
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Новиот Outlook, како што го нарекуваат од Microsoft, им е достапен на корисниците уште од минатата година, а почна и да доаѓа пред-инсталиран за дел од корисниците на Windows 11. Апликацијата е направена на основа на Outlook.com, односно се работи за преработена веб верзија од сервисот, која сепак изгледа одлично и модерно. Со тек на време апликацијата ги доби повеќето функции кои им беа достапни на корисниците на веќе старата десктоп ...
Brave интернет прелистувачот е еден од повеќе популарните, иако не постои долго време. Направен на основа на Chromium отворениот код, својата популарност ја влече од угледот на можеби најмногу приватниот прелистувач, иако неколку пати имаше „предизвикување“ на ова тврдење. Една од заштитите на приватноста која ја овозможува Brave е заштитата од таканареченото „fingerprinting“. Ова е понапреден начин на следење на корисниците од колачињата, на ...
Во видео направено во чест на Лени Смут, пронаоѓач во Disney, презентиран беше еден „уред“ кој може да биде решението за движењето на корисниците во виртуелната реалност. Ова е проблем кој досега има мал број на не баш практични решенија, односно како да се овозможи слободно движење на корисниците додека ги имаат ставено очилата за виртуелна реалност, без да се удрат во некој ѕид или маса, на пример. HoloTile е името на најновото откритие од ...
СКОПЈЕ, 22.01.2024: Започна гласањето за изборот на најдобрите е-трговци за 2023 година „E-commerce Awards 2023“, кој традиционално се одржува по трети пат во организација на Асоцијација за е-трговија на Македонија – АЕТМ, каде што ќе се одбираат најдобрите домашни е-трговци за 2023 година, кои се натпреваруваат во 24 категории поделени во три секции: најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање, најдобри е-продавници по сектори и ...
Ново истражување поврзано со интернет пребарувачите, ни открива каква е нивна состојба изминатите години. Ако сте имале впечаток дека резултатите кои ги прикажуваат Google и другите, не се баш квалитетни како што беа порано, во право сте. Истражувањето е направено на пребарувачите Google, Bing и DuckDuckGo, а истото траело една година во која се направени 7.392 пребарувања. Тоа што може да се истакне како ограничувачки фактор во заклучокот на ...
Microsoft тестира мала, но доста корисна новина за бизнис корисниците, на кои ќе им овозможи нивните закажани Microsoft Teams состаноци да се прикажуваат во Старт менито. Состаноците ќе се прикажуваат во делот за препорачани апликации, на првото место и со притискањето ќе се отвори Teams апликацијата директно во делот за приклучување на состанокот. Оваа новина ќе им биде достапна на бизнис корисниците кои се најавени со истата сметка од Teams на ...
Оваа година треба да се однесе на наредното ниво интеграцијата на вештачката интелигенција која Microsoft ја започна минатата година. „AI PC“ е терминот кој се користи за компјутерите кои ќе работат на верзијата од Windows која се очекува за оваа година, без разлика дали ќе биде само нова Windows 11-ка или Windows 12. Новите чипови за оваа година ќе дојдат со нови и унапредени NPU процесори кои ќе бидат доста поспособни за работата на вештачката ...
Apple официјално започнува со продажба на нивниот нов вид на уред, после повеќе години, Vision Pro. Овој „просторен компјутер“, како што сакаат да биде нарекуван овој уред за проширена реалност, веќе е достапен за преднарачка во САД, а официјално ќе стане достапен од 2 февруари. Една од клучните работи од кои ќе зависи успехот на Vision Pro покажува знаци на проблеми кои можат да направат уредот да не го види успехот на другите уреди со Apple ...
Стефан Стојановиќ се закити со сребро, а Јована Мицовска и Данило Божовиќ освоија бронзени медали на меѓународниот карате турнир „Гран при Кроација“ што од 19 до 21 јануари се одржува во Самобор. Хрватскиот град беше домаќин на 1.539 каратисти од 29 земји, односно 233 клубови. Стојановиќ, актуелен светски вицепрвак и европски бронзен медалист, се натпреваруваше во категоријата +84 кг. (У21). На почетокот на турнирот тој се пласира во финалето и ...
Скопје, 17 јануари 2024 г. – Samsung Electronics Co., Ltd. и Corning Incorporated (NYSE: GLW) денес најавија дека уредите Galaxy S24 Ultra ќе го имаат новиот Corning® Gorilla® Armor надворешен материјал. Стаклото Gorilla Armor нуди неспоредлива комбинација на издржливост и визуелна јасност, обезбедувајќи побогат приказ при сончева светлина и поголема заштита од оштетување предизвикано од секојдневното носење. „Стаклото Gorilla® на Corning заедно ...
Apple брзо успеа да добие одложување на забраната за продажба на нивните два најнови модели на паметни часовници минатата година, но сепак од компанијата не успеаја да го продолжат ова одложување. Тоа значи дека од денес Apple повторно не можат да ги продаваат Watch Series 9 и Watch Ultra 2, но од компанијата сепак не беа спремни тоа да се оствари, па часовниците ќе ги продаваат без спорната функција за мерење на кислородот во крвта. Од ...
Скопје, 18 јануари 2024 г. – Samsung Electronics Co., Ltd. и Google Cloud најавија ново повеќегодишно партнерство за да ја донесат генеративната вештачка интелигенција (AI) на Google Cloud до корисниците на паметни телефони Samsung ширум светот. Почнувајќи со серијата Samsung Galaxy S24 претставена на настанот Galaxy Unpacked во Сан Хозе, Калифорнија, Samsung ќе биде првиот партнер на Google Cloud што ќе ги имплементира Gemini Pro и Imagen 2 на ...
Скопје, 17 јануари 2024 година – Samsung Electronics денес ги претстави уредите Galaxy S24 Ultra, Galaxy S24+ и Galaxy S24, нудејќи нови мобилни искуства со Galaxy AI. Серијата Galaxy S го предводи патот кон нова ера, која засекогаш ќе го промени начинот на кој мобилните уреди го подобруваат искуството на корисниците. Вештачката интелигенција го подобрува речиси секое искуство на серијата Galaxy S24, од овозможување комуникација без препреки со ...
Како што потврди студијата „Brand Finance Global 500“ објавена денеска, Дојче Телеком е еден од највредните брендови во светот. Експертите ја рангираа Групацијата како единствена европска компанија во првите десет. Како резултат на тоа, Дојче Телеком напредуваше за две позиции во споредба со претходната година и сега се наоѓа на силното деветто место. Дојче Телеком, исто така, за прв пат стана највредниот телекомуникациски бренд во светот, ...
По информациите дека Google се има договорено за тужбата која беше поднесена против нив во 2020, по неуспешните обиди истата да биде отфрлена, сега од компанијата почнаа со промена на делот од Chrome кој беше предмет на тужбата. Групната тужба, која бара од Google 5 милијарди долари како оштета, се однесува на следењето на корисниците од страна на компанијата и кога тие го користат „incognito“ режимот, односно приватниот режим на сурфање. При ...
Samsung денеска го одржува нивниот Galaxy Unpacked настан на кој ќе биде претставена наредната генерација од нивните смартфони од највисоката класа, односно Galaxy S24 серијата. Настанот насловен „Galaxy Unpacked 2024: Opening a New Era of Mobile AI“ како и секогаш ќе биде достапен да се гледа во живо преку YouTube каналот на компанијата, а ќе започне во 19:00 часот по македонско време. Оваа година настанот се одржува во Сан Хозе, наместо во Сан ...
Google Maps, за почеток само на Android, доби нова можност која треба да ја подобри навигацијата и нејзината прецизност при возење во тунели, а ова е посебно важно за долгите тунели. Апликацијата доби поддршка за таканаречените Bluetooth beacons, кои се поставуваат на повеќе места во тунелите и со тоа овозможуваат продолжување на навигацијата кога се губи GPS сигналот. Оваа новина може да се каже дека е преземена од уште една апликација за ...
Првпат после 13 години, Samsung не е на првото место според бројот на продадени смартфони во една година. Оваа позиција за 2023 ја презеде Apple, а тоа го имаат постигнато со раст на продажбата и покрај пад на продажбите генерално на пазарот за 3,2%. Првата позиција Apple ја презема со продадени 234,6 милиони уреди, што претставува раст од 3,7%, додека Samsung падна на втората позиција со продадени 226,6 милиони уреди, што е пад од 13,6%. ...
Вештачката интелигенција може слободно да се каже дека стана главната карактеристика кога ќе се помисли на Microsoft изминатите година дена. Тоа ќе стане уште повеќе точно оваа година, па веќе не може да се очекува да некој од производите или сервисите од компанијата не доаѓа со интеграцијата со ВИ. Од компанијата дури најавија и промена на тастатурата за Windows компјутерите која сега вклучува и копче за активирање на Copilot, алатката која ...
Неколку месеци по пуштањето на Copilot за бизнис корисниците, поточно на бизнис пакетите од Microsoft 365, сега генеративната вештачка интелигенција е тука за сите корисници на порано наречениот Office пакет на апликации. Пристапот до Copilot за приватните корисниците на Microsoft 365 Personal и Family пакетите е овозможен преку новиот Copilot Pro. Се работи за Pro верзија од Copilot која чини 20 долари месечно по корисник, што значи дека сепак ...
Донесувањето на два нови закони во ЕУ направи да стане јасно дека Apple ќе мораат да направат неколку работи кои досега не би биле очекувани од нив. Една таква работа е овозможување корисниците да можат да инсталираат апликации од други извори покрај App Store, односно исто како што тоа е можно на Android. Според информациите, од Apple уште од минатата година работат на овозможување на таканаречениот процес „sideloading“ на апликациите, само за ...
Со претставувањето на Windows 11 Insider Preview Build 23615 од Dev каналот, Microsoft ни открија една работа која ја тестираат, а која слободно можеме да ја припишеме во категоријата на типични за компанијата. Типични од аспект на тоа дека повторно тие ќе „наметнат“ нешто на корисниците, па тие ќе мора истото да го исклучуваат преку прилагодувањата, а се со правец да тие се мотивираат да почесто ја користат апликацијата или сервисот. Во овој ...
Двајцата основачи на една од најпопуларните мрежи во денешно време, Instagram, Кевин Систром и Мајк Кригер, пред скоро една година го претставија нивниот нов проект, апликација за вести која функционира на основа на вештачка интелигенција. Апликацијата Artifact за кратко време стана доста популарна, а во периодот што следеше редовно добиваше и нови функции. Според мене, тука некаде беше и грешката, па апликацијата стана непотребно сложена и ...
При крајот на минатата година Beeper го имаше последниот обид да ја профункционираат нивната Beeper Mini апликација со iMessage сервисот. Според најавите од нивна страна, тоа беше последниот обид, кој сепак не беше како првичната замисла да апликацијата функционира директно со серверите од Apple, а тоа беше постигнато со процесот наречен „обратно инженерство“. Очекувано беше што Apple направија се што можат да го блокираат пристапот на Beeper ...
По претставувањето на GPTs пред два месеци, односно можноста корисниците да создаваат изменети верзии од ChatGPT за различни потреби, сега истите се достапни од едно централно место. Од компанијата ја претставија продавницата за GPTs, GPT Store, на која веќе се достапни неколку милиони изменети верзии од ChatGPT, а истите се поделени во повеќе категории. Корисниците добиваат пристап до GPTs за пишување, програмирање, истражување, едукација, за ...
2023 година сигурно беше година на „стримање“, а првиот стриминг-сервис во регионот, Pickbox NOW, донесе извонреден избор на серии кои ги воодушевија гледачите и ги освоија критичарите. Во десетте неверојатни наслови публиката зачекори во различни жанрови, доживеа напнатост, хумор и ги истражи емоционалните длабочини. Откријте зошто овие серии заедно собраа повеќе од 120 светски и европски номинации. Ова се десетте најдобри серии во 2023 година ...
Во рамките на CES 2024, Intel ја претстави својата целосна серија на Intel Core 14th Gen процесори за десктоп и лаптоп компјутерите. Оваа серија е освежување до одреден степен на ланската 13та генерација, а посебно внимание привлекува целосно новата Intel Core серија која беше претставена со своите први U модели за потенките лаптоп компјутери. Во октомври минатата година Intel ги претстави првите три процесори од 14тата генерација за десктоп, а ...
Компанија од Калифорнија во САД, која досега воопшто не беше позната, претстави производ кој веќе привлекува доволно големо внимание на пазарот за да може да се каже дека ќе направи разлика на истиот. Rabbit го презентира нивниот производи наречен R1, кој може да се каже дека е нешто слично на џебна верзија на одамна достапните паметни звучници кои функционираат на основа на паметен асистент. Сепак, R1 е многу „попаметен“ и пофункционален, а за ...
Microsoft во текот на вчерашниот ден на кратко стана највредната компанија во САД, а местото го презеде од Apple. Ова сепак траеше доста кратко, па Apple се врати на позицијата после 1 час и 20 минути. Причината поради која Microsoft успеа да го направи ова се гледа во малиот пад на продажбата на iPhone, како и очекувањата дека iPhone 16 нема да придонесе кон измена на оваа ситуација. Овој телефон во главно ќе биде како ланските модели, па затоа ...
Galaxy Unpacked настанот, на кого ќе биде претставена Galaxy S24 серијата, ќе се одржи на 17 јануари, односно идната среда. Местото на настанот оваа година е Сан Хозе, а за тие кои не се таму, преносот во живо ќе биде достапен преку YouTube како и секоја година, со почеток во 19:00 часот. Повеќе пати досега можевме да прочитаме дека Samsung планира да се врати на претходната практика на поделба на чипот кој го користи според региони, па обично ...