
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Националниот џез оркестар ќе одржи три концерти во Хрватска, на кои ќе настапи заедно со црногорскиот музичар Рамбо Амадеус. Турнејата започнува вечерва (25 јуни) во Шибеник, па следува концертот на 28 јуни во рамките на првото издание на фестивалот „Island Vis Music Breeze“, кој ќе се одржи на полуостровот Прирово. Третиот концерт е во Хрватскиот народен театар во Сплит на 1 јули. Антоније Пушиќ, познат во јавноста како Рамбо Амадеус, е познат ...
Од бруталниот кловн Пенивајс до еден од најпознатите вампири на сите времиња, Бил Скарсгорд се трансформираше во Носферату во новиот филм на Роберт Егерс, римејк на легендарниот експресионистички нем филм од 1922. Сепак, фановите ќе почекаат да видат како изгледа Скарсгорд во улогата на грофот Орлок, зашто првиот трејлер не го открива тоа во целост. Режисер и сценарист на „Носферату“ е Роберт Егерс, кој стана омилен меѓу хорор фановите со ...
Во 2022, по неколку години пауза, на Факултетот за музичка уметност во Скопје повторно се формираше Катедрата за популарни жанрови. Интересно е што на овој отсек можат да се запишат и студенти без завршено средно музичко училиште. „Отсекот се формираше во 2012, па беше ставен во мирување од страна на претходната управа, иако постоеше огромен интерес. Во 2022, со почетокот на мојот мандат како декан, веднаш беше реафирмиран, а една година подоцна ...
Најголемото име на главната бина на годинашниот Гластонбери не е „Колдплеј“ или Дуа Липа, туку бенд за кој многумина во Европа не ни слушнале. Станува збор за корејскиот бој бенд „Севнтин“ кој се состои од 13 членови и лани продал повеќе од десет милиони албуми, помалку само од Тејлор Свифт. Иако „БТС“, „Блекпинк“ и „Аеспа“ успеаја да се пробијат на западот, нивните најголеми хитови беа соработки со имиња како Селена Гомес, Леди Гага и ...
Пејачи, супермодели и спортски ѕвезди учествуваа на модниот настан „Вог ворлд“ на плоштадот Вандом во Париз, кој беше претворен во модна писта. Настанот го организираше модното списание „Вог“, како прослава на 100 години француска мода. Статисти прикажуваа различни спортови во позадината на ревијата за секоја деценија на модата од 1920-тите до денес, што се случуваше еден месец пред Париз да биде домаќин на Олимписките игри. На ревијата ...
Полскиот композитор на филмска музика Збигњев Прајснер (фото) ќе ја добие наградата за животно дело на претстојното десетто издание на фестивалот на музички документарци Скопје синема сити, што официјално ќе трае од 1 до 4 јули. Шеесет и осумгодишниот Прајснер е најпознат по соработката со славниот полски режисер Кшиштоф Кјешловски. Полска ќе биде земја во фокус на годинашниот фестивал, во рамките на што ќе се прикаже дел од опусот на режисерот ...
Австриските ѕвезди на блек-дет металот „Белфегор“ (Belphegor) првпат доаѓаат во Македонија во септември во рамките на својата источноевропска турнеја. Концертот ќе се одржи на 15 септември во Младински културен центар во Скопје во организација на „Терорвоид“, а „Белфегор“ ќе го придружува уште три групи, вклучувајќи ги легендарните „Малеволент криејшн“ (Malevolent Creation). Предводен од пејачот и гитарист Хелмут Ленер, „Белфегор“ е основан во ...
Групата „Нокаут“ ќе одржи концерт во Антички театар во Охрид на 27 јули од 20 часот. Претходно, бендот ќе настапи и на Хераклеја во Битола на 5 јули. Гостин ќе биде Дарко Гелев-Брејк. Минатата година, бендот одржа пет акустични концерти во Филхармонијата со Брејк како гостин. Во октомври минатата година, „Нокаут“ во Скопје го промовираше својот четврти албум „Што бараш ти во мојата песна?“. Билетите за концертот во Охрид се продаваат преку ...
Кинотеката на Северна Македонија распиша конкурс во чест на 30-годишниот јубилеј на македонскиот и светски филмски класик „Пред дождот“. Оттаму велат дека конкурсот „После дождот“ е наменет за сите млади филмаџии, музичари, графичари, ликовни уметници… „Сними оригинален краток филм (меѓу 30 секунди и 30 минути) во кој било видеоформат кој ќе користиш барем една реплика од филмот ‘Пред дождот‘. Креирај оригинален плакат за филмот, оригинален ...
„Авантурите на една турбофолк принцеза“ ја освои главната награда на најголемиот пазар за ТВ-серии во Европа, Конекта во Толедо, Шпанија, објави продукцијата „Охо“. Наградата вклучува 50.000 евра за развојот на ТВ-серијата, чии автори се Андреј Волкашин и Петар Вулчев од Бугарија. Проектот е во продукција на „Охо“ од Македонија и „Иквал тим“ од Бугарија, со поддршка на МРТВ, Глеј ТВ и Ејч-Би-О. Веста ја објави и престижниот „Вараети“, каде стои ...
Појавата на исклучително редок бел бизон, кој беше снимен во националниот парк Јелоустоун, предизвика возбуда кај домородните племиња во САД, кои го сфаќаат ова како религиозно пророштво кое носи големи промени. Според современи извештаи, ова е првиот бел бизон роден во последното диво стадо во САД. Другите бели бизони во изминатите децении биле родени во заробеништво, од родители кои содржеле ДНК од домашни крави. Раѓањето на бел бизон е свет ...
Вечерва (22 јуни) на Скопско лето, во 20:30 часот, во Музејот на македонската борба, концерт ќе одржат Јана Каевска (флејта) и Ивона Базгалоска (пијано), а гостин е Ана Трсунова (флејта). На програмата се дела од Г. Коларовски, Ф. Мартен, С. Прокофјев, А. Грнин, П.И. Чајковски и Т. Прокопиев. Влезот е слободен. Каевска дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2021 година како дел од класата по флејта на проф. м-р Страшо Темков. ...
Композиторот Григор Копров вели дека не ги памети сите песни што ги компонирал и сосема заборавил дека „Прости ми“, која Маја Оџаклиевска ја испеа на Скопскиот фестивал во 1996, е негова песна. „Прости ми“ е една од песните кои ќе се пеат на концертот „Најдоброто од Копров“, што ќе се одржи на 4 јули од 20:30 часот во Операта во рамките на Скопско лето. Како главен солист настапува Ана Петановска со камерен оркестар и со бенд, а гости се Наде ...
Виолинистот, професор и диригент Ерхан Шукри вчера (20 јуни) на Школка во градскиот парк во Скопје, на децата болни од дијабетес им ја даде донацијата која ја вети минатата година во октомври, откако во Националната опера и балет (НОБ) одржа јубилеен хуманитарен концерт. „Конечно успеавме да ја дадеме донацијата која ја ветивме за децата со дијабетес. На 2 октомври лани се одржа мојот јубилеен концерт ‘Првите мои 20 во 30’ кој беше со ...
Здружението на слепи лица во Штип е домаќин на првиот меѓународен турнир во шах за слепи лица, со учество на шахисти од Србија, Бугарија и Македонија. Учество пријавиле 12 шаховски мајстори од трите држави, кои ќе играат на специјални табли за вакви турнири. „Шаховскиот турнир ќе трае четири дена по системот секој со секого и за најдобрите се предвидуваат награди. Турнирот ќе се игра во Државниот студентски дом во Штип“, вели претседателот на ...
Охрид фест-Охридски трубадури по 31. пат ќе се одржи на 30 и 31 август на сцената „Долни Сарај“ во Охрид. Поделен е во две вечери: фолк на 30 и интернационална на 31 август. „Годинава влезот е слободен. Очекуваме одличен фестивал, со многу добри песни, со настапи на наши докажани пејачи и гости од странство, ѕвезди од поранешна Југославија, но и многу млади пејачи“, вели Григор Копров, директорот на фестивалот. Благоја Грујовски, Катерина ...
Адвокатот на Џастин Тимберлејк вели дека со нетрпение чека „енергично да го брани“ поп-пејачот откако тој беше обвинет за возење во алкохолизирана состојба. Тимберлејк (43) беше уапсен нешто по полноќ во понеделникот бидејќи видел знак за стоп и не застанал. Инцидентот се случил во Саг Харбор на њујоршки Лонг Ајленд, популарна дестинација за одмор на познати личности. Тој беше ослободен без кауција откако беше официјално обвинет и треба да се ...
Владимир Путин и Ким Џонг Ун разменија подароци при вчерашната прва посета на рускиот претседател на Северна Кореја по пауза од 24 години. Путин го поднови Ким со руска лимузина „аурус“, додека тој од севернокорејскиот лидер доби уметнички дела и две кучиња од локалната раса пунгсан. Оваа ретка раса на големи ловечки кучиња се одгледува во северниот дел на Северна Кореја и практички е непозната во остатокот од светот. Расата, која има потекло од ...
Вечерва (20 јуни) од 20 часот, на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ќе се одржи традиционалната модна ревија на студентите од Институтот за текстилно инженерство под менторство на професорката Лидија Георгиева. Ревијата е на тема „Време“ и се одржува по повод прославата на 65-годишнината од основањето на факултетот. „Дизајните ги одразуваат моментите на транзиција, каде што старото се среќава со новото, отелотворувајќи го ...
Една од најубавите скопски летни традиции е концертот на отворено на Филхармонијата, кој секоја година во јуни се одржува во Градски парк. Музичките теми секогаш се различни и главно популарни, а на концертот кој се одржа сношти (19 јуни), се свиреше музиката од филмовите на легендарниот режисер Стенли Кјубрик, кој важи за визионер со големо влијание врз светската филмска уметност. Паркот и годинава беше полн со публика од различни генерации на ...
Изложба на фустани и лични предмети на супермоделот Наоми Кембел е поставена во Музејот на Викторија и Алберт во Лондон. Таа ги следи примерите на Дејвид Боуви, Фрида Кало и Кајли Миног, кои исто така имаа самостојни изложби во престижниот лондонски музеј. „Чував толку многу работи во складиште затоа што патувам многу. Тоа не е само облека, чувам и фотографии и бекстејџ пропусници од модни ревии од пред 20 години. Едвај чекам да го покажам тоа ...
„Колдплеј“ објавија дека нивниот нов албум „Moon Music“ ќе биде најеколошкиот досега. Секоја плоча ќе биде направена од девет пластични шишиња собрани од отпад, а специјалното издание од околу 70% пластика извадена од реката Лас Вакас во Гватемала. Бендот соопшти дека ќе ги намали јаглеродните емисии за 85% и ќе спречи производство на повеќе од 25 метрички тони „девствена пластика“, материјал што се користи во производството на фолии и пакувања. ...
Сè уште неименуваниот филм за Формула 1 на Бред Пит ќе биде глобално објавен на 25 јуни следната година, со американска премиера два дена подоцна. Филмот се снима во соработка на тимови и возачи и е во режија на Џозеф Косински, чиј филм „Топ ган: Маверик“ заработи 1,49 милијарди долари ширум светот. Продуцент е Џери Брукхајмер. Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Луис Хамилтон е копродуцент, а снимањето започна минатата година и продолжи ...
Утре (19 јуни) од 19 часот, во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одржи хуманитарен концерт за Симона Темелкова-Кабранова, која поради мозочно крвавење не може да седи и да се движи самостојно. На Симона ѝ е потребно лекување во Турција, кое нејзиното семејство не може да го плати. (фото) Во организацијата се вклучија многу луѓе од Кавадарци, како и здружението „Донирај компјутер“, кое по повод 3.000 донирани компјутери ќе поставии ...
Утре (19 јуни) од 16 часот, во Амфитеатар 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје ќе се одржи „Натпревар во раскажување“, во организација на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“. Овој натпревар настојува да помогне децата да го развиваат јавното говорење и е дел од иницијативата за поттикнување на љубовта кон книгата и читањето. Бројни научни студии покажаа дека изобилството информации достапни преку интернет, компјутери, мобилни телефони и ...
Од денеска (18 јуни) до четврток (20 јуни), во „Котур кафе и филм“ во Скопје ќе има проекции на документарни филмови за правата на ЛГБТИ заедницата, во организација на Холандската амбасада во Македонија. Од 20 часот ќе бидат прикажани три наградувани документарни филма: „Нели и Надин“ (Шведска, Норвешка, Белгија), „Лесвиа“ (Грција) и „Мама беарс“ (САД). Првите два филма беа дел од минатогодишната селекција на фестивалот Македокс. Влезот е ...
Пијанистката Дуња Иванова на 24 јуни ќе одржи солистички концерт во Виена. На програмата се дела од јапонскиот композитор Рјуичи Сакамото и Ханија Рани од Полска. Дуња Иванова е магистерка по пијано и докторка на науки по филозофија. Има настапувано во САД, Франција, Босна и Херцеговина, Италија, Косово, Црна Гора и Албанија и на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на македонска музика, филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ и други. ...
Музичарот и продуцент Драги Иванов го објави новиот сингл „Крута“. Иванов е автор на песната и сценарист на спотот кој е снимен во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје. Мирослав Илиќ направи колор и графички дизајн на спотот, Филип Методиев свири гитара на песната, а Мартина Баракоска синтисајзери и дел од оргулите. Драги Иванов има студирано музичка и електронска продукција на Беркли во Бостон. На домашната музичка сцена е ...
По 30 години музичка кариера, поп-пејачот Ѓоко Танески ќе одржи концерт во родниот Охрид, во Антички театар на 20 јули од 21 часот. Ќе го придружува Битолскиот камерен оркестар, а гости ќе му бидат Драган Мијалковски и продуцентот Никола Мицевски. Танески вели дека е среќен што конечно ќе му се оствари желбата да одржи свој концерт во родниот град. „Триесет години го чекав ова и конечно го дочекав. Не можам да поверувам дека толку поминаа откако ...
Германскиот електро бенд „Шилер“ ќе настапи со битолскиот камерен оркестар „IWConnect“ на настанот „Ѕвездена симфонија“, што ќе се одржи на 3 јули од 19 часот на Градскиот стадион во Битола. Со германскиот бенд ќе настапат и македонските поп-пејачки Агни Авшар и Наде Талевска. „Шилер“ е формиран во 1998, името го добил по германскиот поет и драматург Фридрих Шилер и има издадено 15 албуми. На истиот настан ќе настапат и Каролина Гочева, ...