
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Гори во националните паркови, гори околу новиот закон за урбанизам, гореше за „Рамковниот“, му гори и на Скопје, гори во Курск и Газа, гориме и од температурите... Њузлетер, 16 август 2024 Нов урбанистички закон за „штанцање“ градежни дозволи Измените на Законот за урбанистичко планирање ќе овозможат носење на стари ДУП-ви кои ќе предизвикаат хаос во градовите, уништување на јавниот простор и зголемен бројот на автомобили со изградба на катни ...
Неколку дена откако Талибанците ја презедоа власта во 2021 година, генерал-полковник Фаиз Хамед, моќниот шеф на озлогласената пакистанска разузнавачка агенција меѓу службите, направи нешто што изгледаше како победнички круг во главниот град на Авганистан, Кабул. „Ве молам, не грижете се - сè ќе биде во ред“, му рекол тој на новинар од западот додека се смешкал и пиел чај во хотелот со пет ѕвездички „Сарена“. Сојузниците се претвораат во ...
Допонителен урбан хаос и еродирање на јавните простори може да предизвикаат измените на Законот за урбанистичко планирање, алармираат граѓански организации по брзото гласање на законот во Собранието без јавна дебата. Власта вели дека законот ќе ја олесни изградбата на јавни објекти. Измените на Законот за урбанистичко планирање ќе овозможат носење на стари ДУП-ви кои ќе предизвикаат хаос во градовите, уништување на јавниот простор и зголемен ...
Градот ќе заличи на нешто ако ние ги преземеме ингеренциите на Комунална хигиена и Паркови и зеленило, ветуваат скопските градоначалници и бараат овие јавни претпријатија да се расформираат. Тие забележуваат дека немаат комуникација со Градот. На Скопје му фали генералка за да заличи како што треба. Овде е срамота да дојде турист! Ова е заклучокот на градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на Заедница на единиците на локална ...
Доцни изградбата на современите центри за отпад, иако проектите се планирани пред скоро 15 години. Во меѓувреме горат многу од нестандардните депонии што ги користат општините за комунален отпад, а граѓаните дишат загаден воздух. Властите велат дека изградбата ќе почне следната година. Десетици диви депонии горат низ земјава и го загадуваат воздухот со токсични канцерогени материи, додека скоро две децении државата не успева да ги изгради ...
Ланфранко Чирило, Италијанец со руски пасош, првенствено е познат како архитект на „Путиновата палата“ во Геленџик. Руската истражувачка единица на Радио Слободна Европа, „Система“ откри дека портфолиото на Сирило вклучува уште еден голем проект: резиденцијата на Путин во анектираниот Крим. Неговите врски со претседателски проекти може да доведат до сериозни последици за Чирило. Во Италија тој е обвинет за даночни злосторства, а во Русија ...
Веруваме дека овој момент не е погоден за отворање на мостот на Ибар за сообраќај за возила. На крајот и тоа ќе се случи, но нашите проценки се дека овој ризик ја зголемува заканата од потенцијално насилство како за локалната заедница, така и за војниците на НАТО, порачува амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер во интервју за Радио Слободна Европа. Амбасадоре, ќе почнам со најновото. Зошто сега не е добро време да се отвори мостот во ...
Рускиот претседател Владимир Путин го опиша упадот на Украина во регионот Курск како „провокација“, „обид за дестабилизација“ на пограничните региони и терористички чин. Тој избегна да користи попривлечен опис, као на пример: првата инвазија на Русија од страна на странски трупи по Втората светската војна. И тоа го окарактеризира како нешто со кое Русија ќе се справи ефикасно, иако не го стори тоа речиси една недела по прекуграничната офанзива ...
Расте бројот на заболени со вирусот Ковид-19 во Северна Македонија. Во јули пријавени се 250 случаи. Не треба да расте паниката, но сепак треба да се внимава, велат докторите. Ретко кој се тестира, а најголем број од случаите немаат тешка клиничка слика. Температура, треска, прекумерно потење, омалаксаност, гадење, варирање на притисокот, болки во градите и тешко дишење. Овие симптоми кои ги имала скопјанката Даниела ја потсетиле на пандемијата ...
Колку пари ќе чини, каде и како ќе се организира државната прослава за одбележување на 23 годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, се прашања на кои власта не одговари до објавување на текстот. Тендерот за неговата организација во рацете на вицепремиерот Стоилковиќ е поништен, но Владата му наложи да склучи договор во „четири очи“ без објавување на оглас со фирма која ќе ја организира прославата. На само еден ден пред одбележувањето ...
Ако прашате бугарски политичар кој е виновен за актуелната политичка криза во земјата, најверојатно сите ќе ви го дадат истото име: Делијан Пеевски, олигарх во сенка, кој, според неговите критичари, ја заробил државата Делијан Пеевски, водечки политичар и најмоќниот олигарх во Бугарија, е нешто како енигма. Освен неколку хотели во кои се шпекулира дека е често, никој не знае каде живее. И ретко ќе го видите на улица, бидејќи 44-годишникот ...
Директорот на ЈП Национални шуми Здравко Трајанов во интервју за РСЕ обвинува дека претходната власт пред изборите вработила стотици луѓе на огласи за дрвосечачи, а кои сега седат во канцеларија. Тој вели дека претпријатитето било оставено со долг од 10 милиони евра и четири неисплатени плати на вработените, а шумите на милост и немилост. Г-не Трајанов, сè уште има шумски пожари, а слушаме дека ЈП „Национални шуми“ е уништено и дека нема ресурси ...
Протести и контрапротести во Белград поради најавата за отворање на рудници за ископ на литиум. Стотици илјади жители на Белград со транспаренти бараат да не се дозволи да се отворат такви рудници „ Рудници нема да има“, ова е пораката на протестот против ископ на литиум што се одржува на 10 август во центарот на Белград. Протестот е организиран од Алијансата на еколошките организации на Србија, откако владата не го исполни нивното барање за ...
Привлечени од бесплатни патувања, елитна кујна и милиони рубљи во грантови, стотици млади луѓе од Молдавија учествуваа во руската програма за информирање, чија цел е ребрендирање на Русија и „спријателување“ на новата генерација политичари, новинари и кралици на убавината. Организаторите од руската непрофитна група Евразија бараат малку повеќе од ентузијазам и многу лични податоци од учесниците од Молдавија и другите поранешни советски републики ...
Барокната зграда на ЕСМ, стана државна. Поранешниот директор на ЕСМ Христијан Мицкоски, а сега премиер ја даде на новоформираното Министерство за енергетика. Наложил технички прием иако транспорт заклучи дека е со нарушена статика. За да се впише во катастар сегашната власт експресно го измени и законот. Информацијата дека новиот состав на Собранието донесе измена на закон за катастар медиумите речиси не ја забележаа. Истражувањето на РСЕ за ...
Соочени со недостиг од војници и повеќемесечен јаз во снабдувањето со оружје од САД, украинските сили се мачеа да го спречат руското напредување на фронтот. Па, зошто Украина сега ја започна најголемата прекугранична инвазија на руска територија од почетокот на сеопфатната војна? Украина ја преминува границата со Русија од почетокот на сеопфатната инвазија на Москва, разузнавачки оперативци вршат тајни операции, беспилотни летала насочени кон ...
Пред четвртина век, на 9 август 1999 година, рускиот претседател Борис Елцин го избра Владимир Путин за премиер и го назначи тогаш малку познатиот поранешен оперативец на КГБ за негов наследник, повикувајќи ги Русите да гласаат за него на претседателските избори следната година. Оттогаш Путин е или претседател или премиер. По осум години како претседател, тој се повлече на позицијата број 2 од 2008-2012 година за да избегне прекршување на ...
И претходно имаше идеи дека во земјава ќе дојдат Гугл и Мајкрософт ако им се понуди данок од 3 проценти, но тоа не се случи, велат од Инстутутот „Фајнанс Тинк“ по најавите на Владата дека ќе го намли данокот на добивка за да привлече инвестиции на мултинационални компании. Преку мерка за намалување на данокот на добивка за најбогатите компании, Владата сака да привлече мултинационални компании кои ќе инвестираат во Македонија и со тоа повеќе да ...
Можна ли е дестабилизација на државата наесен, кои се главните мозоци на случајот со фалсификувани евро монети и зошто се потрошија стотици илјади евра за гласање во дијаспората, а се одзваа десетици иселеници? Њузлетер 09.08.2024 (Не)Можна дестабилизација наесен Премиерот Христијан Мицкоски во неколку наврати испраќа пораки за загриженост за како што вели, обидите да се создаде конфликт оваа есен. Првиот пат тоа го направи од илинденската ...
Стравувањата од етнички тензии неделава се разгореа на Балканот откако Косово драматично го засили притисокот врз десетици илјади локални Срби да ги напуштат практиките од секојдневниот живот кои ги поврзуваа со Србија, затворајќи ги поштите што ги користат Србите и подготвувајќи се за контроверзно повторно отворање на мостот што ги дели етничките српски и албанските заедници Тензиите меѓу косовската влада и малцинството Срби се речиси постојан ...
Австриец со потекло од Северна Македонија е главниот осомничен за подготвка на терористички напад на концертите на пејачката Тејлор Свифт во Виена, потврдуваат австриските власти. Полицијата соопшти дека тој целосно ги признал плановите за напад. Од македонското МВР постапуват по барањето на австриските власти за негова проверка Главниот осомничен за подготовка на терористички напад на еден од трите концерти на Тејлор Свифт закажани за денеска, ...
Блискиот исток се соочува со најголемата криза во последните неколку години додека се подготвува за потенцијална војна меѓу Иран и Израел, која би можела да го вклучи целиот регион, пишува редакцијата на Радио Слободна Европа (РСЕ) на англиски јазик. Убиството на Исмаил Ханије, политичкиот водач на палестинската милитантна група Хамас, која Европската Унија и Соединетите Држави ја прогласија за терористичка организација, во израелски напад, на ...
Амбасадата на ЕУ во Скопје не ја коментира изјавата на македонскиот премиер Мицкоски за можна дестабилизација на земјата од опозициската ДУИ. Како политички блеф за дефокус може да се толкуваат пораките од власта, велат дел од политичките аналитичари, но предупредуваат дека вакви најави ги загрозуваат меѓуетничките односи. Крајно несериозно ќе биде ако најавата за дестабилизација од ДУИ е дадена паушално. Вака некои политичките аналитичари ги ...
Невладината „Еквалис“ се соочила со говор на омраза и закани по нивниот живот и на учесниците на Летната школа за ЛГБТИ млади која ја организирале во Кратово. Говорот на омраза поради сексуална ориентација и родов идентитет е меѓу најзастапените пријави до невладиниот сектор и до МВР. Пријави има, но, пресуда само една. Кратово е мал град со помалку од 8.000 жители во Северна Македонија. Во него, невладината организација „Еквалис“ речиси седум ...
Многумина можеби мислеа дека Унгарија, која моментално претседава со Советот на Европската Унија до крајот на годината, ќе престане со провокациите во август, кога бриселската машинерија официјално е на одмор. Но, токму на крајот на јули, Будимпешта објави дека ќе ја прошири својата програма за имиграција со „национална карта“ за да ги вклучи Белорусите и Русите (како и граѓаните од Босна и Херцеговина, Молдавија, Црна Гора и Северна ...
Стотици илјади монети од 2 евра, „ковани “ во подрум во куќа во Скопје, завршиле на Косово. Косовската Централна банка повлекла од промет над 2,5 милиони монети заради фалсификатите. Македонската Народна банка открила над 50 илјади фалсификувани евра за две години. Приведен полицаец, но „мозокот на операцијата„ е на слобода Триесет и четири годишен полицаец наместо да гони фалсификатори на пари и криминалци, самиот фалсификувал евро монети. ...
Во 2017 година, кипарската офшор компанија наречена Пимодо инвестираше 3 милиони евра (3,25 милиони американски долари) во 10 резиденции во одморалиштето со пет ѕвезди Салинас Море во архипелагот на Атлантскиот Океан, Зелено'ртски Острови. Парите за инвестицијата беа обезбедени од руската земјоделско-трговска фирма Агроторг Тулски, филијала на Руската земјоделска банка (Росселхозбанк), која руската влада ја создаде во 2000 година за да го ...
Косовскиот премиер Албин Курти во прва изјава за инцидентот на скопскиот аеродром со претседателката Османи, кажа дека ќе чека официјален извештај. Премиерот Мицкоски изрази жалење, но потсети дека и тој и сите ВИП личности ги следат меѓународните стандарди на аеродромите за комерцијални летови „Јас и премиерот Мицкоски не можеме да бидеме цариници, полиција и инспекторати на полиција и оние кои го надгледуваат аеродромот...Ќе има официјален ...
Партиско – семеен „туризам“ развивале партиите кои испратиле свои претставници во Избирачки одбори за гласањето на дијаспората. На списоците се функционери и нивни блиски, членови кои преку општинските комитети оделе на иста дестинација. За патувањата државата одвоила околу половина милион евра. „Прв и последен пат“. Ова е коментарот на речиси сите „позвучни“ членови на партии со кои разговараше Радио Слободна Европа, а кои на Претседателските ...
Објавите, коментарите, видео клиповите, фотографиите, бројните лични податоци кои од крајот на јуни јавно се споделуваат преку Инстаграм, Фејсбук и други апликации во сопственост на компанијата Мета, не се само содржина што ја споделуваме со пријателите. Со промената на „политиката за приватност“, тие може да станат материјал за тренирање на вештачка интелигенција (AИ) развиена од оваа американска компанија. Сè се случи без најава и објаснување, ...