По примерот на Хрватска државата ќе формира регистар за недвижен државен имот, од кој дел пропаѓа со децении, за да може поефикасно да се управува. Апели и неуспешни обиди има со години. Се најавува и законско олеснување за завршување на неизградени објекти. Чекорот е добар, но нема да биде доволно, сметаат од иницијативата „Праведни и професионални“. Државата планира конечно да почне со подомаќинска грижа за својот имот. Такви, барем се ...

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски го доби предлогот за своето разрешување од Советот на јавни обвинители. Барањето е поднесено од Владата, а Коцевски ќе треба да го разгледа и писмено да се произнесе во законски предвидениот рок. Како што информираат од обвинителството, Коцевски ќе го разгледа предлогот и ќе достави своето мислење до Советот на јавни обвинители. Предлогот за разрешување е испратен денеска. Според изјавата на ...