
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Како и кога ќе заврши 25-годишното владеење на рускиот претседател Владимир Путин? И кој би можел да го заземе неговото место? Ова се прашањата што руската истражувачка редакција на РСЕ им ги постави на десетици меѓународни експерти за Русија, кои вкупно спомнаа 34 можни наследници. Владимир Путин (71), кој е претседател или премиер на Русија од август 1999 година, сè посилно ги потиснуваше несогласувањата додека градеше персонализиран ...
Енергетиката е првата област каде би можеле да се случат првите лобирања во земјава. Првите лобисти се запишаа во регистарот на Антикорупциска дури две години откако почна да се применува новиот Закон, но лобирањето како инструмент во македонските закони постои од 2008, но досега не успеа да заживее Ургирање кај пратеници, министри, градоначалници, советници и други функционери за да се донесе или промени некој закон, подзаконски акт, одлука… Да ...
Во интервју за Радио Слободна Европа, Естер Бример, соработничка во Советот за надворешни односи и поранешен помошник државен секретар на САД за меѓународни организации, вели дека надворешната политика под евентуално водство на Камала Харис нема да се разликува од политиката на актуелната администрацијата на Бајден. Харис е претставник на традиционалниот пристап на надворешната политика на САД, па така и за неа приоритет ќе бидат војните во ...
АД МЕПСО со заем од 26,4 милиони евра од ЕБОР ќе ја зајакнува преносната мрежа, но експерти велат дека треба и самата повеќе да вложува во модернизација. Заемот е за нови далноводи и трафостаници во југоисточниот регион, но засега е нејасно под какви услови е земен. Мрежите за пренос на електрична енергија во Северна Македонија треба да се модернизираат бидејќи се стари со децении и во моментов го попречуваат приклучувањето на новите обновливи ...
Надлежните не нудат решение за хаосот во јавниот превоз. Додека возачи се жалат на лоши услови за работа а патници колабираат, во Советот на Град Скопје не може да се изгласа проектот за купување еко - автобуси на градоначалничката Арсовска, ниту да продолжи проектот за брз автобуски превоз на Шилегов Ова претпријатие треба да престане да постои, вели возач на автобус на ЈСП, додека бара да најде клупа под сенка на последната постојка на ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху неделава е во Вашингтон и е под зголемен притисок да стави крај на војната во Газа, како од Израелците кои сакаат заложниците да се вратат дома, така и од американската администрација, која е повеќе фокусирана на претседателските избори. Сепак, посетата на Нетанјаху, за време на која тој треба да има говор пред американскиот Конгрес, е во сенка на одлуката на претседателот Џо Бајден да се повлече од ...
Потпретседателката Камала Харис обезбеди доволно делегати за да ја добие номинацијата на Демократската партија, објавија неколку американски медиуми, откако нејзината кампања на првиот ден собра повеќе од 80 милиони долари, што се смета за рекорд. Харис има обезбедено поддршка од најмалку 2579 делегати, според неофицијалното истражување на делегатите спроведено од АП и објавено на 22 јули. На кандидатот му требаат 1976 делегати за да ја добие ...
Државата не одвојува доволно пари ниту за пожарникарите ниту за обнова на пожарникарскиот возен парк, велат градоначалниците кои се на „огнената линија“. Според нив, потребни се законски измени за да се „репарира“ целиот систем за справување со пожари. Најголеми главоболки на пожарникарите им задава десет до 20 километарската огнена линија која ја пустоши шумата на планината Серта. Веќе десетина дена пожарникари, војници и доброволци од околните ...
Очите на јавноста се вперени кон потпретседателката на САД, Камала Харис, откако претседателот Џо Бајден објави дека се повлекува од претседателската трка и ја поддржа Харис да го замени. Иако се смета за фаворит за неговото место и можен противкандидат на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на изборите во ноември, сè уште е нејасно дали Харис ќе ја добие кандидатурата од демократите Откако американскиот претседател Џо Бајден ја поддржа ...
Камала Харис е ќерка на имигранти. Нејзината мајка е од Индија, а таткото од Јамајка. Таа беше окружен обвинител на Сан Франциско, а потоа и државен обвинител на Калифорнија. Во 2016 година стана втората црна жена избрана во Сенатот на САД. Ако стане кандидатка на демократите, се очекува да води жестока дебата со Трамп за низа прашања од внатрешната и надворешната политика Американската потпретседателка, Камала Харис, би можела да стане првата ...
Актуелниот американски претседател Џо Бајден на 21 јули објави дека повеќе нема да се кандидира за втор мандат. Тој најави дека ќе и се обрати на нацијата подоцна во текот на неделата. Демократската партија сега ќе треба да избере нов демократ кој во ноември ќе се соочи со републиканскиот кандидат Доналд Трамп во трка која веќе беше одбележана со тензии, поделби и обид за атентат. Повлекувањето од трката доаѓа по неколкумесечни шпекулации за ...
Најавеното задолжување кај Унгарија е добро, но ако државата не е во лоша финансиска состојба во каква што е, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Тој се сомнева дека државата има административен капацитет за да ги менаџира задолжувањата. Смета дека бизнисите и општините се неподготвени со проекти во кои ќе вложуваат. Каков е вашиот став за новото задолжување на Северна Македонија ...
Овие Олимписки игри нема да се отворат традиционално со церемонија на стадион, туку со шесткилометарска парада на Сена. Но, поради безбедносни причини подготвени се и две алтернативни сценарија. За време на Олимпијадата, Париз ќе го обезбедуваат околу 45 000 полицајци и други безбедносни сили Париз ќе биде домаќин на годинешните Олимписките игри што ќе се одржат од 26 јули до 11 август, односно на Параолимписките игри од 28 август до 8 ...
ДУИ предлага непишаното правило за постизборни коалиции да влезе во закон или во Устав. За ВМРО-ДПМНЕ, законите не се партиска читанка да помогнат некој да дојде или да остане на власт. За СДСМ, несоодветни се законски измени по етнички клуч. Вреди им препорача на ДУИ да се навикнат на опозиција За ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ е неприфатлива идејата на ДУИ со решение што ќе влезе во закон или во Уставот да се прецизира дека по избори, победникот во ...
Просечната дневна потрошувачка на електрична во текот на јули се зголемила за околу 1.500 мегават часови во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците од ЕВН. Најмногу струја граѓаните потрошиле на 17 јули, но тоа е далеку од рекордите минатата зима. Сметките за струја во јули ќе бидат повисоки и поради потрошувачката, но и поради новата цена на струјата. Како што расте скалата на термометрите, вртат и броилата на струјомерите. ...
Доналд Трамп вети дека ќе стави крај на војните во Украина и Газа и дека ќе ги ослободи американските „заложници“, прифаќајќи ја и официјално претседателската номинација на Републиканската национална конвенција. Само неколку дена по обидот за атентат врз него, 78-годишниот Трамп, со завој на десното уво кое беше повредено, откако пукаа на него на предизборен митинг, исто така вети дека ќе го оживее планот за ракетна одбрана од времето на ...
Полицијата се уште го расчистува случајот со вандалското уништување на детско игралиште во Капиштец. Општина Центар ќе предложи законски измени за „казни“ со општо-корисна работа. Дел од младите шокирани од агресивноста на овие врсници, а психолозите велат - ништо без разговор со родителите Цела недела откако градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски објави видео на кое се гледа како група млади вандализираат игралиште во населбата ...
Повторно избраната претседателка на Европската комисија, родена во Белгија, имаше динамичен старт на европскиот пат. Но Урсула Фон дер Лајен докажа колку вреди пробивајќи пат за жените како прва жена на чело на Комисијата и со постигнување консензус и на германската и на политичката сцена на ЕУ. Големото мнозинство гласови во Европскиот парламент на 18 јули за избор на Германката Урсула фон дер Лајен за втор петгодишен мандат како претседател на ...
Во време кога бројките за наталитетот се во драматичен минус, а на младите кои се иселуваат се во плус, новата Влада се обврза да го стави демографскиот развој во прв план. Но мерките ќе се оддолжат заради дупката во буџетот. Мерки со финансиска поддршка повеќе се популистички, ефект нема, вели Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика Парите за новородено дете ни помогнаа бидејќи месецот после породување барем една просечна плата се ...
Една недела по состанокот на НАТО во Вашингтон, следува уште една средба на лидерите. Овој пат тоа е самитот на Европската политичка заедница на кој ќе се соберат лидерите на речиси сите европски земји освен Белорусија и Русија, a се одржува денеска (18 јули) во Велика Британија. Поточно, сите ќе се соберат во палатата Бленхајм во Оксфордшир, недалеку од Лондон, родното место на легендарниот британски премиер Винстон Черчил. Можеби најголемиот ...
Владата вели дека наследила хаос и долгови и со ребалансот очекува дека ќе ја подобри економската состојба на граѓаните. Дали ќе се зголемува минималната плата како што бараат синдикатите, засега нема конкретен одговор. Првичната проекција за економски раст е неостварлива. Новата власт обвини дека иако морале, претходниците не испланирале голем број расходи и трошеле недомаќински. СДСМ, пак, вели дека ВМРО-ДПМНЕ бара само алиби и нема да ја ...
Премиерот Мицкоски најави 250 милиони евра од кредит од Унгарија за бизнисот, македонските стопанственици го прогласија за свој партнер. Владата ќе поднесе закон за задолжувањето со унгарскиот заем во Собранието. Уште половина милијарда евра најавени за во јануари догодина. Во Унгарија се отвора прашањето од каде толку пари за заем? Се „крчка“ закон со кој Владата на Северна Македонија ќе се задолжи кај Унгарија. Ова доаѓа откако лично премиерот ...
Унгарија повторно го тресе Брисел... Беше јасно од самиот почеток на шестмесечното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ дека тоа претседавање ќе биде контроверзно. Не толку поради законодавната работа во Брисел, бидејќи не се случува нешто многу на тој фронт во моментов, туку поради она што врвните унгарски политичари го правеа во последните денови. По Киев и средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, унгарскиот премиер Виктор ...
Европол и Интерпол со македонската полиција трагаат по измамниците со лажните вести за трговија со крипто-валути, велат од МВР. Дел од трагите на измамничките сајтови водат до адреси во Британија, САД, Сингапур и бараат внесување лични податоци за тргување со крипто. Политичари и новинари кои се злоупотребени во измамата веќе поднеле пријави Два погрешни клика на интернет и веднаш ви ѕвони мобилниот телефон од сомнителен број со префикс од ...
Првично ќе се оспособат 100 алки, а според проценките ќе се стават на нозете на 30-40 осуденици кои би можеле да заминат во куќен затвор и нивното движење да се следи електронски. Тие беа набавени уште во 2015 година со помош од ЕУ и досега државата не успеа да ги стави во употреба. Ако не го направи тоа до крајот на годината ќе треба да се плаќаат милиони евра пенали За околу два месеци отсега, во Северна Македонија би требало да се стават ...
Морнариците на Кина и Русија започнаа заедничка вежба на военото пристаниште во јужна Кина во неделата, 14 јули, неколку дена откако сојузниците на НАТО го нарекоа Пекинг „клучен во овозможување“ на војната во Украина. Заедничките вежби уследија по најновите тензии на Кина со сојузниците во НАТО на почетокот на јули, пишуваат светските медиуми. Кинеското Министерство за одбрана во кусото соопштение соопшти дека силите на двете страни неодамна ...
Пожарите беснеат и опустошуваат површини колку цели градови во Северна Македонија. Прогласена е 30 дена кризна состојба. Но има криза и во делот на опремата за справување со пожарите, гаснат и возила стари 45 години. Нема и луѓе, па општините си помагаат, а почна да пристига помош и од други држави Вчера беше драматично, утрово е подобра ситуацијата, но знаете, во тек на денот станува топло и пожарот пак почнува да се шири, вели Горан Стојанов, ...
Северна Македонија воведува скрининг за бебиња за болеста СМА како што има во најголем дел од европските и во дел од балканските држави. Скринигот треба да почне за околу две недели, во најголемите родилишта во државава. Со навремено откривање и терапија болеста се држи под контрола, велат лекарите За околу две недели, во Северна Македонија треба да почне скрининг(тестирање) на новороденчиња за спинална мускулна атрофија (СМА), генетски наследна ...
На конвенцијата, републиканците ќе го прикажат Доналд Трамп како маченик и некој што се жртвува за доброто на земјата, вели за Радио Слободна Европа Метју Далек, професор на Универзитетот Џорџ Вашингтон, за Радио Слободна Европа (РСЕ). „Трамп веројатно политички ефективно ќе го искористи обидот за атентат врз него за да го зајакне својот имиџ кој многу луѓе го сметаат за привлечен. Сликата на навистина силен човек, некој кој е неуништлив, злобно ...
Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) го идентификуваше 20-годишниот Томас Метју Крукс од паркот Бетел, Пенсилванија, како осомничен за обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборен митинг. Осомничениот Томас Метју Крукс бил застрелан и убиен од тајната служба по само неколку секунди откако тој наводно пукал кон бината каде што поранешниот американски претседател Доналд Трамп зборувал на ...