
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји му ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните парламентарни избори на партискиот лидер Христијан Мицкоски. „Честитки за убедливата победа. Подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Северна Македонија на следното ниво, напиша Вархеји во честитката до Мицкоски објавена на платформата „Х“. Претходно, Вархеји победата на претседателски избори и ...
За да го поддржат барањето на Косово за членство во Советот на Европа, западните земји и поставија услов на официјална Приштина: преземање конкретни чекори кон формирање Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО). Ова за Радио Слободна Европа (РСЕ) го потврдија од германската амбасада во Косово. „Доставувањето на нацрт-статутот на Заедницата до Уставниот суд на разгледување би бил таков (конкретен) чекор“, се вели во одговорот на амбасадата. ...
Сиљановска-Давкова отсега ќе практикува политика, наместо да ја предава како предмет на факултет. Во обраќањата до јавноста нема да користи „Северна“ пред името Македонија. Уставни измени ќе прифати ако ги изгласа Собранието. Приватно, Сиљановска-Давкова себе си се опишува како легалист, бунтовник, борец за правда. Ќе се залага за повеќе жени на клучни функции. Северна Македонија ја доби првата жена – претседателка на државата по вториот круг ...
По седум години, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на власт во Северна Македонија. Според првичните резултати од ДИК, убедливата победа на партијата и донесе 59 пратеници во 120-члениот парламент. СДСМ падна на 18 пратеници што е за еден помалку и од ДУИ. Мицкоски веќе ги испрати во опозиција и најави разговори за влада со „Вреди“ која освои 13 мандати. Еуфорично и со стиховите од песната „Бисер балкански“, Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ...
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, победи и порача: ќе бидам претседател на сите. Нејзиниот противкандидат од СДСМ, Пендаровски и честиташе и призна пораз. Одзивот од 46% беше пресуден за успешни избори. Инаугурацијата на Сиљановска-Давкова, најверојатно до недела, 12 мај. Северна Македонија за прв пат од осамостојувањето доби Претседателка на Републиката. Универзитетската професорка Гордана Сиљановска - Давкова, поддржана од опозициската десничарска ...
Граѓаните на Северна Македоонија гласаат на единаесеттите парламентарни избори во Македонија, како и на вториот круг од претседателските избори. До 13 часот одзивот на гласачите за претседателските избори е 22, 63 отсто, а за парламентарните 25,54 проценти. Идниот претседател/ка заклетвата ќе ја даде пред стариот собраниски состав, по што ќе треба да се конституира новиот парламент, за чие место се борат кандидати од 17 партии и коалиции. Со ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска пред Палатата Србија беше пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ја предводи српската делегација, заедно со гардата на српската војска, при што беа интонирани државните химни на двете земји. „Заедничко челично пријателство“ меѓу Кина и Србија е главната порака на двајцата претседатели Си Џинпинг и Александар Вучиќ од средбата во Белград денеска (8 мај). Како што најавија двајцата ...
08:00 МВР: Лични документи може да се подигнат денеска од 8 до 19 часот Министерството за внатрешни работи информира дека од 8 до 19 часот денеска (8 мај) ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при МВР. „Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат“, информира МВР. ...
Во Северна Македонија се одржуваат седми претседателски и 11. парламентарни избори. Право на глас имаат над 1,8 милиони граѓани. Во трката за шеф на државата гласачите се одлучуваат меѓу актуелниот претседател Стево Пендаровски и досегашната пратеничка и негова ривалка пред пет години, Гордана Сиљановска-Давкова. Тој или таа заклетвата ќе ја дадат пред стариот собраниски состав, по што ќе треба да се конституира новиот парламент. За место во ...
Ако има цензус од 40 отсто на претседателските избори, новиот претседател ќе даде заклетва пред стариот собраниски состав и тој ќе дава мандат за новата влада. Ако нема цензус, мандатот за нова Влада може да го додели актуелниот собраниски спикер Јован Митревски кој ќе треба да распише нови избори. Граѓаните на 8 мај гласаат на двојните избори: парламентарни и вториот круг од претседателските. Вкупно 17 кандидатски листи на партиите и коалициите ...
Откако беше прогласен за победник на претседателските избори во март, резултат кој никогаш не беше доведен во прашање, Владимир Путин го започнува новиот шестгодишен мандат со свечена инаугурација во Кремљ денеска, на 7 мај. Она што следува е помалку сигурно од изборните резултати, но има силни индикации: повеќе луѓе за војната во Украина, нови даноци за финансирање на војната, нови реконструкции на персоналот во Кремљ, нови закани за НАТО ...
Полагањето на државната матура почнува на 1 јуни и прв пат ќе се полага во големи простори по скандалот лани кога на вибер беа споделени прашањата. Голем интерес на матурантите и за симулацијата на полагањето. Нема да има блокатори за мобилни телефони, но електронски уреди ќе бидат забранети. Еден месец до полагањерто на државната матура, подготовките во училиштата ширум Северна Македонија веќе течат, а минатата сабота се одржа симулација за тоа ...
Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да се случи и за парламентарните. Без разлика на ова партиските набљудувачи се на пат по светот, но имињата се тајна. Вкупно за ова се предвидени 800 илјади евра државни пари. Утре 7 ми мај гласа македонската дијаспора на вториот круг од Претседателските избори 2024 година односно за двајцата кандидати кои го поминаа првиот круг и тоа кандидатот на СДСМ, ...
Одлуката на Вишиот управен суд која во неколку наврати заврши во корист на ДКСК не охрабрува и ни дава потик во работата, вели претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска. Во меѓувреме, тече законскиот рок од 15 дена во кој ДКСК планира да покрене иницијатива за одговорност за спроведениот оглас пред надлежните институции. За три дена во Македонија ќе се одржат двојни избори. Колку пријави има до ДКСК од почетокот на кампањата до сега ...
Претстојното патување на кинескиот лидер Си Џинпинг во Франција, Србија и Унгарија ќе се фокусира на економските врски на Кина со Европа и ескалацијата на трговските тензии меѓу Пекинг и Брисел. Но, позицијата на Кина за руската војна во Украина, исто така, ќе заземе централно место, особено за време на посетата на Си на Франција, изјавија двајца претставници на ЕУ за РСЕ. Високо на агендата е учеството на Кина на меѓународната конференција ...
Неколку партии ветуваат постизборна „реформа“ на јавните претпријатија и акционерски друштва - граѓаните да добијат акции, но и да ја контролираат нивната работа. За економските експерти овие мерки звучат атрактивно и популистички, а од друга страна наметнуваат повеќе прашања, отколку што нудат одговори за реализација. Голем дел од јавните претпријатија, но и акционерски друштва работат со стари и трупаат нови долгови, а без дотации преку ...
По масовните продемократски протести во Белорусија во 2020 година, владата презеде строги мерки - меѓу другото насочени кон независните медиуми. Некои од многуте новинари кои ја напуштија својата професија или целосно заминаа од земјата, раскажуваа како нивните животи засекогаш се промениле. Настасија работеше како новинар во Белорусија 15 години. Се до 2022 година, откако медиумот каде што работеше се согласи да го исполни барањето на владата - ...
Ако се суди според предизборните ветувања на политичките партии и нивните програми, Северна Македонија ќе стане идеална држава. Но, дали сите ветувања се реални и што е идеална држава? Њузлетер 03.05.2024 Необични партиски ветувања Според Платон, „сите луѓе не се еднакво способни за истите задачи. Затоа е неопходно во државата да постојат повеќе сталежи. Во неговата идеална држава, Платон луѓето ги дели во три сталежи: владетели (филозофи), ...
Еден месец по запленувањето на документација од ФФМ, полицијата нема епилог од истрагата поврзана со местење натпревари. Од меѓународните организации УЕФА и „Спортрадар“ не откриваат детали. Фудбалските фанови чекаат одговор дали има опасност за првенството? Синдикатот бара крај за сомнежите. Кои се наместените фудбалски натпревари кои ги истражува Министерството за внатрешни работи (МВР) и после еден месец од влегувањето во Фудбалската ...
Вкупно 569 илјади евра од партиската сметка на ВМРО-ДПМНЕ се префрлени на сметката за изборна кампања на парламентарните избори. Со тоа коалицијата „За твоја Македонија“ до ДИК пријавила најмногу пари, за разлика од нејзините ривали, кои прикажале најмногу до 10 илјади евра донации. Актуелни и поранешни градоначалници, членови на општински совети, поранешни функционери, пратеници и носители на пратеничка листа се дел од луѓето кои годинава ...
Секогаш кога Русија лансира беспилотни летала и проектили против украинските градови, мобилните телефони вибрираат и се вклучува непријатниот звук на сирената за воздушен напад. За време на ваквите воздушни предупредувања, многу Украинци се обраќаат кон каналите на Телеграм кои собираат официјални и неофицијални информации за напади за да одлучат дали да бараат засолниште. „Никогаш не се засолнувам, но сум посмирен штом знам што се случува. ...
Цените за сместување за годинешниов летен одмор се повисоки од лани како во Северна Македонија, така и во Грција, а особено во Турција. За Македонците кои немаат пасоши, а сакаат на море, алтернативна можност се Црна Гора и Албанија во кои може да се патува и со стари лични документи За после 15 јуни не ме ни прашувајте, место нема, ни рече сопственик на апартмани за издавање во Охрид, при обид на крајот на април да резервираме неколку дена ...
Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада и исплата на трошоците за храна и превоз, се само дел од барањата што работниците ги испорачаа на првомајскиот протест. Црвен картон од Сојузот на синдикати доби Врховниот суд, поради одлуката да им биде одземен Работничкиот дом. Симболично, пред Работничкиот дом, објектот кој со последната одлука на Врховниот суд ...
Давачките со кои граѓаните ја полнат државната каса, се дел од политичкиот „флерт“ со граѓаните во партиските програми. Даночните аналитичари велат дека најавените реформи се само „додворување“ на гласачите. Во меѓувреме, старите ветувања за даночни реформи ги полнат страниците во изборните програми Од субвенции на даноци и нивно намалување, преку рамен данок или воведување на прогресивен данок, па се до таканаречен олигархиски данок, се движат ...
Њујоршката полиција доцна синоќа (30 април) изврши рација на Универзитетот Колумбија и уапси десетици пропалестински демонстранти, од кои некои ја окупираа зградата на кампусот и го отстранија протестниот камп што училиштето „Ivy League“ се обидуваше да го растури речиси две недели. Претседателката на Универзитетот Колумбија, Минуш Шафик, објави писмо во кое бара од полицијата да остане во кампусот најмалку до 17 мај - два дена по дипломирањето, ...
Стипендијата за новинарство „Јиржи Динстбир“ за 2025 година е отворена за апликанти - независни новинари од Западен Балкан. Целта на стипендијата е да им помогне на новинарите аспиранти од регионот да ја продолжат својата професија за поддршка на медиумскиот плурализам и независност. Започна во 2014 година, стипендијата за новинарство „Јиржи Динстбир“ е инспирирана од придонесите на Јиржи Диенстбиер Сениор во полето на новинарството, ...
Нема измами, квалитетот не може да се скрие и тој мора да излезе на површина, вели во „Зошто“ Зоран Јорданов, еден од напознатите квизаџии, творци и учесници на квизово во земјата, регионот и на светско ниво Тој е победник на последната поединечна сезона од ТВ квизот „Енигма“ на националните телевизии Сител и Телма Победник е на ТВ квизот „Одиме во Европа“ на Канал 5 Победник на ТВ квизот „Најслаба Алка“ Финалист е на ТВ квизовите Арена, Круг на ...
Со суми од 600 до 800 евра за минималец и над 1.000 евра за просечна плата, како и ветувања за нови работни места и конкурентна економија политичките партии настапуваат во изборната кампања. Синдикатите, пак, излегуваат на протест и очекуваат конкретен чекор уште во првите сто дена од новата влада. Низа ветувања со конкретни суми за повисоки плати и подобар животен нудат политичките партиите во екот на изборната кампањата. Работниците, пак, ...
Австралискиот премиер Ентони Албанезе го опиша семејното насилство како „национална криза“, откако илјадници луѓе се собраа на протести против насилството врз жените, во неколку градови во последните денови. Низ Австралија, службите на првата линија, борците против семејно насилство и полицајците бараат превенција и спречување на насилството и построги закони за насилство врз жените, пишуваат светските медиуми. Австралискиот премиер Ентони ...
Во ек на предизборието, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу вели дека се остварува сценариото за кое предупредувал за кинеска и руска пропаганда, но не дава конкетни докази за тоа. Од невладината „Естима“ сметаат дека директно кинеско влијание нема, иако тоа се препознава кај партијата Левица. Во Северна Македонија за време на предизборието има кинеска дезинформациска пропаганда која добива форма на кампања и продуцира ...