Во неделата (20 октомври), според прелиминарните резултати, гласачите во Молдавија со големо мнозинство гласаа „не“ на референдумот за потенцијално членство во Европската Унија, што изгледа како отфрлање на проевропската политика на претседателката Маја Санду, по кампањата која беше обележана со обвинувања за руско мешање. Санду во изјава рано во понеделникот рече дека гласањето било нападнато од „криминални групи“ кои се обиделе да купат ...

Молдавците во ист ден гласаат за реизбор или отфрлање на проевропската претседателка на државата и на референдум за евентуална измена на Уставот за пристапување на Молдавија кон ЕУ. Има обвинувања за поткуп на гласачите против ЕУ, а од друга страна, и видлива дипломатска поддршка за проевропската кауза. Молдавците почнаа да гласаат на 20 октомври на тензично двојно гласање за реизбор или отфрлање на проевропската претседателка на државата и ...

„Кога некој ќе остане повеќе години на функција доаѓа до меѓусебно заситување меѓу човекот и спортот“, вели министерот за спорт Борко Ристовски за првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини. Во инстервју за РСЕ оценува дека успехот на репрезентацијата оди во нагорна линија, но, за работењето на ФФМ е воздржан за коментар, бидејќи вели дека не ги знае деталите. Господине Ристовски, навивачите ви го дадоа прекарот министер за одбрана, вие станавте ...

Говорејќи за грузиската служба на РСЕ од затвор, поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили предупреди на страшни последици доколку владејачката партија Грузиски сон победи на парламентарните избори на 26 октомври. Затворениот поранешен грузиски претседател Михаил Саакашвили предупреди на страшни последици доколку владејачката партија Грузиски сон победи на претстојните парламентарни избори во Грузија. „Очекувам провокации во наредните ...

Проблемите која ниту една влада до сега не ги реши резултираат со лоша економска состојба во државата велат економските аналитичари, по вчерашната прогноза на Светската банка за намалување на македонскиот економски раст од 2,5 на 1,8 отсто. Владата оптимистички најавува дека Северна Македонија ќе ги стигне соседите во економскиот раст Апокалиптичните сценарија на Светска банка за економскиот раст кој во изминативе години пристигнуваат на ...

Владата и после изминати сто дена од нејзиното владеење ја стави на „стенд бај“ информацијата за тоа кој го советува премиерот Христијан Мицкоски. Мал дел од оние кои се ангажирани сами се промовираат како советници, останатите се држат во тајност. Според невладините, ова остава простор за сомнеж. Двајца универзитетски професори од Правниот факултет се единствените кои за Радио Слободна Европа потврдија дека го советуваат премиерот Христијан ...

Во источна Европа е изборна сезона, а за Кремљ, кој е заглавен со Украина и очајно има потреба од сојузници, влогот е поголем од кога било. Во Молдавија на 20 октомври се одржуваат претседателски избори и референдум што може да помогне да се обезбеди иднината на земјата во ЕУ. Романија штотуку му забрани на про-руски кандидат да се кандидира на претседателските избори во ноември. И про-Кремљ, екстремно десничарската партија „Преродба“ во ...

Владата, со флаери низ супермаркетите потсетува дека се грижи за нас, ама трошоците сѐ поголеми. Минималната плата ќе почека. Градот Скопје во долгови, а Охрид во проблеми со фекалиите. Њузлетер 18.10.2024 Владата се грижи, трговците се снаоѓаат, а граѓаните плаќаат Поминаа повеќе од две недели откако владата ја ограничи бруто профитната маржа на 10 отсто на 73 производи. Во таканаречената „есенска кошничка“ влегоа леб, пекарски и млечни ...

Ова е добар ден за Израел, за САД и за светот, стои во изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, по информацијата дека е мртов Јахја Синвар, лидерот на палестинското движење Хамас, поддржано од Иран, а кое САД и Европската унија го прогласија за терористичка организација. „Како лидер на терористичката група Хамас, Синвар беше одговорен за смртта на илјадници Израелци, Палестинци, Американци и граѓани од над 30 земји. Тој беше мозокот на ...

„Масовниот убиец Јахја Синвар, кој беше одговорен за масакрот и злосторствата на 7 октомври, беше убиен денеска од војници на Израелските одбранбени сили (ИДФ)“, изјави израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац. Израелските власти објавија дека во воена операција во Газа, бил убиен лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се смета за организатор на нападот врз Израел на 7 октомври минатата година, во кој загинаа околу 1.200 Израелци, а ...

Јахја Синвар е водач на палестинската терористичка група Хамас, прогласена за терористичка организација од Соединетите Држави и Европската Унија. Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац на 17 октомври објави дека Синвар бил убиен за време на воените операции во Појасот Газа. Синвар (62) е осомничен дека наводно го организирал смртоносниот напад врз Израел на 7 октомври 2023 година. Нападот без преседан ја предизвика израелската ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски дојде во Брисел на 17 октомври за да го претстави својот „План за победа“ од пет точки, прво пред лидерите на ЕУ на самитот во белгискиот главен град, а подоцна и на министрите за одбрана на НАТО кои се состануваат во друг дел од градот. И додека никој во двете западни организации отворено не го отфрли планот, фер е да се каже дека приемот беше сочувствителен за маките на Киев, но на крајот не беше ...

За една година долгот на македонската метропола Скопје порасна за три пати. Истражувањето на Радио Слободна Европа покажа дека зголемувањето на долгот делумно се должи на непродуктивни трошоци, како што се набавка на дрвја за речиси милион евра, скапи судски спорови и за извршители. Градските власти за Радио Слободна Европа велат дека буџетот е стабилен, а долговите се од претходните скопски градоначалници. Во меѓувреме, градските јавни ...

Со оглед на тоа што резултатот од контроверзниот референдум за нуклеарна енергија во Казахстан беше убедливо „ДА“, вниманието сега се свртува кон тоа која земја ќе го изгради објектот. Владата на Казахстан се залага оваа задача да ја преземе меѓународен конзорциум од компании за нуклеарна енергија, притоа истакнувајќи дека конечната одлука нема да биде донесена до следната година. Но, ако Казахстан целосно го игнорира рускиот нуклеарен гигант ...

За термин за ехо и за мамографија жените во Северна Македонија, и оние кои се заболени од рак на дојка и за редовен преглед чекаат повеќе од еден месец. Борејќи се да преживеат во систем во кој јавното здравство е речиси урнисано, пациентките се пред избор - да плаќаат приватно или да бараат чаре во странство. Кога актерката Весна Петрушевска добила дијагноза канцер на дојка овој април, ни секунда немала дилема дека мора јавно да зборува за ...

Централниот регистар го запре бесплатниот пристап за новинарите до нивните податоци кои се од јавен карактер. Ова беше овозможено со одлука на претходната влада и важеше и за Регистарот и за Агенцијата за катастар. Владата вели услугата ќе биде достапна повторно откако ќе влезе во закон. Отстранета е категоријата “новинари“, со кој на медиумските работници можеа да дојдат бесплатно до бараните податоци од Централен регистар за нивните ...

Фактот што на пописот на населението во Црна Гора бројот на оние кои се изјасниле како Срби е зголемен за четири отсто во однос на претходниот попис во 2011 година, не е изненадување за методологот, професор Милош Бешиќ. Тој потсетува дека на тој попис имало околу пет отсто од оние кои одбиле да се изјаснат за својата националност, наведувајќи дека токму во таа категорија се „скриле“ Србите кои на последниот попис се изјасниле. „Сега кога се ...

Намалувањето на бројот на судии и обвинители влијае на ефикасното работење и резултати во правносудскиот систем, смета невладиниот сектор. Недостигаат и стручни соработниците за кои од „Сите за правично судење“ велат дека не им се посветува доволно внимание, а нивната анализа покажа дека просекот на стручни службеници е под европскиот. Додека се стравува од колапс на системот, правосудството е клучно каде ЕУ очекува Северна Македонија да ...

Грузиската владејачка партија ги прикажува претстојните избори како егзистенцијален избор: меѓу војна и мир. Меѓутоа, за владините критичари, она што владата го ветува не е мир, туку капитулација пред нивниот непријател, Русија. Пред парламентарните избори на 26 октомври, новата рекламна кампања на партјата „Грузиски сон“ ги спојува црно-белите слики на разурнатата од војна Украина со слики во боја на просперитетна, мирна Грузија. Булевар со ...

Храната е поскапена, а таа што не е, сега се продава со намалена грамажа, се жалат граѓаните. Економистите сметаат дека ограничената маржа е краткорочна, неефикасна и непазарна мерка. Инспекторите изрекле казни за маркети низ цела држава, во вредност од 70.000 евра. Поевтини се само средствата за чистење, ама тие не се јадат. Храната е поскапена, а таа што не е, сега се продава со намалена грамажа. Таман да се прелажеш дека си купил поевтино, а ...

Мајката на убиеното девојче Вања, сведочеше дека таткото кој сега е обвинет веднаш се сомневал дека ќерка им е киднапирана. Откуп не им бил побаран. Адвокатите негираат дека стан е мотив за убиството. Мајката рече дека татко и немал проблеми со првообвинетиот Палчо од чија фирма го купил станот. „Вања ја нема, класната сега се јави, ја нема, доаѓам накај тебе, симни се“. Ова биле зборовите со кои Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената 14 годишна ...

Синдикатот смета дека повисока минимална плата е неопходна и поради зголемените трошоци за живот, но и поради растот на платите во регионот. Стравуваат дека земјава може пак да биде синоним за евтина работна сила. Работодавците, пак, велат дека ќе го покачат минималецот во март, но зголемување сега за 90-тина евра сметаат дека е неоправдано и може да донесе негативни последици. Зголемување на минималната плата за околу 90 евра, за синдикатите е ...

„Европската Унија е целосна само ако Западен Балкан е нејзин дел, а земјите од регионот треба да преземат дополнителни чекори кон заедничка иднина“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на отворањето на средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан и претставници на Европската Унија во рамките на Берлинскиот процес. Зборувајќи за важноста на Берлинскиот процес, Шолц рече дека тој е „најдобар инструмент не само за регионална соработка, туку ...

Марија мислеше дека знае многу за животот кога, на 35-годишна возраст, беше затворена во Москва. Но, таа сè уште не знаеше за руската затворска храна. „Не знаев дека луѓето може да се хранат со такви работи“, рече Марија, која беше затворена 17 месеци во 2021-2022 година поради, како што рече групата за човекови права Меморијал, политички мотивирани обвиненија. Но, секој ден, стотици илјади затвореници во руските затвори и центрите за притвор се ...

„Мислам дека Иранците (во случај на израелски напади), откако видоа дека нивните два ракетни напади врз Израел навистина немаа многу ефект, ќе бараат други цели“, вели во интервју за РСЕ Грегори Гауз, професор на школата Буш за влада и јавна администрација од Универзитетот АиМ во Тексас. РСЕ: Дали Израел би ги загрозил дипломатските и политичките односи со арапските држави доколку неговите авиони илегално навлегле во нивниот воздушен простор на ...

ДУИ очекува да растат тензиите откако е укинат балансерот за етнички вработувања. Екс министерот за економија Крешник Бектеши во интервјуто за РСЕ вели дека се уште траат разговорите за кога да почнат протестите кои подолго време ги најавуваат. Законот за правична застапеност ќе го поддржат само ако ги гарантира правата на сите заедници. Господине Бектеши, Мендух Тачи и неговата Демократска партија за Албанците ја напуштија коалицијата „Европски ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема информации за евентуална средба со бугарскиот претседател Румен Радев во Будимпешта, но дека е подготвен да седне и да разговара на состанокот на Европската политичка заедница на 7 ноември. Претходно, дел од медиумите објавија дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, ќе го искористи Самитот на Европската политичка заедница за да ги седне на заедничка маса македонскиот премиер Христијан Мицкоски и ...

Министерството за здравство на Газа, со кое раководи палестинската милитантна група Хамас, во саботата соопшти дека во пет израелски напади во Појасот Газа во последните 24 часа загинале 49 лица, а 219 се повредени. Беше посочено дека спасувачките операции продолжуваат, дека луѓето се уште се под урнатините. Војната во Газа започна откако Хамас, кој е наведен како терористичка организација на САД и ЕУ, го нападна јужниот дел на Израел на 7 ...

Зошто е намален бројот на студенти по новинарство, каде сме со бројките во споредба со регионот и како може студиите да станат попривлечни за младите? На овие теми разговаравме со професорката Јасна Бачовска-Недиќ, која предава на катедрата по новинарство, на Правниот факултет во Скопје. Оваа година само шест студенти се запишале на насоката новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Рекордно најмалку откако е отворена ...

Укинат балансерот, ќе се балансира со Закон. Неизбалансирани насилства меѓу младите и дисбаланс меѓу правото на чист воздух и обврските на државата за превземање мерки. Њузлетер 11.10.2024 Нема веќе „балансер“, ќе има правична застапеност Балансирање е урамнотежување на силите со додавање или одземање за да се постигне рамнотежа. Се балансираат и пневматици на автомобили, па и „резервните“ е потребно да се балансирани, а баланс е потребен и за ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
82%
1016
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
88%
1018
weather icon

Загреб

17ᴼ / 13ᴼ
4.63
64%
1020
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.21
75%
1017
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 10ᴼ
1.03
91%
1020
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
2.24
92%
1014
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
77%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
4.92
86%
1017
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
59%
1019
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
94%
1014
Currency

61.595

Currency

52.6462

Currency

70.4748

Currency

34.4361

Currency

37.7541

Currency

65.9917

Currency

7.37879

Currency

0.62866

Currency

0.35213

Currency

0.52552

Currency

1.26622

Currency

0.59374