
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Еден од најпознатите и најдобри „менаџери“ на лозинки, Bitwarden, доби поддршка за креирање и чување на „passkey“. Кратко, за потсетување, овие клучеви се користат како доста посигурна замена за лозинките, иако има време додека повеќето сервиси целосно ги откажат лозинките и се користат само passkeys. Можноста за креирање на passkey е достапна за почеток само преку додатокот за интернет прелистувачите, а за во иднина се најавува поддршка и за ...
Според Марк Гурман од Bloomberg, Apple имаат направено пауза од една недела во развојот на iOS 18, macOS 15, watchOS 11 и tvOS 18 поради голем број на грешки во моменталните верзии од овие системи. Од компанијата наводно ги имаат насочено ресурсите кон исправка на грешките, а веќе се очекува дека работата има продолжено со нормално темпо. Според информациите, внатрешните тестирања откриле повеќе грешки од што е прифатливо, поради што е донесена ...
Според неофицијални информации од корејскиот ETNews, Apple работи на развој на сопствена технологија за батерии кои би можеле да ги видиме во нивните производи од 2025 година. Оваа технологија наводно е во развој уште од 2018 година, а е започната и како потреба за се’ уште неофицијалниот Apple автомобил. Сега развојот се истакнува дека е во главно насочен кон моменталните производи, а како потреба посебно се појавува по претставувањето на ...
Не е ретко да се постави прашањето за тоа дали Instagram како мрежа ги информира корисниците доколку направите слика од екранот додека сте на нивниот профил, пораки и било кои други објави. Кратко кажано, не, Instagram не ги известува корисниците кога правите слика од екранот, но сепак има една ситуација кога истото се прави. Доколку направите слика од екранот додека разговорот е ставен во режим на исчезнување, односно „vanish“, тогаш во самиот ...
На Меѓународниот балкански универзитет во рамките на настојувањата за унапредување на образовниот процес што подразбира организирање предавања на познати и докажани експерти од различни области, вчера се одржа предавање на Дејвид Кусума, поранешен претседател на Светската организација за дизајнери (WDO) кој пред присутните студенти и гости зборуваше на тема „Развивање нови материјали и технологии за максимизирање на бенефитите на корисниците“. ...
Apple пред една недела го освежи две години стариот iMac 24 инчен кој го доби тогаш новиот М1 чип од компанијата. Во двете години што следеа тој остана како единствена се-во-едно понуда од Apple, а посебно по откажувањето на двата Intel модели од iMac минатата година. Со претставувањето на iMac 24 М3 моделот, стана јасно дека оваа година нема да видиме М верзија од 27 инчниот модел. Apple сепак немаат план да претстават ваков iMac, па тие за ...
YouTube започна со тестирање, иако не е нешто што е официјално објавено на страната од сервисот за вакви тестови, со ново копче кое треба да им помогне на корисниците во изборот од огромниот број на видео содржина. Копчето се појавува заедно со цело известување, односно картичка која „прашува“ дали корисникот не знае што да гледа. Копчето е означено како „Play something“, а неговото притискање пушта видео по случаен избор. Иако овој тест не е ...
Оваа година може да се каже дека Apple конечно веќе не е на далечното прво место кога се во прашање перформансите на нивните чипови. Конкуренцијата успешно ги стигна, а останува само да се види како тоа се пресликува во реалното користење на телефоните, нешто за кое Apple пак има одредена предност. По претставувањето на доста подобриот Snapdragon 8 Gen 3 од Qualcomm, сега го имаме и Dimensity 9300 од MediaTek. Тајванската компанија сака да ги ...
Visual Look Up функцијата, која може да препознае што е тоа на сликата од корисникот, со iOS 17 добива мала и корисна надградба. Покрај неколку други нови можности, Visual Look Up сега може да ги препознае иконите кои се вклучени на контролната табла од автомобилот и со тоа да му помогне на корисникот да разбере што не е во ред со неговиот автомобил. Овие икони обично се вклучуваат кога нешто не е во ред со дел од автомобилот, а обично се ...
Netflix, кои досега во САД имаа неколку краткорочни продавници, во 2025 планираат да отворат продавници во неколку градови од земјата. Овие продавници ќе биде направени да понудат познато искуство од некои од нивните филмови и серии. Netflix House е името на овој проект, а корисниците во продавниците ќе можат да купуваат работи, но и да играат, како и да јадат. Може да се каже дека ова ќе биде еден вид на комбинација на ресторан со продавница. ...
Неколку месеци по најавата за формирање на нова компанија која ќе работи на развој на генеративна вештачка интелигенција и големи јазични модели од страна на Елон Маск, xAI сега го претстави својот прв производ. Grok е кратко кажано „четбот“ кој ќе им конкурира на ChatGPT од OpenAI, компанија која Маск ја ко-основа, Bard од Google и другите. Од компанијата истакнуваат дека Grok е трениран само два месеци, па корисниците кои ќе имаат пристап ...
NASA веќе го најави својот нов сервис изминатото лето, а сега и официјално ја најави датата кога ќе им стане достапен на сите корисници. NASA+ ќе биде достапен без претплата и нема да има реклами, а ќе им биде достапен на сите корисници во светот. „Лансираме повеќе од ракети. Овој месец, го лансираме нашиот нов стриминг сервис, NASA+. Без претплата. Без реклами. Без трошоци. Погоден за семејствата. Емисии во живо со Еми награди. Оригинални ...
Скопје – 3 ноември 2023 г. – Samsung Electronics денес го претстави автоматскиот блокатор – нова безбедносна алатка за корисниците на Samsung Galaxy дизајнирана да ги штити уредите на начин кој најдобро одговара на нивниот животен стил. Неодамна лансиран на One UI 6 во рамки на проширената понуда со иновации за безбедност и приватност на Samsung Galaxy, автоматскиот блокатор е изборен пакет од дополнителни безбедносни мерки, кој на корисниците ...
Нешто што сигурно повеќето од нас го имаме помислено кога ги имаме гледано големиот број на доста евтини и без бренд Android уреди наменети за поврзување со телевизорите, сега се покажува како вистина. Неколку безбедносни истражувачи имаат откриено малициозен софтвер, поточно „задна врата“ кај илјадници модели од овие уреди, а тука треба да се додадат и евтини, небрендирани смартфони, таблет компјутери и слично. Се работи за евтини уреди ...
Познатите филмови Planet of the Apes, кои ги има уште од 1968 година, во мај идната година ќе го добијат најновото продолжение. Ова продолжение е од најновиот серијал, односно од „модерните“ преработки на филмовите, нешто што е стандардно да се прави во последно време. Kingdom of the Planet of the Apes е името на најновиот филм и во кината треба да стане достапен од мај идната година, а веќе со години премиерите се случуваат во исто време и кај ...
Марк Гурман веќе најави дека Apple работат на можност да го ажурираат софтверот на iPhone уредите додека истите се спалувани во продавниците, без потреба од нивно отпакување. Сега оваа информација е потврдена преку код кој е забележан во алатките за програмерите од бета верзија на iOS 17.2. Тоа значи дека Apple наскоро ќе може да ги ажурира iPhone телефоните и да ги продава со најновата верзија од iOS, а уште поважно со исправени грешки. ...
Одамна е познато дека Google им плаќа на компаниите да тие го направат овој интернет пребарувач стандарден во нивните производи. На пример, кога првпат инсталирате Mozilla Firefox, пребарувачот кој е веќе избран е Google, а организацијата ова го смета за еден од главните извори на финансии за нив. Сега како дел од истрагите за монополско однесување на Google, објавени се сумите кои од компанијата ги имаат платено за поставување на пребарувачот ...
Десеттата верзија од Apple Watch, кој беше првпат претставен во април 2015 година, треба да биде претставена идната година. Досега информациите говорат дека оваа верзија ќе биде целосно редизајнирана, односно Apple планира промени за јубилејната верзија. Марк Гурман од Bloomberg сега најавува што дополнително може да се очекува идната година, но и во тие што следат, а работите се очекува да одат во правец на доста посериозни здравствени ...
Единаесет основни училишта од општина Гази Баба и осум од Кисела Вода се вклучуваат во општествено одговорната и едукативна кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“. Учениците од овие две скопски општини ќе имаат можност преку работилници, кои ќе ги води психотерапевт, да се запознаат со проблемот со булингот. За нив, како и за родителите, ќе биде обезбеден и печатен едукативен материјал. Во Општина Центар веќе извесно ...
Скопје, 2 ноември 2023 г. – Samsung Electronics глобално ја воведе Привремената резервна копија во облак, која е безбеден и лесен начин за зачувување и пренос на важни податоци. Во ситуации кога корисниците на Samsung Galaxy ќе се вознемират заради губење на нивните податоци, вклучувајќи фотографии, видео записи и приватни датотеки, оваа функција обезбедува удобност и сигурност. Ја нагласува постојаната посветеност на Samsung за обезбедување ...
Тестот кој Google го започна со блокирање на пристапот до видеата за корисниците кои користат некои од познатите „блокирачи“ на реклами, сега излегува од таа фаза и се проширува на сите. Информацијата ја потврдуваат од компанијата за The Verge, па во периодот што следи сите корисници може да ја очекуваат пораката на црна позадина која не им дозволува да ги гледаат видеата. На пораката стои дека блокирањето на рекламите е спротивно на условите ...
Microsoft официјално започна со пуштање на Windows 11 2023 надградбата која требаше да биде главната и најголема за оваа година. Од компанијата се одлучија да ги „измешаат“ работите малку, па не знам од која причина, повеќето новини беа пуштени во септември, па оваа надградба може да се каже дека во главно само ја менува верзијата на системот. Ова значи дека корисниците кои ја инсталираа септемвриската надградба веќе го добија Copilot, новиот ...
Meta официјално го најави воведувањето за првпат на претплата за користење на Facebook и Instagram мрежите без реклами во Европа. Корисниците ќе ја имаат можноста да плаќаат 9,99 евра месечно, односно 12,99 доколку се претплатат преку мобилната апликација и со тоа веќе да не гледаат никакви реклами на мрежите, а исто така нивните податоци веќе да не се користат за рекламни цели. Ова беше неофицијално најавено на почетокот од месецот, а секако ...
На денешниот настан, кој невообичаено се одржа во 1 часот по полноќ по наше време, Apple ги претстави М3 чиповите, овој пат три верзии заедно кои обично ги претставува во два различни периоди. Заедно со овие чипови, од компанијата ги претставија и првите компјутери кои ќе работат на нив, па тука е освежувањето на веќе две години стариот iMac 24 инчен, а секако тука се и новите верзии од MacBook Pro. Овој пат, како основен MacBook Pro ќе се смета ...
Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“, ќе ги прошири едукативните активности и во Гевгелија. Учениците од основните училишта во надлежност на оваа општина ќе имаат прилика да се здобијат со знаења за проблемот со врсничкото насилство преку работилници што ќе ги овозможи компанијата, а ќе бидат предводени од психотерапевт со практично искуство на оваа тема. „Макпетрол“ и Општина Гевгелија денес ...
Македонски Телеком продолжува со успешното работење и со позитивен тренд на раст и во третиот квартал од 2023 година. Од почетокот на годината, бројот на корисници континуирано расте, а во фокусот останува интензивното ширење и зголемување на капацитетот и квалитетот на мрежата, особено на оптичката и 5G инфраструктура. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 11,6 проценти споредено со истиот период ...
Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“, ќе ги прошири едукативните активности и во Гевгелија. Учениците од основните училишта во надлежност на оваа општина ќе имаат прилика да се здобијат со знаења за проблемот со врсничкото насилство преку работилници што ќе ги овозможи компанијата, а ќе бидат предводени од психотерапевт со практично искуство на оваа тема. „Макпетрол“ и Општина Гевгелија денес ...
iMac, можеби најпознатиот се-во-едно компјутер во светот, последен пат беше надграден во 2021 кога 24 инчната верзија го доби тогаш новиот М1 чип од Apple. На настанот кој се одржа денеска по полноќ, iMac доби освежување, па повторно само 24 инчната верзија го добива новиот М3 чип. Овој компјутер во главно останува ист, па главната промена е кај чипот, иако тоа и не е баш мала промена, посебно кога ќе се земе во предвид дека доаѓа после повеќе ...
Apple денеска, во еден часот после полноќ по македонско време, го одржа нивниот „застрашувачки брз“ настан, кој повторно беше само онлајн, а овој пат беше и доста краток. На настанот како што се очекуваше беше претставена наредната генерација од доста успешниот чип од компанијата. Претставени беа M3 чипот, а овој пат заедно беа претставени и посилните верзии, M3 Pro и M3 Max. Како главна новина кај M3 серијата е големото подобрување кај ...
Microsoft Word, во денешно време апликација која нема кој не ја познава, а ретко и кој не ја користи, оваа година ја слави својата 40 годишнина. Апликацијата беше претставена во 1983 година, во време кога Microsoft се’ уште го немаше најпопуларниот оперативен систем за компјутерите. Во денешно време Word е дел од Microsoft 365 пакетот кој сега најчесто се користи како преку претплата, а иако основата може да се каже дека е иста, апликацијата ...