
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Денес започна дводневната конференција „Градење на сајбер-отпорни организации“ иницирана од страна на Комитетот за дигитална трансформација при Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам). На конференцијата ќе учествуваат голем број експерти за сајбер безбедност и активни чинители во сферата на дигиталните трансформации од јавниот и приватниот сектор, со цел споделување знаење и најдобри практики во развојот на сајбер-отпорни ...
Вчера, на ексклузивен настан, официјално, за првпат беа претставени најновите иновативни уреди на Philip Morris International, IQOS ILUMA, кои користат индукциска технологија за загревање на тутун. Уредите од портфолиото ќе бидат достапни на македонскиот пазар од 20.11.2023, понеделник. Со настапите на Џијан Емин, Francesco Tristano и Magical Orchestra, DJ Yelisaveta и DJ Tebra, бројни присутни претставници од светот на бизнисот и медиумите први ...
Apple ги објави апликациите, скоро 40, кои се финалисти за годинешните App Store награди за најдобри апликации. Истите се поделени според уредот и сега се по три, од кои до крајот на месецот ќе биде избрана по една апликација како победник. „Возбудени сме поради достигнувањата на овие финалисти на App Store Award кои им помагаат на корисниците ширум светот да ги истражат нивните интереси за цртање, дизајн, уредување видео, образование, музика, ...
Неколку нови закони во ЕУ веќе донесуваат доста големи промени на пазарот, па покрај тоа што Apple конечно почна да го користи USB-C приклучокот кај iPhone, а идната година ќе додаде поддршка за RCS, сега имаме и промени кај Windows 11. Microsoft објави какви се’ промени може да се очекуваат кај Windows 11 за корисниците во ЕУ, а може да се каже дека ова се промени кои би било добро да ги имаше и без притисок од закони кои генерално не се баш ...
Files е апликација која е достапна уште од Windows 10 како одлична алтернатива на File Explorer. Со најновата верзија од редизајнираната File Explorer во Windows 11 можеби се намалува потребата од алтернативни апликации, но оваа изјава може да ја побие најновата верзија од Files. Files v3 донесува освежен изглед кој може да се каже дека изгледа одлично и е доста поблизок на File Explorer, што е добро. Големо освежување, односно редизајн добива ...
Windows Central минатата недела најави дека Microsoft планира да го донесе Copilot и во Windows 10, иако овој систем требаше да добива само мали безбедносни надградби до крајот на поддршката во 2025. Како причина за ова беше истакнат големиот број на корисници кои се’ уште го користат овој систем, околу 1 милијарда, во споредба со 400 милиони корисници на Windows 11. За овие бројки до некаде се криви и од Microsoft кои не дозволуваат инсталација ...
По долги години на „притисок“ од страна на Google и Samsung, Apple конечно попушти. Од компанијата ќе додадат поддршка за RCS протоколот, со што корисниците на iPhone и Android конкурентите конечно ќе можат да комуницираат на модерен начин преку вградените апликации кои досега во главно се користеа за SMS пораки. RCS протоколот во главно беше популаризиран и промовиран од страна на Google кои ја додадоа поддршката за него во нивната Messages ...
Во рамките на Ignite 2023 настанот од Microsoft, од компанијата претставија нова апликација наречена Windows App. Оваа нова апликација ќе биде достапна на Windows, macOS, iOS, iPadOS, како и преку веб, а е замислена како едно централно место за сите сервиси и уреди на корисниците кои се во „облакот“. Преку оваа апликација корисниците ќе можат да ги видат сите нивни уреди и сервиси од Windows 365, сервисот пуштен пред две години кој овозможува ...
Microsoft дефинитивно се одлучи да го користи брендот Copilot за нивната генеративна вештачка интелигенција, па сега ова име ќе се користи и за оригиналната имплементација, на местото на Bing Chat. Корисниците сега можат да пристапат до Copilot од посебна веб страна, што значи дека функцијата веќе нема да биде ексклузивно достапна преку Bing, иако останува за корисниците кои сакаат на тој начин да пристапат. Веб страната ...
Instagram со својата најнова верзија, која постепено се пушта кај корисниците, ја добива една од поголеми надградби изминатиот период. Скоро сите делови од апликацијата имаат нешто ново или изменето за подобро корисничко искуство. Подобрувања и новини добиваат објавата на слики, објавата на повеќе слики, објавата на Reels и Stories, па може да се каже дека целата апликација е подобрена, без промена на изгледот, односно во овој случај не се ...
Уште од минатата година можевме да прочитаме за планот на Apple, неофицијално, за менување на изгледот на горниот дел од екранот кај iPhone, односно тргање на се’ уште големиот исечок. Оваа година повторно излезе информацијата дека планот останува, а сега читаме за тоа дека од компанијата наводно почнале со тестирање на изгледот на iPhone 16 Pro кој за првпат треба да го донесе стилот кој со години се користи кај Android конкурентите, само една ...
Nothing, компанијата од еден од основачите на OnePlus, која веќе им е добро позната на корисниците, претстави нова апликација ексклузивно достапна само за корисниците на нивниот Nothing Phone (2). Оваа апликација, која е наречена Nothing Chats, дефинитивно ќе го привлече вниманието, а посебно на Apple. Апликацијата овозможува корисниците да разговараат преку iMessages, како и преку RCS протоколот на Google. Со тоа Nothing во основа постигнува ...
Google објави неколку нови правила кои програмерите ќе мора да ги почитуваат за да можат да ги објават своите апликации во Play Store, официјалната продавница за апликации на Android. Новите правила се воведуваат со цел да се подобри квалитетот на апликациите во продавницата, а тука секако е и безбедноста со намалувањето на бројот на малициозни апликации. Првата мерка се однесува на претходно донесените правила за верификација за објава на ...
Во продолжение од антимонополскиот процес против Google кој е започнат од страна на Министерството за правда на САД, објавени се дополнителни информации поврзани со сумата која Google ја исплаќа на повеќе компании за задржување на главната позиција на нивниот пребарувач. Претходно се дозна дека Google им исплаќа на компаниите дури 26,3 милијарди долари за Google Search да биде автоматски избран кај производите од корисниците. Тие имаат можност ...
Најпознатата апликација која одамна им помага на корисниците кои не се задоволни со Старт менито на Windows, по пуштањето на посебната верзија за Windows 11, сега ја добива и втората верзија од истата. Start11 v2 ја продолжува одличната работа од првата верзија, па донесува неколку новини кои ќе ја направат уште покорисна за корисниците. Како и досега, Start11 може да се користи на Windows 11, но и на Windows 10. Новата верзија доаѓа со три ...
Еден од најпознатите филмови на сите времиња, Terminator, ќе стане достапен и во форма на анимирана серија која ќе биде пуштена наскоро на Netflix. Кога точно може да се очекува, не е познато, како и повеќето детали околу приказната. Тоа што е познато е дека серијата ќе биде во продукција од страна на јапонското студио за анимација Production IG, а достапна е и кратка видео најава. Од тоа што може да се најде како информација, дејствието на ...
Во секој производ поврзан со технологијата, нормално е со текот на времето да се видат подобрувања. Ако се сетите како изгледаа старите мобилни телефони и ги споредите со денешните, ќе забележите огромен напредок. Kако и кај секој иновативен технолошки производ, тимовите кои стојат позади целиот процес секогаш се стремат да ја подобрат претходната верзија. Ако ги земеме за пример претходната генерација на уреди и новите IQOS ILUMA, има огромна ...
По информацијата дека Apple имаат направено пауза од една недела во развојот на iOS 18, како и другите системи, сега Марк Гурман дополнително објаснува што може да се очекува идната година од компанијата. Според него, внатре во компанијата од страна на менаџментот, наредните верзии од iOS и iPadOS се нарекуваат „амбициозни и привлечни“, а од нив се очекуваат поголеми нови функции и дизајни, покрај подобрувањата на безбедноста и перформансите. ...
Signal важи за една од најбезбедните, ако не и најбезбедната апликација за разговори на пазарот. Истата овој углед го постигнува преку нивното шифрирање на разговорите кое се користи како технологија и од страна на други апликации поради отвореноста на кодот, со што се овозможува и точна проверка на истиот. Од компанијата сега тестираат дополнително подобрување на безбедноста на апликацијата со можноста да не се прикажува бројот во разговорите, ...
Првиот национален симпозиум на млади лекари во организација на Здружението на лекари специјализанти „ЗЛС Скопје“ ќе се одржи на 10 и 11 ноември во хотел „Мериот“ во Скопје и на дводневната програма свое предавање ќе одржат експерти од Македонија, како и предавачи од други држави. Целта на овој симпозиум е да ги обедини младите лекари од сите гранки на специјалности во правец на промоција на најновите препораки за лекување на заболувањата, како и ...
Познатиот, но не секогаш баш по добро, сервис Omegle престана со работа после 14 години од претставувањето. Omegle им е познат на повеќето од вас, иако не сите го користат или користеле. Сервисот овозможува анонимно поврзување преку видео повик со корисници по случаен избор. Разговорите траат колку што двете страни би сакале, односно во секој момент може да се избере да биде прикажан друг корисник по случаен избор. Сопственикот на Omegle, кој ...
Скопје, 10 ноемвир 2023 г. – Интернет на дофат на рака. Камера во вашиот џеб. И одеднаш, вештачката интелигенција го подобрува вашето секојдневие. Samsung Galaxy помогна да се демократизира пристапот до интернет и ги претвори камерите во алатка за комуникација без која не можеме да живееме. Иако сите очи се вперени во вештачката интелигенција, некои од нејзините најдобри придобивки сè уште не се дојдени до мобилната технологија. Galaxy ќе го ...
Една трансформација на тутунска компанија прикажана преку примерот на Филип Морис Интернешнeл ја покажува силата на визијата на една компанија да ја менува реалноста. Ако пред 20 години беше невозможно да се замисли свет без цигари, сега оваа реалност започнува да биде дел од нашето секојдневие. Визијата да се креира свет без чад преку алтернативни тутунски производи се покажа реална и изводлива. Кога голема компанија започнува ваков тип на ...
Продолжението од филмот Ghostbusters: Afterlife, кој беше пуштен во 2021 година, го добива својот прв „трејлер“. Ghostbusters: Frozen Empire треба да стане достапен за гледање идната пролет, а од тоа што може да се види, можно е да биде поинтересен од првиот дел. Во новиот филм, односно во продолжението, споени се двете екипи, од новиот филм од 2021, како и од старите филмови кои првиот дел го имаа во 1984. Тоа значи дека покрај познатиот Пол ...
Најновата верзија од Google Chrome донесува можност за брза проверка на потрошувачката на меморија на секој „таб“ од овој познат прелистувач по големата потрошувачка. Корисниците се што треба е да поминат со глувчето врз „табот“ кој сакаат да го проверат, па заедно со насловот и страната од тој „таб“ кои и досега се прикажуваа, во долниот дел сега може да се види и потрошувачката на меморија. Проверката на потрошувачка на меморија и досега ...
Microsoft веќе одамна се познати по користењето на тактики да ги насочат и задржат корисниците на нивните апликации. Една од повеќе познатите вакви „мерки“ беше отежнувањето да се избере друг прелистувач како главен во Windows 10, па подоцна и во Windows 11, а минатиот месец можевме да прочитаме и за анкета која од компанијата ја вметнуваат на страната за симнување на Chrome. Сега од компанијата прават нешто слично кога корисниците ќе се обидат ...
Скопје, 09.11.2023 година – Поттикнати од големиот број сообраќајни незгоди во Скопје кои неретко завршуваат со жртви, „Мотоцентар“, заедно со трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ иницираат еднодневен настан, со цел подигнување на јавната свест за важноста на културата во сообраќајот. Именуван како „ДА ЈА ПОБЕДИМЕ СООБРАЌАЈНАТА НЕКУЛТУРА!“, настанот ќе се одржи на 11.11.2023 година (сабота), со почеток од 13:00 часот, на платото пред трговскиот ...
Microsoft планира да ја донесе вештачката интелигенција и кај нивниот нешто постар оперативен систем, Windows 10. Тоа би го направиле преку донесување на Copilot функцијата која за корисниците на Windows 11 стана официјално достапна од септември наваму, зависно од кој која надградба ја има инсталирано. Оваа информација ексклузивно ја објавуваат од Windows Central, кои тврдат дека ја имаат добиено од нивни извори во компанијата. Со оглед на тоа ...
По тестирањето прво кај помал број на корисници, Google минатата недела ги прошири мерките за справување со корисниците кои користат додатоци за блокирање на рекламите на нивниот YouTube сервис. Во основа, корисниците кои ги блокираат рекламите се предупредени дека тоа е спротивно на условите за користење на сервисот и дека корисниците треба или да го избришат својот додаток или да се претплатат на Premium претплатата на која нема реклами. ...
Скопје, 8 ноември 2023 г. – Samsung Electronics го отвори Samsung АI Форумот, каде ги претстави своите најнови научни достигнувања во вештачката интелигенција (АI) и компјутерското инженерство (СЕ), кои придонесуваат за подобрување на новата генерација на технологија на полупроводници на компанијата. Со повеќе од 1.000 присутни – вклучително водечки академици, експерти од индустријата, истражувачи и студенти – првиот ден од седмиот Samsung АI ...