По најавата дека Meta планира да воведе месечна претплата за корисниците во ЕУ, со цел овозможување на користење на нивните мрежи без користење на податоците од корисниците за рекламни цели, сега компанијата ќе добие тужба за истото. Целта на Meta, а според информациите тоа е одобрено од суд во ЕУ, е да се усогласи со законите од Унијата за приватност, односно да им овозможи на корисниците корисничко искуство без реклами и без нивно „следење“. ...

Tesla Cybertruck, кој повеќе пати беше одложуван, а доста силно беше најавен, посебно со футуристичкиот изглед, конечно ќе почне изгледа да се продава. Додека тоа точно да се види, односно дали и кога ќе почне продажбата и доставата на возилата, сега имаме едно интересно видео кое Елон Маск го сподели на X. Во ова видео, кратка трка е направена помеѓу Porsche 911 и Cybertruck кој зад него влече уште едно Porsche 911. Јасно е дека во оваа трка ...

Теди, десетгодишно дете од Пепард, Оксфордшир, поднесе петиција до Apple со која бара да биде променета „емоџи“ иконата која популарно е замислена да ги претстави таканаречените „бубалици“. Причината за оваа петиција е тврдењето на Теди дека оваа икона им прави проблем на луѓето кои носат очила, односно ги асоцира со „бубалиците“, односно „nerds“ на англиски. Тој има и сопствен предлог за тоа како треба да изгледа оваа икона, па на местото на ...

По најавата на финалистите пред две недели, Apple сега ги прогласи и победниците на App Store Awards 2023. Листата содржи 14 апликации, поделени според уредите на кои се достапни и категориите. „Инспиративно е да се видат начините на кои програмерите продолжуваат да градат неверојатни апликации и игри кои го редефинираат светот околу нас“, рече Тим Кук, извршен директор на Apple. „Овогодинешните победници го претставуваат неограничениот ...

NameDrop е нова функција која беше претставена со iOS 17, како надополнување на AirDrop. Корисниците можат едноставно да ги доближат и допрат своите два телефони и да започнат процес на споделување на своите контакт информации. Оваа новина вклучува и можност за споделување на датотеки, како слики, со едноставното допирање на телефоните. Властите во неколку федерални држави во САД почнаа да ги предупредуваат корисниците и да ја означуваат ...

Samsung Internet прелистувачот кој досега ексклузивно беше достапен на смартфоните и таблет компјутерите од компанијата, стана достапен на Windows. Апликацијата може да се симне преку Microsoft Store, но изгледа се’ уште е во изработка, па затоа Samsung не ја промовира официјално. Иако прелистувачот број 1 останува и изгледа ќе остане уште долго, Google Chrome, сепак Samsung Internet нема баш така мал број на корисници на уредите од компанијата. ...

Во мај оваа година Google го најави својот план да ги избрише сметките од корисниците кои се неактивни. Како неактивни сметки ќе се сметаат тие кои не биле користени повеќе од две години, а како причина за ова се истакнува безбедноста на корисниците чии сметки се користат за крадење на идентитетот, а корисниците често ја користат истата лозинка на други сервиси. Процесот на бришење е најавен дека ќе започне од декември, што значи дека од петок ...

Проверката на подготвеноста на возилото за зимски услови на патиштата е неопходна и многу значајна затоа што може значително да придонесе за намалување на несакани последици и зголемување на личната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Зимската проверка на возилото опфаќа: Доколку не сте во можност сами да ги направите проверките, посетете сервис за автомобили. РСБСП апелира: Внимавајте на зимските услови на коловозите! Бидете ...

После месеци на тестирање од март, Microsoft овој месец официјално ја пушти својата најнова апликација, повторно наменета за организација на работата на тимовите во компаниите. Microsoft Loop е директен конкуренти на познатата Notion, па тие кои веќе користат вакви апликации, ќе знаат точно за што се работи. Овој вид на апликации се посебно популарни изминатите години по зголемувањето на работата од дома или други локации кои не се канцелариите. ...

Почнувајќи од идната година, Google веќе нема да дозволува неограничен бекап на податоци од WhatsApp. Податоците од оваа апликација ќе почнат да се бројат кон просторот кој корисниците го имаат на Google Drive, каде и се прави бекапот од Android. Ова е во рамките на тоа како се прави на другите платформи, па Google само се приклучува на практиките, а тоа секако има и логика. Бекапот на податоци веќе не е толку мал како што беше едно време. ...

Spotify имаат најдено начин како да не ги плаќаат високите провизии кои ги имаат Google и Apple, па по целосното тргање на можноста да се плати претплата преку апликацијата на iPhone, тие доста добро имаат поминато и на Android. Според информациите кои излегоа од сведочењата во спорот помеѓу Epic и Google, се дознава дека Spotify имаат направено договор со Google врз основа на кој тие се скоро ослободени од плаќање на провизиите. Конкретно, ...

Скопје, 24 ноември 2023 г. – Samsung Electronics ги претстави најновите решенија за перење алишта со машините за перење и сушење од серијата 5000C, кои нудат најсовремена технологија и еколошки карактеристики. Оваа иновативна линија сега е достапна и во Македонија. Нова дефиниција за ефикасноста на перењето Со користење на технологијата Ecobubble™ на машината за перење Samsung 5000C, потрошувачката на енергија се намалува до 70%, бидејќи ...

Mакедонската веб продавница за смарт уреди Смартус и оваа година нуди големи попусти за Black Friday. Погледни го богатиот каталог, искористи ги попустите и одбери го твојот фаворит. Поднови се со роботска или безжична правосмукалки по намалени цени и олесни го чистењето. Одбери си и смарт часовник, електричен или статичен велосипед, фитнес справа за трчање или веслање и многу други уреди по екстра цени. Целосната понуда на сите смарт-уреди може ...

Главниот на Instagram во Meta, Адам Мосери, најави дека корисниците ја добиваат можноста да ги симнат Reels видеата кои се јавно објавени. Симнувањето се прави на телефонот од корисникот, како и било која друга датотека, па со нив ќе може да се прави што се сака. Симнатите видеа ќе ја носат ознаката од Instagram, како и профилот од кој се симнати, па со тоа ќе има одредена заштита за креаторите кои сигурно би сакале да бидат препознаени за ...

Неколку дена по ненадејното отпуштање на директорот на OpenAI, Сем Алтман и неговото вработување од страна на Microsoft, работите не остануваат едноставни, па изгледа ќе треба да почекаме дефинитивно да се расчистат деновиве. Како причина за отпуштањето, кое според информациите навистина се има случено ненадејно и Алтман бил информиран за тоа кратко пред јавната објава, се наведува „дека тој не бил постојано искрен во комуникацијата со одборот, ...

Ралф Макио, првиот „Karate Kid“ од 1984 и Џеки Чен, кој глумеше во преработка на познатите филмови во 2010, најавија дека започнато е со работа на нов филм кој треба да биде пуштен до крајот на идната година. Успешноста на „Karate Kid“ е очигледна, па не само што беа познати првите три филмови, по што следеше уште еден до Хилари Свонк, огромна популарност има и серијата „Cobra Kai“ која започна на YouTube, по што беше откупена од страна на ...

Повеќе од 15 основни училишта кои што се во надлежност на Општина Куманово ќе бидат дел од „Крени глас против врсничкото насилство“, општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Учениците што посетуваат настава во овие образовни установи ќе се здобијат со знаења за булингот преку работилници организирани од компанијата, а предводени од психотерапевт со практично искуство на темата. За таа цел денес беше потпишан меморандум за соработка. – Ако ...

Ненадејното отпуштање на директорот на OpenAI Сем Алтман, поради што си даде оставка и претседателот на одборот и ко-основач на компанијата Грек Брокман, полека почнува да добива некакво објаснување. Во меѓувреме Алтман беше вратен на својата позиција во OpenAI, а одборот на директори кој го отпушти си даде оставка. Новиот одбор треба да биде привремен, по што ќе биде формиран нов каде свој член ќе има и Microsoft, кои беа директно вклучени во ...

Google оваа година дефинитивно не сака веќе корисниците да можат да ги блокираат рекламите кои ги прикажуваат на нивниот YouTube сервис. По неколкуте промени во начинот на прикажување на рекламите, од компанијата прво почнаа да тестираат, па и официјално почнаа да користат одредени мерки против корисниците кои користат додатоци за блокирање на рекламите. Кога ќе отворат некое видео, корисниците со „блокирач на реклами“, ќе добијат известување ...

Работилниците што изминатиов период се одржуваат во повеќе општини низ Македонија, а преку кои учениците се здобиваат со знаења поврзани со проблемот со врсничкото насилство, ќе се одржуваат и во Демир Капија. За ефикасна реализација на овие активности, компанијата „Макпетрол“, која што стои зад општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, и општината денес потпишаа меморандум за соработка. – Врсничкото насилство е ...

Големата најава на Nothing дека на своите корисници ќе им овозможи можност за комуникација со iPhone корисниците, односно iMessage пораките, за многу кратко време „пропадна“. Nothing Chats уште веднаш се откри дека не функционира со шифрирање на разговорите, како што беше најавено, па и додатно истражување покажа дека користењето на апликацијата не е баш заштитено и приватно. Ова е очекувано кога се обидува „со сила“ да се користи туѓ протокол ...

Nothing, поточно основачот Карл Пеи, во негов веќе препознатлив стил, ја најави новата апликација од компанијата која требаше да биде ексклузивно достапна за корисниците на Phone (2). Nothing Chats беше претставена како iMessage за Android, односно апликација која ќе им овозможи на Android корисниците да комуницираат со своите Apple корисници и нивната Messages апликација. Сините и зелените меурчиња во апликацијата се интересна ситуација во САД, ...

Apple веќе работи на плановите за избор на нивниот нареден главен директор, кој ќе го наследи Тим Кук. Потребата за тоа се’ уште е години во иднина, но тие како компанија на време ги прават ваквите подготовки. Ова го истакна Тим Кук во интервјуто кој тој го имаше со познатата пеачка Дуа Липа во нејзината емисија „Dua Lipa: At Your Service“ на BBC Sounds. Тој на прашањето дали има некакви планови за негов наследник одговори дека тие како ...

Изминатиот период X повторно има проблем со огласувачите, а вниманието беше привлечено кога Apple објавија дека ги ставаат нивните кампањи на оваа мрежа на пауза. Како причина за одлуката беше истакнат антисемитизмот, нешто што е доста актуелно изминатиот период од познати причини. На листата на компании треба да се додадат и Paramount, Comcast, IBM, Disney и други кои поради истата причина одлучија да прекинат со рекламите. Проблемот настана по ...

На 20.11.2023 година, IQOS ја прошири достапноста со уште една локација. Нова IQOS зона, прва надвор од главниот град, е отворена во рамките на проширениот дел на трговскиот центар Palma Mall во Тетово. Работното време на IQOS зоната во Тетово е секој ден од 10 до 22 часот и нуди достапност и поддршка за сите возрасни пушачи кои сакаат да се информираат за подобрите алтернативи на цигарите и да се префрлат на категоријата производи базирани на ...

Изминативе неколку години, софтверската компанија Singular значително го зголеми својот тим и одбележа големи успеси, вклучувајќи го и отворањето на новата канцеларија во Скопје, како и аквизацијата од страна на Flutter Entertainment Plc, светски познат лидер во онлајн спортско обложување и гејминг. Иако тимот во македонската канцеларија денес вклучува повеќе од 80 луѓе, при започнувањето со работа во 2013 имало само 4 вработени, а растот ...

Можеби кај нас ова не е толку голем фактор, а корисниците во главно комуницираат преку Messenger и Viber, но во САД е доста позната „ситуацијата“ со сини и зелени „меурчиња“, едните преку iMessage протоколот, а другите преку SMS. Во основа, големиот број на iPhone корисници кои ги има во САД во голем дел ја користат Messages апликацијата од Apple која покрај SMS, кога корисникот е вклучен на интернет го користи iMessage протоколот. Тоа на ...

SpaceX во текот на вчерашниот ден го изврши вториот тест лет од нивното Starship летало, заедно со Super Heavy ракетата. Ова е втор ваков тест, а првиот беше извршен во април оваа година, по повеќе издвоени тест летови на Starship и успешно слетување назад на Земјата. Првиот тест заврши неуспешно со експлозија по неможноста двете летала да се одвојат. Вториот лет беше нешто поуспешен, но и тој заврши со експлозија и губење на леталата, иако за ...

Скопје, 20 ноември 2023 г. – Samsung го менува светот на камерата на паметниот телефон уште од објавувањето на првиот Galaxy S телефон во 2010 година. Постојано поставуваме нови граници, започнувајќи од воведувањето на првиот сензор за камера од 200 MP на светот и првиот ноќен режим работа при слаба осветленост, како и моќното зумирање на просторот на телефонот. Исто така, воведовме револуционерни функции за вештачка интелигенција во ...

Компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ги лансираше новите уреди без чад – IQOS ILUMA на македонскиот пазар. Овие уреди го претставуваат најновиот и најиновативниот додаток во растечкото портфолио на производи на компанијата, кои го загреваат, а не го согоруваат тутунот и е наменет исклучиво за возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат. За првпат се воведува технологијата на индукциско загревање, без сечило и без потреба од ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
71%
1023
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
6.17
68%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
72%
1011
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
3.6
93%
1023
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.59
84%
1022
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
87%
1011
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
69%
1023
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1019
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1020
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.24
74%
1022
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
4.12
83%
1012
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
4.12
34%
1024
Currency

61.535

Currency

54.2635

Currency

71.8573

Currency

34.5674

Currency

39.0046

Currency

66.3816

Currency

7.40061

Currency

0.65884

Currency

0.38035

Currency

0.52572

Currency

1.42748

Currency

0.63439

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15162.50

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.39

Злато

103753.26

Бакар

9.31

Паладиум

30832.57

Платина

30670.88

Родиум

175221.57

Цинк

2.65