
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Број 1 глобалниот вејпинг бренд VUSE ја отвори првата вејпинг зона во East Gate Mall во Скопје. Со оваа зона, VUSE го засилува своето присуство во Скопје, како и во целата земја, ќе им овозможи на посетителите да се запознаат со сите карактеристики, како и ги да купат сите достапни верзии на VUSE уредите. Сите посетители ќе имаат можност да видат како напреднатата технологија и иновативниот дизајн се спојуваат за да создадат нешто уникатно и ...
Скопје, 28.12.2023 – Празниците се можеби најубавиот потсетник, којшто дава поттик за поголем број на подароци и изненадувања во зимската сезона. Финансиските подароци се она, што најмногу ги радува младите, бидејќи придонесуваат за нивна финансиска независност, а и можност за самостојно раководење со сопствените средства. Шпаркасе Банка, на студентите корисници на „Vibe-on“ пакетот за млади, им обезбеди можност Новата година да ја започнат со ...
Amazon почнувајќи од 29 јануари идната година ќе почне да прикажува реклами на нивниот Prime Video сервис, без разлика кој пакет се користи. Оваа новина засега не е во повеќето земји од светот, па може да се очекува во Македонија подоцна, но не е познато кога. Во повеќе земји проширување се очекува во 2024, но нашата земја не е ни на таа листа, засега. Од компанија ги информираа корисниците преку имејл преку кој ја правдаат одлуката со потребата ...
На почеток нарекуван Bing Chat, како и новиот Bing, сега Copilot е официјалното име под кое Microsoft ќе го развива нивниот „чет бот“, односно пристапот до генеративната вештачка интелигенција. Оваа алатка како што е познато работи во главно на основа на технологијата од OpenAI, односно GPT, но Microsoft додава и сопствени „делови“. Тука е и DALL-E технологијата за генерирање на слики врз основа на насоките од корисникот. Microsoft Copilot сега ...
Со најновата надградба од Android 14 која ја добија корисниците на Pixel уредите од Google, достапен е нов дел во About phone наречен Battery information. Во овој дел корисниците можат да видат колку циклуси на полнење имаат направено на нивниот телефон, односно на батеријата. Како еден циклус се брои полнење од 0 до 100%, што значи дека ако батеријата не била испразнета или наполнета до крај, потребни се неколку полнења за да се достигне еден ...
Едукацијата во поглед на информатичката технологија (ИТ) опфаќа широк опсег на области поврзани со употребата, развојот и управувањето со технологијата во различни контексти. Полето на информатичките технологии е разновидно и постојат бројни специјалности и кариерни можности, а ИТ едукацијата нуди бројни придобивки, како на лично така и на професионално ниво. Кога се зборува за дигиталното образование, треба да се потенцира дека истото ...
Додека Microsoft, OpenAI и Google активно работат на развојот на генеративната вештачка интелигенција и големите јазични модели, а резултатот во главно го прикажуваат преку нивните „чет ботови“, Apple се чини дека стои на страна. Тоа не значи дека компанијата нема никаков развој и интеграција на вештачка интелигенција, тоа сепак одамна е започнато, но од компанијата не делува дека се заинтересирани конкретно во делот на конкуренција на ChatGPT и ...
Во октомври оваа година Qualcomm го претстави Snapdragon X Elite чипот наменет за Windows компјутерите. Иако ова не е нивниот прв ваков чип, сепак е првиот со кој се најавува сериозна конкуренција на Apple и нивните М чипови со кои популарноста на Mac компјутерите значително порасна изминатите години. Кратко кажано, предноста на овие чипови е нивната помала потрошувачка, а конечно овие години се успева и со зголемување на нивните перформанси кои ...
Google Chrome, со најновата верзија, како и во неделите што следат, добива неколку мали новини кои ги подобруваат достапни функции на прелистувачот. Не се работи за големи новини или промени во дизајнот, но како и секогаш и малите го подобруваат корисничкото искуство доволно. Првата новина е поврзана со функцијата „Safety Check“, која овозможува проверка на работи како дали се користи најновата верзија од прелистувачот, дали лозинките кои се ...
По тргањето на двата најнови паметни часовници од онлајн продавницата, Apple од вчера ја прекина продажбата на Watch Series 9 и Watch Ultra 2 и од нивните физички продавници. Доколку во текот на денешниот ден претседателот Бајден не се одлучи да стави вето на одлуката од ITC – International Trade Commission, тогаш Apple нема да може да продолжи со продажбата на овие паметни часовници додека не успее да се договори со компанијата Masimo. Оваа ...
TomTom, познатата компанија по нивниот систем за навигација, најавија дека работат на асистент за автомобилите направен на генеративна вештачка интелигенција. Кратко кажано, генеративната вештачка интелигенција ја доби својата популарност со претставувањето на ChatGPT, па во основа од компанијата сакаат да ја донесат оваа алатка во автомобилите. Истото го прават во соработка со Microsoft, компанија која најмногу инвестира во вештачката ...
По враќањето на функционалноста на Beeper Mini апликацијата преку потребата корисникот да има Mac компјутер за да се регистрира на iMessages сервисот, од компанијата се обидоа тоа да биде овозможено и преку постар iPhone кој може да биде пробиен, односно со популарно наречениот процес „jailbreak“. Од компанијата продолжуваат да сметаат дека го имаат моралното право да без дозвола на Apple се поврзат на нивниот сервис се во името на подобрата ...
ПроКредит Банка како докажан лидер во дигитализацијата во македонскиот банкарски сектор и понатаму продолжува да ја промовира дигитализацијата, овој пат со фокус на малите и средни претпријатија. За таа цел, ПроКредит Банка го организираше настанот „Дигитална еволуција: Одговорност кон иднината на бизнисите“, на кој присуствуваа претставници од над 50 домашни компании од приватниот сектор, компании кои нудат дигитални услуги, како и претставници ...
Над 100 бесплатни обуки „Вештини за успех“ се реализирани во рамки на дигиталната платформа Youth Empowered на Пивара Скопје. Скоро 8000 млади и лица од ранливи категории ја имаат поминато обуката во просториите на Едукативниот центар на компанијата или по електронски пат, каде што имаа можност да ги усовршат своите комуникациски вештини, да стекнат знаења од областа на финансиите и деловното работење, да ги унапредат своите вештини за креирање ...
Фондот за иновации и технолошки развој денеска ги прогласи добитниците на финансиска поддршка преку јавниот повик „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“, преку кој 2,3 милиони евра се распределуваат за развој и поттикнување на иновативноста кај домашните претприемачи и започнувањето на сопствени бизниси. Вкупно 61 проектни апликации (29 компании и 31 проектни тимови) се поддржани преку повикот „Стартапувај – ...
Во пет општини со околу 40 основни училишта неколку илјади ученици се здобија со знаења за булингот во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“. Работилниците, предводени од психолог со долгогодишно практично искуство со проблемот, се наменети не само за младите, туку и за стручните служби во училиштата, како и за родителите. За секоја од овие образовни установи „Макпетрол“ обезбеди и ...
После последната „исправка“ која ја врати функционалноста на Beeper Mini, повторно корисниците почнаа да пријавуваат проблем со сервисот. Сега од компанијата најавија постабилно решение, но решение кое сепак ја намалува вредноста и поентата на апликацијата. Beeper Mini сега може да функционира со iMessage, но за да можат тоа корисниците да го прават, мораат да поседуваат Mac компјутер со цел да им биде успешна регистрацијата на сервисот. Ова ...
Почнувајќи од утре, Apple прво ќе ја прекине онлајн продажбата на нивните два најнови паметни часовници претставени пред неколку месеци, а од 24 веќе истите нема да се нудат ни во продавниците. Причината за тоа е изгубениот спор пред ITC каде компанијата Masimo тврди дека Apple користат технологија која е патентирана од нивна страна. Технологијата се однесува на таа за мерење на кислородот во крвта, иако двете компании имаат спор за повеќе ...
Децата што со згрижувачко семејство живеат во куќата „Верна“, а чијшто кум е „Макпетрол“, денес добија новогодишни подароци. Во празнично расположение, дечињата беа израдувани со различни содржини со кои што ќе можат да се забавуваат и кои што ќе им помогнат полесно да ги совладаат предизвиците во следната 2024 година. – Општествената одговорност долги години е стратешка цел на „Макпетрол“ од повеќе причини, меѓу кои во врвот е нашата верба во ...
Компанијата Филип Морис Интернешнл (ФМИ) за првпат е вклучена во Dow Jones Sustainability World индексот и четврта последователна година во Dow Jones Sustainability композитниот индекс за Северна Америка. Светскиот индекс на одржливост на Dow Jones е едно од најугледните мерила за перформансите на одржливоста на компаниите ширум светот, како што е идентификувано од S&P Global преку годишната проценка на корпоративна одржливост (CSA). ...
Apple ќе мора да ја прекине продажбата на нивните два најнови модели на паметни часовници, Watch Series 9 и Watch Ultra 2 во САД. Прекинот на продажбата ќе започне од 21 декември преку веб продавницата, додека од 24-ти истото ќе се случи и со продавниците. Целосен прекин, односно и преку партнерите ќе започне од 25 декември. Причината за ова е спорот кој го има компанијата со Masimo, компанија која има патент апликации за технологиите кои се ...
Panasonic, познатата јапонска компанија, влегува на листата на компании кои ја подгреваат надежта за подобри батерии, нешто што го чекаме веќе одамна. Тие во соработка со американската Sila треба да претстават батерии за електричните автомобили кои би овозможиле доста добар напредок од сегашните. Батериите од Panasonic, чии клиенти се компании како Tesla, треба да овозможат 800 километри возење со едно полнење, нешто што е секако одлично. На тоа ...
Македонските е-трговци и оваа година ќе се натпреваруваат на изборот на најдобрите е-трговци за 2023 година „E-commerce Awards 2023“, кој Асоцијацијата за е-трговија на Македонија го организира традиционално, трета година по ред. Покрај препознавање на успешната работа на е-трговците, целта на овој избор е поттикнување и унапредување на растот и развојот на македонската е-трговија во целина. На изборот ќе се одбираат најдобрите домашни е-трговци ...
Една од поголемите предности да се користи Firefox на Android порано беше достапноста на екстензиите кои веќе сме научени да ги користиме на десктоп. Оваа можност за жал беше укината, по целосната преработка на Firefox, но истата сега повторно се враќа. Firefox на Android официјално доби поддршка за екстензии, а за почеток достапни се повеќе од 450 од нив. Со оглед на тоа што се работи за отворен систем за екстензии, исто како на десктоп, оваа ...
Мнозинството од младите работат на позиции што не се поврзани со полето на студирање, тренд кој преовладува кај младите се честите промени на работните места и над 80% од младите сметаат дека континуираното учење и унапредување се клучни за да останат конкурентни на пазарот на трудот. Ова се дел од наодите од истражувањето насловено „Младински аспирации за кариера и вештини“ спроведено во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно ...
Google Messages апликацијата ќе добие мала новина која е добредојдена и ќе го направи користењето на истата малку попрактично. Разговорите кои се прават со сега веќе доста популарниот RCS протокол, ќе добијат посебна позадина со која истите ќе бидат подобро означени. Корисниците на овој начин ќе можат лесно да направат разлика помеѓу нивните RCS разговори од тие кои се прават преку старите SMS и MMS пораки. Од тоа што може да се види досега, ...
Bitdefender, една од најпознатите интернет безбедносни компании во светот, претстави нова алатка која треба да им помогне на корисниците да откријат дали „си имаат работа“ со измама. Scamio е името на алатката и истата функционира со помош на вештачка интелигенција. Се користи слично како ChatGPT или било која друга „чет“ алатка која е направена со вештачка интелигенција и голем јазичен модел. Не е конкретно истакнато, но сигурно Scamio користи ...
Со оглед на тоа што Google „живее“ од реклами, а Chrome е голем фактор во овозможувањето на тие реклами, не е чудно што зголемувањето на приватноста на корисниците е нешто што со години се воведува како дел од овој прелистувач. Подобрувањето на приватноста на корисниците на Chrome се состои од два дела. Едниот е исклучувањето на можноста од користење на колачиња од трети страни, нешто што беше одложено за две години минатата година. Со ова ...
Google во нивната одлична Contacts апликација додаде мала интеграција со Google Maps, која ја прави оваа апликација уште покорисна. Секогаш кога некој корисник ја споделува својата локација во вистинско време, исто така одлична можност на Maps апликацијата, истото ќе биде прикажано и во Contacts. За да може да функционира оваа интеграција, корисникот треба да ја има Gmail адресата од корисникот кој споделува зачувана во неговиот контакт, а ...
Фондот за иновации и технолошки развој денеска на свечен настан ja одбележа десет годишнината од основањето на институцијата. Како водечка владина институција за поддршка на иновациите и технолошкиот развој во земјата, ФИТР има за цел да овозможи подобар пристап до финансиски средства за сите претприемачи, стартап компании и за сите микро, мали и средни претпријатија кои имаат амбиција за раст и развој. Во рамките на настанот, директорот на ...