Во рамките на CES 2024, Honda претстави нова серија на автомобили кои ќе бидат целосно електрични, а донесуваат и целосно преработен систем, како и дизајн. Серијата е наречена Honda 0 Series, односно Honda Zero, а со најавата беа претставени и две возила кои сега се само концепт, но во 2026 треба да има автомобили направени на основа на овој концепт. Двата концепт автомобили кои се претставени се Saloon, како седан возило и Space-Hub кое оди ...

Microsoft продолжува со интегрирање на генеративната вештачка интелигенција, односно ChatGPT стилот на алатки, каде и да стигне. Доказ за тоа е интеграција на ВИ во нивната Notepad апликација која не сум сигурен дека воопшто некој ја користи веќе. Оваа година ќе биде годината на вештачката интелигенција, а тоа е јасно од очекувањата за целосна нејзина интеграција во наредната верзија од Windows, а тука се и другите компании кои го прифаќаат овој ...

2023-та година беше прв пат што го отворивме повикот (прашалникот) за прибирање младински барања за одржлив транспорт за 2024 година. Прашалникот беше наменет за лица на возраст од 15 до 29 години (како што е наведено во Законот за млади на РСМ) и во него дадоа конкретни барања/предлози каде сакаат да ја видат промената во нивните општини. Целта на овој прашалник е да собере што е можно повеќе предлози и тие предлози што се соодветни и надлежна ...

Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба на Народната банка на Република Северна Македонија во периодот јануари-септември 2023 година, вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство со домашни и странски картички, изнесува 29,9 милијарди денари (3,3 милијарди денари просечно месечно) што претставува пораст од 18,2% во однос на истиот период минатата ...

Тоа што е AirDrop за корисниците на Apple, за корисниците на Google и другите Android ппроизводители е Nearby Share. Оваа функција беше претставена во 2020 година, а минатата година доби и апликација за Windows со што споделувањето на датотеките помеѓу уредите беше проширено и со компјутерите. Со оглед на големината на Samsung, односно бројот на корисници на нивните уреди, не изненадува што тие имаат посебно решение, а истото беше и потребно ...

Во рамките на CES 2024 Samsung претстави технологија која дефинитивно го привлекува вниманието и покрај се друго што е претставено или ќе биде претставено на познатиот саем во Лас Вегас. Од компанијата го претставија првиот во светот проѕирен MICRO LED екран кој слободно може да се каже дека потсетува како да е од научно фантастичен филм и ни дава претстава што може да очекуваме во блиска иднина. Екранот е презентиран заедно со проѕирни OLED и ...

Скопје, 9 јануари 2024 г. – Samsung Electronics Co., Ltd. денес ја сподели својата визија за тоа како технологијата за вештачка интелигенција (AI) ќе им овозможи на луѓето да уживаат во своите уреди поинтуитивно и поудобно од кога било досега. Презентирајќи ги овие идеи на прес-конференција на саемот CES® 2024, Samsung се здружи со клучните партнери за да ја претстави технологијата зад оваа визија и да објасни како новите производи и услуги ги ...

Apple Vision Pro, првиот уред за проширена реалност од компанијата, ја доби и официјално датата на достапност. Како што беше најавено и се очекуваше, Vision Pro требаше да почне да се продава од почетокот на оваа година, па датата на достапност е 2 февруари. Овој уред, кој од компанијата не го нарекуваат уред за проширена реалност, туку „просторен компјутер“, ќе им биде достапен само на корисниците во САД, а тие ќе можат да почнат со преднарачки ...

При крајот на минатата година судот во Калифорнија го паузира судењето против Google од страна на група на тужители поради постигнат договор помеѓу двете страни. Идниот месец треба да биде презентирано пред судот што е тоа што е договорено, доколку во меѓувреме нешто не се промени, по што ќе се знаат точните услови под кои ќе биде разрешена тужбата. Тужбата е поднесена од група на корисници од Chrome претставувани од страна на компанијата Boies ...

Како што беше планирано, Google од вчерашниот ден започна со вклучување на нивната „Tracking Protection“ функција во Chrome, која сепак има не баш реално име кога ќе се спореди со истата функција кај другите прелистувачи. Google Chrome не добива листа на „тракери“ кои ќе ги блокира, како и заштита од „fingerprinting“, па оваа новина се што прави е да ги исклучи „колачињата од трети страни“. Сепак, ова не е мала работа и истата значително ќе ја ...

Скопје, 5 јануари 2024 г. – Samsung Electronics Co. Ltd., денес ги најави новите гејмнинг монитори Odyssey OLED, кои ќе дебитираат на CES® 2024, најголемиот светски технолошки настан организиран од Consumer Technology Association (CTA)®, a кој ќе се одржи во Лас Вегас следната недела. Новите OLED модели нудат перформанси и визуелна јасност што гејмерите ја бараат од своите монитори, а ги вклучуваат моделите: Odyssey OLED G9 (Име на модел: ...

Решеноста на Microsoft да ја интегрира генеративната вештачка интелигенција во сите нивни производи, а тоа посебно ќе важи за оваа година, сега се гледа и во промена на Windows тастатурата после можеби 30 години. Тастатурите за Windows добиваат ново копче, Copilot, со чие притискање ќе се активира овој „асистент“ од компанијата. Засега ова копче ќе ја има само оваа функција, но ќе видиме во иднина дали ќе може да се комбинира како што е случајот ...

Можеби не толку легендарен како Renault 4, сепак и Renault 5 беше еден од повеќе познатите автомобили пред 50 години, а остана на пазарот до средината на деведесеттите. Во 2021 Renault најави дека планира да го врати овој автомобил на пазарот, но во модерна и целосно електрична форма. Сега автомобилот има и официјално име, а се очекува да биде официјално претставен идниот месец, па да започне со продажба до летото. Renault 5 E-Tech е новото име ...

За првпат по претставувањето на првиот iPad во 2010 година, Apple минатата година не претстави ниту една нова верзија од повеќето достапни модели денеска. Последните iPad компјутери беа претставени во 2022, односно беа претставени десеттата генерација од основниот iPad, петтата генерација од iPad Air, како и два iPad Pro модели. Причините за ова не се ни важни, тоа што е важно е што оваа година очекуваме од компанијата сериозно да надоместат за ...

При презентацијата на Pixel 8 телефоните, Google најави дека планира интеграција на Bard во нивниот Assistant, кој е дел од секој Android уред. Ова беше очекувано и во рамките на трендот минатата година на интеграција на генеративната вештачка интелигенција во сите производи од компаниите. Додека се чека на официјалното пуштање на новата верзија од Assistant, дечките од 9tо5Google имаат повеќе информации за што може да очекуваме. Преку ...

Досега „стравот“ од губење на работните места поради вештачката интелигенција обично беше од страна на тие кои пишуваат текстови, програмерите и слично. Сепак, вештачката интелигенција може да „дојде“ и по други извори на заработка, а едно од тие е на „инфлуенсерите“. Примери за способноста на генеративната вештачка интелигенција да генерира слики ги има многу, а доколку истите се искористат од страна на луѓе што знаат што прават, резултатот ...

Nvidia претстави посебна верзија од нивната најсилна графичка картичка GeForce RTX 4090, наречена RTX 4090D, која е направена да е послаба поради таквите ограничувања од страна на САД за компаниите кои извезуваат во Кина. „GeForce RTX 4090 D е дизајнирана за целосно усогласување со извозните контроли на американската влада“, рече Бераондо, додавајќи дека компанијата „интензивно се ангажирала со американската влада“ при развојот на чипот. – ...

За оваа година се очекуваат две поголеми новини кај Windows. Едната е поврзана со интеграцијата на вештачката интелигенција, а другата со конечно добар ARM чип кој треба да донесе добри перформанси и мала потрошувачка. Според неофицијални извори на Windows Central, два Surface модели, кои не беа надградена минатата година, ќе бидат главните кога се во прашање новините за Windows оваа година. Двата модели се Surface Pro 10 и Surface Laptop 6, ...

Samsung официјално го закажа настанот на кој ќе биде претставена наредната генерација од нивната најдобра серија на смартфони, Galaxy S24 серијата. Настанот со наслов „Galaxy Unpacked 2024: Opening a New Era of Mobile AI“ ќе се одржи на 17 јануари со почеток во 19:00 часот по македонско време. За разлика од претходните неколку години, оваа година настанот се одржува во Сан Хозе, а секако ќе биде пренесуван во живо преку YouTube каналот од ...

Во октомври минатата година, поради верувањето на Елон Маск дека естетски подобро изгледа, X мрежата го промени форматот на споделените линкови. Наместо, како што беше дотогаш слично на Facebook, од споделениот линк да бидат повлечени сликата, а под неа насловот и мал дел од текстот, X започна со прикажување само на сликата и доменот од страната врз неа. Иако корисниците можат да го стават насловот во самата објава, сликата обично не е баш ...

Mac никогаш не успеа да стане познат по изборот на игри, иако од компанијата се обидуваа да го направат тоа. Windows компјутерите отидоа во правецот на погодни за гејмерите, а има и причина зошто е тоа така. Кратко кажано, Mac дури и по префрлувањето на Intel чипови никогаш не доби сериозна поддршка за графички картички, па целната публика на овие компјутери останаа професионалците. Ова очекувано направи да гејминг студијата не ни планираат ...

Valve од почетокот на годината, поточно од вчерашниот ден, официјално ја заврши поддршката за постарите оперативни системи Windows 7, Windows 8 и Windows 8.1. Со тоа нивната Steam апликација за игри веќе нема да добива нови верзии на овие системи, а со тек на време корисниците нема да можат ни да ги играат игрите. Причината за ова е позната, се работи за постари верзии од Windows кои веќе не се поддржани, а поддршката е тргната и од страна на ...

По пуштањето на Microsoft Copilot апликацијата за корисниците на Android при крајот од минатиот месец, сега истата им е достапна и на корисниците на iOS, како и iPadOS, а оваа верзија може да се инсталира и на macOS. Апликацијата е иста како на Android, односно корисничкиот интерфејс на апликациите е ист со веб верзијата. Корисниците досега можеа да пристапат до алатката со вештачка интелигенција од Microsoft преку Bing апликацијата, но со ...

Група од 21 научник за првпат после повеќе децении успешно открива нова класа на антибиотици, нешто што е доста важно како откритие во време кога светот се соочува со резистенција на постојните од страна на бактериите. Очекувано, поради напредокот и популарноста изминатите година дена, откритието е направено со помош на вештачката интелигенција, поточно конкретни модели на таканаречено „длабоко учење“. Откритието, кое е објавено во магазинот ...

Надежите, кои сепак беа мали, дека претседателот Бајден ќе го искористи своето право на вето на одлуката на International Trade Commission во однос на спорот помеѓу Masimo и Apple, завршија во текот на вчерашниот ден. Рокот, кој истече на 25 декември, стави крај на периодот кога претседателот може да ја промени одлуката на ITC, а со тоа остана одлуката врз основа на која Apple веќе не може да ги продава нивните два најнови паметни часовници во ...

Скопје, 27 декември 2023 г. – Samsung Electronics Co., Ltd. денес најави дека на CES® 2024 ќе ги претстави најновите кујнски производи, апликации и функции на Samsung, засилени со вештачка интелигенција (AI) и поврзаност со апликацијата SmartThings, кои формираат екосистем за обезбедување повкусна храна и подобри искуства во кујната. Значајните производи и карактеристики го вклучуваат фрижидерот 2024 Bespoke Flex™ со 4 врати со AI Family Hub™+, ...

Apple повторно започна со продажба на нивните Watch Series 9 и Watch Ultra 2 во САД, откако ја прекинаа продажбата чекајќи го последниот ден од рокот претседателот Бајден да стави вето на одлуката на ITC. Брзата реакција на Apple беше очекувана и истата вклучува жалба до Апелациониот суд кој донесе одлука привремено да биде тргната забраната за продажба. Тоа што треба дополнително да се одлучи е колку ќе трае одложувањето на одлуката од ITC, ...

Скопје, 29 декември 2023 г. – Samsung Electronics Co., Ltd денес објави дека на CES® 2024 ќе ја претстави својата нова линија правосмукалки со напредна вештачка интелигенција (АI). Bespoke Jet Bot Combo™, правосмукалка и роботски џогер, носи подобрени АI-функции и чистење со пареа за полесно одржување на хигиената во домот. „Исклучително сум задоволен што можам да ја претставам нашата иновативна линија правосмукалки за 2024 година, Bespoke Jet ...

На настан во Пекинг кој се одржа вчера, Xiaomi го претстави SU7, нивниот прв електричен автомобил. Со ова од компанијата сериозно излегуваат од рамките на нивните досегашни производи, а се подготвуваат и за конкуренција со компаниите како Apple и Sony, од кои се’ уште чекаме влез на пазарот. Како што би се очекувало од Xiaomi, реално нивните производи обично се директна конкуренција на некои други и се инспирирани од нив, да не ги наречам често ...

Агенцијата за млади и спорт на свечена церемонија ги избра најдобрите спортисти во Македонија за 2023 година. Каратистите на „Макпетрол“ и годинава се добитници на две вредни признанија. Спортските оскари ги освоија Витомир Трајковски, како и Универзитетскиот карате-тим составен од пет спортисти-сениори кои што се членови на скопскиот клуб. Витомир Трајковски годинава на Светските игри во Ријад, Саудиска Арабија во конкуренција на првите Топ 8 ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
63%
1020
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
6.69
68%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
58%
1013
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
67%
1022
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.71
71%
1021
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
2.06
70%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 17ᴼ
4.12
64%
1021
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1019
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1021
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
4.12
50%
1023
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
62%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
50%
1024
Currency

61.525

Currency

53.9617

Currency

71.2182

Currency

34.0995

Currency

39.1097

Currency

66.5283

Currency

7.41638

Currency

0.65217

Currency

0.37783

Currency

0.52538

Currency

1.4325

Currency

0.63007

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15015.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.45

Сребро

1038.03

Злато

104051.10

Бакар

9.15

Паладиум

28999.97

Платина

29939.28

Родиум

174417.80

Цинк

2.65