
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Од крајот на минатиот месец, YouTube започна со тестирање на автоматско прикажување на резимеа од видеата направени од страна на вештачка интелигенција. Овие резимеа треба дополнително на корисниците да им дадат претстава што би гледале во видеото и со тоа подобро да одлучат дали сакаат да го гледаат. Овие резимеа не се замислени како замена за описот на видеото кој го пишуваат креаторите, туку како дополнителен начин да се добие подобра ...
Мора да се признае дека Елон Маск направи мал хаос со Twitter Blue претплатата кога ја купи оваа мрежа. Истата ја поврза со сината ознака која дотогаш означуваше дека одреден профил е проверен и е во сопственост на тој што тврди, па претплатата дури мораше да биде повлечена одреден период пред да се испеглаат проблемите. Сега корисниците можат да изберат да на профилот не им се прикажува сината ознака, па доколку не се работи за одредена позната ...
Македонски Телеком ја доби престижната Ookla® награда за најдобра мобилна мрежа врз основа на податоците од Speedtest Intelligence® коишто се однесуваат на супериорната брзина на мобилната мрежа, најголемото покривање на територијата на Македонија и најдобриот квалитет на мрежата. Наградите Speedtest AwardsTM на Ookla® се одраз на реалните перформанси на мрежата и ги потврдуваат интернет брзините и покривањето. Ова интернационално признание им ...
За време на настан во кој корисниците може да бараат грешки во Windows 11, Microsoft по грешка им ја направи достапна алатката која се користи внатре во компанијата за вклучување и исклучување на одредени функции од системот. Корисниците, поточно тие понапредните, веќе користат вакви алатки, но StagingTool од Microsoft е официјална и истата е полесна и побезбедна за користење. Microsoft не ретко овозможува одредени нови функции во тест верзиите ...
Македонски Телеком го продолжува позитивниот тренд на раст и развој во сите сегменти и во првото полугодие од 2023 година. Нашиот главен стратешки фокус останува на интензивното ширење и зголемување на капацитетот и квалитетот на мрежата, особено на оптичката и 5G инфраструктура, за да обезбедиме уште подобро корисничко искуство. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA), којашто минатата година бележеше пад, во ...
Twitter, односно сега X, на корисниците на мрежата им овозможува да учествуваат во поделба на приходите од реклами и со тоа да заработуваат. Условите за ова не се баш мали, па бројот на вакви корисници сигурно не би бил голем. Достапноста на оваа можност сега е проширена во повеќе земји, а една од нив е и нашата, па доколку има корисници кои ги задоволуваат условите, можат да почнат да заработуваат од X. Поделбата на приходите се прави врз ...
Нема уште многу до претставувањето на новата iPhone 15 серија, а како и обично, повеќето информации кои се најважни се неофицијално објавени. Марк Гурман од Bloomberg, како главниот извор на информации од Apple, ги објави новините кои може да се очекуваат и на еден начин ги потврди досегашните информации. Тој истакнува дека „сонот“ на Apple да има телефон без никакви рамки околу екранот е започнат со iPhone X во 2017, па постепено продолжува ...
Roborock S8 е опремен со исклучителна моќ на вшмукување од дури 6000Pa за лесно да ја отстрани прашината, нечистотијата, влакната и другите мали честички од вашите подни површини. Roborock S8, како и неговиот претходник користи вибрации со висока фреквенција, постигнувајќи дури 3.000 микробришења во минута, што овозможува длабинско чистење на подот. Ултразвучното откривање тепих е уште една корисна карактеристика на Roborock S8. Оваа технологија ...
Очекувано неколку години веќе, Европската Комисија отвори истрага за можно прекршување на правилата за конкуренција во ЕУ од страна на Microsoft. Во овој случај конкретно се мисли на вклучувањето на Microsoft Teams сервисот во веќе популарниот Office пакет, односно сега Microsoft 365 сервис. Проблемот стана поистакнат во 2020 година на почетокот од корона кризата, кога огромен број на луѓе почнаа да работат од дома, па ваквите апликации добија ...
OnePlus ќе влезат на пазарот на уреди на преклоп, а тоа е веќе потврдено од страна на компанијата. Останува само уште да го видиме претставувањето за кое нема официјална најава, но се очекува дека ќе биде при крајот на идниот месец. Од компанијата сега го најавија името на нивниот уред, за кој досега се мислеше дека ќе биде наречен OnePlus Fold или нешто слично, но името сепак ќе биде OnePlus Open. Објавата на името, освен ако не испадне да се ...
WhatsApp се доста активни изминатиот период, па доста често има што да се напише за новините кои ги додаваа на нивната апликација. Најновата функција која станува дел од оваа апликација е можноста за испраќање на инстант видео пораки. Се работи за надоградба на веќе достапната и позната функција за испраќање на аудио пораки, па корисниците сега можат да додадат и видео. Видео пораките се испраќаат од истото место како аудио пораките, а сега е ...
Името Twitter нема уште долго да продолжиме да го користиме, а причина за тоа е некако ненадејната одлука на Маск да ја ребрендира оваа мрежа во X. Зошто тој смета дека не може да ја продолжи својата идеја со користење на постојниот бренд, не е јасно, па ќе видиме што ќе се случува во периодот што следи. Сега полека го гледаме ребрендирањето на Twitter, па доколку се пребара за оваа апликација во Play Store на Android, истата веќе го носи новото ...
По стандардната неофицијална најава, Google ја пушти нивната прва бета верзија од Play Games за PC во август минатата година. Апликацијата во основа овозможува играње на Android игрите на компјутер, за почеток во ограничен избор и за мал број на корисници. Достапноста на апликацијата, која се’ уште е во бета верзија, е проширена во 60 нови земји, па сега вкупната бројка на земји каде може да се инсталира Google Play Games за PC е 120. ...
Уште во април оваа година можевме да прочитаме дека Apple планира да го замени познатото копче за исклучување на звуците од телефонот, нешто по кое се познати iPhone телефоните од нивното претставување. Ова копче, кое сега е во форма на преклопник, треба да стане вистинско копче со чие притискање ќе може да се избере што ќе се случи. Вакво нешто од компанијата воведоа со ланскиот нов часовник, Watch Ultra, па оваа година се очекува дека „копчето ...
X, се’ уште позната како Twitter, ги има информирано огласувачите дека ако не трошат најмалку 1000 долари месечно за рекламирање на мрежата, ќе го изгубат статусот на верификувани сметки. Во овој случај се работи за ознаката која треба да потврди дека профилот навистина е на таа организација, односно не се работи за сега веќе не толку јасната сина ознака. Елон Маск го потврди ова и додаде дека организациите можат да плаќаат и по 1000 долари за ...
Скопје, 26 јули 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd. денес ја објави својата петта генерација Galaxy телефони на преклоп: Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5. Водечките форми во индустријата на телефони на преклоп нудат уникатни искуства за секој корисник со елегантен и компактен дизајн, безброј опции за прилагодување и моќни перформанси. Новиот Flex Hinge го прави искуството на преклопување возможно, а истовремено нуди естетски избалансиран ...
Скопје, 26 јули 2023 – Samsung Electronics денес ги претстави новите часовници Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic, дизајнирани да им помогнат на корисниците да развијат поздрави навики во текот на денот и ноќта. Серијата Galaxy Watch6 има сеопфатен опсег на функции поврзани со здравјето и моќни перформанси со префинет и елегантен дизајн, чии главни карактеристики се потенка рамка, поголем и поживописен екран и поинтерактивен кориснички ...
Скопје, 26 јули 2023 – Samsung Electronics ја претставува својата нова серија Galaxy Tab S9, врвен асортиман на производи кои го редефинираат светот на таблетите и поставуваат нови стандарди за гледање и креативна слобода. На сите три модели – Galaxy Tab S9, Tab S9+ и Tab S9 Ultra – Dynamic AMOLED 2X екраните гарантираат ненадминливо искуство на гледање и забава заедно со Qualcomm Snapdragon® 8 Gen 2 for Galaxy. S Pen пенкалото, кое е дел од ...
Во подготовка подолг период и достапен како ограничена бета верзија, прелистувачот Arc од The Browser Company ја доби својата прва официјална верзија. Arc 1.0 е достапен за симнување за сите корисници, но засега само на macOS и iOS. Од компанијата најавуваат и Windows верзија, но ќе видиме кога истата ќе стане достапна. Arc прелистувачот е направен на основа на Chromium кодот, но тука завршуваат сличностите со Chrome или било кој друг ...
Два месеци по пуштањето на својата официјална ChatGPT апликација на iOS, OpenAI сега конечно ја пушти својата апликација и на Android. Корисниците на оваа платформа веќе нема да мора да ја користат алатката само преку прелистувач или да ризикуваат и да користат некоја од многуте „алтернативни“ апликации кои не се од OpenAI. Апликацијата овозможува интеракција со вештачката интелигенција исто како преку десктоп, а корисниците можат да ја користат ...
Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) ја објави Програмата за стипендирање на идните студенти за академската 2023/2024 година според која на средношколците кои покажале добар успех во средното образование им се отвора можност да го продолжат школувањето на еден од најдобрите универзитети во земјава којшто, според Шангајската листа, е прогласен за најдобар универзитет во областа на наставата и учењето. Програмата за стипендирање на идните ...
Веќе сме запознаени со неофицијалниот план според кој до 2026 iPhone Pro моделите веќе нема да имаат видлива камера и Face ID сензор на екранот. Според овој план, Apple постепено ќе ги менува карактеристиките на предната страна, се до 2027 година кога сите iPhone модели ќе изгледаат исто, барем на предниот дел. Сега познатиот Ice universe излезе со слика за тоа како ќе изгледа iPhone кога целосно ќе бидат тргнати под екранот камерата и ...
Вест која фановите на Samsung не би сакале да ја прочитаат, враќање на Exynos чипот кај телефоните од овој производител, се најавува како можност која би се случила до крајот на оваа година. Според извори на Pocket-Lint, Samsung размислува повторно да почне да го користи нивниот чип кај телефоните, како што беше случајот до минатата година, во одредени региони. Тоа значи дека корисниците во Европа и уште некои, наместо со Snapdragon чип, ...
Очекувано беше дека Chat функциите на Bing, односно новиот Bing ќе биде достапен само преку Microsoft Edge. Од компанијата се познати по форсирањето на нивните производи, па ова не изненади никого. Минатиот месец беше најавено дека пристапот до новиот Bing ќе биде пуштен и за другите прелистувачи, па со тоа ќе можат да почнат да го користат и корисниците кои не сакаат да се префрлат на Edge. Оваа достапност според информациите е започната, иако ...
Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција – Скопје, својата светска премиера ќе ја има на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција, што ќе се одржи од 30 август до 9 септември оваа година. „Домаќинство за почетници” ќе биде дел од натпреварувачката програма „Orizzonti“ и ќе биде во конкуренција за наградите за најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио, ...
Скопје, 25 јули 2023 – Филмот BARBIE станува еден од најистакнатите културни моменти за годинава, а Samsung Electronics Co, Ltd го објави своето партнерство со Warner Bros. Pictures непосредно по самата премиера. Ексклузивната соработка се состои од глобална малопродажна активација и европска дигитална активација на BARBIE SmartThings DreamHouse. Кампањата ќе биде лансирана на повеќе канали во две фази ова лето, почнувајќи со глобалната ...
Sony конечно ја претстави наредната генерација од нивните одлични безжични слушалки од категоријата кои се ставаат во ушите. WF-1000XM5 доаѓаат цела година подоцна од нивните поголеми WH-1000XM5 и се тука да ги донесат на пазарот повторно едни од најдобрите слушалки кои се достапни. Sony WF-1000XM5 слободно може да се каже дека се целосно нови слушалки, а не само надградба од претходните, односно WF-1000XM4. Заклучокот доаѓа поради целосниот ...
На почетокот од месецот можевме да прочитаме дека Telegram ќе ја додаде популарната функција Stories во нивната апликација. За среќа, корисниците кои не сакаат да ја користат, можат да ја исклучат, оваа функција која веќе и да нема каде не е достапна. Сега Stories на Telegram почнуваат да стануваат достапни за корисниците, но засега тоа е само за Premium корисниците, односно тие кои ја плаќаат месечната претплата од сервисот. Како што беше ...
Samsung го заврши развојот на наредната генерација од GDDR меморијата, односно GDDR7, која моментално е единствена на пазарот, а ќе треба да почекаме и на конкуренцијата. Од компанијата најавуваат дека први кои ќе добијат пристап до новите чипови ќе бидат нивни клучни клиенти кои ќе треба да направат верификација на подобрувањата, а корисниците можат да очекуваат подобрувања кај графичките картички до крајот на годината или од идната. Новата ...
Започна како не до крај јасна најава од страна на Елон Маск, а денеска веќе започна процесот на ребредирање на Twitter. Оваа друштвена мрежа ќе се дистанцира од досега познатата птичка, а истата ќе биде заменета со лого во форма на буквата „X“. Домејнот X.com исто така од вчерашниот ден започна да носи до twitter.com, а веќе може да се забележи и промена на главното лого на страната. Ова лого првично беше најавено како привремено, додека се ...