
Скопје
4ᴼ /
4ᴼ



Microsoft постави построги правила за инсталација на Windows 11, за разлика од претходните верзии од системот. Едно од правилата е компјутерот да има TPM модул и тоа втора верзија, па можноста за пробивање на некои од софтверските решенија кои го користат овој модул, не оди баш во прилог на компанијата и нивните тврдења. Конкретно, безбедносен истражувач преку YouTube видео прикажува колку лесно и брзо може да се пробие TPM модулот, а со тоа и ...
Вештачката интелигенција се повеќе станува незаменлив дел од нашите животи, менувајќи го начинот на кој комуницираме. Препознавајќи го ова, Samsung ја лансираше новата серија S4 на пазарот на паметни телефони, која го носи вашето искуство до сосема нови височини на креативност, продуктивност и можности. Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra се паметни уреди со Galaxy AI вештачка интелигенција, засновани на длабоко разбирање за тоа како ...
Windows ја добива една од најпопуларните мали алатки која е стандардна кај Linux и macOS одамна, а тоа е Sudo командата. Оваа команда во главно им користи на програмерите и администраторите, па добро е што Microsoft конечно ќе им овозможи побрзо завршување на одредени активности на компјутерот. Sudo, односно Superuser Do, кратко кажано, им овозможува на корисниците да извршат активности преку командна линија кои бараат администраторски ...
Новиот visionOS систем кој Apple го разви за нивниот прв „просторен компјутер“ Vision Pro очекувано има одличен кориснички интерфејс. Покрај одредени елементи и решенија кои се уникатни за ваков вид на уреди, тоа што посебно се истакнува кај visionOS се проѕирните делови кои се користат кај повеќето апликации од компанијата. Според неофицијални извори, овој стил Apple наводно ќе почне да го користи и кај другите системи од нивната наредна ...
Европскиот шампион во ридско-планински патеки за сезоната 2023, Игор Стефановски-Иџе, со силна поддршка од „Макпетрол“ ќе се бори за четвртата титула во ова натпреварување на Светската автомобилистичка федерација (ФИА). Македонскиот спортист и лидерот на пазарот со нафта и нафтени деривати имаат успешна долгогодишна соработка. Нејзиното продолжување се реализира во рамки на стратешките приоритети на компанијата – општествената одговорност. – ...
Можеби Apple, карактеристично за нив, доцнат на пазарот на уреди со екрани кои се превиткуваат, но тоа не значи дека од компанијата не работат на развој на еден ваков уред. Повеќе пати досега можевме да прочитаме за тоа дека уред на преклоп од Apple треба да се очекува, а најновите информации говорат дека тоа најверојатно ќе се случи во наредните 2-3 години и прво ќе биде претставен iPad на преклоп. Дека од компанијата активно работат на развој ...
Изгледа ништо од Windows 12 за оваа година и покрај тоа што доста често читавме за тоа дека Microsoft се враќа на тригодишниот циклус на претставување нова верзија од системот. Мора да се истакне дека сите досегашни докази го користеа името наредната верзија од Windows, па јасно е дека тоа не беше до толку сигурен знак дека оваа година доаѓа Windows 12. Користењето на овој термин од страна на компаниите може едноставно да се однесува на ...
По Netflix минатата година и Disney+ се приклучи на промената на политиката за користење на една сметка од страна на повеќе корисници. Иако овие сервиси овозможуваат користење на неколку профили, тие профили сега сакаат да бидат наменети за членови на едно домаќинство, а не да се користат од страна на пријателите за да плаќаат помалку. Логиката е едноставна. Корисниците сакаат да платат помалку, па затоа делат една претплата, а од компаниите ...
Конкурентот од Google на ChatGPT и Copilot веќе нема да биде Bard, па овој „четбот“ сега ќе го носи името од јазичниот модел на којшто работи, Gemini. Од Google веќе ги променија името и ознаките, па сега секаде каде што се користеше Bard, стои името Gemini. Што се однесува до начинот на функционирање, се останува исто, односно во оваа фаза се работи само за промена на името. Со тек на време се разбира дека јазичниот модел и генеративната ...
Mozilla, организацијата која стои зад развојот на Firefox прелистувачот, го преименува досега достапниот сервис Firefox Monitor во Mozilla Monitor, а со тоа претстави и посебна месечна претплата која на корисниците им овозможува дополнителни можности. Mozilla Monitor Plus, за разлика од бесплатната верзија, на корисниците им овозможува проверка за нивните лични податоци на страните кои работат со нивна продажба, односно таканаречените „брокери ...
СКОПЈЕ, 08.02.2024: Гласањето од јавноста за најдобрите во македонската е-трговија за 2023 година, кое се прави бесплатно на официјалната веб страница на овогодинешните награди за е-трговија – ecommerceawards.mk, ќе трае до 10 февруари (сабота) до крајот на денот. По завршување на гласањето од јавноста, ќе следува гласање од жири комисија составена од ескперти во различни области поврзани со е-трговијата. На официјалната веб страница веќе се ...
Дизајнот на смартфоните изминатите неколку години не се менува, со исклучок на мали промени, па тоа стана и нормално за разлика од целосните редизајни кои беа стандардни на секои година до две. Во правец на овој нов „тренд“, остануваат и очекувањата за изгледот на iPhone 16 серијата која треба да биде претставена оваа есен. Веќе можевме да прочитаме за неколку наводни дизајн правци кои ги размислуваат од Apple, во главно за поставеноста на ...
Bluesky, уште една децентрализирана мрежа какви што се Mastodon и Threads од Meta, официјално почнува со работа. Поточно, Bluesky е достапна уште од пред една година, но во бета фаза за која беше потребна покана, па може да се каже дека не претставуваше официјална конкуренција на другите. Од оваа недела од мрежата ги тргаат поканите, па секој може да си направи сметка и да почне да ја користи мрежата. Bluesky е децентрализирана мрежа, а вакви ...
Не се Apple единствената компанија која мораше да воведе одредени новини поради новите закони во ЕУ, поточно „Digital Markets Act“. WhatsApp е една од апликациите кои се означени како дел од компании „чувари“, па поради тоа мораат да воведат одредени промени врз основа на законот. Во случајот со WhatsApp, тоа што мора да се воведе е можност за корисниците од другите сервиси за комуникација да можат да комуницираат со корисниците на оваа ...
Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ ги проширува активностите и во Општина Петровец. Градоначалникот Борче Митевски и членката на управниот одбор и директорка во компанијата, Марија Јосифовска-Спасовска денес потпишаа меморандум за соработка. Како дел од „Крени глас против врсничко насилство“, учениците во оваа скопска општина ќе учествуваат во работилници преку кои што ќе се запознаат со причините, последиците како и со начините на ...
Microsoft се подготвуваат да ја пуштат првата надградба со нови функции за оваа година. Иако истата се’ уште не е официјално најавена, Windows Central ја најавува „February 2024 Moment“ надградбата која треба да биде петта ваква надградба на Windows 11. Според информациите, оваа надградба може да се очекува на 27 овој месец, како „опционална“ надградба која обично е наменета за корисниците кои почесто проверуваат за нови верзии и сакаат да ги ...
До крајот на март се очекува дека Apple конечно ќе воведе OLED екран кај нивните iPad Pro таблет компјутери. Нешто што е одамна стандардно кај повеќето Android конкуренти, ќе донесе подобра ефикасност, како и одличен контраст за корисниците на iPad Pro. За iPad Pro OLED моделите читаме веќе цела година, а една од информациите беше дека Apple планира доста големо покачување на цените на овие уреди. Основниот модел наводно треба да добие скоро ...
Компанијата Saint-Gobain преку Фондацијата Saint-Gobain Initiatives донира 70.000€ за реконструкција на 2 објекти за социјално загрозени семејства во општина Чашка. Донаторскиот проект ќе се реализира во соработка со Хабитат Македонија која ќе учествува со 17.000€, и во координација со општина Чашка која е и сопственик на двата објекти. За да се означи почетокот на проектот денес во просторииите на Хабитат Македонија е потпишан и меморандум за ...
Пред официјалното пуштање на Apple Vision Pro, Netflix, Spotify и YouTube најавија дека тие нема да развијат посебни апликации за овој нов уред од Apple, па дури одбиваат да ги дозволат iPad верзиите да функционираат на уредот. Популарноста на првата верзија од овој „просторен компјутер“ кој чини дури 3500 долари, а е произведен во мала количина, не беше баш јасно колку да се очекува. Сепак, по достапноста во продажба на почетокот на месецот ...
За време на презентацијата на финансиските резултати, директорот на Qualcomm го најави доаѓањето на компјутерите кои ќе работат на нивниот најнов Snapdragon X Elite чип. Овој чип треба конечно да донесе конкуренција на делот од пазарот каде MacBook изминатите неколку години го привлекува главното внимание, а во главно поради M чиповите од компанијата кои нудат одлични перформанси, со доста ниска потрошувачка. Од Qualcomm веќе тврдат дека нивниот ...
Како што беше неколку пати најавено, Google започна со исклучување на „колачињата од трети страни“ за 1% од нивните корисниците на Chrome. Овој процес започна на 4 јануари оваа година, а треба да се прошири на сите корисници до крајот на годината. Од Google оваа новина ја нарекуваат официјално „Tracking Protection“, иако тоа може да ги збуни корисниците со оглед на тоа што нуди многу помалку од истата функција кај конкурентите кои блокираат ...
Покрај тоа што програмерите ќе можат да почнат да користат друга технологија за прелистувачи од таа на Apple од идниот месец во ЕУ, тие ќе можат да претстават продавници за апликации. Тоа значи дека корисниците во ЕУ ќе можат да инсталираат апликации надвор од App Store, па тоа наводно ќе донесе повеќе избор за нив и можности за помалите програмери. Јасно е дека овие одлуки Apple ги носи поради новите европски закони, а не е нешто што би сакале ...
Иако може да се каже бавно, сепак Windows почнува да станува попривлечен систем и за другите корисници, кои не се „гејмери“ или обични корисници кои работат со Office пакетот. Додавањето на, кратко кажано, Linux во самиот систем направи доста за корисниците кои имаат потреба од алатките кои ги нуди Linux, но сепак имаат потреба од Windows. Сега Windows ќе ја добие една од почесто користените „алатки“ од страна на програмерите и инженерите на ...
Со iOS 17.4, надградба која ќе биде пуштена идниот месец, Apple ќе воведе неколку промени кои одбива да ги воведе со години, но сега мораат поради новите закони во Европската Унија. Една од тие промени е овозможување апликациите да користат различна технологија за прелистувачи од WebKit на Apple на која работи Safari. Тоа практично значи дека Firefox, Chrome и другите ќе можат да почнат да ги користат сопствените технологии во нивните iPhone ...
Apple, типично за нив, се’ уште немаат влезено на пазарот на уреди на преклоп, односно уреди со екрани кои се превиткуваат. Кога ќе ги видиме тие што се достапни, станува јасно зошто од Apple чекаат, па се надеваме дека кога тие ќе претстават некој ваков уред, ќе ги нема недостатоците на конкурентите. Гласините досега кажуваат дека Apple прво би претставиле iPad на преклоп, па дури потоа може да се очекува и iPhone. Ваков iPad се најавуваше за ...
Apple Vision Pro од денеска официјално им станува достапен на корисниците во САД. Од Apple најавија дека корисниците ќе имаат избор од повеќе од 600 апликации кои се специјално развиени за овој „просторен компјутер“, како што сакаат да биде нарекуван. На овие повеќе од 600 апликации треба да се додадат и повеќе од 1 милиони апликации кои иако не се специјално развиени за уредот, се компатибилни во нивните верзии направени за iPad и iPhone. Ова ...
Најновата апликација која ќе ги добие придобивките од генеративната вештачката интелигенција од Google е нивната Maps. Оваа интеграција ќе им овозможи на корисниците да побараат нешто од огромниот број на достапни места и бизниси, на начин како што тоа би го направиле доколку прашаат некој човек. Од Google сакаат да ги искористат огромниот број на места достапни во нивната апликација, повеќе од 250 милиони, како што истакнуваат од компанијата, ...
Без разлика како ќе биде наречена наредната верзија од Windows, Microsoft ќе ги однесе новите функции кај истата, а посебно тие поврзани со вештачката интелигенција. Сепак, останува интересно да се види дали гласините за враќање на тригодишниот циклус ќе се покажат како точни, па оваа година да биде претставен Windows 12. Очекувањата за Windows 12 се тука и поради фактот што доколку од компанијата се одлучат за целосно нова верзија од системот, ...
Дека од Apple работат на развој на свои големи јазични модели и генеративна вештачка интелигенција досега можевме да прочитаме само од гласини, иако се сметаше дека мали се шансите тие да не се точни. Сега директорот на компанијата, Тим Кук, го потврди ова, иако очекувано не даде повеќе информации. Тој истакна дека од компанијата продолжуваат да вложуваат огромно време и напор и се возбудени да ги споделат деталите од нивната работа подоцна во ...
Google најави дека нивните YouTube Premium и YouTube Music сервиси сега имаат повеќе од 100 милиони корисници. Оваа бројка е вкупна за двете претплати, а од компанијата истакнуваат дека во неа влегуваат и корисниците кои моментално се на бесплатниот тест период. Можноста за претплата на YouTube беше претставена во 2015 година, а со истата корисниците добија можност да продолжат да го слушаат видеото и кога ќе го заклучат нивниот уред, ја добија ...