Владата препорача разрешување на двајца од тројца директори на М-НАВ и предложи нивна замена. Но, според Статутот еден од нив не исполнува услови. Синдикатот ќе го стави штрајкот во мирување додека чека конечно разрешување на раководството кое треба да го спроведе Надзорниот одбор на М-НАВ. Владата одлучи да му препорача на Надзорниот одбор на М-НАВ да разреши двајца од тројца директори и тоа Фахрудин Хамиди кој до сега ја извршуваше функција- ...

Владата на седница ќе одлучува за иднината на директорите на М-НАВ, дали и натаму ќе седат на тие столчиња по низа скандали и инциденти во таа компанија. Во меѓувреме контролорите на летање се закануваат со генерален штрајк доколку не се разрешат директорите на М-НАВ. Од утре во 11 часот стартува генералниот штрајк на Синдикатот на контрола на летање во македонската навигација и нема да има полетување и слетување на авиони на скопскиот и на ...

Конфузната сезона во Брисел започна на почетокот на оваа година, кога претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на 7 јануари најави дека ќе се кандидира на изборите за Европскиот парламент во јуни. Иако ЕУ е секогаш преокупирана со високите институционални позиции во изборна година, објавата ќе поттикне трка за позициите меѓу кандидатите и земјите-членки и најверојатно токму тоа ќе доминира во вестите од Брисел во наредните месеци. А ...

Пред Божиќ, аеродромот во Будимпешта беше преполн со Унгарци кои се враќаа дома за празниците. Семејствата со нетрпение ги чекаат своите најблиски во осветлената сала за пристигнувања, во скромни кафулиња, продавници за цигари и шарени билборди на кои на повеќе јазици пишува: „Унгарија, погодна за семејство“. Врне дожд, но времето не им го расипува расположението на 30-годишниот Арон и 34-годишната Маша, кои со автобус се упатуваат кон центарот ...

Скандали, сомнителни смртни случаи, нема лекови, хаос во здравствениот систем. Годината која измина ја обележа случајот „Онкологија“, скандал каков што до сега не се памети во здравството. Резимираме, дали освен лекарите, и пациентите се селат во странство поради лошиот здравствен систем. Ликот на шестгодишната Јана Христовска од Битола која во март 2023 година почина во Клиничката болница во Битола, уште долго ќе предизвикува грутка в грло кај ...

Законот за спорт вели дека генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет мора да биде тема на разговор во Агенцијата за млади и спорт и таа да каже дали е тој подобен за да работи во Македонскиот олимписки комитет. Тоа е директно мешање на државата, вели Владимир Богоевски - спортски директор на Македонскиот олимписки комитет во неделното интервју на РСЕ. Влеговме во олимписка година. На 26 јули почнуваат летните Олимписки игри во ...

Младиот стоматолог Кристијан Ристовски е меѓу ретките стоматолози кој поправа заби на лица со попреченост со локална анестезија. Кај него доаѓаат деца и возрасни со Даунов синдром, аутизам, церебрална парализа...Иако за некои од нив услугата е бесплатна, тој вели дека финансиски може да се издржи Децата кои од други стоматолози плачат и бегаат, во ординацијата на д-р Кристијан Ристовски се смеат и пак се враќаат да им поправи заб. Особено децата ...

Случајот со упадот во М-НАВ е уште еден доказ за „вандализмот„ од редовите на ДУИ, вели за РСЕ аналитичарот Атанасоски. Коалициониот партнер СДСМ молчи, опозицијата не е изненадена. Додека „македонското небо“ е во неизвесност, Владата ќе чека да поминат празниците па да менува директори како единствена мерка. „Поздрав за премиерот Артан Груби“, рече Беким Незири на 13 ноември 2023 година, кога беше избран за претседател на огранокот во Чаир на ...

Црната американска листа и годинава ќе се шири, а корумпираниот караван, пак, ќе си врви. Политичарите и контроверзните бизнисмени кои лани се најдоа на оваа листа во јавност го покажаа својот гламур во хотелски прослави со песни од Чолиќ и Цеца, ама правни последици од македонските институции не почувствуваа. Освен најавата на власта дека американската црна листа некогаш ќе влезе во македонското законодавство. Видеото во кое се гледа како ...

Убиството на високиот лидер на Хамас, Салех Ал-Арури во Либан, експлозиите во Иран, како и нападите на јеменските бунтовници Хути врз трговски бродови во Црвеното Море, ги зголемија стравувањата од регионална војна. Кога проектили истрелани од беспилотни летала погодија станбена зграда во јужниот дел на Бејрут во вторникот, 2 јануари, при што загина еден од воените команданти и неговите офицери, дојде до пресврт во израелската војна против ...

Бурни реакции во јавноста предизвикаа последните неколку огласи за вработувања по „етнички клуч“. Таков е примерот и за „Национални шуми“ кое вработува 355 вработени - доминантно Албанци и тоа во општини каде оваа етничка заедница според пописот во 2021 година има минорна бројност на жители. Според директорот на „Национални шуми“, Валентин Груевски, може да се случи да има и втор оглас. Пописот од 2021 година изброи дека Берово е град во кој ...

Нови депонирани оставки и можност за генерален штрајк кој ќе го затвори македонското небо, најави претседателот на Синдикатот на контрола на летање Александар Тасевски. Дополнително обвини дека преку МВР му се врши притисок за да се откаже од, како што вели, борбата против клиентелизмот. Најмалку 20 до 30 луѓе контролори на летање и техничари од денеска ќе почнат со депонирање на оставки, и со повлекување од работните проекти настрана од петте ...

Босна и Херцеговина мора да се воздржи од продлабочување на врските со Русија и да вложи дополнителни напори за затворање на просторот за надворешно влијание и манипулација со информациите, порачуваат од Европската Унија, како одговор на најавите дека телевизискиот канал RT (РТ), под руска државна контрола, може да започне со емитување на програма во Босна и Херцеговина. Емитувањето на каналот на српски јазик во Република Српска беше објавено на ...

Северна Македонија ќе се соочи со низа економски предизвици во 2024 година: од слаб раст на БДП, висока инфлација, неповолна размена со ЕУ и предизборни трошоци, прогнозираат економски експерти. Тие додаваат дека и покрај најавените покачувaња на платите, тешко може да се очекува подобрување на животниот стандард на граѓаните. Постојат низа неповолности и негативни ефекти поради кои во 2024 година може да очекуваме „анемичен“ раст на ...

Грчката државна компанија кренала раце од проектот откако се жалеа дека условите „не даваат добри можности за да обезбедат средства од банките за да го градат Чебрен“. Министерката Шукова смета дека државата изгубила со пропаѓањето на 14-от тендер, но порача дека енергетичарите треба да одлучат дали ќе има нов или државата сама ќе гради. Од опозицијата, пак, обвинуваат дека тендерот пропаднал поради конфузни одлуки на власта. Пропадна и 14-тиот ...

Корупцијата во државата долги години беше нарекувана рак-рана на општеството. Но, критичарите на состојбите во земјава во годината што измина и дадоа уште полоша дијагноза, сметајќи дека метастазира во епидемија. Истражните органи отворија предмети за аферите објавени во јавноста, но, епилог нема. Новогодишната елка и светилките се симбол на празнично расположение низ целиот свет. Но, блесокот од украсувањето во главниот град Скопје падна во ...

Дали Трамп може да се врати во Белата куќа? Дали некој во Русија ќе го предизвика Владимир Путин кој би можел да добие уште шест години на власт? Кои се петте избори кои ќе ја обликуваат глобалната политика во годината пред нас Со оглед на тоа што половина од светот гласа во 2024 година и околу 30 земји избираат претседател, еве пет клучни избори што треба да ги имате на ум: Реванш Трамп-Бајден? На 5 ноември, десетици милиони Американци ќе го ...

Според статистиките, кои покажуваат милионски прегледи, фокусот на публиката на профилите на РСЕ на социјалните мрежи во 2023 година бил на војните во Украина и Газа, но и на настаните од регионот. Интеракцијата со публиката не недостасуваше ниту во видеата за човекови права, уривањето табуа и видеата со „политичарите во неформално издание“... Вниманието на светската јавност во 2023 година беше фокусирано на војната на Израел и Хамас и ...

Во есента 2022 година, Кремљ предвиде многу мрачна зима за жителите на Европската Унија. Откако ја прекина испораката на природен гас за Европа како одмазда за западните санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година, Москва и про-Кремљ медиумите речиси радосно предвидуваа дека Европа, без добронамерноста на руските испораки на гас, ќе стане пустелија на темнината и ледените градови. Односно дека Европејците ...

2024 се смета за изборна година не само кај нас туку и на глобално ниво поради рекордниот број изборни процеси што се очекуваат. Македонските граѓани ќе гласаат по 11- ти пат на парламентарни и по седми на претседателски избори. Ново е што прв пат ќе има премиер Албанец и ќе се гласа во среда наместо во недела. Очекувањата за кампањата, пак, се дека ќе преовладува докажување меѓу ривалите кој е поголем криминалец, а кој поголем патриот. Поголеми ...

Алек, прво дете во семејството Стефковски, се роди точно на полноќ и е прво бебе во 2024 година. На територија на целата држава новогодишната ноќ помина главно мирно, велат од полицијата. Имало повредени лица во три сообраќајни несреќи и 22 пациенти примени на Клиниката за токсикологија. Три бебиња се родија на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје во период од 15 минути по полноќ, а вечерта на Нова година имало и ...

Од паднати бандери, барање за промена на пукната гума, до ситуации кога операторите сведочат на љубовни афери, но и објаснуваат дека тие не се гласовен часовник. Ова се дел од необичните повици на 112, кои се само мал дел од илјадниците јавувања со кои се справуваат операторите во системот на единствениот европски број за итни случаи. Од 1 500 до 2 000 повици дневно примаат операторите на европскиот број за итни случаи 112 кој пред неполни две ...

Изминува уште една година со закочени евроинтеграции, скандали во здравството, широко распространета корупција... Но, не им беше лошо на сите. На функционерите им се погоди. Си ги зголемија платите за речиси 80 отсто, и си донесоа измени на Кривичниот законик со кој многумина куртулија од затвор, зашто им застареа делата за злоупотреба на службената должност. Како капак на сè дојде и киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, кое ...

Во речиси две години од руската војна во Украина, Пекинг се залагаше да се прикаже себеси како јавен миротворец, додека го канализираше гласот на незападниот свет од глобалниот југ. Сега војната во Газа и даде уште една можност да го прави тоа За кинескиот амбасадор во ЕУ, Фу Конг, војната меѓу Израел и Хамас ги откри двојните стандарди на Западот и начинот на кој Пекинг гледа дека не е во контакт со остатокот од светот. Говорејќи во Брисел во ...

Во 40 основни и средни училишта во неколку општини во државава од второто полугодие на учебната година ќе се применува електронскиот дневник (Е-дневник) како пилот проект додека не се отстранат евентуални слабости за да биде применлив во сите училишта, најави министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Пред неколку години целосно беше повлечена хартиената форма на дневникот и воведен Е-дневник, но се појавија проблеми во функционирањето - ...

Постапката за утврдување одговорност на судијката Беса Адеми се случува во присуство на јавноста. Иницијативата за нејзина одговорност ја покрена членот на Судски совет, Миљазим Мустафа. Претседателката на Врховен, пак, смета дека исходот на постапката ќе ја одреди иднината на нашето судство. Денеска, на последниот работен ден годинава, вниманието на јавноста во земјава е вперено кон Судскиот совет и неизвесноста од епилогот на иницијативата за ...

Поставени нов вид камери на крстосниците и булеварите покрај старите од „Безбеден град“, кои треба да регистрираат сообраќајни прекршоци. Од каде се набавени новите камери МВР не открива, тендер има само за возилата пресретнувачи. Министерот Спасовски најавува нов софтвер за камерите. Доколку деновиве возите на главните сообраќајници низ Скопје, ќе забележите неколку вида на камери насочени кон вас. Првите се веќе поставените на кои граѓаните се ...

Колкави ќе бидат сметките з струја од наредниот месец? Можеме ли Чебрен да го градиме сами и зошто не сме го изградиле досега? Некои почнати објекти, заборавени. Хаос со вадењето нови лични документи. Њузлетер 29.12.2023 Сметките за струја - угоре удолу Од идниот месец сметките за струја ќе изгледаат поинаку. Струјата поскапува, но мрежарината поевтинува, па како епилог на тоа, Регулаторната комисија за енергетика пресметала дека струјата во ...

Собранието во новата година ќе се занимава со процедурите за избор на новата влада, но ќе треба да си ги исполни и домашните задачи, како закони и избор на членови на комисии и институции. Претседателот Талат Џафери, кој уште малку е на таа функција, оценува дека го направиле потребното. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека во голема мера е задоволен од сработеното, иако како што додава, „никој 100 проценти не може да биде ...

Северна Македонија е меѓу најпушачките нации во Европа, со алармантен раст на карциноми на бели дробови. Пушењето е дел од културата, но и од проблемите на здравството и економијата. Министерот за здравство најавува нови мерки за контрола, додека угостителите и пушачите се противат. „Бројот на карциноми на бели дробови нѝе во подем. Статистички нема месец да немаме нов пациент во ординација. Доаѓаат луѓе пушачи со рак на бели дробови, а живеат ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
43%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.03
52%
1011
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
53%
1010
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
47%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
60%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.58
47%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
49%
1011
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
44%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
52%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
63%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52