „Маседонијан фри сосаети“ (Macedonian Free Society), составен од музичари од лејблот „ПМГ Џез“, Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ, Нинослав Спировски, Владан Дробицки, Васко Бојаџиски, Гоце ...
Српскиот бенд „С.А.Р.С.“ ќе биде главната ѕвезда на музичкиот настан „Скопје се лади“, што ќе се одржи на 8 јуни на стадионот на АРМ во Градски парк. „Скопје добива нова форма на музичко изразување и ноќ посветена на љубителите на добрата музика со три концерти кои истовремено ја оживуваат енергијата со драм ен бејс, рап, реге и балкански звук“, вели организаторот „44 ЕвентМк“. Како што вели и името на настанот, ќе има три концерти во една ноќ. ...
Проектот „Македонисимо“ на пијанистот Симон Трпчески и пријателите синоќа (25 април) доби долги аплаузи од софиската публика, на концертот со Софиската филхармонија во салата „Бугарија“. Како што велат од „КултурОп“, квинтетот „Македонисимо“ настапи во оригиналниот состав: Трпчески на пијано, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки, а со Софиската ...
Еден од најуспешните британски бендови од 1980-тите, „Пет шоп бојс“, го објави својот 15. албум и најави дека следната турнеја би можела да му биде проштална. Електро-поп дуото, во кое веќе 43 години членуваат пејачот Нил Тенант и клавијатуристот Крис Лоу, вели дека новиот албум „Nonetheless“ бил напишан за време на карантини во ковид пандемијата. „Ова е еден од најмелодичните албуми што сме ги снимиле досега. Не е толку за танцување како некои ...
На 30 април во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи Велигденскиот концерт во организација на Охридско лето. Женскиот хор „Менада“ од Тетово ќе изведе православна духовна музика под диригентство на Ивица Зориќ. „Со овој концерт ја заокружуваме програмата која веќе трета година ја реализираме надвор од традиционалната фестивалска рамка 12 јули-20 август. Имавме прекрасни концерти преку цела година со кои ја потврдивме големината на ...
Властите на Венеција беа обвинети дека го претвориле градот во тематски парк откако на сила стапи наплатата на влезници за еднодневните туристи. Венеција е првиот поголем град на светот кој воведе ваква шема. Градоначалникот Луиџи Бруњаро изјави дека влезницата од пет евра има за цел да го заштити градот од прекумерниот туризам и да ги одврати еднодневните посетители од доаѓање, со цел градот повторно да стане погоден за живеење. Сепак, неколку ...
Изложбата на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ), „Цртеж, експериментален цртеж”, ќе се отвори денеска (25 април) во 20 часот во Куќата на Борко Лазески (ул. Отон Жупанчич бр.15) во Скопје. Изложбата се организира по осми пат. „Изложбата има за цел да овозможи простор за презентација на дела каде што границите на традиционалниот цртеж се поместуваат, повлекуваат и преобликуваат во нови изразни форми. Оваа изложба го слави иновативниот дух на ...
Македонија за првпат би можела да добие жена за претседател откако Гордана Сиљановска-Давкова оствари убедлива победа во вчерашниот прв круг на претседателските избори. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ освои 362.682, односно 40,08% гласови, двојно повеќе од актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој доби поддршка од 180.306 избирачи (19,93%). Тие ќе се соочат во вториот круг на 8 мај, кога паралелно се одржуваат и парламентарните избори. На третото ...