Наредната верзија од iOS и iPadOS, поточно седумнаесетта верзија од системите, донесува новина која треба да го заштити видот, а посебно тој на децата, кога се’ уште е рано за одредени оштетувања. Новата функција е наречена Screen Distance и како што кажува самото име, уредот ќе ги предупредува корисниците кога подолг период го држат блиску до очите. Како блиску ќе се сметаат 30 сантиметри, а за проценката ќе се користи камерата која се користи ...

Дека Microsoft планира унифицирање на неколкуте апликации за имејл и календар што ги има, со една нова и модерна, можевме да прочитаме уште во 2021. Новата апликација, која едноставно се нарекува Outlook, односно новиот Outlook засега, започна да се тестира минатата година, а оваа веќе е доволно развиена да корисниците можат да ја користат како главна апликација за сите нивни имејл и календар потреби. Новата апликација може да се симне преку ...

Скопје, 19 јуни 2023 – Без разлика дали се работи за слушање на вашата омилена музика или едноставно уживање, Galaxy Buds2 Pro нуди врвен звук за секого. Со воведувањето на новиот подобрен амбиентален звук (Ambient Sound), Samsung продолжува да им помага на лицата со потешкотии при слушањето подобро да уживаат во звуците околу нив. Ја правиме технологијата подостапна и поинклузивна Претходно достапна со три нивоа на прилагодувања, ажурираната ...

Valve оваа недела официјално ја пушти новата верзија од нивната Steam десктоп апликација. Новата верзија беше тестирана во бета форма одреден период, па сега е подготвена за сите корисници. Како што нагласуваат од компанијата, иако има освежување на корисничкиот интерфејс, сепак главната новина доаѓа во позадината, односно во кодот на апликацијата. Оваа промена ќе овозможи пред се пуштање на новините на сите достапни платформи во исто време, ...

Џин Роденбери, иако за некои контроверзен човек, сепак ќе влезе во историјата како креаторот на една од најпознатите серии, Star Trek. Тој со оваа серија се обиде да ја замисли иднината на човештвото во која луѓето имаат еднакви можности, парите не постојат, па секој го работи тоа кое го сака и секако, тука е технологијата на иднината и истражувањето на вселената. The Roddenberry Estate во соработка со компанијата OTOY ја имаат креирано ...

„Никој не сака акција како што јас сакам“. Со овие зборови, откако го паркира неговиот тенк преку друг автомобил пред зградата на Netflix, Арнолд Шварценегер објави дека е назначен како Главен акционен директор на компанијата. Тој најави дека ќе работи цело време за да ја донесе најдобрата акција во светот, но не е познато дали неговото ангажирање е само маркетинг потег или тој навистина ќе има некаква улога во одлуките на Netflix. Каква ...

Google го претстави нивниот одговор на новиот Bing во март оваа година во форма на Bard. Овој „чет бот“ минатиот месец ја доби својата втора и подобрена верзија, направена на основа на PaLM 2 јазичниот модел. За Google се истакнува повеќе пати дека се затекнати од „наглата“ појава на ChatGPT, чија што технологија оваа година беше интегрирана во Bing, а подоцна и во скоро сите производи од Microsoft. Google поради тоа се добива впечаток дека ...

Соработката помеѓу Microsoft и OpenAI е нешто за кое сигурно нема кој нема слушнато, односно прочитано. Со пуштањето на првата јавна бета верзија од ChatGPT и дотогаш прилично позната компанија OpenAI, нагло стана една од најпознатите во светот. Наскоро позната стана и соработката со Microsoft кои се најголемиот инвеститор во компанијата со 49% удел, нешто што наводно е направено така за да не мора да се бара дозвола од регулаторите, доколку бил ...

Samsung Unpacked ова лето ќе се одржи во Сеул, наместо како претходните години во Лондон или Њујорк, на пример. Исто така, како што прво беше неофицијално најавено, настанот ќе се одржи нешто порано од претходните години, па наместо на почетокот од август, Unpacked оваа година ќе го гледаме при крајот на јули. Оваа информација официјално ја потврдија од компанијата, но се’ уште не ја објавија точната дата. Како што обично е случајот, доволно ...

Во одговор на објава од Twitter, Елон Маск потврди дека се планира ограничување на можноста за испраќање на директни пораки на мрежата. Пораки ќе може да се испраќаат само на корисници кои ве следат, а ова ќе треба доста да ги намали спам пораките. Ова правило нема да важи за корисниците на Twitter Blue претплатата, за која сепак се смета дека овозможува гаранција дека на неа нема ботови и други спам сметки. Покрај тоа што ја потврди оваа ...

Една од помалите новини која беше дел од новиот Windows 11 пред две години е Chat функцијата која во долната лента на системот ја интегрираше бесплатната верзија од Microsoft Teams. Со притискање на иконата се отвора помал и посебно прилагоден кориснички интерфејс преку кој корисниците можат брзо и лесно да ги видат нивните разговори, да започнат нови, да започнат видео повици и слично. Сепак, Microsoft Teams генерално не може да се каже дека ...

Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по трет пат се спроведе во 51 општина и повеќе од 300 училишта и градинки низ државата, се собрани рекордни 252 тони отпад. Во акцијата се исчистени повеќе од 304 локации, со учество на 15.811 волонтери, што покажува дека бројот на учесници е речиси двојно зголемен во споредба со минатата година. Генералка Викенд се потврди како најмасовната еко-акција во нашата земја, ...

Како што беше најавено, оваа недела официјално заврши поддршката за верзијата 21H2 од Windows 10. Тоа значи дека оваа верзија од системот веќе нема да добива надградби, а тоа ги вклучува и безбедносни надградби. За корисниците се препорачува да ја инсталираат најновата верзија од Windows 10, верзијата 22H2, која ќе биде и последната верзија од системот до неговиот „крај“ во 2025 година. Оваа верзија до тогаш ќе добива само безбедносни надградби ...

Подоцна од обично, AMD ја претстави бизнис верзијата од нивните Ryzen 7000 процесори, достапни за лаптоп и десктоп компјутерите. Ryzen Pro 7000 серијата е направена со Zen 4 архитектурата, а зависно од процесорот, доаѓа со RDNA 3 и со RDNA 2 интегрирана графика. Со оглед на тоа што бизнис верзиите од процесорите обично се наменети за компаниите кои немаат потреба од најсилното на пазарот, интегрираната графика е доволна за повеќето. AMD овие ...

Една од најпознатите апликации за разговори, која за малку ќе беше откажана пред корона кризата, добива неколку новини од кои дел се прашуваме дали се потребни и дали Microsoft продолжува со нивниот стил на „натрупување“ на нивните производи. Првата новина е временска прогноза, која како мала икона е додадена во горната лента до името на корисникот. Нејзиното притискање отвора поголем дел на десната страна каде може да се видат повеќе детали ...

Microsoft Flight Simulator, можеби најдобрата ваква игра на сите времиња, ја доби својата нова и модерна верзија во 2020. Играта во меѓувреме доби неколку надградби и поддршка за Xbox, а идната година можеме да очекуваме целосно нова верзија. Microsoft Flight Simulator 2024, како што веднаш се заклучува од името, ќе биде пуштена идната година, но се’ уште не е откриена датата или барем периодот од годината кога може да се очекува. Покрај ...

Google Photos на веб добива пет нови алатки за измена и прилагодување на сликите кои досега беа достапни само преку мобилната апликација. За жал, новите алатки им се достапни само на Google One корисниците, но со ниските цени и тргањето на бесплатниот неограничен простор за сликите, сигурно многу повеќе корисници се имаат претплатено на некој од пакетите. Новите алатки кои веќе треба да се достапни преку веб ги вклучуваат следните: Google ...

По најавата дека претставувањето на вториот телефон од Nothing ќе биде ова лето, сега од компанијата ја објавија и официјалната дата. Nothing Phone (2) ќе биде претставен на 11 јули во Лондон на онлајн настан кој ќе може да се гледа преку страната на компанијата со почеток во 17:00 часот по македонско време. Тоа што е официјално познато за овој телефон е дека ќе дојде со чип од повисоката класа, нешто што беше барано од корисниците. Чипот на ...

Наредната генерација од телефоните на преклоп од Samsung ќе бидат претставени до крајот на јули, овој пат на домашен терен во Сеул, Јужна Кореа. Еден од најпознатите модели на преклоп секако е Galaxy Z Flip, а оваа година ќе ја видиме неговата петта генерација. За овој телефон веќе можевме да прочитаме дека ќе дојде со доста поголем надворешен екран, кој сега ќе ја покрие скоро целата половина на задната страна од телефонот. Со тоа, корисниците ...

Според извори од Reuters, Европската Комисија утре би можела да поднесе жалба со која во основа ќе бара продажба на дел од бизнисот со реклами од страна на Alphabet, односно Google. Како главна причина за ова се смета неуспешното досегашно договарање со компанијата за доминацијата во бизнисот со онлајн реклами, како и за обвинувањата дека се користат неконкурентни практики за задржување на оваа позиција. Пазарниот удел на Google се верува дека ...

Google Wallet станува достапен во 5 нови земји, меѓу кои и нашата. Ова значи дека корисниците сега ќе можат да ја симнат апликацијата, во неа да додадат платежна картичка и да плаќаат со нивниот телефон на продажните места каде што има поддршка за истото. За да се користи апликацијата за плаќање, телефонот треба да има NFC, а на повеќето корисници веќе им е познат овој начин на плаќање кој неколку банки го нудеа преку нивните апликации и Google ...

Линда Јакарино е новиот извршен директор на Twitter. Најавата за изборот на Маск за негова замена, нешто што го најави минатата година по пуштањето на анкета, беше објавена минатиот месец. Од оваа недела, поточно од вчера, Линда Јакарино и официјално ја презеде функцијата и ќе има задача да ја организира работата на компанијата која веќе не е каква што беше пред само една година. Како што беше најавено, Јакарино ќе ги преземе секојдневните ...

Во рамките на Xbox Game Showcase Microsoft најави дека игрите кои се достапни преку PC Game Pass ќе станат достапни и преку GeForce NOW сервисот за стриминг на игри од Nvidia. Со ова, игрите ќе им бидат достапни на корисниците на сите платформи на кои е достапен сервисот од Nvidia, односно на PC, Mac, Chromebook, Linux, на мобилните и телевизорите и слично. Сепак, не сите игри од PC Game Pass ќе бидат достапни на GeForce NOW, па од компанијата ...

WhatsApp минатата недела додаде нова функција која постепено ќе биде пуштана во светот во месеците што следат. Засега е достапна за ограничен број на корисници во Сингапур и Колумбија. WhatsApp Channels е функција која во февруари беше пуштена на Instagram и истата сега активно се користи од Закерберг, Мосери и другите директори во компанијата. Во основа, ваквите функции се добар начин за добивање на нови информации од каналите кои се следат, а ...

За време на Xbox Games Showcase, Microsoft претстави нова верзија од својата играчката конзола Xbox Series S. Ова е поевтиниот модел од двете достапни конзоли, а новата верзија донесува нова боја и поголем простор за податоци. Просторот за податоци е дуплиран, односно од досега достапните 512GB, новата верзија ќе дојде со 1TB. Поради ова, корисниците кои се’ уште се размислуваат за купување на играчка конзола, нема да мора да ги вклучат во ...

Почнувајќи од август оваа година, Google Drive десктоп апликацијата веќе нема да биде поддржана и поради тоа нема да функционира на Windows 8/8.1. Поддршката за овој оперативен систем, заедно со Windows 7, Microsoft ја заврши на 10 јануари оваа година, а подоцна следеа и неколку познати апликации, како Google Chrome, на пример. Корисниците кои уште се на овие системи се препорачува да направат надградба на понова верзија, односно на Windows 10, ...

Откога Елон Макс го купи Twitter, започна кампањата за оцрнување на оваа мрежа која сега има многу поголема слобода на говор од претходно. Јасно е дека критичарите ќе почнат да отвораат свои мрежи како Twitter, а Meta една од нив. За Twitter конкурентот од Meta веќе неколку пати можевме да прочитаме, а видовме и неофицијални слики од тоа како би изгледала мрежата. Со оглед на едноставноста на Twitter, јасно беше дека мрежата од Meta ќе изгледа ...

Целосно очекувано, Meta планираат да започнат со интеграција на генеративната вештачка интелигенција во сите нивни производи. Зависно од производот, формата би била различна, а дека вакво нешто се договара во компанијата засега е само неофицијално објавено. Како пример за тоа каква интеграција можеме да очекуваме се дава со „ботови“ во Messneger, нешто што до компанијата го имаа порано, па го откажаа. Во случајот со Instagram се планира можност ...

По додавањето на „табови“ во веќе модернизираниот File Explorer во Windows 11 минатата година, сега од Microsoft работат на дополнително модернизирање, односно редизајн на оваа важна апликација. Дека вакво нешто се подготвува можевме да прочитаме неофицијално, а новиот File Explorer сега и официјално станува достапен. Достапноста е во најновата dev верзија од Windows 11, поточно верзијата 23475. Со оглед на тоа што File Explorer веќе неколку ...

Најновата верзија од Vivaldi прелистувачот, односно Vivaldi 6.1, им овозможува на корисниците да го користат новиот Bing Chat, нешто што се’ уште не им е овозможено на корисниците кои не го користат Microsoft Edge. Од Microsoft сепак потврдија дека планираат да го пуштат пристапот до Bing Chat за другите прелистувачи, иако не е познато дали тоа ќе биде за сите или само за најпознатите, како Chrome и Safari. Начинот на којшто Vivaldi им ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
35%
1012
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
2.06
46%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 19ᴼ
5.14
47%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
63%
1013
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.07
60%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
57%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.6
44%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
46%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
37%
1014
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
51%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
4.63
47%
1012
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
72%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52