
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



На украинскиот тинејџер, кој беше насилно отстранет од неговата татковина со инвазијата на руските сили и испратен во Москва во 2022 година, му беше исполнета роденденската желба минатиот месец, кога беше вратен во Украина и повторно соединет со семејството. Богдан Јермохин пораснал како сирак во Мариупол, град во украинскиот регион Доњецк кој стана цел на брутална опсада во првите недели од целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година. ...
Најмалку 118 луѓе загинаа, а стотици се повредени по земјотресот што ја погоди северозападна Кина, објавија во вторникот кинеските државни медиуми, додека спасувачките тимови се обидуваат да стигнат до преживеаните на температури под нулата. Земјотресот го погоди округот Џишишан во провинцијата Гансу доцна во понеделникот, при што оштетени се домови и патишта. Спасувачите веднаш започнале потрага по преживеани под урнатините. Според последните ...
Партиите од коалицијата „Србија против насилство“ тврдат дека на локалните избори во Белград на 17 декември владејачката Српска напредна партија (СНС) ја нарушила изборната волја на граѓаните Поддржувачите на коалицијата „Србија против насилството“ вечерва, 18 декември, на протестот во центарот на Белград побараа поништување на изборите во главниот град. „Не можеме и нема да ги прифатиме резултатите од изборите. Сите сте сведоци на бројни ...
Годинава е нотирано најниско ниво на поддршка за ЕУ во последните девет години, откако Институтот за демократија спроведува истражувања на оваа тема. Најпоразителни се податоците за младите. Резултатите се одраз на незадоволство, но тие не значат свртување кон други партнери како Русија или Кина. За речиси деценија за една третина е падната поддршката на граѓаните за членството во Европската унија (ЕУ). Ако во 2014 година 90 отсто од ...
Или нема доволно простор во училиштата или нема наставници - ова е одговорот зошто нема продолжена настава за четврто и петтоодделенците. Родителите буквално препуштени сами да се снаоѓаат што ќе прават со нивните деца на 9 или 10 години додека тие се на работа, а се плашат да ги остават сами дома. Двете деца на Марина Наумовска која живее во општина се ученици во основното училиште „Владо Тасевски“, но таа за РСЕ објаснува како мора секој ден ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, создаде нефер изборен систем што го фаворизира“, изјави Даниел Сервер, професор на американскиот универзитет Џон Хопкинс, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ). Според првичните резултати, Српската напредна странка, до неодамна предводена од Вучиќ, прогласи победа на изборите. Во републичкиот парламент, како што покажаа првите изборни резултати, тој ќе има мнозинство. Истовремено, второрангираната ...
Владејачката партија од чии редови е претседателот Вучиќ прогласи победа, а опозициските партии, пак, реагираа на нерегуларности. Додека е извесно кој ќе биде власт на централно ниво, она што останува отворено прашање е дали партијата на Вучиќ ќе успее да го сочува Белград или тој ќе падне во рацете на опозицијата. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека листата „Србија не смее да запре“ на неговата партија Српска напредна странка ...
Украински возач на камион почина на полско-украинската граница на 16 декември откако му се слошило додека чекал во редицата создадена поради штрајкот и блокадата од страна на полските камионџии. Ова е трет ваков случај откако почна блокадата на 6 ноември, објави јавниот радиодифузер „Сусплине“. Полските камионџии ги блокираат главните гранични точки кон Украина во знак на револт поради олабавувањето на транспортните правила од страна на ...
Се очекува клучната битка да се води за Белград, каде анкетите покажуваат дека обединетата проевропска опозиција е во тесна трка со коалицијата на претседателот Александар Вучиќ. Во Србија денеска (17 декември) се одржуваат вонредни парламентарни, покраински и локални избори во повеќе од 60 градови и општини. Локалните избори се одржуваат и во главниот град Белград. Гласачките места, како што кажа утрово претседателот на Републичката изборна ...
Актуелните предизвици околу просторното и урбанистичко планирање во Карпош, промените во Правилникот за урбанистичко планирање, автопатот Кичево-Охрид и состојбата со железниците се темите во неделното интервју на Радио Слободна Европа во кое гостува министерот за транспорт и врски на Северна Македонија, Благој Бочварски. Г-не Бочварски, во мај годинава Министерството за транспорт и врски го промени Правилникот за урбанистичко планирање и го ...
Првата реченица е чиста победа за Украина. Таа сакаше „јасен јазик“ за отворање на преговорите. И тоа го доби, додека Унгарија попушти. Но, со втората реченица, лидерите на ЕУ решија да ја клоцнат конзервата по патот. За да започнете де факто пристапни преговори, треба да усвоите преговарачка рамка Тоа требаше да биде најтешката работа за договор, додека лидерите на ЕУ се собраа на нивниот последен самит годинава во Брисел. Но, историските ...
Иселувањето од државата, според проекциите ќе продолжи, а веројатно е дека ќе се засили кога земјава ќе влезе во ЕУ. Но, Државниот завод за статистика очекува потоа луѓето да се враќаат назад. Корупцијата е главен двигател на иселувањето и ја има во секоја сфера, смета Претседателот Пендаровски. За помалку од 50 години односно до 2070 година во земјава ќе има речиси 1,2 милиони жители, покажуваат проекциите на Државниот завод за статистика (ДЗС) ...
Родители протестираат, ученици бојкотираат и три недели нема настава во ОУ „Тодор Јанев“ во мултиетничката општина Чашка. Протестот е поради отворање паралелка на албански јазик во училиштето со настава на македонски јазик. Дали преку учениците се „ора“ теренот за лов на гласови за следните избори? Мислев за лошите резултати од ПИСА е револтот, а тие за јазикот се бунтувале, иронично коментира граѓанин за протестот во ОУ „Тодор Јанев“ во ...
Зошто властите имаат игнорантски однос кон препораките од ЕУ, аферите за корупција, за партиските вработувања, за уништувањето на главниот објект на поштата во Скопје? ЕУ препорача конкретни реформи на Судскиот совет, но, кој ќе ги спроведе? Како одговор на низата скандали и проблеми кои го потресоа Судскиот совет изминатиов период, ЕУ, од септември ja анализираше неговата работа и даде низа мерки кои треба да бидат спроведени за да се зголеми ...
Унгарија го блокираше договорот на Европската Унија за 50 милијарди евра за Украина од буџетот на Унијата, а лидерите на ЕУ одлучија да се вратат на дискусија во јануари. Ова го изјави холандскиот премиер Марк Руте кој прецизира дека 26 земји од ЕУ се согласиле да и обезбедат на Украина пари од буџетот на ЕУ до 2027 година, но Унгарија била против тоа, а потребна е едногласна одлука. „Имаме уште малку време, Украина нема да остане без пари во ...
Основните цели на Русија остануваат „денацификација“ и „демилитаризација“ на Украина, истовремено обезбедувајќи ја нејзината неутралност, порача рускиот претседател на годишната прес-конференција. Тој повеќе од 4 часа одговараше на прашања за теми од војната на Русија против Украина, за Американците во притвор до цената на јајцата. Рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на попуштање во војната против Украина. Тој на годишната ...
Граѓаните на сметките за струја ќе имаат нова ставка „пристап до мрежа“. Се уште не се знае колку ќе изнесува ова ставка, но се оперира со сума од 50 до 250 денари. Од друга страна најавено е намалување на ставката за мрежарина. Ќар од ова би имале тие што се редовни потрошувачи, тие пак што имаат станови или викендици кои се празни ќе имаат повисоки сметки. Но, ставката „пристап до мрежа“ ќе им се одрази и на оние што штедат, односно на оние ...
Планот за изградба на висококатници кај Алумина во скопски Карпош предизвика бурни реакции на граѓани и советници во општината. Сопствeник на земјиштето е нафтената компанија Пуцко Петрол на Асмир Јахоски, син на пратеник од ДУИ и внук на градоначалник на општината Пласница. Тој и претходно се обиде да гради во Карпош. Колку згради и со колку катови ќе никнат во скопскиот Карпош на местото каде што порано се наоѓаше фабриката Алумина? Ова ...
Осомничените се обвинети за членување во маргиналното движење Рајхсбургер или „Граѓани на Рајхот“. Конкретните подготовки за пучот започнаа во летото 2021 година. Планот беше да се преземе власта со упад во Бундестагот, германскиот парламент, со мала група вооружени луѓе. Инволвираните во планирањето на пучот се товарат за тероризам, предавство и обид за убиство, но во текот на истрагата се откриени нови детали за нивните врски со Русија, ...
Без уставни измени и со критиките во последниот извештај за Северна Македонија во однос на владеењето на правото и корупцијата, извесни се пораките од претстојниот Самит на ЕУ. Албанија веројатно нема да се одвои од Северна Македонија и нема да добие конкретен датум за отворање на поглавјата. Во Брисел се одржува самитот ЕУ-Западен Балкан, а в четврток и петок, пак, следува Самитот на ЕУ на кој ќе се состанат лидерите од земјите-членки. Неделава ...
Нецели два месеца по серијата истражувања на РСЕ за Државна лотарија, Управата за Финансиска полиција не открива – со каква динамика се движи предистрагата и дали евентуално е проширена кон нови лица и компании кои склучувале договори преку јавни набавки со акционерското друштво. Што сработила Финансиска полиција за предистрагата за Државна лотарија, знаат само во оваа институција. Обвинителството нема информација дали на нивна адреса е стигнато ...
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека на претстојниот клучен самит на Европската Унија (ЕУ) во Брисел подеднакво важно е и прашањето за Западен Балкан, како и за Украина, Молдавија и Грузија. Во пресрет на клучниот самит на ЕУ во Брисел на 14 и 15 декември, досега многу се зборуваше дали одлуката за Украина би можела на еден или друг начин да се одвои од одлуките за другите земји, но Мишел ја отфрли таа можност. „Денеска со ...
„Моторот е слобода, тоа е една пасија. Меѓутоа тоа е сериозен ангажман, пред се од безбедносен аспект, од култура на однесување. Сепак, моторите и моторџиите се учесници во сообраќајот и треба да се има вистински однос од моторџиите кон другите и обратно. Се разбира има правила, прописи кои треба да се почитуваат, има кодекси на однесување кои не се пишани во правилата но треба да се почитуваат во името на безбедноста за да се намали ризикот“, ...
Како одговор на низата скандали и проблеми кои го потресоа Судскиот совет изминатиов период, ЕУ ja оцени неговата работа и даде низа мерки кои треба да бидат спроведени за да се зголеми независноста, одговорноста и ефикасноста на ова тело. Без имплементација на овие мерки, ЕУ не гледа како земјата ќе ги спроведе потребните реформи во правосудството. Европската унија (ЕУ) очекува итно да бидат спроведени 40 мерки во Судскиот совет и тие да бидат ...
Руски дипломат и наводен шпион протеран од ЕУ поради „незаконски и вознемирувачки дејствија“ ќе работи како набљудувач на изборите за претстојните парламентарни и локални избори во Србија, во рамки на мисијата на најголемото безбедносно тело во Европа, откри истражувањето на РСЕ. Александар Студеникин (49 годишен) беше наведен како советник во постојаната мисија на Русија во ЕУ во Брисел, кога тој и уште 18 руски дипломати беа означени како ...
Власта предлага забрана на привремени вработувања, а во исто време вработува во јавниот сектор токму на овој начин. Одложената примена на законот од 2025 е да помине и овој круг на избори, па да поминат и локалните избори. Тоа е голем ризик за политичка корупција, вели Нури Бајрами од Антикорупциска Јавна тајна е кој се вработува преку Агенции за привремени вработувања, ни рече сопственик на една од тие агенции, коментирајќи ја намерата на ...
Нема потврда, ниту демант од институциите за набавка на нов софтвер за следење на комуникациите. ВМРО-ДПМНЕ се сомнева во нелегално прислушување. Судската власт и ОТА велат се држат до законот, а според експертите злоупотреба не е можна од ОТА, но може ако опремата се инсталира во друга институција Неколку разузнавачки афери и постојано сомнежи и политички прозивки за нелегално следење на комуникациите ги одбележа изминативе околу три децении ...
Шест директори и две влади не „собраа“ ни сили ни пари за обнова на опожарениот објект на Пошта кој изгоре пред една деценија. Власта се надева на европски пари за ревитализација на симболот на градот од постземјотресно Скопје. Во меѓувреме Пошта издвои 1,2 милиони евра за тендер за чистење. За три месеци ќе се реновира изгорената Пошта, беше насловот на многу текстови објавени во 2013 година, веднаш по пожарот во кој изгоре главната зграда на ...
Експлозија на статуетка во кафуле во Санкт Петербург. Детонирана мина од далечина уништи автомобил во село во регионот Нижни Новгород. Експлозија на автомобил-бомба во предградијата на Москва. Фатално пукање во предградијата на Москва. Набргу откако Русија започна општа инвазија во февруари 2022 година, Украина водеше не толку тајна кампања на напади со беспилотни летала и саботажи на руска територија, таргетирајќи сè, од цевководи во ...
Околу 20 милиони евра е државната помош за странските компании за 2023 година, открива првиот човек на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Во интервју за РСЕ, говори и за причините за застојот во инвестициите - за електрични автомобили во Тетово и холивудските филмски студија на Џон Малкович во Скопје. Господине Деспотовски, 2023 година полека изминува, можеме ли да кажеме колку странски компании побарале државна помош во тековната година и колку пари ...